Како ви ја растуриле фамилијата? Да не беа тие фамилијата не ќе ви беше растурена? Фамилијата никој не може однадвор да ви ја растури (освен физички за време на војна или природни катастрофи), таа можат да ја растурат само луѓето одвнатре поради сопствените несредени и некоректни меѓучовечки односи а не поради некоја вера. Извини вака што си дадов право да коментирам за ова но и во мојата поширока фамилија има неколку Јеховини сведоци, и исто некои од пошироката фамилија даваа коментари дека ете таа вера им ја растурила фамилијата, но гледано непристрасно од страна лесно можеше да се види дека тие биле уште претходно растурени. А нивната верска определба(право на слободен избор на секој човек) беше само дежурен „виновник„ за да поединци почнат малограѓанските муабети. Јеховини сведоци како проповедници навистина умеат да бидат досадни и воопшто не се согласувам со нивните сфаќања за верата но тоа не е причина да ги мразам. Ќе им кажам не сум заинтересиран и толку - чао пријатно. Значи наскоро во Богданци жив човек нема да остане, ќе си се испообесат сите?
Две момчиња се обесени, едното во Тетовско а другото во Скопје дали можеби секти се во прашање? Што мислите Вие ?
Внимавај, законот не ги дискриминира верите со зборот секта и сл. Според чл.1 ст.2 од општите одредби во законот за верски заедници и религиозни групи на Република Македонија (важи од 2008 год.) црквите, верските заедници и религиозните групи се одвоени од државата и еднакви пред законот. Во законот во чл.29 се вели дека малолетно лице под 15 годишна возраст доколку сака да посетува верска настава треба да добие дозвола од родител. Онлајн законот може да се прочита во целина на веб сајтот од Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи која е посебен орган на државната управа.
Значи ако некој на дете под 15 години, се обидува да му наметне или ајде да речеме го информира за постоењето на некоја верска заедница или религиозна група, без одобрение на родителот, го прекршува законот. Искрено колку и да внимавам, за мене религиозните груписе секти (религиите на страна, не ги мешам со новокомпонираниве р.групи) . А најискрено, да ги видам тие баби со свои очи како ми го вознемируваат детето, ќе прекршам јас некој друг закон. Разбирам да некој се поистоветува и се чуствува како дел од некоја верска заедница или религиозна група, ама да бабетини кои до вчера одеа во православна христијанска црква, одеднаш им светне дека нашата вера не не учи онака како што треба и сега одеднаш ТИЕ пропагираат по врати и улици СВОЈА вера која е баш онаква како што треба, е не иде тоа така. Само молам бога следниот пат кога дел од парите ќе ги одделат за брошури и ќе тргнат од врата до врата, да се осудат да ми влезат во двор.
Скраја да е член не сум на никаква секта,но со овие јеховини сведоци преку глава ми е сега побрзо не но до пред година дена скоро секој месец ќе најдев од нивните брошури кај во сандаче,кај пред врата,па некогаш и на ѕвонче се осудуваа да дојдат и ке ги земам претежно завршуваа во ѓубре,но понекогаш имам прочитано онака од љубопитност.И искрено верувам во тоа дека можеби некој се обесил или самоубил поради нив,па она што пишува е чудо како после смртта е прекрасно,како некој човек цел живот му бил мачен и кога почнал да умират полека осеќал ослеснување и кога умрел се чуствувал прекрасно.Како контрацепцијата бил најголем грев,како требало човек да си работи без заштита па колку деца ми било пишано толку ке имал и ред други работи кој ти иде да речеш е сега ке се убијам незнам но има деца на 13 14 години со доста проблематичен живот да дојдат во контакт со оваа книга баш кога се во најголемите проблеми незнам богами што ке биде верувајте кој не ги читал незнае книгите занесуваат многу има исто пишува и како имало и после смртта живот без маки без проблеми.незнам бог да чува и скраја да е.
Зависи како се толкува законот и што се подразбира под тоа „информира„,. Во каква ситуација и каде се случило и тн. Изворно зборот секта не значи ништо лошо, во превод значи следба. Пишував за ова на претходните страници. Проблемот е што некои од побројните верски заедници односно побројните следби препознале во помалите следби своевидна конкуренција и почнаа да ги клеветат помалите следби низ медиумите па зборот секта се сфаќа како нешто опасно, страшно - а многу работи што им ги припишуваат на помалите верски заедници всушност го имаат кај себе самите. Земи во предвид дека и она кое Исус и апостолите го проповедале некогаш за некого била новокомпонирана р.група. Во таа група следбениците до вчера оделе во синагоги. Таа група укажувала на потребата од живот според поинакви етички вредности и укажувала на гревовиите на тогашното свештенство. Поради тоа тие се почувствуале загрозени и Исуса го прогласиле за опасен лудак кој се прогласил за син божји – тоа пред тогашните световни римски власти (кои го окупирале Израел) не беше доволно, па свештениците мораа да смислат уште поголема клевета, имено дека Исус подготвува државен удар за да дојде на власт – вадејќи ги од контекст неговите зборови за царството небесно. И на крај Исус заврши погубен на крст - само затоа што некому не се допадна неговата „новокомпонираност„... Каква корист од тоа? Како ќе го заштитиш детето наредна прилика ако си направиш проблеми со законот? А бабичките веројатно само уште повеќе ќе ги охрабриш ако постапиш агресивно бидејќи тоа за нив може да биде доказ дека тие се во право а ти во криво. Тоа е нивно право. Промената на мислењето и ставовите е сосема нормална работа. Но исто така твое право е културно да им кажеш дека не си заинтетресирана, да ги одбиеш, да ги замолиш да не доаѓаат повеќе на твоја врата. Истовремено обиди се да ги разбереш зошто тие тоа го прават – од која верска заедница или р.група се? Тие бабички сигурно се убедени дека прават добро дело со тоа проповедање. Јас не се согласувам со таквиот пристап бидејќи верувам дека Исусовите зборови: „Не ги фрлајте вашите бисери пред свињите и пците...„ се однесуваат токму на тоа дека не треба да се мисионира. Но тоа не е причина таквите луѓе да ги нападнам вербално или физички, едноставно им велам не сум заинтересиран и затварам врата. Понекогаш прашуваат зошто а јас им велам дека верувам оти денес Исус Христос збори преку една жена од Германија а не преку Библијата, и тие со сожалување ќе ме погледнат па сакаат демек повеќе да дознаат па велат ајде да продуискутираме дали е тоа така бла бла бла ама јас веќе ја затварам вратата љубезно велејќи пријатно. Добро е човек да биде информиран за да може да направи споредба и за да може да ги разбере другите луѓе, но од следното што го пишуваш испаѓа дека не си прочитала доволно или тоа воопшто не биле јеховини сведоци, бидејќи пишуваш: Едно од главните верувања на јеховините сведоци што ги прави различни од повеќето други верски заедници е токму тоа што тие НЕ веруваат во задгробен живот и не веруваат во постоењето на душата. А како и другите религии, самоубиството го сметаат за тежок грев. Тие велат дека праведниците ќе воскреснале на судниот ден а неправедниците едноставно ќе останат вечно мртви т.е. нема да постојат – тука ги бројуваат и самоубијците. Јеховините сведоци не го одобруваат сексот пред брак но не ја забрануваат контрацепцијата – напротив. Контрацепцијата ја забрануваат токму големите верски заедници - католичката, односно неблагонаклоно на истата гледа и православната црква. http://pravoslavlje.spc.rs/broj/961/tekst/istina-o-kontracepciji/print/cir Која е таа книга, има ли наслов? Такви работи пишува во сите свети книги, и во Библијата и во Куранот и во Ведите кај хиндусите. А токму теолозите на тнр. поголеми религии честопати инсистираат на верска индоктринација уште од најмала возраст преку крштевање, сунет, веронаука во училиштата и сл. Што се тогаш таквите подобри во однос на тнр. „секти„?
Во Богданци се бесеа да , но сето тоа прекина кога полицијата се замеша.А за сектите мислам дека поглупаво нешто од тоа никогаш не постоело.На што личи тоа ајде кажете да ги терате младите да убијат некого , а ако неможат да се убијат самите себеси ?! Тоа се болни умови бе.Морони.Зошто живеат незнам ццц.
Колкава глупост читам. НИКОЈ ама баш никој не може да ти растури, уништи нешто, доколку ТИ не му дозволиш за истото. Без разлика дали се Јеховини сведоци, секташи, Христијани, Муслимани или било кој. Не знам што точно се случило, ама едно е сигурно, никој не може да ти направи нешто, ако ти не му дозволиш за истото. Кој сака нека е. Неврзано со ова, Зошто кога некој верува или прави нешто поубаво одма е осуден дека е во секта? Зошто овде е забрането да бидеш индивидуален и свој? Колку сме заостанати, а се правиме модерни! За самоубиствата, која секта ги натерала? Можеби децата имале љубовни маки, проблеми дома, немате поим што било, одма проценувате како Фби.
Како го умреле? Станаа јеховини сведоци и тој умре од мака, а?! Една постара жена постојано се секирала внука и што работи како стјуардеса - лета низ белиот свет, можда авионот ќе падне, можда вонземјани ќе го киднапираат, ова - она, толку многу и било опсесија тоа што постојао го зборела. По неколку години, бидјеќи била стара и болна, починала. Е сега по твојава логика може да каже некој па внука и ја умрела со тоа што станала стјуардеса, да не отиде да лета по светот бабата ќе си останеше жива. Затоа што дел од луѓето ги мрзи да размислуваат со своја глава и воедно се плашат од непознатото. Но наместо да земат самите да се запознаат тие попрво посегаат по туѓото рекла-кажала мислење. Од друга страна некои така си го пополнуваат слободното време - низ оговарање, без разлика што тоа не соодветствува на вистината и што на тој начин кршат една од божјите заповеди:Не сведочи лажно против своите ближни.
Денес се јавив во Ј.С., ... ме поврзаа со некој Диме. Се претставив - на телефон е една мајка на малолетно дете и имам за вас едно прашање - Дали мислите дека според законот за верски заедници и религиозни групи, информирање и пропагирање на некоја вера на малолетно дете е прекршување на законот? Следеше одговор - Хммм интересно прашање... Господине тоа што вас ви е интересно мене ме вознемирува, го прекинав. Па знаете, нашата вера не подржува такви активности. Знаете нашите брошури ги има на интернет и може било кој да ги дели... Аха значи грешка сум...па нели вие бевте оние кои ја продаваат своја вера од врата на врата како евтин производ? сакате да ми кажете дека некој туку така има интерес да ги дели вашите брошури? Дека ве лажам? Оф господине извинете, но вие изгледа имате одпадници во вашите редови. Не, неее ви благодарам на укажувањето. Јас лично ќе се погрижам да најдам кои биле тие. Па и подобро ќе ви биде да го направите тоа...во спротивно нема веќе да се јавувам кај вас туку во Основен Суд Скопје 2... Не, не ви ветувам... .... Ова е накратко... Предходно се јавив во нашата црква (мојата црква) и прашав што да направам и дали имам право да се јавам и да реагирам. Кога од таму добив “одобрение“ , тоа и го сторив. Незнам дали повеќе сакам тука се да заврши или да ми ги видат очиве и да ја истерам работава до крај... за себе, за моето дете, за сите деца. Не ми е важно кој во што верува. Секој може да ми биде пријател ако има душа, неважно на која религија или верска заедница припаѓа. Дејлајт не е ли дискриминација по верска основа доколку некој ја наметнува својата вера како подобра од туѓата?
Тогаш значи дека и крштевање на бебиња или правење на сунет е прекршување на законот. Тоа се ритуали со кој на тоа дете му се наметнува одредена религија. Кое крстено или сунетисано дете не е малолетно?
Страв ми беше да излезам од дома тие неколку месеци... Како што рекоа, со тек на време се ќе се заборави. Така и биде. Никому ништо. Тие сторија што сторија. Кој к*р ги тераше да се бесат уште на 16 години, никој незнае. Јас мислам дека првенствено тие самите се криви а потоа некои сосем други лица. Кукавичлук е самиот себе да си го одземеш животот наместо да се соочиш со своите проблеми. Колку ли проблеми да имале, јас мислам дека сепак не требало тоа да го направат. За се има решение, а да умреш е најлесно.
Со еден битен момент кој го пропушташ. Крштевањето , како и сунетот го прават родителите или старателите на тоа дете... кои покрај тоа што го направиле кршетањето или сунетот на детето имаат и обврски кон тоа дете, да го чуваат, одгледуваат, воспитуваат... Каде молим те ја најде сличноста помеѓу родителот/ старателот и оние кои пропагираат некоја вера на улица? Споредбата не ти држи вода. ... Во контекст на ова што го имаш напишано, тој - Диме исто така имаше коментар: “ние сме единствена вера во која само дете кое самостојно може да расудува и кое има познавање за нашата вера, може да стане член на нашата вера ..... освен ако и двајцата родители не се Ј.С.“ Бреееј Диме бре... а зарем е некаде поинаку? Дали сте чуле да двајца родители Муслимани направат крштевка на своето дете? Или двајца Христијани, сунет? Понекогаш тоа ОСВЕН ја вади цела ситуација.
Тој "битен момент" ми е поентата. Ако веќе религиозната определба треба да биде личен избор, тогаш ни родителите нетреба да му наметнуваат на детето во што да верува или неверува. Зошто да не почекаат да созрее па самиот/та да ја бара својата духовност? Токму поради тоа религиите денес не се ништо друго туку "етикети" - субститут на индивидуалноста, која на поединецот треба да му понуди инстант вредности, обично поради тоа што самиот неможе да ги пронајде во себе и да го вклопи во остатокот од "стадото".
Затоа што не станува збор за наметнување, туку воспитување во духот на религијата во која се определени родителите, второ затоа што важно е како ќе се воспита детето додека е се уште кревко, во фаза на развој,трето религиите не учат на лошо.Прашање е зошто и како религиите опстанале до ден денес, ако за истите се вели дека немаат никаква врска за она што тие го говорат.А детето нема да знае што е правилно, а што не, ако некој не го научи на истото, животот ќе го научи и без тоа, но за да знае како да се справи, прво некој мора да му го покаже патот.За се мора да има база од која нештата ќе тргнат во одреден правец.
Да. Но тоа голем дел од религиите го прават, некои дури и на државно ниво. На пр. во Италија и Шпанија католичката црква, во Германија католичката и евангелистичката(луетранската) во Србија и Грција православната, да не зборам за Иран и други земји. Незнам како и што се случило конкретно со твоето дете во случајот и колкаво било кога му проповедале (ако воопшто му проповедале), но мислам дека наместо да се јавуваш кај тие „Ј.С.„ (претпоставувам Јеховини Сведоци) - а уште помалце во судови, попрво би требало да си го поставиш прашањето зошто тоа тебе ти пречело? Како што објасни Gordana10 религиите не учат на лошо. Разбирам дека ти своето дете сакаш да го заштитиш, но претпоставувам дека во тие брошури што му ги дале тие бабите не пишувало дека детето треба да ти се дрогира, се обеси или да убива други. Ти можеш да му објасниш на детето дека вие дома верувате поинаку отколку што во тие брошури е објаснето а бабите културно да ги замолиш да не им даваат на твоите деца такви работи и тоа е тоа. Убаво ти кажал извесниот Диме дека било кој може нешто да дели ако тоа го имало веќе на интернет. На пр. некој може твоите постови да ги испринта, фотокопира и да ги дели од врата до врата но тоа незначи дека ти стоиш зад сето тоа ниту дека имало отпадник од твојата фамилија.
Религијата не спаѓа во воспитување, религијата содржи догми и верувања а тоа по дифолт треба да биде личен избор, не нешто кое треба да се наследи. Како не е нематнување кога од најмала возраст детето се обележува како припадник на одредена религија? Ако тоа не е наметнување, тогаш што е? Тешко на тие што самите незнаат што е добро а што не, па им треба религија за да им каже.....