Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    - зарем имам потреба да ве лажам?
    - затоа што таа вера не она во што јас ВЕРУВАМ, а ај поттикни го детето да верува во нешто во што самиот не веруваш
    - моето дете фала богу си има свои баби кои ќе го воспитуваат и учат
    - по културно од тужба на суд, без многу врева, има ли?
    - кој би делел било што ако нема интерес од тоа/ (или можда од покачените пензии издвоиле некој денар да испринтаат “промотивен“ материјал
    - би ми било чест
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Спаѓа во воспитување, како и зошто објаснив претходно.Битно е како родителите ќе го воспитат детето, тоа е срж за целиот негов понатамошен живот, религијата содржи догми, но првенствено е како родителите ќе го воспитат детето, па тоа откако ќе биде доволно возрасно, ќе може самото да се определи дали ќе остане во таа религија во која што бил и научен.Никој не го тера детето со сила.Човекот има право на избор, но едно малечко дете не може да одлучи што е за него исправно а што не, затоа што овие работи се сериозни, не само религија, туку и општо за што возрасен човек може само да одлучува.Секако дека возрасен човек ќе знае што е добро за него, но не е и мало дете.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не велам дека лажеш. Напротив, мислам дека случката е вистинита. Но кога реков „ако било воопшто проповедање„ мислев со тоа да кажам дали тој настан навистина треба така да се сфати (можеби треба! а можеби не) тргнувајќи од фактот дека ние останатите од форумот не бевме физички присутни на тој настан, а ти не изнесе премногу детали за истиот. Можеби ние, па дури и други родители истото видено со наши очи поинаку би сме го протолкувале, на пр. бабата можеби рекла „еве ти сине нешто на мајка ти да и даиш да ти чита убаво„ и толку...
    Тоа сеуште не е причина тоа да ти пречи - што секако, не значи дека немаш право да им забраниш пристап до твоето дете.

    Но обично кога со ваква лутина реагираме, во позадина има нешто друго. Кога реков „прашај се себе си зошто тоа ти пречело„ , мислев на тоа да провериш кај себе дали можеби нешто друго тебе не ти се допаднало кај тие бабите? дали околу нешто друго сте се скарале од претходно? можеби биле неправедни кон тебе кога тие биле помлади а ти помалечка? Можеби нивните внуци се невоспитани па ги задеваат вашите деца? и тн. и тн. - значи клучниот проблем да не е нивното мисионирање туку нешто помеѓу вас лично.
    Така е, но внимавај, некој ќе приговори: зошто тогаш го праќаш на училиште други да го воспитуваат? Или неговите баби можеби таму работат?
    Тоа би имало некаква смисла ако тие и покрај твојата јасно изречена забрана да ти тропаат на врата или да му даваат на детето такви работи, повторно наново и наново го прават тоа.
    Но на крајот од краиштата, што мислиш дека би постигнала одејќи на суд? Утре детето ќе помине можеби низ плоштад, ќе ги види како следбениците на ваишнавската верска заедница пеат танцувајќи Харе Рама-Харе Кришна и некој од нив ќе му даде колаче(во истото нема ништо лошо но тоа е еден вид на причестување со Кришна). И нив ќе ги тужиш? Задутре детето ќе ти се шета низ градски парк, сладоледџијата ќе го понуди „ајмо мали сладолед, сладолед, сладолед!„ И него т.е. фабриката ќе ја тужиш бидејќи сладоледот содржи (можни) штетни состојки(на пр. бел шеќер)? Мислам дека ми ја разбираш поентата.
    А дали знаеш кој е нивниот интерес? Дали ги разбираш зошто тоа го прават? Јас знам бидејќи сум ги читал нивните книги и имам роднини што се јеховини сведоци - иако морам да кажам дека тотално не се согласувам со нив.
    Но дали ќе ти биде чест откако мајката на некое дете кому била дадена скрипта од твоите на пр. постирања, би те тужела тебе на суд тврдејќи дека ти стоиш зад целата работа? Она што сакам да ти укажам е дека работите би можеле да се погледнат и од поинаков агол, а ти што и како ќе правиш е твоја работа.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Религијата се заснова на верување, воспитувањето се заснова на подучување. Неможеш да воспиташ некого да верува во нешто....тоа е нонсенс. Крштевањето, сунетот и сличните церемонии се иницијаторски - воведни ритуали со кој една личност е дефинирана како припадник на одредената религија. Да се изведе таа церемонија над дете кое нема интелектуална способност само да одлучи во што верува и потоа да се тврди дека секој сам одлучувал....е во најмала рака лицемерие.
     
    На SuperGirl24 и daylight им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ова ќе биде од мене последно
    Физички не сум била присутна ни јас, бабичките (ова веќе од милост) ја прашале - дали одите во црква? како се чуствуваш кога одиш таму? дали знеш дека има и други цркви? ... сега ова одприлика, толку знаеше детето да ми каже. на мое инсистирање да дознаам што повеќе, само креваше раменици и викаше дека не разбрала за што зборуваат.
    човеку нити ги знам кои се нити знам од каде се ... за нивна среќа
    Затоа што законот така налага.
    Затоа што на училиште нема пропагатори на некоја секта (за мене се секта), туку професионален кадар. За да посетува настава по религии јас дадов согласност.
    Зошто мешаш баби и жаби?
    Ти посочи дека тие бабички му мислеле добро на моето дете, дека не го учеле на ништо лошо. Тие баби нека си ги чуваат своите милни зборови за своите внуци.
    И да, јас за религијата наша научив од баба ми, која уште од малечка ме носеше во црква. Кога реков детето си има свои баби кои ќе го воспитуваат мислев на домашното воспитување кое го добива од нив.

    Религија и сладолед, баш исто е.
    И да бидеме искрени, целта на бабичките (колку милно ги нарекуваш, мене притисокот ми е 200) е да регрутираат членови ... секако за интерес. Немам јас ништо против детето да знае дека покрај православни христијани постојат и католици, муслимани, протестанти, методисти ...

    За пари

    Зад која работа? Па не сум јас таа што ќе дели скрипти, ниту пак ќе стои моето име и презиме на омотот од скриптата. Која е таа сањаева??? Кого ќе тужат? Ќе ме лоцираат по ИП? Можда зад компјутерот седи сопругот? Или пак “не те разбрав“? ако издадам книга?...ааа е тогаш ќе ја продавам во книжарница, па кој сака од таму ќе си ја купи... без пари нема да ја делам :)

    Во право си, моја работа е.
    А обврска на сите е да ги заштитиме правата на децата.
    Дејлајт, малолетно дете, малолетно.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Религијата не значи само верување, за заснова и на подучување.Крштевањето кое се изведува кај мало дете не е воопшто лицемерие.Ритуалите се само поголем дел од религијата, кои истата ја надополнуваат.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Па можда си измислувало :D - секако дека не го мислам ова сериозно, но сакам да ти укажам дека немаш докази за тоа како прво, а како второ во прашањата (правно гледано!) нема ништо лошо. Е сега ако му рекле да дојдиш кај нас во црква (собранија на јеховиното царство ги викаат, или царски сали) во недела во 12 ама само и/или никому не кажувај - е тоа е нешто друго! :^)

    Верувај те разбирам, ниту мене не ми се допаѓа таквиот однос. Требале да кажат „дали се мајка ти или татко ти дома?„ па со родителите да разговараат на такви теми ако се тие волни за тоа а не со детето.
    А законот ли налага децата да ги праќаат на курс по француски, англиски, на балет, часови по клавир? И тоа се места каде што детето добива некаква обука но и воспитување.
    Тебе можеби не ти е исто, ама на судот и адвокатите може да им е исто и сосема да им држи вода. И интересно што баш за сладоледот се фати. Спомнав и други можности поблиски до случката.
    Еве нека бидат „бабишта ни заедни„ - звучи помалку милно. :D
    Штом немаш против тогаш е во ред што бабиштата дошле на врата - нивниот адвокат на пр. може ваква констатација да извлече.
    Не. Тоа го прават поради спасение - или барем така тие се убедени.

    Имено Јеховините сведоци веруваат дека почнувајќи од 1914 па навака се ближи пропаста на грешниот свет, а за да се спасат луѓето треба да се запознаени и да се однесуваат според тоа што го учи Библијата, или попрецизно кажано со она како тие ја толкуваат Библијата. Меѓу другото тоа според нив значи од врата до врата да им се проповеда на луѓето дека треба да се спасат т.е. телесно да воскреснат при второто Христово доаѓање и вечно да живеат во рајот на Земјата. Наводно така правеле и апостолите - оделе од врата до врата. А ако некој сака да се спаси, според нив дел од задачата што ја има е и другите да ги извести дека се ближи крајот, а тоа наводно најефективно ќе го направи ако проповеда од врата до врата (цел систем на евиденција имаат разработено кој колку минути-саати успеал да испопроповеда |( - во книгата „Била сам Јеховин сведок„ од Жоси Дојон ова е доста впечатливо раскажано), Тие што немало да се спасат, вечно ќе останале мртви.

    Претпоставувам дека и тие бабишта немале попаметна работа па твоето дете нашле да го спасуваат а и нели пред господ да се покажат дека се достојни (редовно проповедаат, дури и на најмалите!) :lol: и самите да воскреснат после крајот на светот - значи во таа смисла тие и самите се убедени дека прават најголема добрина.
    Се извинувам, не сакам да ти контрирам, но искрено мислам дека не ме разбра. Па зад истата работа поради која ти го кренале бабиштата притисокот на 200. Ти кого ќе тужиш? Јеховини сведоци? Па можда не биле тие? Можеби лажно се претставиле? Ти го наведувам ова како пример, т.е. како изгледа кога би била обратна ситуацијата, бидејќи ти погоре кажа:
    Значи истото.
    Па нормално! Но имај во предвид дека со ова откриваш многу! Имено значи дека можеби ние сме тие кои работите ги правиме поради интерес и пари па својот став го проектираме врз другите - демек и тие тоа сигурно го прават поради пари, што воопшто не мора да е вистина.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Оф топик.

    Мислам дека не требаше толку дискусија за едно просто прашање. Жената убаво и пристојно си праша за она што ја интересираше и доби скромен одговор од некои.
    Знам дека секој си има свое право на размислување и да дискутира на форумот, но мислам дека ова не требаше.
    Зарем не е очигледно дека и е тешко на жената?!
    Ако можеме да и помогнеме, да и помогнеме, а не да и проповедаме. И се нафрливте за верата, зашто таа ни била наметната :x !!! А таа побара само помош, за нешто, што не е запозната.
    Доволно си е возрасна за да размисли во што да верува, зашто тоа е нејзин личен избор. Па така и дома ќе си ги воспитува децата, зашто таа им е родител. Исто, како сите што ќе ги воспитуваме нашите деца, како ние што веруваме.
    Да не се залажуваме, секој ги воспитува децата во однос како тој што верува, тоа е повеќе од јасно. Никој нема да го остави своето дете да размисли што ќе биде еден ден, додека е малечко. Ако е православен ќе го носи во црква (или римокатолик), ако е муслиман во џамија, ако е јеховин сведок, на нивните собранија.. А потоа кога ќе порасне детето, нема сигурно никој да го врзе со синџири и да му наредува што да прави. Тоа веќе ќе биде веќе изградена личност и ќе може да прави што сака и да верува во што сака.
    И :!: , децата никогаш не лажат како возрасните што знаат. Уште при вториот пат кога ќе ги прашаш за истото нешто, тие не знаат да ти одговорат или се збунуваат ако е нешто лажно. Што значи, со сигурност нејзиното детенце не лажело.
    Кој има дечиња, го знае ова мало правило.

    Он топик.
    Скромна помош.
    Ѕanjaeva, најдобар одговор би можела да добиеш доколку лично со некој разговараш, а не преку телефон. Мислам дека е тоа подобар начин за информирање. Ќе бидеш посигурна и ќе го добиш вистинскиот одговор.
     
    На ane.bella, Gordana10, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Дали адвентистите се сметаат за секти? :?:
    Јас сум православна христијанка,односно не сум,туку мајка ми и татко ми се,цела фамилија,сите роднини и мислат дека и јас ке бидам.Ама јас сакам да бидам адвентист.Имам еден пријател,тој е адвентист и од него слушам мн убави работи кои се вистините и добри.Сум размисила убаво и сакам да бидам.Под тоа се подразбира празнување на Велигден,Божиќ, пиење алхохол,свеќи,икони и мн др работи не,нормално бидејки тие не се од бога. :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу погрешно се гледа на сектите , и самиот збор кај повеќето влева страв . Ако некој различно ја толкува религијата од вас не значи дека е умоболен и поклоник на ѓаволот , може има друго сваќање и се собираат луѓе со исти ставови , не значи дека секта е нешто лошо .
    Но постојат и сатанисти , припадници на култови кои за нив жртвата на човечки живот е признание кон бог . И сатанистите се некоа религија но подведуваат деца , ги тераат на самоубиства а и често се под опојни дроги . Таква секта кај нас е црна ружа мене искрено и да сретнам некој од нив нема да ми биде страв бидејки не можат да ми ги продаваат нивните изопачени верувања . Но тука младите се под ризик , посебно оние кои се неприфатени од врсниците , на такво дете малку перење мозок и во се ќе верува .

    И без разлика дали е опасна секта што би рекле или имаат најдобра намера подведување на малолетници е крајно долно и манипулаторски , детскиот ум на се верува . Детето треба да го воспитуваат неговите родители а не да биде подведувано од возрасни тоа е за мене срамота .
    Јас како помала значи прво или второ оделение со децата од маало една тетка не викна на сок и сендвичи ( не знам искрено што секта беше ) не одведе битно во едно како преставништво ни збореа свашта и на крај ни дадоа детски библии , не се сеќавам што точно се зборуваше таму одамна беше , од дома знам беа многу лути ,и се собраа родителите од зградата и отидоа таму да се бунат и караат :lol: . Мислам дека е крајно погрешно деца да се подведуваат .
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Секта не е по дифолт сатанистичка суб-групација која има за цел да ствара хаос, жртвува луѓе и да ја пие нивната крв. Првенствено најголемиот број секти се со религиска позадина (captain obvious) и се темелат на Библијата, но поради сфаќањата во одредена околина, зафатиле некоја девијација и вметнале некоја филозофска основа, па од таа “непокорност кон единствените Божји правила“, се отфрлени од црквата. Што не значи дека веднаш тие следбеници носат црни мантии со качулки, крст наопаку, нож во рака и црно под очите.
    Мислам, да вклучиме логика, малку е смешна оваа неинформираност и стравот од сектите (зборувам за оние “мирните“), кога всушност самото наше Христијанство на почетокот било дефинирано ко Еврејска секта, па колку сакаме нек се лутиме и негираме, факт е. Всушност, и денес немаме некоја апсолутно точна формација, па затоа се делиме на православни, католици и протестанти.
    Не ми е поентата да расправам којзнае што, знаеме дека религија е сензитивна тема, туку поентата ми е дека многу лесно можеме било која религија да ја сврстиме ко секта, доколку и’ се задлабочиме во корените на настанокот.

    А тие болни Црни Ружи и остали брача ночи, мавнете ги, тоа се оние умови кои се граничат со генијалност и болест, та си влечат подеднакво болни и лабилни особи за свој профит, а религиските основи во организациите им се само замка, знаејќи дека човек недоволно информиран или во безнадежна ситуација, би се обратил на било која Виша сила за помош.
     
    На Hipster, anneyy, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Се изначитав и занемев. :x
    Која е целта на оваа Црна Ружа бе?
    Ужас |(
    Иначе една вечер се погоди сама да останам дома и слушам тропа некој на врата. Отварам и глеам еден дечко онака мрачен во црно и ми покажува некои флаери и ми вика „Ај дојди со мене сеа“ :x Јас се мрднав од памет буквално и морав да се извадам некако му викам „А ти најубо да си одиш оттука пред да дојде татко ми да ти го пукне носот“ :x
    Незнам која е целта на овие луѓе? Море само Хитлер за вакви па од мака има да се прекрстат во БЕЛО МАЧЕ! Сатани едни :devil:
     
  13. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Дали адвентистите се сметаат за секти?
     
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    против сектите.... :D
     
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    и мене ме интересира :^)
     
  16. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    нешто што ми кажуваше баба ми ...
    Едно девојче од нашиот крај отишло во скопје на школување , и влегло во некава секта , како баба ми што ми кажуваше таму се палеле свеки седеле во темници , зборувале некакви работи кои , незнам како да ви ги објаснам .... и да продолжам понатаму девојчето одело таму некое време , но му дошол паметот но касно , ако еднаш влезеш во секта не се смеело да се излегува од таму но во спротиво ги убивале ...
    и девојчето неможело да издржи и си заминало , тие го убиле и на нејзините родители им соопштиле дека умрела , но не било така (нели тие ја убиле ). и ден денес луѓето жалат ;(

    мене ми е страв од такви работи :sweat:
     
  17. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Леле бе децава со кој памет :|
    Ем себе си си штети ем на други болка задава.. жално сепак :(
     
    На oneday му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Тие се псевдохристијанска секта. (Псевдохристијанска, бидејќи заедно со Јеховините сведоци веруваат дека Господ Иисус Христос и архистратиг Михаил се една иста личност)
     
    На Witchman и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Имам роднини адвентисти и нема врска оти имаат исти верувања со јеховистите не е точно оти мислат дека Исус Христос е тој Михаил се една личност.Дај бе луге испитајте ги работите пред да зборувате за некого.Тие се христијанска црква.Денеска со интернетов многу информации се достапни пишете на гугл ке видите какви верувања имаат.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не. Тие се верска заедница исто како и православната црква, харе кришна движењето, методистите, исламска верска заедница итн.