1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Имаше во Велес едно девојче што рипна од тарасата ноќеска ... Околу 3 изгледа се завиткала во ќебе и рипнала а подоцна татко и кога дошол да ја буди ,видел дека прозорецот е отворен и дека ја немало.. и кога ја видел доле на плочата на зградата :worried: А девојчето имаше богати родители, учеше во Јаха Кемал ... имаше дечко се и беше таман ..
    Ама кога го испитувале телото дознале дека кога рипнала не починала одма туку 2 саата лежела доле и од ладното починала..
    А на компјутерот во историјата на мсн-то прочитале дека таа била во секта и некој другар од Романија исто така секташ, и викал дека можат само по смрт да се видатм да бидат заедно како најдобри другари..

    Не сметам дека секташите се болни умови, но болен е тој што се нафатил да убие/се самоубие...

    На пример мене некој непознат да ми рече да се убијам ... :^)
    А јас имам другар од Романија, мислам дека е сатанист ама тоа не ми го рекол досега и не ме терал да се откажам од христијанството... Сепак е добар другар и ми давал совети кога ми е потребно ...
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Еден најдругарски совет од мене или подобро кажано, како сестрински совет ова сфати го :!: - биди претпазлива со твојот пријател од Романија, немој слепо да му веруваш и безрезервна према него да бидеш :!: Опасни се ваквите работи, а посебно што секогаш завршуваат фатално..Имам погоре во темава и јас еден вистинит пример наведено... :!: Уште еднаш биди внимателна со другарот и направи детална анализа на неговите совети, што ти ги дава, па после примени ги...Поздравче :*
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    Прочитав најразлични мислења за темава со кои не се согласувам. Па луѓе како можете да кажете дека членовите на сектите се нормални луѓе кои само се отргнати од некоја религија? да има такви луѓе кои не веруваат во господ и сл. и затоа се нарекуваат атеисти, а овие од сектите се потполно нестабилни и болни луѓе, а ќе се увериме во ова само почнувајќе од фактот дека за да влезат мораат да убијат некој член од семејството и којзнае уште какви други работи со кои ние не сме запознаени. Кажете ми кој разумен човек со чувства би дозволил да и се случи нешто на некоја негова сакана личност, а не како во случајов член на секта сам да го направи тоа злодело поради тоа што така налага сектата ?! извинете ама јас овие луѓе ги сметам вака како што се изјаснив и најискрено се плашам од нив :(
     
    На mizerija и bubu1 им се допаѓа ова.
  4. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    И јас најдобронамерно би ти рекла да внимаваш со овој твој пријател од Романија. Сите тие се фини на почеток за да стекнеш доверба во нив. Никој одеднаш нема да ти каже да направиш лошо дело. За да те привлечат, мора да се фини. Не мора да значи дека дечково е лош, може не е член на ниедна секта, туку само има желба да биде поинаков од другите, ама сепак внинавај.

    Сум била во контакт и со протестантски секти...евангелисти, адвентисти, методисти. Меѓутоа тоа за мене не се лоши луѓе...сепак се држат до религијата...само што се разликуваат по некои нешта: немаат икони, не палат свеќи, со други песни го слават Бога. Дури познавам и наркозависници кои што со нивна помош се ослободиле од звисноста.

    Само што тука ми смета тоа што перат многу пари...ама не е мое тоа да го дискутирам.
     
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Зошто терминот секта го ограничувате како Сатанистичка група, која проповеда убиства, самоубиства, инцести, оргии...? Можеби затоа што не сте истражувале доволно што значи тој поим, или пак затоа што многу сте слушале за урбаните легенди за Црната Ружа...
    Зборот секта има латинско потекло во превод значи следам\ следбеник... Значи било кој приврзаник, било на религиска, верска или политичка основа може да се нарече секташ.
    Сектите се стари исто колку религијата... тогашното свештенство сметајки ги за закана одредени луѓе кои не им биле истомисленици ги прогласувале за приврзаници на ѓаволот. Дури и Масонеријата во тоа време била нарекувана секта... а знаеме дека нејзините членови се најголемите умови и научници на сите времиња. Всушност првичната цел на сектите била одрекнување од црковното учење, тие сметале дека со времето црквата го напуштила вистинското учење и духот на Евангелието.
    Во времето на реформацијата 16 век од католицизмот се одделила одредена група на луѓе на чело со Мартин Лутер кои не се согласувале со владеењато на Римските папи и нивното наметнување дека се втори богови, и така настанала уште една секта а тоа е ПРОТЕНСТАНТИЗМОТ ( денес има околу 7 милиони верници ). Од христијанството уште се одделиле и БАПТИСТИТЕ, тие го отфрлувале крштевањето на малите деца, и барале да се крштеваат возрасните што се свесни за тој чин. Потоа НАЗАРЕНИТЕ и тие се припадници на христијанска секта кои како најголемо злосторство го сметаатт убивањето на човек, било во војна или во мир ( не ги признаваат свештениците и сакраментите, одбиваат да служат војска и да носат оружје, ги презираат телесните уживања и судството). Друга христијанска секта се АДВЕНТИСТИТЕ, тие проповедаат дека е близу второто доаѓање на Христос на земјата, со што и би дошол крајот на светот... тие ја земаат Библијата како основа на својата вера, ја празнуваат саботата наместо неделата и спроведуваат апстиненција.

    Зборот од сево ова ми беше дека овие секти кои патем се едни од најбројните на светов не проповедаат никакви злодела, туку напротив го слават Бога и се темелат на Библијата. Мора да признаеме дека ретки се луѓето меѓу нас православните кои толку многу го чествуваат Бога и ја познаваат од корен сопствената религија и заветите од Библијата. Токму на ова повеќето секти се спротиставуваат, како и на крадењето на нашите попови и Владики лопови. Затоа не е лошо да читнете по малку за сите секти, тоа нема да ве направи еретик, туку само ќе ви го намали стравот од непознатото. А не да ви се ежи кожата кога ќе го слушнете зборот секта.
    Секако прво треба да ја проучите сопствената религија.
     
    На lore**dana, Night Rider, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Ееј имаме и на камера правено муабет,стварно е поинаков од другите има некој друг стил... ама не е таков,затоа што кога сум депресивна или тажна ми кажува како да постапам .. се знаеме веќе 2 години. иначе фала на совет и ќе внимавам
     
  7. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Ама што ако и на камера разговарате??? :^) И нема врска што се знаете две години :!: А, нормално дека ќе биде фин со тебе и ќе ти помага :| Значи пак од погоре ќе се повторам, немој до бескрај со тој дечко да се зближуваш и слепо да му веруваш...Зашто тие "работи" така почнуваат со другарство, помагање и кога ќе ти влезе некој ден ден некоја чивија во глава, дека не можеш без него(скраја да е....), ееее нема враќање назад тогаш :!: Ова е мое мислење, можда и грешам..Ама најискрено, некако од внатре нешто ме тера вака да те советувам, некоја интуиција, не знам што е :worried: Сакаш послушај ме , сакаш не, твое право си е...Некако многу длабоко ме допре твојот пост, кога раскажуваше за него, морници мислам ме полазија...ВНИМАВАЈ!!!
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не верувам баш дека не постојат секти. Имаше скоро случај. Дечко остава проштално писмо се пакува и си иде....со такси оди до милениумскиот крст на водно, се качува најгоре , се соблака гол и се фрла. Ова не е добра состојба на умот, патем да додадам дека дечково, немал фамилијарни проблеми, немал љубовни проблеми, немал проблеми во школо, факс....супер фамилија супер се...иначе лино блиски мои....
    Тоа е перење на мозок, и е многу лоша работа, порок како и дрогата се навлекуваш на тоа..и се би напраил за тоа.
     
  9. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Исто како што во муслиманскте секти им го ерат мозокот дека ако станат бомбаши самоубијци, 40 девици ќе ги пафкаат во рајот.
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Кејти извини ама морам нешто да ти кажам, не нема да ти кажам туку сама ќе видиш ти, а и сите останати..Не е ова напаѓање или слично туку само совет до сите нас..

    http://www.youtube.com/watch?v=DO9zTxn2Kq0

    е сега, размисли ти кејти дали можеш да веруваш, на тој начин на кој што викаш ти...
     
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Епа за истиот случај збориме :| :| :| И јас за овој дечко раскажав погоре во темава...Само не знаев дека лично ги познаваш...
     
  12. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    ja sum od veles za devojcheto e tochno deka se samoubila deka imala dechko i se toa , ama prv pat slusham deka BILA VO SEKTA .stv me iznenadi.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    детето е братучед на мој најдобар другар што ми е буквално како брат, а јас ги познавам сите негови роднини....цела фамилија се примерни луѓе....
    Некои од поблиските мислат дека е убиен но нема логика...страшно беше кога дознав..не сакам ни да се присекам на таа нок...
     
  14. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    нема друго објаснување ... можда не била во секта ама тој другарот бил...
     
  15. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    Па .. не верувам слепо... зошто секој може да каже се ама не е исто да пишуваш и да се гледаш .. детето е талентирано свири пее .. не го мислам за таков , знам дека не се верува на се ама да бил некој промашај одма ќе се покажел,не може долго време да крие кога тогаш вистинското лице испаѓа на виделина ..
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Кејти, некои луѓе цел живот го кријат своето вистинско лице...Каква врска има тој, што свирел и пеел??? :| Не сакам да се повторувам :|
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Кој пее зло не мисли ... Се зезам ..
    Во право си само тешко ми е да помислам дека би можел да биде дел од такво нешто..да можете да го запознатете убаво можеби би сватиле дека е се океј ..
     
  18. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Кејти

    Во животот понекогаш ќе дојдеш до шокантни и фрапантни податоци за некој што најмалку очекуваш дека е таков :!: Јас од лично искуство ти кажувам(не сум дознала за некој мој близок дека е член на секта, ама сум дошла до други информации , од кои глава ме болеше со денови и не можев да опоравам :!: , мислев дека таа личност ја знам во целост, дека до срж ја познавам :| )
     
    На Almin и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Го запозна во живо? Знаеш некој негов другар или само по нет.
    се секавам се запознав со еден на нет од охрид, секоја вечер зборевме, дури збореше и со моја другарка се свиѓаа, се гледаа на камера, дојде во ск со друагр, бевме у парк, ништо не се деси. Се слушаа со другаркава по телефон, кога еден ден и се јави на другарка ми жена му, тој бил женет и имал ќерка.....преку нет, па и во почеток на дружењето не верувам ама баш во ништо.
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Девојчето се фрлило пред неколку месеци (не знам точно колку). Било врнежлива ноќ, па не ја ни забележале најзините родители за време на ноќта. Утрото кога татко и сакал да ја разбуди за во школо видел дека ја нема во креветот. Кога видел од прозорот надолу - имало што да види. Седела до доцна на нет, а подоцна го направила ова. И да - подоцна слушнав дека се фрлила во невестински фустан. Ова не знам колку е точно, ама така ми кажаа.

    Инаку верувам дека постојат секти, убедена сум во тоа. Пред некое време на интернет читав за сектата „Црна Ружа“ и го најдов следново:
    Еве уште нешто пренесено од уво на уво.Ништо потврдено од некој нивни член.Црна Ружа се појавува во втората половина на ’90-те и зема голем замав во западна и северо-западна македонија.Нејзините корени и идеали водат потекло од сатанистички и пагански култови како и од Wicca-та и Богомислкото движење.Еден од најспецифичните ритуали им е убивањето на некој член од семејството и тоа на некој голем христијански празник(Великден,Божик...).Се смета дека официјално повеке не постојат одкако биле разоткриени во некој стан во центарот на Скопје.

    Навистина не ми е јасно, кој човек, и со кој памет би се самоубил или би убил некој член на семејството и тоа на христијански празник. :^) Јас овие луѓе ги сметам за личности со лабилен карактер, кои немаат свој став и мислење. Инаку исто така имам слушнато дека некаде во Влае имало вакви секти.