Од каде па да знам што прават со тој сајт? Еве кажувам ПРИМЕР: влегувам во сајтот и автоматски мојата IP се „регистрира“ да речам на сајтот, може да те лоцираат и да те замараат после.. НЕ МЕ СФАЌАЈТЕ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО! звучи смешно и нелогично, али сепак не можеш да бидеш толку сигурен со вакви сајтови. и немојте никогаш да потпаднете на вакви измами не отварајте секакви сајтови за кои не сте сигурни... чувајте се.
Па кој им е крив кога отвориле толку „проблематично„ место: интернет-кафе Ако не од таму отвори од полициска станица А што има во тие писма? Љубовни да не се?
Се што е одвоено од црквата, значи надвор од нејзиното учење е секта.Дали постои секта која направила нешто добро, да потоа за истата се рече дека и не е секта? Еве настрана црквата.Дали има? Притоа не мислам на тоа што е спомнато тука дека “политички партии биле секта“, а кои не се, бидејки не станува збор за религија кај нив.Зборам конкретно.
Одвоено од која црква? Православната е одвоена од католичката - секта е? Велиш дека збориш конкретно. Е ајде кажи неколку секти по име и презиме. Зборот секта значи следба. Во политичките партии членуваат луѓе кои следат некаква политичка идеологија. Значи во дословно значење на зборот тие навистина се секта.
Како што кажав надвор од црквата, притоа мислам на православна, католичка...значи општо црква. Не ми одговори на прашањето, очигледно и дека нема.Не би кажала кои се, со цел да не навредам некого. Зборот има неколку значења.Во врска со политичките партии, кажав зошто и не ни можат да бидат секта.Тоа што има самот збор различни значења во сосем друга конотација, не значи дека тоа нешто е секта. Тоа што правела црквата, не е нешто поради кое треба да се рече дека истата е секта.
А протестантите? Ете тие се одвоиле со Лутер од католичката црква. Протестантски земји се пола Германија, речиси цела Шведска, Норвешка... тие се според тоа земји-секти или? И според тебе што е со тие кои не се ниту надвор ниту внатре во црквата? На пр. муслиманите? Харе Кришна? и редица други... Затоа што секти не постојат. Ти прашуваш кој секта направила нешто добро? Јас те прашав да наведеш конкретно по име за да можеме да видиме дали и што направила лошо или добро. Еве јас ќе именувам неколку: Адвентистите некои луѓе ги сметаат за секта. Иако не се согласувам со нивното учење, морам да кажам дека тие биле и се мошне активни во хуманитарната дејност. За време на војната во Босна токму адвентистичката црква беше меѓу најактивните во доставувањер на храна и лекови. Јеховини сведоци некои ги сметаат за секта, ни со нив не се согласувам во поглед на религијата но генерално земено тоа се многу културни луѓе (имам роднини што станале јеховини сведоци). Зборот потекнува од латинскиот sequi = следам некого, следам нешто. Друго значење нема, освен она што „сектолозите„ божемните стручњаци за „секти„ (кои се во правило не се неутрални туку се секогаш ревносни католици или православни или протестанти) го допишуваат до значењето на зборот. Црквите имаат толку многу крвава историја низ вековите па сè до денес што испаѓа дека „сектите„ се честопати далеку побезбедни од црквите.
Па мислам дека е доволно јасно кога реков општо за црквата.Ниту реков нешто за тие кои ме прашуваш. Додека за сектите, неколку членки веќе си кажале, притоа не спомнувајки ја црквата како секта, бидејки и не е.Реков зошто некои и не би сакала да ги наведам. Инаку, за зборот, кажав објаснување, кое патем го има латинското име. Едно нешто што би требало да е карактеристика кај верниците е “ не осудувај“, тогаш зошто упорно се вели “ црквата поради злосторот кој го направила е секта и слично“? Како може тие секти кои патем се споменале неколку пати тука, мислам на како тие за кои зборевте претходно, кога се надоврзав на муабетот,да бидат побезбедни од црквите? Ако веќе се побезбедни како што кажа, тогаш веројатно не би имале нешто како убивање, одземање живот.Зарем тие се сметаат за безбедни?
Факт е дека секти постојат .. ILLUMINATI се според мене најголема секта, култ, братсво... Тоа е секта која се бори за пари, доминација, моќ... Ја имам прочитано оваа книга. Се е убаво објаснето во неа. Најискрено, мене ме привлекува силата и моќта кои тие ја поседуваат. "Масонскиот занает понатаму цвета и во многу други земји и несомнено е една од најголемите утврдени сили на дваесетиот век." А, и ќе останат тоа. Иначе, FREEMASONS и ILLUMINATI ви се едно исто.
Секта е подгрупа на верски, филозофски, политички систем на верување. Одгранок од поголемата група, која се спротиставува на определени принципи, норми, или има свои посебни гледишта. Значи, во секоја држава и во секое општество е најнормално нешто, бидејќи секогаш постојат луѓе кои не се претопуваат во мнозинството, кои сакаат, бараат и гледаат нешто поинаку. Погрдно значење добил овој збор, уште од времето кога некои групи се делеле од Црквата, и затоа денес го гледаме со негативна конотација. (и поради неколкуте големи секти кои се познати по лошо денеска). Но, заправо не е ништо негативно. Бидејќи голем дел од тие организации/секти/групи се однесуваат крајно морално и етички, само што имаат свои поинакви гледишта кон животот. Постои една изрека: глупав е оној кој се претопува во мнозинството. Затоа јас ги почитувам сите кои не сакаат да бидат копи пасте, туку сакаат да бидат индивидуални и посебни.
Православната, католичката и протестантската(во државите каде преовладуваат на пр. Германија) црква се тие кои ги осудувале и сеуште ги осудуваат оние кои имаат поинакви религиозни сфаќања и практики од нивните, при што погрдно ги нарекуваат со зборот секти. Многу работи што им го припишуваат на тнр. секти, тие цркви го имаат всушност кај себе самите. Ти претходно рече дека секта е она што е одвоено од црквата. Православната е таа која што прва се одвојила од црквата во 11. век. Според таа логика која ти ја кажа, православието е исто секта. Конкретно ако мислеше за тие што зборевме претходно - јеховини сведоци и адвентистите - кои пак католичката и православната црква ги смета за секти, тие во своето учење не повикуваат на убивање туку напротив воздржување од истото. Спротивно од нив црквите како што се православната, католичката и протестантската напротив, убивањето го одобруваат во одредени ситуации како на пр. во војна. Да мнозинството луѓе во првата половина беа адвентисти(саботјани), јеховини сведоци, назарени сл. до светските војни воошто не ќе дојдеше бидејќи лудите политичари кои ја имаа подршката на црквите не ќе имаа доволно луѓе кои би ги извршувале злосторствата. Во таа смисла реков побезбедни за претходните. А ако мислеше на тнр. сатанистички секти, оние официјалните (на пр. Сатанината црква во САД основана од Антон Ла Веј) исто така не убиваат луѓе, додуша убиваат животни како жртва, но и црквите го прават истото. Освен тоа црквите низ историјата па до денес убиле и наведувале на убиство далеку повеќе отколку другите. На пр. 1978год. при колективно самоубиство на членовите на „Храмот на народите„ загинаа околу 900 лица, во култот Аум Шинрикјо 1995 испотру десетици во токиското метро, - тоа е страшно, но статистички во однос на тоа колку човечки жртви имаат направено на пр. православната црква низ балканот во средниот век, или грчката православна црква во егејска Македонија, или уште полошо католичката ширум светот, испаѓа дека претходниве секти/култови се аматери.
Како прво, јас не реков ништо за црквите кои ги напомена.Како второ, знам дека православната и католичката се одвоени.Како трето, кога реков црква, мислев и го кажав како општ збор за сите цркви вклучувајки ги: католичката, протестантската и др. Како четврто, ниту кажав и ниту пак помислив дека тие цркви се секти и нема да го помислам, а ниту кажам тоа, затоа што не се секти. Кога го поставив прашањето, мислев за верниците, во смисла на тоа дека без разлика каде тие припаѓаат по религиозност и во која црква одат, наместо она кое самата религија го вели “ не осудувај“, тие како што рече осудуваат, ја осудуваат црквата, притоа знаејки дека црквата е темел на религијата, а и мислев општо за тоа “ не осудувај“.Значи во конотација на тоа колку самите тие ја почитуваат религијата на која и припаѓаат.Поентата ми беше друга.А мислам ме разбра и која беше поентата. Кога мислев секти, мислев на оние како што е споменато од членките, за тие кои наведувале на самоубиство и слично.А и не ни може убиствата, да бидат нешто добро.Мислам дека сум јасна што сакам да кажам.
Се извинувам Gordana10 но честопати во репликите не се доискажуваш и мислата може да стане нејасна, некако не доконкретизирана, или барем јас така ги доживувам дел од твоите одговори (и мене ми се случува некогаш истата грешка). Во последиот пасус од твојот последен пост ми станува до некаде појасно кога велиш: Се согласувам дека самоубиството или убиството не може, никако не може да биде добро нешто.
Ок Јас претходно убаво си кажав, што впрочем и секогаш тоа е така, па морам истото неколку пати да го потенцирам. Инаку, конкретно за оние секти кои наведуваат на убиство, токму затоа и реков, бидејки со самото констатирање дека тие не се нешто страшно, се добива сосема поинаков ефект, да поради тоа, некој да ги прифати, мислејки дека тоа е така, а уствари да биде лошо за него.Сега, самите секти кои наведуваат на такви работи, имаат сосем поинаква перцепција во стилот на ако се убие некој, ќе си направи со тоа добро на себе си, а и на другите, а што е сосем погрешно.Тоа е тој проблем, за кој поради ништо, луѓе умираат, од кои тек им почнал животот.Така што, колку отворено се разговара за ова, толку подобро за да се спречи такво нешто.
Ова го читав неодамна и на крајот го видов ова што ми го плени срцето: Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה во Озирис יהשוה. Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори! Ако има ВИСТИНСКА РЕЛИГИЈА ќе нема како прво РЕЛИГИИ, а потоа ќе нема воопшто СЕКТИ! П.С. И ВИСТИНСКИТЕ СЕКТИ повеќе работат на духовен развој отколку на самоубиства (бидејќи се дел од поголеми стандардизирани верувања, пракси...)... повеќе од 90% за сектите се легенди и фалсификувани податоци кои толку се искривени што, не може ниту да се насети почетокот... Нетот содржи многу бескорисни и неточни податоци кои за човекот што нема истражувачки дух, лесно ќе ги земе за точни, без да ги тестира и потврди... Луѓе... Но сепак ќе се држам до тоа дека вистинско философско-научно учење полно со пракса, симболика и методика не може да роди секташки подшколи и струења и да се подели самото! Тоа успева само кај религиите...
Леле луѓе, а бе бегајте на страна, ич да не се ни размислува што се секти, ова-она, немојте да бидете како изгубени овчички и одма во устата на волкот... баш тие со таквите главчиња што сакаат се да видат, да истражат, да пробаат, несигурни одат и се зачленуваат во нешто што и самите незнаат што...баш тие стануваат лесен плен и брзо се вовлекуваат во матните води и право во бездната. Леле страв ме фаќа, колку има несигурни млади, се знае која ни е црквата и на што учи Христијанството, де адвентисти, де евангелисти, де јеховини, де ова, де она, сето тоа е ќор сокак, спротиставување на тоа што проповедал Господ Исус Христос и Светите Апостоли и Мајка Божја, одете си во црква, одете си на богослужби во вистинските цркви, а не во квази-цркви од некои градби, ако нешто незнаете или сте збунети, разговарајте со свештеник, имајте духовник, само немојте да истражувате премногу и да одите каде ве носат, немојте да бидете плен на ѕверот луѓеее Божји, чувајте се!
Значи не сум влкучен во целата суштина на дискусијата што се води, само тука сум дојден заради темата. Јас лично не се плашам од секти како што другите се искажуваат во спротивно на тоа сакам повеќе да знам за таа тема. Многу работи имам прочитано на интернет за ова се разбира не верувам на сите ама доаѓам до некоја средина и заклучок. Всушност членовите на секта претежно се деца малолетни кои им предстои развој и не доволно се едуцирани и информирано за светот и какви вредности има истото. Тие што се како проповедници на тоа верување се психолози, свештенци ни најмајку некои луѓе како незрели, слаб коефициент на интегенција.Сите во сектата дури и членовите се високоинтелегентни особи.Сега како што можев да прочитав се потенцира религијата која е главна тема цел на сектата и сета таа контрадикторна постапка што се води.Јас имам скоро 19 години за непол месец и сум убеден дека нема теоретски шански да подпаднам под такво нешто, затоа како што напоменав во сектата се само деца на возраст од 8-9 год па до 13-14. Многу ретардирана работа е тоа едноставно перење на мозок, ЕВЕ ВЕЗРАЗЛИКА ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА РЕЛИГИСКА, ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА ТАА КОНЦЕПЦИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ НА МОЗОК НЕ Е ЕДИНСВЕНА ... ЕВЕ ЛИЧНО ЈАС МОЖАМ ДА НАЈДАМ НЕКОЕ 7 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ И ДА ГО УБЕДАМ ДЕКА ПРОСТИТУЦИЈАТА Е НАЈУБАВОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ И ИМАЊЕТО НА СЕКС СО СИТЕ Е ВЕЛИЧЕСТВЕНО.И после незнам 7 години треба да се самоубие (на 14 години) по некоја математичка теорија годините на смрта треба да бидат годините на запчнувањето помножено со два (сетоа ова е моја некоја теорија за да докажам на некој друг начин перење мозок) и тогаш јас ке претставуавам човек од секта ? Воглавном да затоа што сум контрадикторен од реалниот свет и човековите права. Искрено ова го пишувам брзо и поради преголемиот број на информации што ми доаѓаат во главата МОЖЕБи нешто не се доизјаснив, затоа ќе чекам во наредни коментари да доразјасниме и раздлабочиме некои работи.
Може ли некој да ме упати како се препознаваат личности кои се вклучени во секта, не знам каква секта но ме интересира бидејќи скоро се запознав со една специфична личност, со посебни сфаќања и погледи кон светот. Не само тоа, туку говорот, изгледот, и филозофските идеи кои упорно пробува да ми ги закачи во глава ме бунат. Муабет чист обичен не знае да води туку се` се сведува на душите, на телата, на она севишното. На почетокот мислев дека е посебна личност и навистина изгледа надпросечно интелегентна но со тек на време разговорите ја губат поентата и се вртиме во круг околу едно исто. Имено до сега ми има покажано неколку знаци дека не е само обична личност која можам да ја сретнам во секојдневието, и се плашам дека од кога стапивме во контакт мојата психа потпаѓа под негово влијание. Ќе ве замолам, оној што е добро упатен во овие работи да ми пише ЛП за да не објаснувам многу тука.