Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Најлесен начин да препознаеш дали некоја религиозна личност не е во скета е, да и` извадиш иконче од Пресвета Богородица и “натерај“ ја(не силум туку милум :) ) да се прекрсти, да ја целива иконата и да ти ја запее „Богородице Дево“ или „Достојно е“. Ако се прекрсти, целива и запее една од двете молитви тогаш сигурно не е во секта. ;)
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    4.253
    Најлесно ќе ги препознаеш ако ти покажат картичка или книшка со натпис: СЕКТА - членска карта за 20___ год.. Ако нема членска книшка, колку и да ти збори не верувај, само си го губиш времето - не е членка на секта, само се прави важна. :D
    Можеби типот, типката незнае да збори за други теми па преку такви муабети си придава важност (демек види ме мене, што све знам!). Освен тоа никој не може да ти влијае ако ти не му дозволиш. Тој/таа има право на свој став, но ти имаш право на твој, па ако не сакаш такви муабети отворено стави го тоа до знаење дека не те интересира и смени го муабетот, или ако не ја почитуваат твојата културна молба едноставно не се дружи со тој тип на личности.
     
    На EvAngelos и Hipica им се допаѓа ова.
  3. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Остај те ги, бе, таквите што се перчат преку муабети, прават важни демек секташи :D
    А од секта ни С незнаат да ја кажат ;)
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Според оваа статија, ова се 10те најпознати секти во светот:

    http://puls24.mk/zanimlivosti/zanimlivosti/21322

    Интересно е што Ошо (Bhagwan Shree Rajneesh) е на второто место. Кај нас книгите на Ошо се продаваат во сите поголеми книжарници. Ошо веќе има неколку приврзаници во Македонија. Дури и по македонските интернет форуми ќе сретнете корисници со псевдоними од типот „Osho-Lover“ и сл.

    За да ги заштитите децата од штетното влијание на некоја секта, најважното што треба да го направите е да ги едуцирате. Но за да го направите тоа, треба и вие самите да се едуцирате малку верски. Потоа објаснете им ја на децата вашата вера, потоа објаснете им и за другите вери и поголеми религии. Така децата ќе имаат подобро познавање на своите соученици кои можат да доаѓаат од разни позадини. На тој начин ќе ги познава (колку толку) основните верувања и пракси на легалните верски заедници во РМ, ќе знае кога да им честита некој верски празник и сл.
    Ако некое соучениче е муслиман, тоа не значи дека ќе се разнесе на големиот одмор така? :) Кажете му го тоа на вашето дете, бидејќи од медиумиве може да види за некои радикални муслимани што го прават тоа по земјиве и да си помисли дека и неговото другарче ќе го направи тоа.
     
    На untouchableGirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Mozok

    Mozok Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Од фактот што се однесува чудно и споменува души(душа) во секој муабет индиректно сметам дека посочува на тоа. Човек што е од секта верувај дека никогаш нема да ти каже дека е од секта само може психички да влијае на тебе. Да, сите во секта се надпросечно интелегентни и внимавај многу лесно може да ти го испере паметот. Можеш да ја прашаш особата и да и кажеш ајде да зборуваме са секти или така нешто само да подбуцнеш и според знаењето што го има и начинот на кој ќе ти ги сервира работите ќе дознаеш за каква особа се работи. Ако имаш уште прашања повели.
     
  6. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Значи сите луѓе кои припаѓаат на некоја религија се подпросечни луѓе? И ако сите се надпросечно интелегентни во некоја секта - зошто да не бидеш и ти во некоја? Ти смета надпросечноста? :)
    Ниту еден човек не е во секта. Зборот секта добива негативен статус само кога е користен од христијанските некогашни секти кои денес како религии раѓаат нови секти.
    Со ова ете според тебе јас ќе испаднам секташ. Да, јас не сум во ниту една религија, и тоа според нив ме прави секташ ако ми се допаѓаат философиите на истокот - на пример зен. Идиотизам на 21 век.

    И многу си контрадикторен. На пример: зошто некој од сектата би ти го перел твојот подпросечен мозок кој што си припадник ете на православната христијанска религија, кога во сектата сакаат само надпросечни - според твоите говори тука? Му е гајле на некој надпросечен за твоето мнение за неговата животна философија? Хм... интересно прашање.

    И да се повторам уште еднаш: Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה во Озирис יהשוה.
     
    На awl и daylight им се допаѓа ова.
  7. Mozok

    Mozok Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Чекај малце тука станува збор за деца, ако ја знаеш разликата помеѓу интелигенција и знаење ќе ги одговориш на самото прашање. Јас не сум во секта пошо за мене е ретардирана работа и како мал не сум дошол во контакт со таква личност за мене да ми го испере паметот. А сега на 19 години тешко кој ќе го смени тоа. А тоа каква вера и од каква рера и за што и да си нема везе како мал се веруваш. Сакав да ти кажам дека све се деца а дали знаеш дека тие што фја формираат сектата се фоктори, психолози и ред такви високо интелектуално развиени особи, тие се ама дали им се мрднало нешто у паметот тоа е друга дискусија.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    4.253
    Дека зборот секта изворно значи следба, и дека секта сама по себе ништо лошо не значи, се гледа и од овој македонски краток 9 минутен документарец од 1955 год. за дервишите во Македонија, за кои нараторот во документарецот го употребува зборот кој стои и како поднаслов на филмот „верска муслиманска секта„.:

    http://www.youtube.com/watch?v=c11X2uqkIuQ
     
  9. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Чекај малце сега - кои ти тоа деца знаеш дека се во секта и им се испрани мозоците? Јас во Р.М. не знам деца да се во секти...
    Да има деца кои се јеховини сведоци како нивните родители и за христијанинот детето е секташ, но тоа е веќе глупости религиски и нема врска со ова што ти зборуваш...

    Кажи ми ти за која тоа секта зборуваш бре момче, да бидеме на чисто...
    Вака се е рекла казла...
    Психолози доктори секти ќе правеле! Де бре...

    ПА нели сектата излегува од религијата не од науката! Да си ги провериш четивата или youtube видеата што ги гледаш!
    Да не се расправаме бесцелно...
     
  10. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Вака, тој што е припадник на секта нема да се перчи со муабети од стилот: Јас сум од секта, имам моќ, имам пари, никој ништо не ми може... |(
    Тој нема никогаш јавно да го признае тоа. Ниту да збори за тоа. Зошто?
    Затоа што, тие се луѓе кои не се како останатите обични луѓе. Имаат пари и моќ, но не се фалат, имаат се, но не зборат за тоа. Тој што се фали така, не е од секта. Тој е еден глупчо кој, ете, сака да доминира.
    Сектата бара стабилни озбилни личности, кои својата припадност кон сектата нема да ја раскажуваат насекаде.
    Имам јас искуство со еден масон. :$ :D (другар на вујко ми)
    Човекот е најнормален, можеш да седиш со него и за се да си правите муабет. Но, јас, паметна |(
    не знам како и зошто ја отворив темава за сективе. Човекот одма ја сврте темата. И тогаш сватив.
    И, да, постојат секти, тоа е факт. Тој што не верува дека постојат, само се теши себеси.
     
  11. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Постојат секти за постоење и најчесто може да се погоди член да е во нив тој што најмалку очекувате. Како што рече ^^^ тие нема да носат налепница на себе како демек еве јас во секта сум, туку тие најмалку ќе зборуваат за тоа и најчесто членовите во сектите се добро ситуирани луѓе, сериозни и МОЌНИ.
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Puella-pulchra

    Puella-pulchra Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Се согласувам со тоа дека сектите постојат и ден денес.Оние кои се припадници на некоја секта, воопшто не раскажуваат за тоа, туку таинствено си молчат.Се соочив со таков случај.Отидов на журка со моето друштво во друг град, каде што наш другар ја правеше.Таму се запознавме со неговото друштво во кое што беше едно момче, кое изгледаше најнормално, заедно се дружевме, смеевме и забавувавме.По една година тој отишол во Германија и почнал да се однесува чудно со неговите другари, ги мамел со многу нешта, со што потоа дознале дека нивниот другар припаѓа во секта и почнува да им наметнува на нив.
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Како прво немаш никава цел ако влезеш во секта.А ко второ тешко е да излезеш од таму.Те условуваат на секакви работи,со или без твоја желба,таму не се прашуваш ти.Ги има по нашава земја а колку членови бројат и што како прават не знам а искрено и не се интересирам.Само знам дека едно време одеа од куќи на куќи носеа некои листови да одиш на слушање што како раскажувале,мислам дека беа тие Јеховини Сведоци или како и да се викаат.Како успеваат да ги убедат луѓето се чудам,можеби им ветуваат пари или нешто друго.Можеби наоѓаат луѓе што се оставени на цедило на милост и немилост што се вика им го перат мозокот со зборови и ги навлекуваат :?: Страв да те фати од овие работи.Имам слушано за некои деца што се навлекле во секти неможеле да излезат па мора да се самоубијат или да убијат некој од своите :x До пред некое време читав за Црна Ружа и косата ми се крена,не знам како се способни затакви работи луѓето...зар изроди се :^) Што се однесува до мене не планирам да бидам дел од овие работи,секогаш гледам да стојам подалеку од таквите луѓе.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Дали верувате дека членовите на овие секти, особено водачите, се опседнати од демони? Јас силно верувам во тоа, бидејќи апостол Павле рекол:

    „Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.“ (Апостол Павле, Ефешаните 6:12, Библијата)

    Но како да се бориме против овие духовни сили на злото? Библијата го дава одговорот

    „Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време“ (Апостол Павле, Ефешаните 6:13-18, Библијата)

    Доколку има интерес, ќе објаснам што значат сите овие работи што се подвлечени со здебелени букви.

    А апостол Јаков пак ни дава уште една финта како да се заштитиме од замките на ѓаволот:

    „И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас; “ (Јаков 4:7-8, Библијата)
     
    На Ella.313, Sky-butterfly, aerodrom и 5 други им се допаѓа ова.
  16. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Пријателе, знаеш по социолошка терминологија како се дефинира секта? Мала група луѓе кои практицираат нешто кое не е common у одреден период. Звучи познато? Мала група од 12 луѓе плус Исуса практицираат нешто кое не е common у тој одреден период. :) Еј, христијанството било секта. :D

    Муабетите за црна ружа, сатанисти, едни други, се прикаски за мали деца. За многу мали деца. И за големи лековерни деца. :)

    Дури и сектите кои ги сметате за опасни, не се. :)
    Сатанизмот не е. Тој ритуален сатанизам да, ама сатанизмот на Антоан Лавеј е толку убаво нешто, шо тоа е чудо како цел свет не го практицира тоа. :D


    “Stupidity—The top of the list for Satanic Sins. The Cardinal Sin of Satanism. It’s too bad that stupidity isn’t painful. Ignorance is one thing, but our society thrives increasingly on stupidity. It depends on people going along with whatever they are told. The media promotes a cultivated stupidity as a posture that is not only acceptable but laudable. Satanists must learn to see through the tricks and cannot afford to be stupid.”

    “Love is one of the most intense feelings felt by man; another is hate. Forcing yourself to feel indiscriminate love is very unnatural. If you try to love everyone you only lessen your feelings for those who deserve your love. Repressed hatred can lead to many physical and emotional aliments. By learning to release your hatred towards those who deserve it, you cleanse yourself of these malignant emotions and need not take your pent-up hatred out on your loved ones.”

    “When a Satanist commits a wrong, he realizes that is it natural to make a mistake―and if he is truly sorry about what he has done, he will learn from it and take care not to do the same thing again. If he is not honestly sorry about what he has done, and knows he will do the same thing over and over, he has no business confessing and asking forgiveness in the first place.”

    “You cannot love everyone; it is ridiculous to think you can.”

    - Anton Lavey (founder of the Church of Satan as well as the author of The Satanic Bible and the founder of LaVeyan Satanism, a synthesized system of his understanding of human nature and the insights of philosophers who advocated materialism and individualism, for which he claimed no supernatural or theistic inspiration.)

    Ако ова не е нешто кое е толку убаво и човечно, не знам што е. :)

    Btw, драги мои етнолози, антрополози и социолози, кои знаете се за сектите, мојот омилен цитат од Антон Лавеј: “It’s too bad that stupidity isn’t painful.”
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Се прашувам колку човек треба да е разочаран од животот за да се впушти во секта?
    Шо и како се дешава таму не сакам да коментирам,доволно сум потресена од еден случај пред 2 недели синот на колешка на мајка ми изврши самоубиство со ловџиската пушка на татко му во с.Долно лисиче и тоа на Голема Богородица,а се зборува дека наводно бил член на Црна Ружа(морници ме лазат од името на сектава)..детето од угледно и пред се прекрасно семејство ги остави без да помисли дека ќе ги закопа и нив.. но зарем имал мозок да мисли? човек да не се впушти во таква работа,после касно е ..
    Сепак мислам доколку родителот има добра комуникација со детето,се интересира за неговите постапки до тоа воопшто нема да дојде, сектите се за лабилни личности кои се разочарани од животот, а родителот е тој кој прв треба да примети дали нешто се случува со неговото дете.
     
  18. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    леле оваа Црна Ружа е страшна работа еден дечко од мојава населба бил член јас бев мала и се секавам на тој ден кога сакал да си ја уби мајка му ;( баба му се извлекла некако и јавила во полиција ужасно беше сите го зборат и ден денес ..а и немора да значи дека сектите се за лабилни или разочарани личности има и такви да демек утеха нудат ау али повеќето само со збороување и убедување влијаат и да родителот треба да знае ама има деца шо не се блиски дома па не кажуваат нишо дома а преку постапките тешко ке го отрие родителот така да секакви комбинации се можни секташите се вешти за жал во привлекување на жртвите и пробуваат од секаква страна од нешо шо изгледа сосема наивно .. уфф каква фобија имав од секти ко мала :(
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella.09

    Bella.09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Какво време дојде. Да ти биде страв да појдеш некаде сама навечер .. не дај боже некој ваков што му бил денот да ти излезе на сред пат.. :o
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    4.253
    Многу е поопасно да ти излезе среде пат копиљ-навивач, намарихуинизиран џанки некој, или уште полошо некој страствен патриот или исфрустриран опозиционер-платеник отколку некој од Црна Камилица (подсекта на тоа ружата црна). :rofl:
     
    На ku4ence, fatamorgana123, Insatiable13 и 4 други им се допаѓа ова.