Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Sarcastic-Potato

    Sarcastic-Potato Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Тие не се нешто како Илуминатите?
     
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Абе Илуминатите не постојат за стварно :D Многу пари врти некој од таа измислица :)
     
    На RiRii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rebelle

    Rebelle Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    црна камилица ХАХАХАХАХАХХА ѕверка!!
     
    На LadyinBlack21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    4.252
    Соберете 20 фискални сметки, следи награда бесплатна годишна членарина
    во секта по ваш избор :lol: :rofl:
     
    На QueenElena, Survive и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ме плашат искрено. :devil:
    Сите приврзаници кон определена секта ми се чудни луѓе.Луѓе кои не живеат во реалноста,туку во својот свет во кој ги почитуваат правилата и нормите на главните.
    Ако еднаш влезеш-не излегуваш повеќе.
    Така ми имаат кажувано,а и сведок сум на прилично доволен број на луѓе кои биле дел од сето тоа,кои за жал не завршувале добро.
    Психата им е нарушена,влијанието на другите луѓе е преголемо врз нив.Стануваат марионети кои верно чекаат на следната задача која треба да ја извршат.Едноставно-не секој може да биде дел од тоа,а според мене сите треба да дознаат нешто повеќе за било која работа во која имаат намера да се вклучат(посебно од овој тип) :!:
    Ми делува многу опасно,и избегнувам да примам секакви реквизити од нив.

    Сведок бев на една случка поврзана со една девојка,која се селеше во друга населба,со цел да избега и да не ја најдат надредените.Стравуваше дека ќе ја убијат.
    Тоа не беше се.Бараше станот во кој ќе се всели,да се реновира со тоа што целиот ќе биде опкружен со лим(така мислам дека беше)поради остранување на негативна енергија. :^) Незнам според која логика се водеше...
    Можеби изгледа смешно,чудно и не е за верување,ама и јас не верував се додека не слушнав и видов.
    Незнам премногу за тоа како функционираат,од едноставна причина-не ме интересира,и затоа не сакам да навлегувам во дискусии.
    Така да,бегам како од ѓавол од сомнителни особи :P
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против секти, живееме во слободен свет и секој може да си има свое мислење и да прави што сака. Никој не може да ти нареди да влезеш во секта, тоа си го прават сами. Само што после се каат.

    Мене искрено малку и ми е страв од тие секти од такви работи, го матат умот на луѓето.
    Застрашувачко...
    Не сум сигурна дали во мојот град има секта ама баш пред некој ден слушнав дека едно дете се обесило, и тоа било поради секта секако. Случката е стара околу 4/5 години ама сепак страшно...

    Мислам дека треба да си ептен лек на ум, штом се дозволува така да се манипулира со луѓето.
    Јас никогаш не би отишла во секта, никогаш!

    ...а тоа што велат дека си прават муабет и како браќа и сестри се оние што се во секта, постојат и такви луѓе надвор од сектата, се викаат "пријатели".

    Се надевам за неколку години овие сектите целосно ќе ги снема.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ме плашат..
    Не знам дали има кај мене во населба, ама се збори дека има кај гробиштата, баш една другарка ми кажуваше дека кога била на гробишта со нејзините, останала покрај гробот на баба и сама, и пришле неколку луѓе.. и викале нешто.. дојди девојче,дојди.. ама татко и наишол и си отишле.. е дали лаже незнам.. јас никогаш не би отишла во секта.. :)
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Сум против секти.
    Ја искривуваат чистината на верата (било која вера).
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Irie.eye

    Irie.eye Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    не сакам никого да навредам, ама не зборувајте на празно за работи кои не доволно ги знаете... :) :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    и мене ме плашат, и незнам дали има некој во моја близина
    пред месец дена се обеси едно дете и велеа дека било во секта,па му ги запалил некој патиките, го обрнал крстот,и го извадиле од гроб детето...

    оф.. имаше некои филмови за секти,да не знае некој добар предлог
    (гледав еден бивша жена го заведе маж и кој беше алергичен на пчели за потоа ќерќичката да го запали татка си)
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И ова демек секта е ?

    Еј, колкумина на гробишта се собираат онака или пушат, пијат, можеби им требало запалка, кој знае зошто ја барале. Ама што врска има ова со секта ? Само глупости да се пишуваат. |(

    Многу филмови гледаш. :^)
     
    На makedonkamak и cooll им се допаѓа ова.
  12. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Значи тоа сектите се страшна работа. Едно девојче пред неколку години се самоуби, испи некаков отров. За неа сите знаеа дека е во секта мислам, ама таа не ги слушаше кога и викаа да излезе. А девојчето дали имаше 20 години кога се самоуби, а беше студентка на медицински факултет. Во сектата викаа дека нејзина комшивка ја внесила... Сега скорото, пред неколку години и брат и се самоуби, ништо чудно и тој да бил во некоја секта.. :x Затоа јас си се пазам од секакви странци и сомнителни лица, а и на врата колку пати ни имаа доаѓано (не само нас, на сите во соседството) и демек може ли да влеземе, да ви покажеме за нашата вера, ние какви обичаи имаме, но ние никогаш не ги пуштивме да влезат... Ццц, со еден збор ужаси. :(
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Да, има секти кои собираат луѓе од гробишта, им приоѓаат, некои дури и на сила ги собираат, ако ти не знаеш за тоа не значи дека не постои или е глупост. А штом повеќе луѓе знаат дека тоа се случува, неможе да се глупости.
    Само да се мрчело.
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892

    ти можеби гледаш филмови,кога не си се распрашала немој да навредуваш!
    Јасно?
    Или пак почни да гледаш не мора филмови туку читај на интернет или истражувај во околината...јас кажав тоа што зборуваат луѓето а тоа што ги има навечер во гробиштата бидејќи живеам блиску тоа е друго.!!!
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Едно девојче во школо кажуваше дека таму некои роднини и биле членови во Јеховини сведоци и дека присуствувала на еден состанок, а состаноци имале секоја недела и прво им почнувале со молитва некоја па дискутирале за некои проблеми, имал главен старешина шта ти ја знам таму...
    Не се сите секти со самоубиста и ствари, и социологија учев за нив главно се покоруваат на некој нивен бог и опасно, ама опасно им го перат мозокот тоа за сигурно...
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Да не е Тhe Wicker Man?
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не е мрчење, туку проблемот е што кај нас многу муабети се вадат.
    Секој ишишан поинаку е секташ, па да не одам подалеку со муабетов.
    Кој разбра, разбра...
     
    На daylight и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Силвер.Е се согласувам со тебе.....овде се преувеличуваат, филмуваат и фантазираат некои работи, народски што би се рекло од мува- слон прават, за жал е така-поради тоа овде се раскажуваат приказни од типот мижи бабо да те лажам. Конкретно постојат вакви секти, постоеле од секогаш, но не дејствуваат на начините на кои се преставени тука преку ваши коментари. Меѓутоа, не се верува на се што ке слушнете од други лица, може некогаш да видите некои работи, а ги перцепирате и објаснувате на различен, па дури и нереален начин.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас не велам дека не постојат секти.
    Постојат.
    Но, кај нас премногу се верува во работи кои не постојат.

    Се самоубил некој...
    (еј, бил во секта изгледа, а тоа дома му го тепале, раскинал со девојката, на училиште го малтретирале. Многу работи се несредени во државава и кога нешто ќе се случи се бара вината во нешто што не е. Ама интересено е. Интересни се тие муабети за секти. Бидејќи кога немаш што да правиш со својот досаден живот, занимливо е да се водат такви муабети).
    На некое семејство или човек му се случуваат редоследно многу негативни работи и одма дијагнозата е утврдена: Некој му прави магии. Нема друго!

    Е, тоа е кај нас... Се што е за нас несфатливо, поинакво, не се трудиме да го разбереме туку одма го осудуваме и го етикетираме.

    Се правиме модерни, живееме во 21 век демек, ама кога некој се облекол поинаку, се ишишал поинаку, има барем еден различен другар, не сака да се пијанчи, живее прибран живот, или што и да е (има уште милион примери) ОДМА е осудуван дека е секташ. :x

    Јас просто се чудам, како некој може така лесно да ги расфрла зборовите, кога не го ни познава лично човекот.
    Не си направил ни муабет со него, не го знаеш, не си бил дома му, а го судиш по рекла-казала или по изгледот. Па зарем ти изгледаш поубаво ?

    (И општо, кај нас, најлесно е да те етикетираат и со други зборови, чудак, курва, клошар, простичок бил овој, итн. Мислам, се знае кај нас, колку ни е убаво да си лепиме етикети. Битно само ние чиниме. Другите не чинат).

    И во животот сум запознала многу луѓе, и она што сум го воочила е дека баш оние најдотераните и најизгледните биле нелуѓе, попрости, некултурни, итн.
    А, некој навидум чудак се покажал преинтелигентен и добар.

    **********************************************************************

    За девојчето над мене, не знам дали Јеховините сведоци одат таму, ама ми се чини дека се тие. Тие се собираат, држат предавања и сл.
     
    На Valerin, calliope, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    И нашата Црква (Православната) организира поклоненија во светата земја. Но, исти такви патувања организираат и оние кои се претставуваат дека се дел од Православната Црква, а тоа не се. Станува конкретно збор за петоразредната бајачка, гатачка, певаљка, толкувачка на соништа, нумеролог, астролог и што ти јас знам што се` не друго Драгица Стефкоска - Дракче и за 1000 пати поопасниот од нејзе џаболебар, неуспешен пејач и преварант на богатите народни маси “мастер“ Константин Кајшаров.

    Според ова што го кажавте, најверојатно станува збор за сектата на Кајшаров. Ве молам, разговарајте со нејзе и обидете се да ја одвратите од тоа зло! Бидејќи ако продолжи да се дружи со него ќе ја изгуби и душата, но ќе ги изгуби и парите. За ваша информација, една посета на предавањата на “мастер“ Константин чинат околу 1000 денари, а секое отсуство го плаќаат 3 повеќе! Да не правиме муабет за тоа колку пари кошта еден час приватен разговор со него.

    Молете се за неа да ја избави Бог од канџите на тој преварант!
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.