Не не е мрчење ич Само ја направи девојката дека гледала многу филмови Оф леле, да народот вади муабети ама има доста луѓе кои ги интересира оваа тема и читале и дискутирале многу на таа тема. Јас лично од страв сум дискутирала на таа тема. Ај сеа да пишам и јас кој разбра, разбра гледам станало ин тоа на форумов
Ми го зеде зборот од уста, што се вика Истово сакав да го напишам. Потполно се согласувам со тебе. Верувам и јас дека постојат секти, но кај нас неверувам дека се толку активни и опасни како што ги прикажуваат. За самоубиствата не верувам дека некој од сектата може да натера човек со здрав разум да се самоубие. Баш пред некој ден прочитав некаде за самоубиство на некој младич, нз пред колку години се самоубил на крстот на Водно, као демек имал `совршен` живот, мн богати родители, другари, девојка бла бла али станал член на секта и го натерале да се самоубие. Работава е немој да ме јебеш бре, ептен безврска ми е. Дечкото можда имал милион проблеми и затоа се самоубил, незначи дека бил во некоја секта. Али како што кажа Силвер кога немаш поим од нешто најлесно е да осудуваш и да етикетираш. И секогаш кога ќе се случи некое самоубиство, одма се вадат муабети од типот на `аха, имаше совршен живот али упадна во секта и затоа се самоуби`.. Значи ептен безврска ми е. Исто прочитав и многу морбидни работи, демек што треба да направиш за да си член на сектата и незнам по колку време требало да се самоубиеш... Ако веќе сектите прават такви нешта, не верувам дека тие нешо би му понудиле и би навеле на самоубиство човек со здрав разум. Тие знаат кого бираат, `ги напаѓаат` кревките, слабите.. најчесто депресивни лица, разочарани од животот, некои кои не размислуваат со здрав разум... Најчесто металците се етикетираат како секташи. Значи штом се облекуваш во црно, слушаш метал ( или музика во тој правец), многу си поразличен од другите, значи секташ си, сатанист, наркоман..( чист пример сум јас). Ма дајте бре, незначи дека некој ако е поразличен и ако се облекува и прави нешто што вас не ви се допаѓа дека тоа е погрешно, не е во ред.. Али тоа е, тука не се прифаќаат различностите, или ќе си како сите или инаку одма те отфрлаат. И нормално луѓето си немаат друга работа па се замараат со глупости и си прават филмови. Исто така, незначи дека некој ако седи на гробишта било денски или навечер дека е секташ! На гробишта има полно тинејџери шо си се во некој филм и седат таму се пијанат, пушат цигари, се дрогираат.... Ако некој го забележи тоа, особено навечер одма прават филмови дека таму извршуваат ритуали, таму се збираат најопасните и дека ако некој им се доближи ќе умре, блабла.... Глупости во боја. Има уште милион примери, ама да не должам многу. Пред да се зборува се` и сешто и да се шират пропаганди треба да го знаеме нештото од корен како што е.
Scientology да не е случајно религија за вас? За сите тие со тврдат дека не постојат секти, дај малку читајте едуцирајте се сите го знаете том круз и тој е член од таа група а седиштето и е позади мене у зграда. И не е само таа секта па малку ли ми иделе на врата со некакви книги за господ или незнам шо уште не перат мозоци на здраво. Има милион документации за изолиран народ што живее во одредено време дали во минато или иднина и не смеат да прават работи што секој нормален човек ги прави зошто релиѓијата не го дозволува тоа? Не верував дека има луѓе што сеуште мислат дека не постојат секти.
Да се надоврзам само на феминката. Патувањето е организирано од Кајшаров. Јас искрено немав никакви сознанија за дотичниов господин, меѓутоа блиска другарка на тетка ми, а моја комшивка моментално е ете на тоа патување во Ерусалим, и ми падна многу чудно. Ама многу. Сега ете видов кај неа дека устври патувањето е организирано од него. Добро, ама мене овие луѓе искрено малку морничаво. Јас верувам во Господ, ама луѓе бе не пишувам за него на фејсбук, не ја знам библијата напамет, и тоа не ме прави помал верник од другите. Важно е она што во душата го носите и верувате. Незнам што да кажам, некогаш добивам чувство дека овие погоре наведените луѓе се опседнати. Секој статус со Господ. Јас верувам во него, многу, ама тоа е нешто интимно за мене. Сакам и интимна да остане мојата комуникација со Бог, мојата верба. Незнам што да кажам. Незнам ништо за овие здруженија
Уште одамна знам за тинејџери кои одат на гробишта да пијат и да пушат цигари пред се, зошто таму се чувствуваат најбезбедно. Имам братучетка од мал град, и баш таа ми кажуваше како редовно оделе навечер на гробишта да пушат, бидејќи мало место е, нема кај да се кријат, може да ги начека некој познат. Не сум упатена во Скиентологијата, но го почитувам тоа дека се декларирани како секта (барем така мислам), градат објекти, вложуваат пари, и во ред е да ги коментираме како секта (позитивно или негативно, кој како милува). И денешно време тие кои се во некаква секта веќе не се кријат, и јавно се појавуваат, привлекуваат други луѓе... Тоа е друго. Но, сосем друго е да се нарекуваат секти и секташи група луѓе кои зеле пиво во рака па во некој парк се собираат и се забавуваат, или зошто некој и ишишан поинаку, чита книги, не јади определена храна. (Што се стварно глупости. Замислете, во време кога се ретки и ценети оние кои читаат книги и имаат речник, да бидат наречени секташи. А, дури и вакви глупости сум слушала.)
Потполно се согласувам со тебе дека не значи ако бидеш поразличен од другите автоматски припаѓаш на некоја секта. Тие мислења се должат на неинформираноста за тие групи што и како прават и како може да се препознае некој дали спаѓа во некоја секта или не. И јас кога бев мала ме лажеле дека имало на гробишта луѓе што седат пушат цигари и пијат пиво па тие припаѓале на некоја секта.Цццц сега кога ке замислам дека сум верувала во сето тоа, тој што ми го кажувал тоа бил глуп а јас уште по глупа што сум верувала. Па тие што седат таму среде ноќ или пафкат или се фиксат или се педери па се кријат од јавноста, иначе кој би отишол среде ноќ на гробишта. За во Македонија сум слушнала дека има во едно струмичко село една група ама којзнае може се некои рокери или пакери па по начинот на кој се облекуваат некој пресудил дека се секти
Најинтересен факт е дека оние кои се во некоја секта вадат муабети за други секти за да се заштитат себе си. И етикетираат луѓе. Само за да не бидат дознаени дека баш тие се секташи. Иначе, нормален човек не би вадел такви муабети.
Па со вадењето муабети за други тие сами си се откриваат инаку зошто би зборувале? Мене искрено ми смета тоа што доаѓаат пред врата а јас сум почесто сама дома и ме вознемирува тоа кога ке ми заѕвони некој на врата и му продава сливи на сливар. Незнам како и во што веруваат, но знам дека многу луѓе што влегле таму се покајале и немат шанси да излезат, а со тоа ја повлекле и фамилијата со себе. Тие се натпреваруваат меѓусебно која секта ке има најмногу "верници" таа е помоќна. Инаку никој не терат со сила да стане член на некоја секта, луѓето тоа доброволно го прават секако добиваат и пари за тоа, демек ке имат подобар живот и тие и нивните деца.
Луѓе, да не знаете некоја секта што нуди летни попусти на членарината? Од типот плаќаш за еден месец, а два месеца ти следат гратис членство у сектата? Другарка ми прашувала вчера низ Ситимол, голем попуст до полноќ имало, ама тоа бутиците све само облека нуделе а за секти не знаеле да и кажат...
Велиш дека се болни умови и дека ке го намалат влијанието на црквата - епа вака да се вратиме неколку века наназат, нели и самите попови биле болни умови за време на инквизиција кога суделе мажи и жени за вештерство и ерес, или пак добро знаеш како исламот се ширел, а не-знам дели знаеш како се ширело христијанството кај келтите кога оние кој не го прифаќале ги убивале со чекани во глава, на самиот почеток и христијанството боло секта исто така и јудеизмот и исламот зошто по дефиниција СЕКТА Е МАЛА РЕЛИГИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА СЕ ОДВОИЛА ОД ПОГОЛЕМА РЕЛИГИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, А КУЛТ Е РЕЛИГИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА СЕ РАЗВИЛА САМА, БЕЗ ПРИМЕСИ И ОДВОЈУВАЊЕ ОД ДРУГА РЕЛИГИЈА И РЕЛИГИСКА ЗАЕДНИЦА. Понатаму самоубиства и други глупости околу митот за црна ружа, сите добро знаеме дека црна ружа е новинарски мит, кој настанал кога некој дечко од загреб се самоубил, плус на тоа кога се спомне секта сите зборат за Сатанисти, а никој не седнал да прочита малку околу сатанизмот каков е и што е, (зборувам за проверени извори), понатаму НЕМАШ ПРАВО ДА ВЕЛИШ ДЕКА НЕКОЈ Е БОЛЕН (ОСОБЕНО НА ФОРУМ ИЛИ ЈАВНО МЕСТО) АКО ИМА ПОРАЗЛИЧНИ СТАВОВИ И МИСЛИ И АКО ПРИПАЃА НА ДРУГА РЕЛИГИСКА ЗАЕДНИЦА /ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ И САБОТАРИ/; И ДРУГ КОНЦЕПТ НА МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ, СЕТО ТОА СЕ ПОСМАТРА КАКО ГОВОР НА ОМРАЗА - оти ако нешто е морално за тебе, за мене не е ...
Интересно ми беше за сектите и сакав многу работи да дознаам...Истражував ово оно и од кога прочитав одредени мислења и дознав повеќе морници почнаа да ме лазат по телото.. не ми текнува веќе да читам нешто такво,страв ме фајка
Сеκташите се ... Забегани, аκо можам да ги наρечам луѓе, пρедавници на Исус! Да бидеш член на сеκта, навистина тρеба да немаш 2 чисти во главата! Тоа е изопаченост. Од сеκогаш ме учеле да ги мρазам и ми објасниле од мала ЗОШТО тρеба да ги мρазам, ги мρазам, и ќе ги мρазам! Таκво нешто наρечено Сеκта, не тρеба да постои!
Не секоја секта води потекло од христијанството, па да се предавници на Исус. Ехаа, какви ситни сектичиња има што немаат никакви допирни точки со ниту една религија. р.ѕ. Христијанството започнало ко еврејска секта. р.р.ѕ. Mешате секти со култови. р.р.р.ѕ. Не сум секташ, само читам...just in case.
Внимавај, и тие што те учеле да ги мразиш, исто така би можеле да се наречат предавници на Исус, бидејќи Исус не ги подучувал луѓето на омраза, туку подучувал за љубов и простување дури и кон непријателите.
Незнам како залутав на оваа тема бидејќи не ги разбирам сектите, а не сакам ни да ги разберам, но ова мислење е едно од најчудните што ги имам досега прочитано на форумов. Зар некој се зачленува во каква било секта само да е на попуст? И што е толку чудно во бутиците облека да се нуди, за тоа се наменети бутиците - за облека.
На луѓето кога ќе им спомнеш Секта, бегаат како ѓавол од крст народски кажано. Никогаш не се потрудиле сами да испитаат за да сфатат за што навистина станува збор. Иако е факт дека секоја секта пере мозок на свој уникатен начин, тоа истото не значи дека под дифолт сектата е уште една рака на сатаната која се обидува да ви го замрачи умот и да ве одведе во погрешен правец. Сектата нема таква сила, туку вашето потпаѓање под нејзино влијание, или учење, whatever, во придружба со вашата лесна психа има моќ да го стори тоа. Тука директно би се надоврзала, дека и масонските ложи се еден вид секти и се навлезени во сите општествени сфери. Во едно интервју неодамна, дури имавме и прилика да утврдиме дека е тоа така. Може сте гледале. Но, за тие што не виделе еве ќе дадам накратко објаснување. Емисијата се вика ,,Во центар'' чиј водител е Васко Ефтов. Е сега, рака на срце јас емисијата не ја следам ниту пак имам намера да следам емисии од таков тип, кои првенствено недоволно проверуваат информации, и прават огромни штети со тоа што дозволуваат тие истите да прострујат во јавноста. Но, оваа емисија сепак ми го одвлече вниманието, ме заинтригира, ете така да кажам. Нема да должам многу, погледнете си ја и сами, ќе доставам линк подолу. Имено, за оние кои сепак ќе одлучат да не ја погледнат ќе им кажам на кратко - Станува збор за еден постар батка у години. Г-дин Груевски, кој отворено и признава на јавноста дека е припадник на масонската ложа ,,Златна Зора'' во која членува веќе неколку години. Понатака објаснува како станал мастер у ,,занатот'', кои се главните дострели на истата, на каков начин ги обавуваат тамошните ритуали со своите браќа, и каква сврха имаат истите. Колку е ова вистина не би навлегувала. Дали е срање у боја или не е, оставам на вас да си процените сами. https://www.youtube.com/watch?v=EpgKE3xsqj0 Дека јебат ум сективе, сепак си држи. Јас се извинувам доколку некого навредив, али тоа е моето милење. А и секој свесен човек со рацио не би му било тешко да сконта дека истите информации што ќе бидат сервирани во тие секташки групи каде ќе тепа саат, два три, веќе му се на дофат. Само одлуката е негова дали ќе реши да набави литература, ќе симне од интернет, ќе погледне некој документарец од 3 часа што е скоро рамно на една прочитана книга со пар страници, од научен карактер. (Секако ова ќе зависи и од одбраниот документарец али резултатот е тој). Бидејќи сметам дека за сешто треба еден човек да биде информиран е веќе тука, и не постојат такви тајни обвиени во хартија миситицизам, за кои тој не би можел да претпостави, или општеството не ги впило во своите пори. Може погрешно да ги интерпретираат податоците, па се прошириле како крајно одбивни, што се случајот со сективе, па затоа и се сметаат како табу. Но, дека еден човек не може да дознае, и мора да трага по таа вистина на вакви места, не е вистина. Тоа единствено ќе биде така, само ако поедиценот по сопствена воља решил да живее во заблуда. Спојлер Совет плус, да не должам - http://heptagramxi.wordpress.com/ Информирајте се општо и за Телемата. Чисто колку да знаете, не мора да навлегувате дубоко.
Не ме учеле на омρаза, ме учеле да не го поддρжувам она што е погρешно, исто κаκо што Исус ги поддучувал луѓето да не пρават погρешни нешта, туκу да се пρотив она што е погρешно и лошо, и да се стρемат само κон добρо! Е сега, јас не го поддρжувам тоа што е погρешно! А за шиρење на љубовта, сигуρна сум деκа и ти нема да постапуваш со лубов κон злото! Ние луѓето тρеба да напρавиме се за злото да не победи, а не да му пρиддаваме љубов, таκа можеме само да напρавиме злото да завладее и ништо дρуго! Јас тебе многу добρо те ρазбρав и тоа што го κажа е точно, но тоа не важи овде! Ρетκо κој има љубов и κон непρијателот, иаκо таκа тρеба...Исто и јас ниκогаш нема да имам љубов κон непρијателот κој ми пρичинил само зло во животот. Таκа само ќе патам и сите ќе ме газат! Добρо од тоа што сум пρавела добρо, на овој свет нема да видам! Животот е суρов! Толκу имам да κажам.
Абе ако знаеш кажи да идеме да се зачлениме на време, оти летово еве скоро заврши. Спојлер Ако ги прочита моите претходни постови јасно ти е дека се шегувам на сметка на незнаењето на луѓето и нивните предрасуди
РАДИКАЛИЗАМ... Срамно е да вреѓаш и плукаш по некој кој е поразличен од тебе, кој има други размислувања и сваќања. Те учеле, а можеш ли нешто сама да научиш??? И дали психички здрава и нормална личност го учи своето дете на МРЖЊА??