Кои секти се моментално активни кај нас? Еве еднасторија за сектите: Спојлер ИСПОВЕД – СЕКТИ МЕЃУ НАС: НА МОИТЕ ИМ РЕКОА ДЕКА ЌЕ МИ ГО СЛАВАТ РОДЕНДЕНОТ НА ГРОБИШТА Поранешен припадник на една секта која делувала во околината на Белград зборува за тортурите кои ги доживеал, како на неговите родители им се заканиле дека неговиот нареден роденден ќе го прослават на гробишта. Sekta-630x338На крајот куќата во која секташите се собирале изгорела во пламен. Тој е пример како е можно да се извлечеш од канџите на сектата и отворено зборува за своето искуство. Во мирното село Бели Поток се било идилично до 2003-та година. Тогаш се појавило здружението „Санатан“, кои многумина го окарактеризирале како секта. На крајот дошло до голема побуна на мештаните, а куќата во која тие се собирале е каменувана и запалена. Членовите на сектата се отселиле од ова место. Приказната за тогашните настани ги обиколи медиумите ширум свтот, а реагирала и Владата на Србија. Тогашниот министер за човечки и малцински права, Расим Љајиќ, разговарал и со Драгана Букмировиќ, која се наоѓала на чло на оваа организација, како и со мештаните на Бели Поток. Своја верзија на приказната има и Александар Стричевиќ, сега слободен уметник и активист, а некогаш жител на ова село.Неговите први допири со сектата дошле преку Интернет, а потоа почнале закани преку мејл, писма, следење. -Да, вистина е, заканите почнаа во моментот кога ја прекинав комуникацијата со нив. Мојот проблем беше што бев премногу исплашен, а покрај тоа и премногу ангажиран на нивните онлајн проекти и со самото тоа знаев премногу за нив, повеќе отколку што им одговараше. Започнаа со мејлови со заканувачка содржина, во истите мејлови можев да видам податоци за себе и за семејството кои ми ги испраќаа за да ја увидам сериозноста на нивните закани. Продолжија со телефонски повици. Се сеќавам дека прв трчав до телефонот бидејќи не сакав мојата мајка да се јави и да ги чуе заканите. Тоа траеше со недели се додека не сфатив дека ме следат. Дури добивав и снимки и фотографии од себе како се движам во училиштето. Сфатив дека не можам да ја кријам тајната и дека морам да им кажам на родителите што се случува. Постои основано сомневање дка зад сето ова стоело здружението „Санатан“ со која стапив во контакт во август во 2012 – та година, раскажува Стричевиќ. Тој тврди дека е можно да се извлече од канџите на сектата и да се стане подобар човек.
jas ne znam za kakvo zdruzenie se sektite i sto kako propovedat niti pak procedura na zaclenuvanje niti rituarite so kako im se ama znam deka imam od bliska koleska na faks slusnato deka ona e od bogdanci selo gevgel isko deka nekoj si nejzin prv bratucet bil 16 godini i izvrsil samobistvo se obesil vo semejnata kuka i vo pismoto koe go ostavil na najbliskite napisla deka moralo nekoj da si pomine od negovoto semjstvo i deka zadgrobniot zivot ke bil podobar ke bil spasen itn po negovata zmrt uste 2 3 deca imat izvrseno samubistvo taka mi ona ima kazuvano taka vi prenesuvam i od brug imam skusnato deka vo biloto vo nekoe semejstvo brat i sesra spiele vo mrtvovecki sandak odele na grbiska navecer i nezz so drugo ne pravele ccc mozebi se spekulacii ama imam naslusnato a sto kakvi morbidni zdruzenija ima nezz ama treba drzavata da si povede smeta za perenjto na mozoci na mladi deca oti samo mlad mozes da go ubedis da ide del od takva glupost [mod-kirilica:yh6ug27i][/mod-kirilica:yh6ug27i]
Овде ќе напишам, односно цитирам мислење на член, од другата тема за Јеховини сведоци. Може да ми кажеш каде спомнав за хиндузимот? Кога веќе ме прашуваш, а го прочита мислењето што го напишав во другата тема, самиот го знаеш одговорот на своето прашање
Дел од мислењето на eagle.eye од темата Јеховини сведоци го цитирам тука бидејќи мислам дека се вклопува подобро во оваа тема. Зборот култ значи „почитување„. Пред 6-7 милениуми на скопските простори постоел култот на Големата Мајка. Во православието а особено во католицизмот постои култот на Богородица. Во хиндуизмот има бројни култови... Но тој збор слично како и со зборот секта, современите црковни теолози го користат честопати во негативно значење за да ги омаловажат и прикажат во лоша светлина другите религии (на пр. дека се опасни, деструктивни...) кои по бројот на следбеници се обично помали и/или имаат едноставно поинакво учење од црковното. Додуша, навистина некои помали верски групи изминатите децении покажале деструктивно однесување. На пр. припадниците на „Храмот на народите„ предводена од проповедникот Џонс извршиле колективно самоубиство. „Аум Шинрикјо„ во Јапонија изведе напад со отровен гас во токијското метро деведесетите години и тн. Но не е во ред поради такви испади на поедини групи сите останати верувања да се ставаат во ист кош и да се прикажуваат лошо. Изминатите две децении на пр. во Србија, православната црква направи преку медиумите низа хајки против, како тие велеа, сектите. Во реалноста тоа беше вербален напад полн со говор на омраза, безочни лаги и клевети од страна на СПЦ врз сите оние кои се со поинакво верување. За жал, како резултат на таа црковна негативна кампања се случувало да следбениците на другите верски заедници - а прикажани како божемни секти, како на пр. Јеховини Сведоци, Адвентисти, Харе Кришна, Шри Чинмоевци и др. бидат физички нападнати на улица или во нивните храмови и центри бидејќи се нашле некои наивни будали кои поверувале во црковните приказни дека тие (припадниците на другите вери) се некаква опсаност за граѓаните. На крај црквата поттикнувајќи такви инциденти, самата се покажа себеси во деструктивно светло.
не треси гупости каква секта е христијанството извини? Дали пишува у библијата дека се придонесуваат жртви? Од типот на животни а скраја да е за луѓе...бог да чува и да брани....Христијанството секта....
Gunshine е во право на некој начин. За да го разбереме тоа, потребно е да бидеме запознаени со значењата на зборот секта. Пишувавме за нив на претходните страни. Пишува, како не пишува... еве само неколку цитати: Жртвување на дете: „2. Бог продолжи: „Земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!” од Библија, Стар Завет Прва Книга Мојсеева (Битие) глава 22, стих 2. Жртвување на животни: "33.И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека се заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици. 34. И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртвеникот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот за сепаленици." од Библија, Стар Завет Трета Книга Мојсеева (Левит) глава 4, стих 33 и 34. Исус сфатен како жртва: "25. Кого Бог Го определи со крвта Своја да биде милостивна жртва преку верата, за да ја покаже Својата правда во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение," од Библија, Нов Завет Послание на Павле до Римјаните 3 глава, стих 25
Во библијата никаде не стои да се жртвуваат луѓе сето тоа што го пишива треба да се разбере во преносна смисла
Абе не лупетај како можеш да пишеш дека се придонесуваат жртви сето тоа е метафоричко прикажано и башка тоа треба новиот завет треба да се чита и тој е порелевантен а не да ми пастираш глупости
Кои глупости јас ги постирампровери ти што имаш пишувано после кажувај другите каде грешат ако те навредив извини тоа е мое мислење
Според Библијата треба сите луѓе да ги сакаме, а хомосексуалците да ги убиваме. Иронично, нели? Според Библијата ако жена е силувана, треба да се омажи за силувачот. Исто така, жената не смее да има авторитет врз маж, што значи не смее и да биде наставник. Еве цитат: Ако ги ставиме на вага, и секташите и христијаните се исти. (патем не сум ни секташка ни христијанка)
Читав мислења дека сектите не терале никој на самоубство или на убиство на член на семејство. Имам слушнато за Црната ружа во Битола. Вртат ружа во круг и кај тој што ќе застани ќе мора или тој сам да се самоубија или да убија некој член од семејството или тие да го убијаат или тие да убијаат член во семејството. Колку е вистина незнам, ама знам пример на дете шо се обеси, а причината била то шо бил зачленет во секта.. Знам и за друго дете шо беше зачленето, беше средно и едвај се спаси од сектата, дури и се откажа од училиштето и заврши вондредно.. Беше во голема депресија и едвај го спасија, а ако си долго време во секта и ако се откажиш каде и да си ќе те најдат и ќе те убијаат.
За секта не се смета само оние кои го обожаваат Ѓаволот.Секта значи отпадништво,или оние што одпаднале или го отфрлиле Апостолското учење на Црквата.Такви се Адвентистите,Јеховините Сведоци,Пентаклоците и др..
Мене ме интересира, за некои потајни секти, како би можел некој да има пристап во него? Мора да познава човек или кое е вистинското место да се обрати според вас, зошто некои се тајни секти. Патем јас немам слушано вакви шпекулации сем по некои онлајн портали, а ме интересира чисто зошто е интересна тема, нели да не се сфатиме грешно.
Многу е тешко сам да се дојде до нив.Во главно самите тие ги врбуваат тие кои се разочарани а интелегентни.Кога еднаш се влага таму,излезот е многу тежок.. да не речам.. невозможен..
Не. Секта дословно значи следба, следбеништво. Доаѓа од латинскиот збор sequi(секуи) = следам. Проблемот е што во денешно време тој збор се употребува со погрдно значење за да се омаловажат другите правци и сфаќања околу некоја религиозна идеја. Демек „ја сум црква, а тие таму се секта„. Не се согласувам со сфаќањата ниту на тие што ги наведе ниту со тоа на црквата, било да е православна било да е католичка. Но интересно дека тие што ги спомна го велат истото за Црквата, дека токму таа има отпаднато и отфрлено апостолското учење. Кому сега да веруваме? Освен тоа, ако зборуваме за христијанството, логично би било да се следи Христовото учење, а не некакво апостолско учење. Но кое е тоа Христово учење, каде може да се најде и како треба да се сфати, е тоа е она околу кое повеќето верски заедници и религиозни групи имаат различни објаснувања, при што сите за себе велат дека токму нивното е најисправното а другите биле „секти„ , дека другите биле во заблуда и сл.
Еве за да не биде јас кажувам,еве ќе цитирам што вели Црквата за Јеховините сведоци: Мешавина од сите ереси осудени од седумте Вселенски собори - нема ништо христијанско што не го одрекле или извитопериле: 1. Сметаат дека во Светото Писмо нема ни трага од учењето за Светата Троица, дека тоа е многубоштво, бидејќи 1+1+1=3, а не 1; 2. Бог не е секаде присутен, има свое место - престол и може да му се пристапи; 3. Исус Христос не е Бог. Не воскреснал телесно, туку духовно; 4. Светиот Дух не е Бог, туку Божја сила; 5. Сметаат дека душата не постои како таква, туку дека крвта е душа, затоа на верниците не им дозволуваат трансфузија со крв, што често доаѓа до непотребно губење на животот; 6. Веруваат во скорото доаѓање на Христовото илјадагодишно овоземно царство; 7. Сметаат дека Исус Христос по вторпат дошол на земјата невидливо 1974 година; 8. Се служат со нов, „поточен“ превод на Светото Писмо. Православен одговор: 1. Токму Светото Писмо учи за еден Бог по суштина, кој се јавува во три Лица (Ипостаси), како Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1. Јов. 5, 7). Да се прочита: 1. Мој. 1, 26-27; 3, 22; 18, 1-4; Мат. 3, 16-17; 28, 19-20. 2. Бог насекаде е присутен. Во Светото Писмо има многу докази. Овде ги наведуваме: „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето и таму си“ (Псал. 139,7-10). „Може ли некој да се скрие на тајно место да не го видам Јас? - зборува Господ; не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - вели Господ“ (Јерем. 23, 24). 3. Исус Христос е Бог. Апостол Павле вели: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20, 28 Да се прочита: Иса. 9, 6; Јован 1, 1; 10, 30; 14, 9; 16, 30; Рим. 9, 5; 1. Јов. 5, 20 итн. 4. И за божеството на Светиот Дух постојат многу докази во Светото Писмо: „...рече Богот на израел“ (2. Цар. 23, 2-3); „...не ги излага луѓето туку Бога“ (Дела 5, 1-4). (Да се прочита Матеј 12, 32). 5. Душата постои, свесна по телесната смрт, и бесмртна: „Луѓето на умирање офкаат низ градовите и душите на ранетите викаат за помош“ (Јов 24, 12). „Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ (Мат. 10, 28. Да се прочита за разбојникот што се покајал (Лука 23, 43), и Лука 16, 19-31; Марко 9, 1-8. Во Стариот Завет пишува: „Авраам им се придружи на своите луѓе“ (1. Мој. 25, 8; 49, 29, 33), а тој не е погребан кај своите предци (1. Мој. 52, 8-9). Татко му е погребан во Харан (1. Мој. 11,32). Повторно да се прочита: 1. Мој. 15, 15; 1.Петр. 3, 18-19; 4, 6! 6. Нема ништо од царството на земјата, бидејќи „земјата ќе изгори“ (2. Петр. 3,10), но „ќе дојде ново небо и нова земја“ (2. Петр. 3, 13). 7. „Никој не го знае денот ни часот“ (Марко 13, 23). 8. Јеховиниот превод не треба ни да се коментира, бидејќи на сите страни има манипулации, скратувања, дополнувања и сл. Инаку еве што е Ерес според Каноните на Христовата Црква: https://blagovesti.wordpress.com/2013/11/19/sto-e-toa-eres-01/
Токму на тоа и се обидувам да ти укажам: тоа е според црквата. Но дали е така според другите верски заедници? И не како последно, дали е така тоа воопшто според Вистината? Тоа што црквата нешто вели не значи дека тоа мора да биде навистина така.
Па таа Црква е основана лично и персонално од Господ Исус Христос пред околу 2000 години.. не е основана пред 2,3 века од некои си смртници.Разбираш ? Тоа им дава право.
Можеби и не била. Или можеби била, но застранила па можеби лично и персонално Господ ги овластил некои други смртници да го корегираат сето тоа пред 2-3 века.