Toa shto go zborish vazi samo i samo za crkvata so preemstvo, a ne na ostanatite nadvor od preemstvoto na koj i ti spagash.Irinej go ograduva Hristijanstvoto i od takvi kako tebe tokmu so preemstvoto. Ne mi e jasno zoshto namerno go lapna i nishto ne kaza i za preemstvoto na koe Irinej go ograduva svetoto pismo. Jas znam zoshto bidejki ti e chudno i namerno mu go otfrlash.Ama zatoa pak ke te prasham zoshto na sv.Irinej mu prifakash shto zboruva i odreduva koi knigi se kanonski(poznati vo crkvata so preemstvo a ne vo sektite kako tvojata bez preemstvo),a mu otfrlash koga zboruva za preemstvoto? Zoshto edno mu prifakash,a drugo mu otfrlash?Toa znachi i togashnata crkva se slozuvala za preemstvoto za koe zboruva sv.Irinej. A deka sv.Irinej odredil toa e opshto poznato vo crkvata i nema shto tuka dilema na tvoi prazni zborovi da veruvame ili na tvoe tolkuvanje na wikipedia.I ne samo toj tuku i otposle na sobori se odluchuvalo.
Абе и 100 пати да прашаш, пак истиот одговор ќе го добиеш и не сам од мене, туку и од секој што ја познава добро Библијата и историјата. Како што виде од изворниот цитат, Иринеј воопшто не одредил кои книги се канонски. Тој само рекол дека има 4 евангелија. И толку. И не кажал ништо ново. Тоа го знаеле христијаните и пред и по него. И баба ми ќе ти каже дека има 4 евангелија. Дали со самото тоа што таа кажала дека има 4 евангелија значи дека и таа одредила дека тие се канонски? Иринеј бил обичен човек и нешто од она што кажал било вистина, а нешто лага. Едноставно неговите пишувања не биле боговдахновени, па затоа и не се нашле меѓу кориците на Светото Писмо. Му го отфрлам учењето за преемството затоа што не е библиско учење. Апостолското учење не познава нешто такво како „преемство“. Јас се држам до она изворно христијанство кое што го проповедале Христос и апостолите, а жал ми е што православието го напуштило тоа апостолско учење и повеќе милува да се држи до учењето на разните додатоци и контра-библиски новотарии накалемени врз институционализираното христијанство со векови и векови подоцна.
Пред Томас Едисон да ја конструира првата практична електрична сијалица за комерцијална употреба (1878 година!), целиот свет се осветлувал со огнени светилки и тие воопшто не изгледале како оние црковни жолти свеќи што се продаваат по тезгите во МПЦ Значи свеќи имало и во џамиите, синагогите, будистичките и хиндуистичките храмови, а и во секој дом, куќа, зграда, замок, шпаиз, шупа, скривница, тоалет, фарма итн. Затоа и во повеќето преводи не пишува „имаше доста свеќи“, туку „имаше доста светилки“.. ама ете православните намерно светилките ги преведуваат со „свеќи“ со цел да го измамат неписмениот човек да си помисли дека и тогаш се употребувале свеќи и дека тие се палеле за здравје, бериќет, за живи за мртви и сл. А уствари просечниот македонец знае дека МПЦ ги продава свеќите чисто заради финансиски доход. Тоа стана повеќе од јасно кога пред неколку години читавме во весниците како МПЦ јавно им се закануваше (со проклетства ) на приватните погребални претпријатија зашто овие продаваа свеќи три пати поефтино од МПЦ и на тој начин им го рушеле бизнисот. Еве се уште можеш да прочиташ за таа пародија на интернет: http://vecer.mk/makedonija/chija-svekja-e-vistinska
Не,туку општо познато кај сите луѓе биле многу евангелија,но само 4 евангелија биле општо познати кај црквата со преемство.А не и кај другите цркви кои држеле и други евангелија не канонски. Но општо познато било и преемството кај црквата што ги подржувала само четирите евангелија.И повторно го лапна преемството да кажеш барем ,а зошто било општо познато и прифатено ?! Нема потреба неговите книги да се наоѓаат во кориците на Библијата бидејки не е апостол.Но затоа неговите книги се сочувани во црквата,како и книгите и на другите светии. Епа и тука ќе мора да ти удрам еден голем шамар.Ајде да видиме што значи преемство: https://sr.wikipedia.org/wiki/Апостолско_прејемство Ајде сега од Делата на Апостолите за кој ти таа книга нели ја прифакаш.Ама џабе ја прифаќаш кога искривено ја толкуваш. Од Делата на Апостолите од самиот Павле: 1. Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици, 2. им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?” А тие му одговорија: „Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети.” 3. Тој им рече: „А во што се крстивте?” Тие одговорија: „Во Јовановото крштавање.” 4. Павле рече: „Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исуса Христа.” 5. А кога го чуја тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса. 6. И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат....... ...8,17. Тогаш полагаа над нив раце и тие Го примаа Духот Свети..... ......20,28. Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв...... .........6,6 5. Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија; 6. нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив над нив. 7. И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата......... Прво послание на Павле до Тимотјаните ......4,14 14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!......
Кај Кајшаров. Само кажи му дека јас сум те препорачал, процент од парите што ќе ги плаќаш ќе барам после.
Не го лапнав туку погоре убаво ти објаснив дека тоа е небиблиско учење, непознато на Христовите апостоли. Зошто го прифатила институционализираната црква? Затоа што тоа им било механизам за контрола на „Христовата црква“, за да можат да си го ограничат Христос и Христовото спасение само во својата институција за потоа да можат да имаат монопол со верата/бизнисот. За таа цел дури и го промениле библиското учење дека Христос е тој што спасува со новото учење дека ЦРКВАТА (со сите големи букви) е таа што спасува т.е. нивната институција. Ваков случај на „штом не си од нашата организација, тогаш не си црква“ гледаме и во Новиот завет кога апостолите сретнале некој човек-христијанин кој не бил од нивната дружина и пази што се дешава... „Јован Му рече: „Учителе, видовме еден - кој во Твое име - изгонуваше зли духови, а не оди по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.” А Исус рече: „Не бранете му! Зашто нема никој, кој би правел чудо во Мое име и да може веднаш потоа да говори зло за Мене.“ (ев. Марко 9;38) Како што гледаш и апостолите за малку ќе западнеле во таа ерес да си го присвојуваат Христос и Светиот Дух само во нивната дружина или „институција“ и секој што е надвор од нив да не го сметаат за Христов, но Исус јасно ги укорил да не го прават тоа, а евнагелистот Марко го запишал ова за поука и за следните генерациии на христијани. Но ете, секој поука не прима, туку повеќе му одговара контролата, како што кажав погоре заради бизнис и монопол на верата. Многу книги се зачувани, но разликата меѓу Библијата и „останатите книги“ е во тоа што само Библијата е боговдахновена, таа е Зборот Божји за христијаните, а сите останати „духовни книги“ се човечки книги, книги за кои Бог не гарантира дека се 100% вистина, книги кои можат да содржат небиблиски и еретички учења. Кога православните ги изедначуваат овие книги на рамниште на Библијата, со тоа одат против самата смисла за канонизација на Светото Писмо, а индиректно и кажуваат дека не се библиска црква. Каква врска има полагањето раце од страна на апостолите со учењето за „апостолското преемство“ што го веруваат православните? Тоа е исто како да ми цитираш некоја книга во која што се вели дека будистите јаделе леб и тоа да го земеш како аргумент дека ете и тие се причестувале уште пред Исус 1. Точно е дека апостолите можеле да го предаваат Светиот Дух врз новообратените верници со полагање на рацете, ама тоа не било никакво ветување дека на тој начин ќе се пренесува „апостолството“ или „свештенството“ на наредните генерации христијани. Прво и основно, во Новозаветната црква има само еден свештеник и првосвештеник, а тоа е Господ Исус Христос, а улогата човечки-свештеник (како во стариот завет) ни со лупа да ја бараш, нема да ја најдеш во Новиот Завет 2. Во Новиот завет има неколку примери на новообратеници врз кои слегол Светиот дух и тоа без да бидат ракоположени од апостолите. И шо праиме сега? 3. Христијаните од Галатија не му го признавале апостолството на апостол Павле баш затоа што не бил поставен за апостол од 12те Христови апостоли. Затоа во целото тоа послание Павле го брани и докажува своето апостолство, а го започнува со зборовите: „Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото“ (Галатјаните 1:1)
Ova e spored mene proroshtvo za Apostol Pavle.A ne i za Martin Luter koj Hristos sigurno ne mu se javil da mu kaze jas te prakam kako Apostol. No Pavle e Apostol i normalno e direktno da bide postaven od Hrista,kako shto direktno se postaveni i drugite apostoli ne od luge,nitu preku posredstvo na chovek tuku od Hrista Boga.Kako i site ostanati Apostoli. Eve ti vo nov zavet sveshtenici se spomnuvaat i toa da ne ti baram i na drugi mesta kade se spomnuva i za gakoni i prezviteri. 7. И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на sveshtenici се покоруваа пред верата......... Прво послание на Павле до Тимотјаните ......4,14 14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од sveshtenstvoto!...... Se spomnuvaat duri i episkopi: ......20,28. Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв...... Ova se sluchilo bidejki tie go slushale uchenjeto od apostol hristov,a ne od obichen chovek( koj ne e nitu naznachen direktno od Hrista nitu e nekoj sveshtenik koj e rakopolozen od Apostolite) kogo Hristos ne go postavil i koj nema nitu pak preemstvo od nekoj od Apostolite. Hristos rekol sekoj koi ve shlusha vas i mene me slusha. Pod vas se podrazbira onie koi Hristos gi postavil za apostoli,a po niv i za site ostananti po preemstvo,a ne obichen chovek.Zatoa i ne e chodno shto se sluchilo takvo neshto. Pazi sega tuka imash ushte eden dokaz kako se postavuva sveshtenik.Deka treba Apostolite da postavat,a ne nekoj sam da si se naznachi.Hristijanite od Galatija bile vo pravo,ama tie neznaele deka si imaat rabota ne so sveshtenik tuku so Apostol koj Hrista direktno mu se obratil i go postavil isto kako shto site ostanati se postaveni kako Apostoli direktno od Boga Hrista .No ovoj e naznachen za Apostol za obrakanje na neznaboshcite. I Apostol Matij e izbran direktno od Boga, za da go nasledi apostolstvoto na Juda koj odpadna, po molitva kon Boga i zdrepka na apostolite. I site Apostoli se direktno od Hrista naznacheni za Apostoli,ne e samo Pavle ili Matij koj go nasleil apostolstvoto na Juda. No sveshtenicite nitu mirjanite ne se Apostoli i mora da go imaat preemstvoto od samite Apostoli.A vo biblijata gledame deka preemstvo imalo.I niz istorijata imalo otsekogash. Takov primer kaj episkopi ( koi ne se apostoli) i kaj sveshtenici nema nitu ke ima. „Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото“-Ova direktno govori deka tvojot pastir e postaven,a i vo drugite sekti se postavuvaat pastiri preku posredstvo na chovek ili sami se naznachuvaat. Nitu go slushnale Boga,nitu pak gi slushaat onie koi Bog gi pratil kako shto e kazano koj ve slusha vas mene me slusha.
Пази што се случува и тука: Дванаесет апостоли заедно се наоѓаа во една куќа, на една трпеза, со Христа на Тајната вечера. Таа куќа во која се случи величествената Света Тајна Евхаристија, го претставува единството на Црквата. Од дванаесетте апостоли, еден го напушти братството, разрушувајќи го единството. Да останеше до крај на Тајната вечера со Христа и со апостолите, немаше да го направи своето страшно дело. Но сепак, тој се оддели од единството и погина. Апостолите останувајќи со Христа, останаа со Него за вавек да пребиваат во Царството на светлината.
Вие велите: „Еретиците се, исто така, христијани“. Откаде вие тоа? Зарем некој, кој себеси се нарекува христијанин, а не знае ништо за Христа, во своето крајно незнаење ќе одлучи себеси да се смета за ист таков христијанин како еретиците, и светата христијанска вера да не ја разликува од проклетата богохулна ерес? Поинаку за тоа размислуваат вистинските христијани! Многубројни светии примиле маченички венец, бидејки повеќе сакале најлути и предолги маки, темница и прогонство, отколку да се согласат на учество во богохулното учење на еретиците. Вселенската црква ереста отсекогаш ја сметала за смртен грев, отсекогаш сметала дека човекот, кој е заразен со страшната болест ерес, е мртов по душа, туѓ на благодатта и на спасението, дека е во општење со ѓаволот и во негова поѓибел. Ереста е грев на умот, грев повеќе ѓаволски отколку човечки, таа е ќерка на ѓаволот, негов изум, безбожност блиска на идолопоклонството. Отците идолопоклонството вообичаено го нарекуваат „нечестие“, а ереста - „злочестие“. Свети Игнатиј Брјанчанинов
(Св. Јован Кронштадски) Мржња према Православљу, фанатизам и прогони православних, убиства – то је црвена нит кроз све векове живота католицизма. По плодовима ћете их познати. Зар нам је такав дух заповедио Христос? Коме се, ако не католицима, лутеранима и реформаторима увек може рећи: „Не знате каквога сте ви духа! (Лк. 9, 55)“?
Правилата(каноните) не се стремат само кон зачувување на православните од заразите со еретички дух, туку и кон нивно зачувување од рамнодушност кон верата и кон Православната Црква, а која лесно може да се роди преку општењето со еретиците во однос на прашањата за верата. Ваквите одлуки, впрочем, нималку не противречат на духот на христијанската љубов и трпеливост со која се одликува Православната Црква, бидејки голема е разликата помеѓу трпењето на заблудените во верата... и живеењето со нив и стапувањето со нив во религиозно општење без размислување, зашто последното значи дека не само што не се грижиме да ги преобратиме во ПРАВОСЛАВИЕ, туку дека и самите во него се колебаме. Епископ Смоленски Јован.
Архимандрит Рафаил (Карелин) : Светите Отци го нарекуваа мачеништвото: второ Крштевање, со кое се простуваат сите гревови. Но, и кај еретиците и кај паганите имало маченици, и колку ли луѓе за лажни идеи имаат пролеано крв! Па, сигурно таа смрт, за нив, не постанала вечно спасение. Бидејќи тогаш и паганите убиени за верата во идолите би станале синови Божји. И жреците Ваалови, коишто ги уби пророкот Илија, би ги прославувале како светители. Исто така е и со расколниците! Тие, дури и да умрат маченички, не умираат за Христа. За нив, тоа име е само збир од букви. Христос, вистински може да се познае само во Црквата, преку Светиот Дух. Но, оној кој се бори против Црквата, тој се бори против Светиот Дух. И еретикот Несториј умре во прогонство, од најтешка болест. Што наследи тој: вечен живот или вечна смрт? И Ориген својот живот го заврши во затвор за време на прогонствата, но неговата маченичка смрт не му беше за спасение. Тој, по смртта, како отпадник од Црквата беше анатемисан. Многу и од оние што го следеа Христа, коишто Го гледаа со своите телесни очи, не го познаа како Спасител, и Неговиот вистински лик за нив остана невидлив. Наместо тоа, тие во својата свест и во своите срца, создадоа лажна слика за Христос. Затоа богоборците – расколниците и еретиците, во името на Христа, призиваат друг дух, и во сликата Христова, гледаат друг лик. Таквиот богоборец, дури и маченик да постане, ќе ја пролие својата крв, не за Христа, туку за темниот Христов антипод, за антихристот.
За Јеховините сведоци-ми дојдоа мене и ми пуштаа некое видео,дека во светот владее глад,сиромаштија и дека тие се единственото решение...
Стрината на мојата другарка е зачленета во секта. Зачленета е во Црна Ружа. Тие еднаш годишно давале жртва, еден од сектата. Минатата година било нејзин ред, требало да го даде син и како жртва, но таа несакала. Долги години не можеле да имаат деца, па сега таа и да си го убие. Место тоа таа го дала маж и, односно стрикото на другарка ми, го обесила. Сите до пред некое време мислеа дека тој се самоубил, но подоцна се дозна вистината, тие до тогаш дури и не знаеа дека таа е зачленета во секта. Сектите се страшна работа.