Немаат цел. Со тоа што се самоубиваат, демек служат на сатаната и одат против христијанството. Имам слушано дека цртаат крстови на стапалата, со тоа го газат крстот. Потоа одат по гробишта и ги превртуваат крстовите. Тоа се испрани мозоци, ни самите не знаат што конкретно прават.
Тоа е. Според кажувањата. Се собираат после полноќ на некои гробишта и таму си извршуваат некои свои ритуали, со дроги и убиства. Не знам ни јас конкретно, немам многу читано за ова, освен по некои портали на кои воопшто не треба да им се верува. @HUNK, секташи сигурно нема, за Ј. С. не сум сигурен.
За овие сатански не знам но овие другиве постојат.. нив така ги смета Црквата,и Католичката и Православната
Да, Телемата е настаната исто како и сектите кои се Протестантски,со ,,просветлување".Само плус со помош на блуд.
Priznaeti se samo religiite , ostanatite organziacii gi smetaat za sekti... ne mora sekogash da znachi deka nekoja sekta e za destruktiven ishod. Kabala religija e ? Obichen smrtnik bi ja identifikuval taa pojava kako sektashka poshto e otkachena. Kako i da e na volja na vistinata site tie sekti koi se pojavile vo javnosta bile iskluchivo destruktivni. Chovekot treba da se drzhi do praviot pat, neka si ide spored svojata vera i neka veruva vo dobroto.
има едни странци убаво облечени така млади и симаптични у фаца ги има на улица македонија и кај камен мост, тие се мормони на мене и една другарка ни поделија еднаш ливчиња и тоа пишуваше дека се
Да тоа се мормоните. На ливчињата може и да не пишува баш „мормони“, туку они се водат под името „Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни“. Еве ја нивната официјална веб страна и нивните верувања: https://www.crkvata-na-isus-hristos.org/osnovni-veruvaa.html
Они си се убедени дека нивната вера е вистинска и веруваат дека секој човек може да се спаси ако ја дознае таа вистина што они ја веруваат и биде послушен на таа вера. Значи целта им е да ги спасуваат луѓето од гревовите согласно нивната вера. А за тоа што проповедаат, види на линкот што ти го пишав во претходниот пост. Сум ги заборавил деталите на нивните верувања.
Не се опасни. И запомни дека црна ружа и да постоела (иако нема докази, туку повеќе е како урбан мит), тоа било пред 20тина години. Денес на територијата на Македонија нема такви групи на луѓе како што ги опишуваат црна ружа. Батали го тој страв, има доволно други стравови за кои треба да се грижиш. Не ти требаат уште и нереални стравови
Интересно е што во Јута (Америчка држава) 58% од луѓето се мормони, а православни се помалку од 0.5% и всушност таму мормоните за православните велат: „и пари да ми даваат не влагам во нивната секта“
Со таа разлика што Православното Христијанство во Македонија постои скоро 2000 години, од првите христијански комуни основани од светите апостоли, а мормонската секта е оформена пред помалку од 200 години од некојси Џон Смит... Разлика шешир и шеширчија... Алилуија, Алилуија, Алилуија! Слава Тебје Боже! ПС: Мормоните исто како Јеховистите го искривуваат Светото Писмо, ама тоа на протестантските прозелити не им смета. Браќа им се тие, заедничко дело имаат да ја разрушат Црквата!