1. Апостол Павле не донесол во Македонија православни христијанство (икони, свеќи, молење и обожавање на светци, свети водички, бројаници, кандила, целивање мошти, приказни за воскресение на блажената Марија итн) , туку го донел изворното христијанство - она кое било проповедано од Исус и апостолите. 2. Протестантските христијани се дел од Христовата Црква, немаат дополнителни новокомпонирани пророци како на пример Џон Смит (кај мормоните), Григориј Палама (кај православните), Елена Вајт (кај адвентистите) и сл. туку се држат исклучиво до Светото Писмо - Библијата. И секако дека на протестантските христијани им смета искривувањето на Светото Писмо што го прават мормоните, Јеховините сведоци, но и православните и католиците кои дури и го менуваат Библискиот текст во нивните преводи со цел да си ги оправдаат своите небиблиски догми. Но за среќа денес ја имаме и тоа ОНЛАЈН Библијата на оригиналните јаизици (хебрејски, коине грчки) каде што лесно можат да се провери доследноста на преведот и намерните искривувања. Слава на Бог за таа привилегија што ја уживаме денес со напредната технологија!
Еден краток текст, а толку многу манипулации. 1. Тоа што го засадил св. ап. Павле, го полеал св. Еразмо, го накопал свети Климент, го попрскал свети Хоматијан... Луѓето на овој век се раѓаат и умираат. Генерациите се менуваат, но вистината останува. 2. Свети Григориј Палама не е пророк! Срам и арам да ти е што го споредуваш свети Григориј Палама со овие ојлевци и дојлевци. 3. Покажи каде и како Римокатолиците и Православната Црква го менуваат Светото Писмо! На македонски само една секта го менувала преводот и ти добро знаеш која е таа, бидејќи си нејзин член.
Луѓето умираат затоа што се грешни. Христовата црква е сочинета од помилувани грешници и црковните водачи не се исклучок од грешноста на луѓето. Црквата низ вековите многу пати застранувала и тоа е најголемиот историски факт на историјата. Но Божјиот Збор е непогрешлив. Во него е вистината. Разлистај го целиот Нов Завет и ќе видиш дека Црквата никаде не е наречена „вистината“, туку само столб и потпира на вистината: „Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам при тебе; но во случај да се подзабавам, да знаеш како да се однесуваш во Божјиот Дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.“ (1 Тимотеј 3:14-15, Библијата) А од друга страна кога Исус му се молел на Отецот на Маслиновата гора го нарекол Божјото Слово вистина: „Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.“ (Исус, ев. Јован 17:17, Библијата) „Твоето слово (Боже) е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.“ (Псалми 119:105, Библијата) „Зашто Господовото Слово е право, и сите Негови дела се вистина.“ (Псалми 33:4, Библијата) „Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”“ (Исус, ев. Матеј 24:35, Библијата) Не се срамам од вистината. Како што Џозеф Смит и Елена Вајт воведувале нови учења и велеле дека тоа им е од Божјиот дух, така и Григориј Палама воведувал нови учења за исихазмот (еве линк за неупатените), понатаму нови учења за созерцавањето и несоздадената светлина, потоа за обожувањето на човекот итн. Еве на пример во овој случај: „ Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,“ (Јаков 5:14, Библијата) Овде зборот „старешините“ во православниот превод намерно е преведен со „свештениците'. Зошто? Затоа што православните цркви имаат учење за новозаветни свештеници и немајќи потпора во Светото Писмо за ваквото небиблиско учење, тие се принудени самите да си го додадат тој збор во Библијата менувајќи го зборот старешини со свештеници. Има и други случаи, ама ај да не пишувам долги текстови, напорни се за читање. Што се однесува до мене, јас бидејќи стручно се занимавам со Библијата користам повеќе преводи (на македонски и англиски јазик). Го користам и најновиот ревидиран превод на Светото Писмо од 2006 година. Користам и библиски речници и библиски интерлинеари со директен буквален (збор по збор) превод од изворните јазици на Библијата. По потреба го користам и најстариот сочуван целосен Нов завет на оригиналниот коине грчки јазик т.е. Кодекс Синаитикус кој што од неодамна е ставен ОНЛАЈН и достапен за СЕКОГО. Затоа ти реков дека помина времето од мрачниот среден век кога свештениците можеле да ги лажат луѓето дека „вака вели Господ“ со цел да ги исполнуваат нивните небиблиски догми.
Секта е многу јака ствар кога ќе анализираш. Ако некој познава луге од секта нека ми се обратат, бидејќи сакам да запознаам такви ликови за подлабока анализа
Уффф има многу да се пишува на ова тема... Искрено каква претстава ке ви пуштат -таква ке следите..и нормално ке ја прераскажуваат со мали искривување.Но пишаното е пишано..е сеа кој го пишал,зашто и колку е точно.. Може само да нагаѓаме.. Наведени сме сите што сме се родиле во било која вера уше од мали нозе.. Сите се држите за свој став? Нормално од читано нели?? А дали некогаш во животот сте рекле додека не видам неможам да верувам..но и да видам неможам да верувам на своите очи Викате историја нели? Па сите вери имаат историја пишана од некого нели? Зашто тогаш не верувате во научната историја дека човекот настанал од мајмун??? Искрено не сум некој голем истакнат верник, но останало мало делче во себе кое вели има господ. Историјата е многу болна и тешка раб.. Што сите се потпираме на неја...но никој не е100 % сигурно дека е така... Така да атеистите се интересни луге...тоест не веруваат во ништо..
Човек што не верува во ништо е човек пред самоубиство. Атеистите веруваат во многу работи, единствено само не веруваат во постоењето на Бог.
Тука го чекав твоето миротворие Нели тие што не веруваат во бог не веруваат во ниш.? Плус моабетот е релација секта - бог- атеист..не реков дека не веруваат во временска прогноза Јасни сте ми сите, не осудувам никој..секој со своја претстава и публика
Хахахаха, многу хорор филмови изглеа гледа девојчево Ех да беше тука @Valerin... ко ќе прочитам на форумов за секти одма ми текнува како ги тролаше овие со вакви "вистински" мрачни приказни
Девојки кај еден тип нонстоп гледам од исус слики па библии па собирање и као тоа нешто се вика блага вест тоа блага вест еее сектаа???
Пастор на таа „блага вест“ е Константин Кајшаров. Кајшаров не знам дали го знаеш, ама тој е магистер по кинезотерапија и него го знам уште од 2008 кога постираше јутјуб клипчиња со егзорцизми на демоните и слични работи. Тогаш тој не се ни кажуваше дека е христијанин. После едно патување во Ерусалим Константин вели дека наводно му се објавил Исус лично и му кажал неколку работи, меѓу кои и дека тој ќе го прославел низ Македонија. Потоа Константин тврди дека станал христијанин. Кајшаров нема никаков доказ дека Исус му се објавил (слично како и другите лажни пророци - Мухамед, Џозеф Смит), што не е случај со библиските личности кои Бог ги испратил во негово име да направат нешто (Мојсеј, Исаија, Еремија, Павле итн) Со истата клиентела што му доаѓаше на неговите сеанси си направи црква и проба да ја регистрира во комисијата за верски заедници, ама не му дозволија (бидејќи имаше таму егзорцизми на демони и слични работи). И бидејќи не му дозволија, водството од оваа харизматска црква „блага вест“ реши да го направи пастор во нивната црква и така фактички они го „заобиколија законот“ и си ја регистрираа нивната заедница под капата на блага вест Кајшаров верува дека е исцелител, иако реално нема направено ниту едно исцеление. Ама тој користи доста лукава финта како и мнгоу други „исцелители“ во светот. Вели дека ако не се излекува некој, тоа значи дека тој не верувал, дека слаба му била верата или дека направил грев и сл. А од друга страна некои со моментални главоболки што велат дека им поминало после неговите сеанси, ама тоа е на база на плацебо ефект. И обична чаша вода да им дадеш и да им кажеш дека таму има проверен лек против главоболка, и од тоа ќе им помогне. Кајшаров е доста харизматична личност и има стотина лојални следбеници кои го гледаат како Божји човек и за се и сешто му веруваат. Ама ни Кајшаров ниту пак оние што одат кај него не се опасни, ниту пак прават некои работи што им се препишувале на ткн. „црна ружа“. Далеку од тоа. Фини деца се вака, независно од тоа што веруваат дека Кајшаров е исцелител. Имаат ревносна вера во Исус, се молат ревносно, ја читаат и познаваат Библијата многу, сакаат да помагаат на дело, и во овие работи се далеку поблиску до Христовото учење отколку просечниот традиционален верник во Македонија. Значи иако не се согласувам со нивното учење, а особено со Кајшаров, спеак, за воља на вистината, морам да го кажам ова бидејќи многу од нив познавам од прва или втора рака.
Поздрав до сите. Христијанин кој не си ја знае Библијата е како невооружан војник. Опасноста за оние кои припаѓаат кон Јеховините сведоци е фактот што тоа ги става надвор од Христовото тело. Тие не се христијани, зашто нивниот Исус е идол, направен од човечка фантазија. Фактот што Јеховините сведоци и Мормоните не го признаваат Исус Христос како втората личност од Светото Тројство е многу важен и треба да ни е од корист при нашето расудување. Деталите се многу важни. Ве молам бидете внимателни браќа и сестри да не западнете во рацете на оној чие име не сакам да го споменам. Исус Христос умре за нашите гревови, за секој кој ќе поверува во него да има вечен живот. Иако Јеховините сведоци и Мормоните мислат дека веруваат во Исус, нивниот Исус е идол. Тој идол нема воскреснато, нивниот Исус е само човек, а не бого-човек, кој како што знаеме, или би требало да знаеме, активно и пасивно ги послуша сите заповеди на Отецот и беше воскреснат да биде од десната страна на Отецот Небесен. А ако ги слушаме Мормонците и Јеховините сведоци, тогаш треба да прифатиме дека Исус нема воскреснато, туку дека бил само обичен човек кој се консултирал со таткото. Тогаш нашата вера е попуста. А знаеме дека не е. Светиот дух кој Бог ни го дава, по неговата милост нека не води.
3. За заводниците во последно време; потребно е да се остане при Светото Писмо. 1. Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. 2. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни,неправедни,недружељубиви, 3. непомирливи,клеветници,невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, 4. предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, 5. на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се! 6. Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени, што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти, 7. жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината. 8. Па, како што му се противеа на Мојсеја Јаниј и Јамвриј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неискусни во верата. 9. Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе се открие пред сите, како и на оние двајца. 10. Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста, 11. на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во +Иконија, и во ++Листра, какви прогони претрпев; и од сè Господ ме избави. 12. Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети. 13. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси. 14. Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, 15. бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. 16. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, 17. за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело.
Поздрав и до тебе @Христијанка . Се сложувам со тоа што го напиша, само сакам да те корегирам во однос на верувањата на Јеховините сведоци. Според нив: Исус не е Бог, но не е ни „само човек“, туку е Божјиот единороден Син, создаден пред секое друго создание. Исус умрел за нашите гревови и воскреснал на третиот ден. Кога станав верник во Бог, во мојата потрага по вистината за Бог, долго време ги проучував сведоците и од прва рака знам што веруваат, но може и лесно да се провери од нивниот официјален веб сајт.
Консултацијата наместо со свештеник, може да биде со Светото Писмо, зашто нели само тоа е вистината. На основа исто на него може да се провери кои се лагите и невистините и која доктрина ги проповеда, намерно не пишувам која црква зашто вистинска Христова црква е "праведниот" Божји народ.