Често знам да гледам видеа за Законот на привлекување, на YouTube, има доста на англиски и српски Life Coaches, пример Ана Бучевиќ. Гледам има луѓе што му коментираат дека се секташки? Мислење ваши?
Не. Sect: a group of people with somewhat different religious beliefs (typically regarded as heretical) from those of a larger group to which they belong. synonyms: (religious) cult, religious group, denomination, persuasion, religious order. Било која индивидуална работа на себе било преку која доктрина не се смета за секта или дека си секташ. Таа етикета ќе ти ја навеат само ако се соберете долу во подрум
Грл, не се секирај Ана Бучевиќ и сличните на неа јутјубери, писатели и whatever, со своите методи (мотивациони говори/книги/видеа, визуелизација, вортекс) немаат никаква врска со религиозност. Е сега, за тоа колку се корисни и ефикасни има оправдана скептичност кај доста луѓе, ама дека се нешто погрешно, штетно и против религијата – не
Тоа се пратеници на лукавиот, нечестивиот, принцот на темнината кои вребаат правоверни рисјански души Ѓаоло е секогаш во тек со времето, во 70-те носел звонарки, во 80-те јакни без ракави, во 90-те џигерица а денес користи јутјуб
@Црна Ружа да се јави, да каже колку даваат у таа неговата секта, ми требаат пари. Иначе, примам понуди и од други секти. Ма да може и од големиве религии... Не прибирам. Ова нека биде некој вид на оглас, тендер сеедно...
Јас, првпат слушам дека ако влезеш во некоја секта, дека давале пари. Напротив, членовите давале пари за Црквата, и тоа баснословни суми.
Во на Константин Кајашаров примаат, ама со членство, неколку евриќи. Не може таму секој, аа неќе, неќее
Слаби сме со пари, криза е, не е ни ѓаоло тоа што беше, немаме ни за една редовна црна миса да организираме како што треба Е сега имаме неколку демончиња, ги чуваме во подрум ама тие се трета лига...
Е па така е тоа кога садел тикви со..........уствари со кого би садел тикви Луцифер?! Сега сме во потрага по ново членство, ако знаете млади особи кои слушаат метал (може и панк) во гардеробата им доминира црната боја, носат крстови наопаку, се тетовираат или пирсаат, на полугодие имаат девет кеца или имаат понављано уште подобро, усб стикчето го вадат од компјутер без да кликнат сејв ту римув, ноќно време се мотаат по гробишта, пишуваат стихови, пијат, пушат, лажат и имаат вошки (може и шмркање лепак, бронза, боја) насилни кон животинки...може да се напраи работа
@Црна Ружа гледам во криза сте, сакам да волонтирам како демонче. Или премногу добра понуда за во вашата секта?
Прво треба да се утврдат квалификациите Death metal слушаш? Дали имаш врзано празна конзерва на мачка за опаш? Дали уживаш во звукот на гмечење на лебарка или ти е жал да ја стапнеш? Дали имаше многу кецој на чколија?
Не одам на сколија #хардкор Слушам се од метал. Е место животинчиња, радо би врзала конзерва на чоек на врат. Дај, супер сум. Невини деца ќе носам да ги пустиме.
Ами ако е така, добредојде во сектичкава, ќе повикаме некој зол ентитет да се материјализира да прославиме како шо е ред, како шо заповедал лукавиот После може лошотилаци, спрејот и на гробишта, ќе им сметаме пред влез на автобус на пензионери додека тргне автобусот, ќе додаваме една нула на сообраќајни знаци, ќе крадеме слики од некролози ќе пуштаме цедеа обратно (на тој начин се слушале сублиминалните пораки на сатаната)
http://start.mk/article/174146/zena...a-ruza-jelena-e-ubiena-vo-satanisticki-ritual Уште еден, којзнае кој по ред обид да се дискредитира едно конструктивно здружение на граѓани ! Хистеричната хајка против слободата продолжува !
Во една друга тема тука некаде, ги навестив моите планови за во иднина, па да ви се пофалам како напредувам. Јас, ете, почнав нешто да пишувам песнички со сублиминални коруптивни пораки и после во исчекување на најдобра понуда, кој плати највеќе Sold + мур на вратот кој ќе биде претставуван како тетоважа пред овчичките.
Ако Каталонија се отцепи од матичната земја де ла Шпанија, велат секта ќе била. Ама срејќа им викнаа полиција... да не се испосекташит.