1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Ами најдобро дојди си со нас, ние може не сме богоугодни но затоа сме отворени кон лошотилаци и зулуми :devil:

    BTW :

    [​IMG]

    :D:D:D:devil::devil::devil::rofl::rofl::rofl:
     
    На Meckicja, sjdgo и GrevMk им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па ниту моите песнички не се богоугодни (сега, зависи на кое божество мислиш :?:), испратете понуда по ПП и ќе се договориме. Едвај чекам да ја расипувам младината!! :l:

    А инаку, ништо чудно што се српчињата магнет за војни и такви деструкции :l:
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Нешто во чест на Носителот на светлината, Утринската ѕвезда може :inlove:
    Така Битлси, Стонси, Блек Сабати ја поквариле младината порано.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Во Мк сосема добро функционира ВМРО. Топ се организирани
     
    На kravce, Meckicja, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Они ми се инспирација, чувам нивни постери околу олтарчето на Господарот, на Таткото на лагата кој ќе ме упати како подобро да лажам на мојот пат кон бесмртната земска слава.
     
    Последна измена: 4 октомври 2017
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    На tamche995, PogbaPol, Meckicja и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Ееее времиња, се знаеше шо е секташ, Црна Ружа и Јеховаши тоа беше тоа, сега Црна Зора, Црни шкорпиони, Златна зора, УМС, ОТО, Хербалајф, Кирби, Ошо мошо тошо...
     
    На Meckicja, Gosh, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Црна Ружо ти ли си мор ил не си?
    CRNA.jpg
     
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.312
    Да, тоа се оние лица со посебни потреби кои продаваат списанија за хуманитарни цели...|(|(|(

    Што све не шета по земјава, БОЖЕ МИ ПРОСТИ!
     
    На Zivyle, tamche995, blueeparadise и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    А зошто некој би сакал да е член на секта кога знае дека таквите завршуваат неславно? :?:
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.312
    За да се удара после у гради дека е маченик.
     
    На Feminka22, DAngel, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Ете Јешуа Назареецот си напраи секта пред 2К години, забега од својата матична јудејска вера, после него неа ја презеде брат му Јаков а после него Павле римјанинот и ја разработи...3 века после еден Цар реши да ја воведе како државна вера, ја субвенционираше и...останатото е историја.
    Така сите секти, сметаат дека еден ден ќе бидат јаки, дека нивните божанства ќе испаднат појаки од останатите, но сепак, како апстарт компанија ти е тоа, не секоја успева, не знам кој е саксес рејт кај сективе но сите почнале така, скромно, со малку членови.

    Денес имаш пак сектички како МПЦ кои никој не ги признава, чак ниту нивните соверници од иста деноминација па си немаат мака, гледам си имаат солиден бизМис...:devil:
     
    На Lella, ELIDavor и Gosh им се допаѓа ова.
  13. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Кајма секти кајнас сакам да видам какви се
     
    На daylight и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Еве имаш претставник лично тука на располагање Славица, @Црна Ружа од истоимената секта 8-| Прв услов е да разбираш сарказам барем малце поише од кинески, еве неколку членови веќе нѐ прибра 8-| Пази, ќе те заведе лесно и тебе 8-|
     
    На daylight, theowndemon, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Мисли пред да пишеш нешто, дали има смисла и логика.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.312
    А ти прво научи шо е сакразам.

    Него ај ти објасни ми зашто луѓето иделе у сектата на Исус, коа знаеле дека ќе завршат распнати на крст?
     
    На Црна Ружа и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Време е малку да се уозбилиме, да ставиме и поучно инфо на темава, а пошто одамна шкрабам на тема секти (guilty pleasure?!:x) време е да се запознаеме со секташлукот на Црна Ружа преку споделување на едно писание напишано порано.

    ------------------------------------------------------------

    Црна Ружа :

    Скоро и да нема човек под 50 години кој нема слушнато за најславната секта на екс-Ју просторите (па и пошироко), митската Црна Ружа, наводна сатанистичка тајна организација која се бави со широк спектар на дејности - од ритуални самоубиства до сквернавења на гробишта, од жртвување животињи до слушање на Панк-Рок и Дет-Метал, дрогирање и оргијашење - и сето тоа во слава на Нечестивиот кој е гладен за кревките и невини души на тинејџери и тинејџерки.

    Непостоечка а сеприсутна, кога станува збор за Црна Ружа секогаш се работи за `познавање` на секташките активности од шеста рака, пријател на свекрвата на старосватот на комшијата раскажал како се отепал средношколец некаде после долгогодишен стаж во Црна Ружа...

    Сепак сите патишта кон почетоците на овој култен Култ водат во Загреб.
    Постојат неколку верзии за појавата на недофатливата секта и сите се фасцинантни на свој начин.

    Една верзија е дека најдалечниот траг на поимот Црна Ружа водел кон истоимен кафиќ во Загреб, некаде во времето кога умрел Тито а во тоа време имало наезда на металци, панкери и остали секташи кои шокантно и скандалозно облечени го посетувале кафиќот Црна Ружа, име кое подоцна прераснало во симбол на црнилата, гробиштата, слушањето грамофонски плочи од опаку и жолтите свеќи. Моралното граџанство било вознемирено од едно такво место каде нивните деца се собирале и масовно ја продавале душата на ѓаолот. Наводно се наоѓало во подрумска просторија (логично, под земја, поблиску до Адот)...Не се знае судбината на угостителскиот објект кој го носел тоа име некои тврделе дека пропаднал за време на `Домовинскиот рат` а некои дека култниот кафиќ го изела транзицијата...така барем гласи една од теориите за потеклото на сектата.

    Друга верзија зборува за Хеви-Метал бенд со име Црна Ружа, оформен при крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите во Загреб и фронтменката Ненси, млада женска особа која што била вокал на групата. Медиумите во тоа време изнедриле umbrella term за сите нови појави на анти-друштвено поведение кои доаѓале од трулиот запад (Панк, Метал, Њу Вејв, Пост Панк, Хард Рок) во тој период. Тој поим бил `Даркери`, веројатно поради црната боја која преовладувала во дрес кодот на фановите на наведените правци.
    Бендот и Ненси имале ограничен успех со свирки низ второразредни клубови а наводно подоцна, под теретот на неостварените сништа, дрогата, алкохолот и сексот - Ненси се самоубила со скок од осми кат со што се родила легендата за суицидалната норма која мора да ја исполнат членовите на Црна Ружа.
    Црната Ружа од метал-бенд била промовирана во секта низ тогашните медиуми и се` останато е историја...

    Трета верзија е онаа за УДБА, сеприсутна и за жал постоечка организација која во обид да ја зачува традицијата на социјалистичкото самоуправување на работничката класа на Југославија од постојаните закани на западното влијание - ја измислила приказната и преку своите медиумски експоненти ја пласирала меѓу јавноста. Во сето тоа помогнало самоубиството на Ненси кое било искористено за стварање на самоубиствениот мит.

    Четврта варијанта кажува за познатиот авантурист и водител на сомнително ток-шоу Жељко Малнар кој наводно бил основач на Црна Ружа. Жељко бил сопственик на кафиќ (или биртија!?) во кој се собирала алтернативна младина која што ја врбувал за членство во Црна Ружа. Една од припадничките била и Ненси која во оваа верзија не била пејачка на бенд туку само металка, ќерка на висок офицер на ЈНА кој во својата соцреалистичка закоравеност и забранил на ќерка си да се дружи со сомнителни ликови и да слуша лоши музики.
    Бидејќи тинеџерката била тврдоглава, пушела, пиела, имала еден куп кецови на чколија (а можеби и вошки) - офицерот се решил на драматичен чекор - ја заклучил Ненси во станот. После извесно време, Ненси затворена и изолирана, скренала од умот како што се вели и се фрлила од осми кат.

    Радио Милева во тоа време била главен преносител на вести па така во околината на Загреб хистеријата околу Црна Ружа достигнала врв после самоубиството на Ненси кога бесна толпа загрижени верници забележала поп облечен во црна мантија како излегува од Фиќо.
    Којзнае зошто, таа ситуација им се причинила дека е некако `секташка` и рајата го претепала попот мислејќи дека е `Даркер`...а тој ни крив ни должен само си носел црна попска униформа!
    Тоа не бил единствен напад врз вработен во црквените редови а слични напади имало и врз други особи кои носеле црна гардероба...

    Петтиот траг води кон загребскиот сатанист и `гузоњин син` Александар Милес, црвено-буржоаско чедо кое е познато по организирањето на кражба на илјадници ретки книги од националната универитетска библиотека во Загреб, вредни милиони тогашни марки кои подоцна биле криумчарени и продавани по приватни колекции во Австрија и Германија.
    Се зборува дека Црна Ружа била криминална а не религиозна организација која ја основал и развил Милес како мрежа за кражба и криумчарење на ретки книги иако се тек на време групата се преориентирала и на други лукративни полиња како шверцот на дрога на пример.
    Милес бил уапсен во 1988 и осуден на петнаесет години робија заедно со дел од групата. После несупешниот обид за бекство при кој Милес дури успеал да земе и цајкан како заложник - сатанистот паднал во депресија и си го одзел животот во 1994. Групата наводно опстанала и после смртта на лидерот па дури и се развила во значаен фактор во криминалното подземје на Балканот а убиствата маскирани како самоубиства при криминални пресметки заедно со сатанизмот на основачот биле повод да се роди медиумската приказна за секта под име Црна Ружа...

    Шестстотини шеесет и шестата верзија ја обвинува црквата како организатор на митот за Црна Ружа, во обид да се застраши стадото и да се врати младината на прав пат, група католички попови најмиле неколку богоугодни новинари да објавуваат стории за присутноста на ѓаоло низ улиците на Загреб и пошироко со надеж дека младите ќе се згрозат од бранот на наводни самоубиства предизвикани од разузданиот стил на жиеачка и општиот неморал, а нивните родители ќе имаат нова `Баба Рога` со која ќе ги плашат своите чеда. Подоцна овие стории по принципот на `расипан телефон` се расшириле низ сите екс-Ју држави каде и ден денес се присутни во печатените медиуми и интернет порталите.

    Дека патот кон пеколот не е послан со црни ружи туку со добри намери најдобро сведочи тоа што денес скоро секое самоубиство на лице под 30 години во било која од екс-Ју земјите мора да биде поврзано со Црна Ружа на барем еден медиум, тестамент на трајноста на масовната халуцинација, на потребата од скриен непријател кој вреба од темнината и кој иако ѓаолски - ќе ги превземе на себе сите родителски и системски гревови кои довеле до тоа млад човек да посегне по својот живот...

    :devil::party::inlove:
     
    На Jane Lane, daylight, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Време е да продолжиме да се запознаваме со фасцинантниот свет на сектите, да видиме какви све секти постоеле и постојат низ светот и времето, какво било нивното влијание, кои биле забавни а кои досадни, какви секти има кај нас и какви се активностите на тие интересни групи на граѓани и граѓанки кои најчесто се сметаат себеси за нешто посебно, екстра, јако, правилно и праведно...

    Некои сектички биле иновативни до таа мера што сите подоцна ќе ги копираат, од блиски исток па се до Јапонија :mm:

    Еден секташлук кој особено е чест се базира на хинду/источњачки основи, сета таа прецепција за Индија како земја од каде вирее мудрост и древност:x, како сектата Кришна Вента на пример.

    ------------------------------------------------

    Once upon a time there was a секта која извршила напад со бомбаши-самоубијци looong before it was cool.
    Истовремено биле навлезени во источњачки мистицизам многу пред Хипи времето, again quite ahead of the global trends.

    Која била оваа секта во која доколку постоеше денес сигурно би членувале експлозивни хипстери?

    Се нарекувале Фонтана на Светот а биле предводени од некој Франсис Пенцович, дете на Еврејски емигранти во Калифорнија. Како што е редот, Франсис си го сменил името во Кришна Вента, го отфрлил Јудаизмот и после богата кариера исполнета со ситни превари, криминал и чести престои во затвор - решил да се просветли, да стане Гуру и да собере следбеници кои ќе ги одведе во светла иднина и спасение.
    Почетокот на сектата биле во раните четириесетти, во периодот кога Вента праќал заканувачки писма до тогашниот претседател Франклин Рузвелт (!?) од некои само нему познати причини поради што бил затворен во лудница.

    А дали има подобро место за просветление од лудница?
    После излегувањето, Вента се прогласил за Гуру откако тврдел дека духот на Исус се даунлодирал во неговото тело и тој станал само алатка за канализирање на повисока свест, проповедал тешко сварлива мешавина од рисјански/мормонски, јудејски и хинду мистицизам.
    Духот на Исус наводно бил одамна присутен на земјата бидејќи пред 100.000 години стигнал на планетава со вонземски брод и бил распореден во разни поединци кои на тој начин ја пренесувале пораката на рајата.
    Меѓу нив биле и првиот човек Адам, Кришна, Исус, Џозеф Смит (основач на мега-сектата Мормони) и Абрахам Линколн (!?) а последен таков, природно бил Вента...

    Апокалиптичен секташ не би бил апокалиптичен доколку не предвидувал крај на светот а Вента кажувал дека ќе има атомска војна меѓу САД и СССР и дека мора за што пократко време да собере 144.000 следбеници кои ќе го продолжат човештвото на едно ново, повисоко ниво на свесност.
    Нешто слабо му одело бидејќи собрал најмногу неколку стотици члена, купил имот на некои 45 км од Лос Анџелес, место каде секташите спокојно можеле да секташат.
    За воља на вистината сектата се бавела со добротворна работа, спасиле некои луѓе при голем пожар во Калифорнија и неколкумина преживеани од авионска несреќа а во својот имот примале и бездомници и разни страдалници.
    Вента подоцна отишол во Европа да се сретне со Папата во Рим, да му ги отвори очите и да му каже како стојат работите само што Папата не бил расположен да му даде Аудиенција.

    Повремено биле вршени квази-распнувања со цел Вента да го доживее `филингот` на Исус на Голгота. Меѓу другите духовни дејанија биле и коцкањето во Лос Вегас, превара со паричните фондови на сектата и активно месијанство. Со цел да набави средства за јачање на сектата, Вента често одел во Лас Вегас откако еднаш добил добра пара на коцка...но среќата се` повеќе го напуштала и морал да зема пари од фондот на сектата и да се коцка со нив со што ја довел сектата пред финансиски колапс.

    И тогаш, во 1958, на двајца фанатични секташи им прекипело, крајот на светот и атомските печурки ги немало никаде, а заедничките пари магично исчезнувале. Двајцата решиле да му го дотераат умот на коцкарот-месија-бесмртник-ascended-master преку лична саможртва, маченички пат кон подобриот свет.
    Веројатно имале страв да се соочат отворено со лидерот и затоа решиле да се жртвуваат без многу муабети бидејќи делата зборуваат сами за себе.
    Набавиле динамит кој го врзале околу појасот и со електричен упаљач во рацете отишле во `базата` на сектата во Калифорнија и го пронашле Кришна Вента како проповеда пред голема група луѓе.
    Во тој момент го активирале експлозивот при што биле разнесени бомбашите-самоубијци заедно со лидерот Вента и осум други секташи, се` на се` настрадале 11 лица а преку 70 биле тешко ранети од експлозијата.

    И така месијата заминал на повисоко ниво на постоење, буквално се дезинтегрирал, а сектата никогаш не се опоравила од шокот и губењето на водачот, постоела уште некое време со се` помалку членови за да во средината на деведесеттите замре скроз.

    The Cult was just too early...:party:
     
    На theowndemon, Lella и Gosh им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Една секта воопшто не чекала настаните да бидат во нивна полза туку засукале ракави со цел да ги предизвикаат настаните, нормално Судниот ден :devil:

    ----------------------------------------------------------------------------------

    Што имаат заедничко забегана секта и атомска бомба? Можеби повеќе отколку што би се помислило на прв поглед.

    Една од најкреативните секти во последните децении, јапонската Аум Шинрикјо, славна по бројни убиства и самоубиства и секако нивните `пет минути слава`, нападот со нервен отров Сарин во Токиското метро во 1995 кој одзел барем 12 животи а повредени имало над 6.000.

    Нивната `теологија` се состоела од токсичен микс кој се состоел од христијанското Откровение, сомнителни ранобудистички толкувања, незаобиколната Шива и неколку пасуси на Нострадамус, сето тоа споено меѓусебе со харизмата на лидерот и очекувањето на крајот на светот околу истекот на Милениумот.

    Сепак најшокантно делува сознанието дека експериментирале и со нуклеарна опција.

    Мистериозниот сеизмички настан кога сеизмометрите регистрирале потрес како резултат на експлозија во Австралискиот аутбек на локацијата Банџаварн на 28.мај 1993 а кој би бил еквивалент на детонација од 2 кТ, заедно со сведочењата на Абориџини и фармери за голема експлозија - наведува на можност дека научниот тим на сектата создал некаква направа која би ги сместила во нуклеарниот клуб како единствена невладина организација со нуклеарен потенцијал во светот.
    Или дека однекаде донеле веќе готова бомба.
    Сведоци потврдиле дека сектата набавила заштитни одела, механизација, лабораториска опрема, механички копачи, хемикалии и мистериозни кутии со непозната содржина декларирана како `солна киселина`...

    Потврдено е дека сектата која што имала огромна фан-база во тогашна Русија се обидувала да набави тактичко нуклеарно оружје од арсеналот на зомбифицираната руска држава. Дали навистина набавиле и пробно детонирале такво оружје е тешко да се каже но постојат сериозни индиции кои наведуваат на таков заклучок.

    Властите не реагирале на настанот бидејќи сектата сеуште ја немала репутацијата која ќе ја стекне со нападот во Токио, а ранчот од 200.000 хектари сектата го продала пред да се `прослави` со нервен гас. Подоцна било откриено дека меѓу другите забегани активности секташите ископувале ураниумова руда на ранчот...

    Некој би помислил дека толку креативна секта брзо би исчезнала од сцената после пресметката на Јапонските власти со неа и пресудата на смртна казна на лидерот Шоко Асахара - и би се излагал.
    Секташите се` сеуште вредни како мравки и се ребрендирале под ново име `Алеф` па веројатно продолжуваат да сонуваат за нов крај на светот поттикнат од нивна атомска бомба која би била трета детонирана на Јапонско тло...:party:
     
    На Lella и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Дојдоа јеховаши во посета, оставија некакви брошурчиња :D

    IMG_20180113_184820.jpg
     
    На theowndemon, crimson и Meckicja им се допаѓа ова.