Абе да не е истава девојка?? И мене ми имаше правено една другарка вака, пред 6-7 години. И кажав име и презиме од тогашната симпатија, напиша на ливче, го замота со црн конец, го потпали со жарче и го фрли во печка. Потоа ја собра пепелта, ми ја даде и ми рече да излезам надвор да ја издувам. И стварно ми пиша детето и излеговме еднаш. Мислам чиста случајност, ама којзнае?
Немора сектата да биде сатанистичка, имаш и такви што веруваат во некаква повисока сила. Обично таквите се затворени и скриени заедници, такви има во САД, најпознати се Мормони. А за тие што убиваат животни се психички пореметени! Невидени гадоти менстроална крв да пијат, се отидено!!
Зборот секта потекнува од латинскиот збор sequi (се чита: секви) што во превод значи некого или нешто да се следи. Соодветен термин во македонскиот јазик е следба. Повеќето коментари во темава се рекла-кажала муабети измешани со бабини деветини и жабини петини.
Секој религиски огранок од било која религија кој не се придржува од она изворното што не се менувало од самиот настанок на религијата е секта. Еден од најрадикалните врсти на Исламот, настанува од политички причини.. Група на луѓе кои Куранот го толкуваат директно како што е напишано. Не прифаќаат никаква друга литература ниту поразлично мислење. Најголем број од терористите биле или се припадници на оваа секта. Се борат за така нареченото муслиманско братство па така да ги има во секоја војна во која војуваат муслимани, и повремено прават пуканки низ западна Европа по трговски центри.
Не е точно, Витали држ' се ти до Библијата ако не си доволно запознаен со други работи. Оние кои се придржуваат до Куранот и до правилна нејзина интерпретација се Сунити. Другиве се буквално речено секта, настаната во 17 век од страна на Мухамед Абдулвахаб. Имаат искривена интерпретација на Куранот, молењето (зошто има одредени правила за молење, на пример на која страна да се свртиш, кога клањаш, кога се исправаш...) е тоа го прават различно од тоа како Куранот налага. Можат многу лесно да се препознаат по физички изглед и мажите и жените. Имаат посебен превод на Куранот кој не е ист со оригиналот и се држат само до него, не преферираат друга литература. Мажите носат панталони до глуждови, претежно широки и брада, а жените се претежно во никаб, т.е целосно покриени.
А чекај што не е точно? Буквално препиша се што сум кажал освен делот дека го толкуваат куранот во буквална смисла. Заборавив да кажам дека имаат различен превод од оној на сунитите. И настанува од политички причини оваа секта, прилично е нова. Не е да речеме како на пример католицизмот и православието во Христијанството.