Абе тоа на Средно Водно што си палеле огинче, дознаа од која секта го правеле? Иначе до сега знам само за две секти во Мк, кои си функционираат како ништо да не е, а скоро 90% од народот ги знае.
Да бе, слушнав дека негде пред Средно Видно некои будали правеле ритуал со некои свеќи и камења, чуда и глупости. Незнам, можеби било некоја секта.
Здраво луѓе, Сакам да споделам едно искуство од блиска личност, со надеж дека ќе помогне некој да биде повнимателен во тоа што гледа и чита на интернет. Сè започна сосема наивно – преку хумористични видеа од Мирољуб Петрович, кои подоцна преминаа во следење на негови содржини поврзани со толкување на Библијата, негови книги и предавања. Со тек на време, интересот се продлабочи, па лицето почна да посетува и собири и предавања во Србија. За жал, тоа постепено почна негативно да влијае врз неговото размислување, однесување и одлуки. Беше вовлечен во начин на размислување кој го оддалечи од семејството, од реалноста и од вистинскиот духовен живот. Во еден момент, донесе сериозни одлуки – ја напушти работата и продаде имот, верувајќи во толкувања и ветувања кои подоцна се покажаа како погрешни. Со многу труд, трпение и љубов, успеа да сфати што навистина се случувало. Фала Му на Бога што се освести и се врати на вистинскиот пат. Голема улога во тоа имаа монасите од Бигорски манастир, кои со мудрост, трпение и вистинско духовно раководство му помогнаа повторно да ја пронајде верата и мирот.
Не е секта Мирољуб ама си има некои свои затуцани размислувања, нешто поврзува со Библијата ама не е баш така се.. Не знам како може некој да го следи и да му верува на човек кој си ја има оставено жената и децата затоа што не сакала да живее во село и се има оженето за 20г помлада, што е против образование и ги испишал децата од школо и што е против медицина и е умислен дека е доктор па лекува луѓе на природана база.
Ова се случува со луѓе кои конкретно не бараат помош од стручни лица, а дотичните ја користат нивната состојба. Ништо против читање, ама за буквалистичко толкување во 21 век, од она најтврдоглаво со главата во ѕид, од пуста желба да „се исперат“ самите од одредени ситуации/состојби..хм..можеби и заслужуваат.