1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Најпрво она што треба да се знае за Христијанството е следното.

    Која е целта на живеењето на секој човек и што се стреми да постигне во својот живот?
    Кога Адам и Ева беа избркани од Рајот како резултат на непочитувањето, непослушанието кон Бога дека не треба да јадат од плодот на забранетото дрво (постот), тие умреа. Нивното умирање беше тоа што тие ја изгубија благодата Божја, го изгубија највредното, го изгубија Бога. Но, додека живееа во Рајот тие беа бесстрасни, чисти, а најважно постојано се молеа на Бога. Во тој момент им беше одземена таа благодат и Божјото присуство, постојано да се молат и сеќаваат на Бога. Затоа по изгонувањето од Рајот и покрај тоа што Господ на еден начин ги казни со најстрашната казна (изгонувањето), тие се должни со својот понатамошен живот да ја стекнат Божјата љубов, за Тој да им прости за нивниот грев и повторно да го добијат Бог во себе. Од тој момент секој роден човек на земјата го носи на себе прародителскиот грев на Адам и Ева. Никој човек не е безгрешен. Значи човекот пред да излезе од Рајот бил свет. Таа состојба била својствена само за човекот како творба од самиот Бог според Својот Образ и Подобие.

    Оваа состојба треба да ја стекне секој човек во својот живот. Не е целта само човекот да се роди, живее и умре, туку да стекне вечен живот, да ја стекне вечноста. Така оние луѓе кое се ова го разбрале тие потполно се посветиле на Бога, целиот свој живот.Тоа е она најважното што го стекнале самите светители. Тие ја добиле таа благодат, а тоа е Божјото присуство во себе. Тоа го кажува самиот Господ Исус Христос, дека треба да бидеме совршени како што е совршен самиот Господ. На друго место уште Господ Исус Христос вели дека во душата на праведниот човек ќе направи Свој дом во кој Ќе живее. Тоа е суштината на светоста.
    Тие луѓе во себе го стекнале Бога и ние православните го почитуваме тоа. Ние се поклонуваме на самиот Господ во тој човек кој ја достигнал и вкусил вечноста уште додека живеел на земјата. Не се поклонуваме на иконата како на дело или предмет туку се поклонуваме на ликот кој е на неа.

    Конкретно прашање до тебе. Кога гледаш нечија слика, што фактички гледаш, сликата како предмет и од каква хартија е или го гледаш она што е насликано на неа, човекот, животното, предметот? Зарем и ти дома немаш ни една слика, без разлика од што и да е, а притоа да не ја сакаш?

    Бидејќи гледам дека си заинтересирана доста и за православието, го проучуваш и не обвинуваш зошто веруваме, те молам одговори ми за чудотворството на иконите? Како тие самите можат да се оросуваат со миро (масло со прекрасен мирис), од каде тоа доаѓа, како можат иконите да плачат со вистински капки на солзи и крв (кои според научниците кои ги испитувале тие содржат своја ДНК ), како можат да се прават безброј чуда, како може иконата да лебди во воздух (не одам подалеку Чудотворната икона на Св. Јован Крстител во Бигорски Манастир), да се движи по површината на водата, да гори и да не изгорува.... Се ова се случува и со моштите на светителите, како тие мироточат, како не се распаѓаат, како може на еден човек по 100 години во земја да не му е иструлена ни облеката, да не зборуваме ни за кожата, косата, очите и вените, како може дури и цветовите кои ги ставаат во ковчегот при погребот по многу години и кога се вади телото од земјата тие сеуште да бидат свежи и како тогаш набрани ( чудо со Св. Нектариј Егински)...

    Она што сакам да ти го потенцирам е дека нашата вера е жива вера. Се она што се кажува и се докажува. Знаеме и за задгробниот живот, тргнувајќи од Апокалипсата, па се до воскресението на безброј луѓе кои се упокоиле и повторно се вратиле во живот за да посведочат дека постои задгробниот и вечен живот.

    Друга работа е тоа што ние православните христијани не сме робови на Господ туку ние сме синови и ќерки. Многу едноставно за разбирање. Ако имаш свои деца ќе ги сакаш повеќе нив или робовите?
    Нашиот Господ од љубов спрема своите деца се симнал од Небесата и се жртвувал за сите нас се со цел да ни докаже дека бескрајно не Сака, дека сите Сака да ги спаси, на сите Сака да им докаже дека се она што Самиот го кажува секој човек може и да го практикува во својот живот (пример 40 дневниот пост во пустината (без храна), Св. Пајсиј (еден светител од првите векови) кој живеел во пустината се хранел само со една лажичка Света Причест на 40 денови, а додека во другиот период ништо не вкусувал ни храна, ни овошје ни вода), служењето на Ангелите (безброј се случаите кога Ангелите му служат на еден човек, пример со еден монах кој исто бил светител бидејќи не сакал да оди во посета преку денот и да не го сретнуваат луѓето тргнал во ноќта. Само што излегол од ќелијата Ангели со факели во рацете излегле и му го покажувале и осветлувале патот, а со тоа се исполнува самото Свето Писмо каде што се вели дека не може да се скрие град на врв планина)....

    Само едно ќе ти кажам. Мислам дека нема потреба да напаѓаш толку остро и да навредуваш нечија вера, која била права а која не. Секој си знае во што верува. Ти самата си знаеш, слободно верувај си во тоа, но не наметнувај го своето мислење. Ако веќе сакаш нешто да постигнеш, слободно отвори си нова тема за тоа и точка. Таму барем ќе можеш да си пишуваш и прповедаш, па кој што сака да научи ќе си прочита.

    Нема потреба да се затвори и оваа тема.

    Не ме сфаќај погрешно, единствено нема потреба од понатамошни судири. Со тоа ништо не се постигнува освен немир, кавга, гнев...

    Поздрав !

    Се почувствував должна се ова да го напишам, иако не знам која ти беше целта на претходниот пост и до кого беше посочен. Мислам дека беше упатен на Православието и затоа напишав.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ako isus e gospod kako so vikas ???? ke ti postavam samo nekolku prasanje: Dali bog ima potreba od jadenje pienje,vrsenje nuzda,intimen odnos, od molitvi? dali ako e isus gospod dali isus znael koga ke dojde kraj na svetot ? apostolite go prasale kazi ni isus dali znaes koga ke dojde kraj na svetot isus im rekol: nitu jas nitu angelite na nebesata ne go znaat toa osven gospodarot na svetovite. pa sega tuka iskaca deka isus ne e bog a isus ne znael znaci samo bog znae neli? a ako isus e bog isus bi znael koga ke dojde kraj na svetot ako isus e bog togas trebal isus da gi stvori adam i eva? neli? a bog gi sozdal adam i eva pred milijon godini, a isus e roden i vozdignat na nebesa posle 60 godini od doaganjeto na poslanikot muhammed kaj sto se spominja vo biblijata kako ahmet kade e toj citat vo biblijata zasto fati toj citat? kade sto isus veli: posle mene ke dojde mesija koj bog ke mu gi stavi negovite zborovi vo negovata usta kako mene bog sto mi gi stavi .dali tuka isus se persira kako boga??? ne ! dali ako isus e gospod dali bog laze? ako isus e gospod, togas isus na komu se molel koga pagal nickum? ako isus e gospod, dali marija e gospodarka na boga? eve sto veli kuranot kaj nas : Kazi! Bog e eden toj ne rodil nitu e roden toj i nikoj ne mu e raven i nikoj ne e kako nego. Dali ako isus e gospod dali bog spije? kuranot kaj nas veli bog e eden iznat sedum nebesa nego ne go faka ni zamor ni dremka. ako moze na ovie prasanja da mi odgovoris precizno blagodaram jas imam uste po jaki argumento od tvojte da ti dokazam so biblijski citati deka isus ne e bog deka isus e bozji pratenik

    Навистина Исус има значајно место во човековата историја.Поготово кај двете најголеми вери во светот:Исламот и Христијанството.

    Mуслиманите веруваат дека Исус е божји пратеник,а Христијаните Божји син а воедно и Господ.Во Исламот строго е наредено да се сака Исус и да му се признава најголемиот статус кој еден човек може да го добие кај Бога,а тоа е Божји пратеник.За разлика од Исламот во Христијанството пак не е верник оној кој не го признава Исус за Божји син.

    Сепак во едно верниците на овие две вери сигурно ќе се сложат.Примерите од животот на Исус се корисни за сите луѓе во светот.Неговите дела и зборови кои изобилуваат со мудрост и добрина оставиле трага кај секој кој барал духовно да се прочисти.Мухаммед а.с. рекол дека Исус е еден од најодбраните Аллаховите пратеници а со тоа и негов брат,и дека тој(Мухаммед) е поблиску до Месијата од било кој друг.Аллах Возвишениот,во Куранот вели дека пораката на Мухаммед е само продолжение на пораката на Исус и другите пратеници,а со тоа и продолжение на традицијата на пратениците.

    За да видеме кој повеќе ја следи традицијата на Божјите пратеници,решив да направам мала компарација помеѓу Муслиманите и Христијаните во оние дела на Исус за кои постојат непобитни факти дека ги правел.

    1:Исус никогаш не јадел свинско.Сите знаеме дека Муслиманите не јадат свинско.Дали Христијаните?

    2:Исус носел брада од верски причини.Голем дел од Муслиманите носат брада од верски причини.Дали Христијаните?

    3:Исус скоро никогаш не влегувал во Храмот без Јармулк(Верско капче).Муслиманите носат исти такви капчиња кога одат во џамија.Дали Христијаните?

    4:Исусовите ученици одржувале редовни дневни молитви(Библија 3:1).Муслиманите редовно ги одржуваат 5-те дневни молитви.Дали Христијаните?

    5:Исус постел нешто повеќе од еден месец(Матеј 4:2).Муслиманите постат во месец Рамазан.Дали Христијаните постат некој месец?

    6:Исус ги поздравувал луѓето зборовите“Мирот нека е на вас(Јован 20:23).Муслиманите се поздравуваат со зборивте “Есселаму Алејкум“ или во превод“Мирот нека е на вас“ што е исто како Исусовите зборови.Дали Христијаните се поздравуваат така?

    7:На Христијаните им е наредено да не зборуваат за ништо во иднина без претходно да речат“Ако Бог сака“(Библија 4:12).Муслиманите секогаш изговараа“Иншаллах“ што значи“Ако Аллах сака“.Го прават ли тоа редовно Христијаните?

    8:На Христијанките им е наредено да ги покриваат главите(Коринтјаните 11).Муслиманките ги покриваат со шамии главите.Дали Христијанките?
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Бог не е „три во едно“


    Според доктрината на тројството, Исус е една од трите личности на тројството (таткото, синот и светиот дух). Како што стои во првото послание на Јован Богослов, 5 поглавје, стих 7:

    „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно.“
    (1 Јован Богослов, 5: 7)

    Во Библијата ова е единствениот цврст доказ за доктрината на тројството, но сега оваа верзија е избришана од Библијата на модерното време.
    Оваа доктрина никогаш не била проповедана од Исус ниту од неговите ученици од раната христијанска наука. Напротив, била воспоставена во доцните контроверзни и опозициони христијани во 325 годината, на советот во Никеа, околу тристотини години после заминувањето на Исус .
    Со отстранување на оваа доктрина од Библијата, христијанските ученици ќе се доведат себеси до поблиското и оргиналното учење на Исус, нека е Божјиот мир над него, а исто така ќе биде и во согласност со Куранот.
    Благородниот Куран ги опоменува следбениците на доктрината за тројството, со следниве зборови:

    „Навистина не веруваат оние кои што велат: ‚Бог е еден од тројцата.‘ Бог е само еден. А ако не престанат со она што го зборуваат, болна казна, навистина, ќе го стигне секој од нив кој што неверник ќе остане.“
    (Куран, 5: 73)

    Не е „родениот“ син Божји!

    Во евангелието според Јован, 3 поглавје, стих 16, стои:
    „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син.“
    (Јован, 3: 16)

    Безбожниот збор „роден“ е отстранет од Ревизираната Стандардна Верзија (РСВ) и во многу други верзии од Библијата.
    За РСВ од страна на црквениот англиски весник се вели дека е најдобрата верзија која што била направена во овој век, и се враќа дури до древните оригинали, околу двесте или триста години после Исус, и според „Тајмс“ е „најисправната и најдобро преведена до оригиналот“.
    Уште една работа треба да се спомне во врска со 3-то поглавје од „евангелието според Јован“, дека во една од фуснотите се коментира тоа дека од страна на некои интерпретатори наведеното поглавје завршува со 15 стих, а стиховите од 16 до 21 не се наведени.
    Значи дека најпознатиот стих од евангелието, „Јо¬ван 3: 16“ стои сомнителен и неисправен, со тоа самото го потврдува Куранското гледиште за статусот на Исус.
    Во Куранот строго е забрането нарекувањето на Исус или било кој друг, како „Божји син“, како што е и наведено:

    „И велат: ‚Милостивиот има дете!‘ Вие навистина, нешто одвратно говорите. Само што небесата не се распукале, а Земјата не се распарчи и планините не се урнаа, затоа што на Милостивиот дете Му припишуваат. А незамисливо е на Милостивиот да Му е потребно дете.“ (Куран, 19 : 88, 92) и

    „Кажи: ‚Он е Алах, Еден е! Алах е Зашти¬тник секому. Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“
    (Куран, 112: 1 - 4)
    Не е „единствениот“ син Божји

    Во Библијата, можеме да најдеме дека дури и за обичниот маж или жена се спомнува Бог како нивен „Татко“ (Матеј, 6: 6; 7: 11), и станува обичај во Библијата за секој Божји пратеник или праведен човек да се вели дека е Божји син, додека пак во евангелијата, Исус се нарекува „синот човечки“ многу повеќе пати отколку „син Божји“ (Матеј, 13: 37; Лука, 12: 10).
    Ќе дадеме неколку примери од Библијата:

    Адам, синот Божји:
    „Син Јосифов, Илиев, Мататов, … Еносов, Ситов, Адамов, Божји.“
    (Лука, 3: 23 - 38)

    Давид, синот Божји:
    „Ќе го кажам определението – Господ Ми рече: ‚Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.‘“
    (Псалми, 2: 7)

    Соломон, синот Божји:
    „Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе ми биде син, а Јас нему – татко, и така ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израилот довека.“
    (1 Летописи, 22: 10)

    Израил, синот Божји:
    „Вака вели Господ Бог еврејски: ‚Израил е мојот првороден син.‘“
    (Исход, 4: 22)

    Праведните луѓе, синови Божји:

    „Јас реков: ‚вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот.‘“
    (Псалми, 81: 6)
    Не е „син Божји“

    Терминот „син Божји“ е вообичаен за Библискиот јазик, како што видовме. Павле ја започнал својата проповед, обѕирајќи се кон тоа дека Исус ја употребувал истата терминологија но подоцна давајќи му ново значење, тој го започнал своето „богохулско“ учење за „изменетото христијанство“:

    „И веднаш почна да проповеда во синагогите за Исуса, дека е Он Син Божји.“
    (Дела на апостолите од апостол Лука, 9: 20)

    Во Куранот Исус се спомнува како пратеник. Но во Куранот никаде не се спомнува зборот „татко“ за Бог, ниту пак некаде во Куранот, Алах нарекува некого од пратениците или обичните луѓе „Божји син“. Овие зборови имаат направено толкава штета и збунетост, и толку погрешно се употребени во христијанското верување, така што Куранот намерно ја негира и ја обесхрабрува употребата на оваа номенклатура:

    „Евреите велат: ‚Узеир е син Божји‘, а христијаните велат: ‚Месихот Иса е син Божји‘. Ете, тоа се зборовите нивни од устите нивни, ги имитираат неврениците од минатите народи. Алаховото проклетство нека е над нив! Каде се одметнуваат од вистината?“
    (Куран, 9: 30)

    „Алах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Негово е сè што е на небесата и на Земјата! А Алах, секако, е доволен како Заштитник!“(Куран, 4: 171)
    На Бог не Му треба посредник; Тој е секогаш блиску

    Павле постепено ги менувал зборовите на Исус, земајќи го него како посредник и помирител помеѓу Бога и човекот, како „син Божји“ потоа еднаков на Бога, и конечно прогласувајќи го за „бог“ и сето тоа тој самиот:

    „Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус.“
    (Првото послание на Павле до Тимотеја, 2: 5)

    „И преку Него да измири сè со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.“
    (Послание на Павле до Колосјаните, 1: 20)

    „Оти, ако како непријатели, се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син.“
    (Послание на Павле до Римјаните, 5: 10)

    Најмилостивиот Алах, Доброчинителот, никогаш не им е непријател на луѓето. Тој е секогаш во мир со нив, откога ги создал. Никаков вид на посредник или помирител не е потребен помеѓу Бога и човекот, освен, искрена посветеност и љубов кон Него, како и послушност кон Неговите наредби. Ова се единствените работи кои што се бараат од човекот, за да се доближи поблиску до Бога.

    Во Библијата:

    „Вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да сте Го помолиле.“
    (Матеј, 6: 8)

    „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој кој сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.“
    (Матеј, 7: 7 - 8)

    „Книжникот Му рече: ‚Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него; и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.‘“
    (Марко, 12: 32-33)



    Во Куранот:

    „Он навистина сè слуша и секогаш е блиску!“(Куран, 34: 50)

    „Ние Сме му поблиски и од вратната жила.“(Куран, 50: 16)

    „И кога ќе те прашаат робовите Мои за Мене, па, Јас Сум навистина блиску. И се оѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Па, нека му удоволат на повикот Мој и во Мене нека веруваат, како би биле на правиот пат.“(Куран, 2: 186)
    Раѓањето на Исус:
    ,,Ништо не е невозможно за Бога''

    Во ,,евангелието според Лука'' кој што има приказна која се однесува на две жени,двете од нив родиле на чудесен начин скоро во исто време.Има невообичаена сличност во овие два случаи,кои се вредни за забележување и се доказ дека Исус,синот на Марија,е чудесна креација на Бог,како и Јован синот на Елисавета.

    Во Библијата:
    Joван,синот на Елисавета:
    ,,Tие немаа деца,оти Елисавета беше неплодна;а обајцата беа старци.'' (Лука,1:7)

    ,,Жена ти Елисавета ќе роди син,и ќе му ставиш име Јован.'' (Лука,1:13)

    ,,Зашто тој ќе биде голем пред Господа.'' (Лука,1:15)

    ,,А ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си.'' (Лука,1:15)

    ,,По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар,а жена ми е веќе доста возрасна.'' (Лука,1:18)

    Научно гледано,не постојат никакви шанси јајце клетката да биде таму,затоа што Елисавета имала неплоден и закржлавен јајник.

    Исус,синот на Марија:

    ,,Свршена за маж по име Јосиф,од домот Давидов;а името и беше Марија.'' (Лука,1:27)

    ,,И ете,ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син,и ќе Го наречеш со името Исус.'' (Лука,1:31)

    ,,Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот.'' (Лука,1:32)

    ,,Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени.'' (Лука,1:35)

    ,,А Марија му рече на ангелот:,Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?''' (Лука,1:34)

    Во овој случај не може спермата да биде таму затоа што Марија немала маж.
    Раѓањето на Исус:
    ,,Aллах создава што сака''

    Во светиот Куран,Алах дава ексклузивен пример за чудесната креација на првиот човек,првиот пратеник,Адам.Како сите останати чуда и знаци исто така и Исус,синот на Марија,е знак од Алах,кој што го создаде со изговарањето на зборот ,,Биди'',на ист начин како што го создаде првиот човек,Адам.

    Во Куранот:
    Создавањето на Адам:

    ,,Да,кај Алах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем:Он од земја го создаде,а потоа рече:,Биди!'-и тој,токму,би.'' (Куран,3:59)

    ,,И кога ќе му дадам лик и кога во него ќе вдахнам од духот,созданието Наше,тогаш паднете му на сеџда!''' (Куран,15:29)

    Создавањето на Исус:
    ,,Таа рече:,Господару мој,како ќе имам дете кога ниеден маж,навистина,не ме допрел?' Он рече:,Ете,така Алах создава што сака:kога нешто ќе реши,само ќе рече:,Биди!'- и тоа,токму,бива.''' (Kуран,3:47)

    ,,И онаа која си ја сочува девственоста своја,во неа вдахнавме од духот,созданието Наше,и одредивме да бидат,таа и синот нејзин,знамение за световите." (Kуран,21:91)

    ,,О следбеници на Книгата,не претерувајте во верата ваша,и за Алах само вистината зборувајте ја! Месих Иса,синот Мерјемин,е Алахов пратеник,Зборот Негов,
    Мисијата на Исус-само пратеник Божји

    Во Библијата:
    Го славеа Бога и велеа:,Голем пророк се јави меѓу нас''' (Лука,7:16)

    ,,И се соблазнија заради Него.А Исус им рече:,Пророкот никаде не останува без почест,освен во својата земја,меѓу роднините и во својот дом.'И не можеше тука да изврши никакво чудо;...И се чудеше на нивното неверие.'' (Марко,6:3-6)

    ,,Но јас треба да врвам денес,утре и задутре,бидејќи не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.Ерусалиме,Ерусалиме,ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе.''
    (Лука,13:33-34)

    ,,Ете Го слугата Мој,Кого Го избрав,Мојот возљубен,што е по вољата на Мојата душа.Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд.'' (Матеј,12:18)

    Во Куранот:
    ,,Тој беше само роб кого Ние го благословивме и го одредивме да биде пример за синовите Израилови.'' (Куран,43:59)

    ,,На Месихот никогаш нема да му биде мака да биде роб Аллахов,а ниту на мелеките блиски.''
    (Куран,4:172)

    ,,И Зекерија,и Јахја,и Иса,и Илјас-сите тие беа меѓу добрите.Тоа се оние на кои што Ние им дадовме и Книга,и мудрост и пратеништво.'' (Куран,6:85,89)
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Ох, што се изнаслучувало тука .. се преминува од една тема во друга. Овде треба да се дискутира и да ги искажуваме нашите ставови во врска со сектите. Познато е дека во светот постојат религии, групи и разни огранизации кои имаат одреден број на поддржувачи и верници. Не може еден човек да биде верник во повеќе религии и не треба да ја омаловажува другата религија, нејзините верници, а најмалку Богот на таа одредена религија. Исто како што не треба да ја наметнува својата религија на останатите. Со целата моја почит кон исламската религија и верност во христијанската, ја замолувам Аиша, припадничката на муслиманската религија, да не го потценува христијанството и да не ја наметнува нејзината религија и куранот на останатите, бидејќи единствето како таков гледам на особено нејзиниот последен пост, иако и останатите ја содржеа истата тематика.
     
    На Elmedina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ако сакаш одговори еве повели:

    1. Никаде во Светото Писмо не се споменува фактот дека Господ Исус Христос јадел или не јадел свинско месо. Не знам од каде ти е овој твој доказ.

    2. И самата кажа „голем дел од Муслиманите„ така и кај нас голем дел од Христијаните носат брада. Те замолувам посебно да погледнеш на помладите момчиња кои идат во црква дали носат брада или не?

    3. Во црквата единствено архимандтитот (игумен на манастир), епископот (владиката), архиепископот, патријархот носат капа. Тоа кај нас се вика Митра која се носи во текот на службата, а додека за надвор носат посебни капи. Додека свештениците носат камилавка.

    4. Молитвата е широк поим.
    Бидејќи си започнала со квантитет на молитвата, ајде да го објасниме и тоа кај нас.
    Во некои твои постови забележав дека си информирана дека ние одиме во храмот само во недела и празници (колку што си научила додека си била христијанка), одговорот е дека (да започнам од монасите), нивната служба започнува од 2 или 3 часот по полноќ и трае околу 5-8 часа во зависнот од службата во одредениот ден (колку светители се слават, па затоа зависи и времетраењето на службата), потоа во текот на денот има секојдневни молитви како акатисти, покајни канони, молитви за други работи, потоа започнува вечерната која трае 3-4 часа со повечерие, полуноќница и други молитви (засебни). Бидејќи тие се одделени од светот се должни повеќе да се молат за народот и затоа нивните молитви и служби се подолги.
    Додека во храмовите каде служат свештениците, наутро се служи Утрената која трае околу 1-2, ако има Литургија се служи 3-4 часа па може и повеќе, потоа Вечерната која трае 1-2 часа.
    секој христијанин е должен во својот живот ако не оди на Утрена на сабајле да го извршува своето молитвено утринско правило (кое според времето односно молитвите би значело околу 30 мин. до еден час), во текот на денот секојдневни молитви, и навечер, вечерното правило пред спиење.
    Сега да ти кажам секојдневните молитви, а воедно и да те запрашам нешто.
    Дали вие се молите пред да започнете да јадите, откако ќе се најадите, пред почеток на секоја работа, по завршувањето на секоја работа, кога патувате, дали се молите за другите за различни птреби како болест или друга телесна немоќ, за здравје, за плодна година, за погодни временски услови .............
    Се на се кај нас ако погледнеш поубаво ќе видиш дека ние се молиме постојано . Не ни е потребен постојано временски период, освен за време на недела и празници кога треба да се служи Литургија која треба да заврши до 12 часот.

    5. Христијаните постат половина година, Секоја среда и петок и плус четирите големи пости. Божиќниот пост кој трае 5 недели (месец и една недела), велигденскиот ( кој трае месец и три недели, неполни 2 месеци, строг пост), петровденскиот пост кој варира од 2- 5 недели, потоа богородичниот пост кој трае 2 недели (строг пост).

    6. Ние се поздравуваме со „ Христос посреде нас„ и одговараме „ Е и ќе биде„ , затоа што Господ рече дека „каде се собрани двајца или тројца во Мое име таму сум и Јас помеѓу нив„ . Исто така постојат и други поздрави.

    7. Првото Име кое е во устите на Христијание е Господовото име. Секогаш кога зборуваме нешто за во иднина викаме „ Ако Бог благослови„ , само додека си била христијанка сигурно не си ја посетувала почесто црквата, па затоа и не знаеш.

    8. И христијанките ги покриваат главите. Посебно во храмовите за врема на службата, потоа монахињите во текот на целиот живот, а сигурно немаш забележано дека има и христијанки кои постојано носат шамија ( не одам подалеку, започнувам од самата себе).


    Еден заклучок.
    Како што кај вас има одреден процент на муслимани кои не почитуваат некои работи така постојат и кај нас. Ти го напомена фактот дека вие посебно (мажите) носат брада, јас ќе ти кажам дека сум видела безброј на случаеви каде сум видела жена облечена како и твојот аватар, а додека мажот и до неа стегнат во пантолони, тесна маичка, без брада.
    Сум видела безброј на случаи каде некои муслиманки не носат сукна па ни шамија, едноставно го следат трендот и модата.
    Исто познавам доста личноси кои се муслимани, па не го почитуваат тоа да не јадат свинко месо (сум седела на трпеза дома и готвев за нив).

    Се на се тоа го имало од самиот почеток, па ќе го има и во векови.
     
    На MarchelineAmaru, La.Reina.Del.Sur и unique123 им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Девојко, земи пишувај си на кирилица, кажи си смирено став, така се дебатира, па нема да има потреба да ти се бришат мислењата.
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Зошто Господ рече: „ ... Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие... „ , уште на почетокот во Светото Писмо, во создавањето на светот?

    Зошто водата има три агрегатни состојби и како е возможно тоа?

    Зошто секој предмет има физички изглед, свој состав, своја намена?

    Зошто Сонцето има свој облик, дава светлина и дава топлина?

    Зошто човекот има физичко тело, душа и дух?
    Како може човекот да биде човек и телото да ги извршува секојдневните свои потреби, да биде жив (благодарение на душата), ако не е човековата совест, слободна волја, интелегенција, ум ...(со едно име дух)?
    Зошто ниеден лекар кој правел операција на човек не ја видел болката, среќата, тагата?
    - Тоа е затоа што тие состојби и припаѓаат на душата.
    Зошто исто ниеден лекар при операција на мозокот не ја видел совеста, интелегенцијата, што размислувал човекот додека бил жив?
    -Затоа што тоа му припаѓа на духот.
    Зарем тоа не е тројство?

    И зошто на прашањето на своите ученици (апостоли), Господ да им го покаже Отецот, Светиот Дух, Господ Исус Христос им одговара дека „кој ме видел Мене го видел и Отецот и Светиот Дух„ . А тоа е затоа што Отецот, Синот и Светиот Дух се едно.


    Со еден збор кажано, Господ е три во едно како и секој од нас. Те молам малку подлабоко размисли и ќе видиш дека е вистина.

    И ете ти го одговорот.
    Како може телото да зборува само од себе ако не e присутна во него душата и духот?
     
    На La.Reina.Del.Sur, Dark-Lady, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  8. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    што и е на на типкава уствари? сака да докаже дека Бог не постои дека сите сме муслимани? :lol:
     
    На Liebe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    пред 1 недела негде ме застана една жена и ми дава флаерче и ми збори жената ми збори, а јас ич не ја перципирам...и само го вртам и одпозади читам за повеќе информации обратете се до Јеховини сведоци.. ах и мене ми светна дека читав овде на форумот за нив и и реков извинете брзам пред нејзе го фрлив тоа флаерот и да ме нема.. ама ми е криво што не и реков тоа што ми лежи на душа дека не може мене такви приказни да ми продава.. ама ајде помина.. нареден пат само да сретнам некој така уф се што ми лежи на срце ќе му речам..
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    пред можеби 10-тина години бев на гости кај бабами и една жена се појави на вратата на нејзиниот стан...почнува да зборува да кажува а бабами мртва ладна ја слуша повеќе од половина час. жената немаше што повеќе да каже а бабами: Благодарам јас сум атеист. и и ја затвори вратата пред нос :).....не дека бабами е атеист ама тоа така го рече :).....
     
  11. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    хеххе само да се извади, немала како да ја откаци паметна баба имас ;)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Аиша ме интересира,а како тоа му доликува на Господ да изгледа и да се однесува?!Што му доликува на Господ воопшто?!
    И друго,се ова што го зборуваш е толку контадикторно едно на друго,што кога така би верувале луѓето би се косело со се она што е пишано во Библијата и самата поента на постоење на религиите.
     
    На tessie и tanja6 им се допаѓа ова.
  13. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    па вака ке наведам примери со мене и тебе и бога, ти имас раце и јас имам раце нели? и бог има раце. јас и ти имаме лице оци слу, вид, нели? и бог ги има ове работи. сега сто е поентата и разликата во ова? јас и ти сто ги имаме рацете не се ни нај малце слицни или исти како бога сто ги има, бог има раце сто на нацин на велиценсвеноста,и мокта на која него му доликува без калификација, описуванје. јас и ти имаме лице оци слух говор, бог ги поседува овие својства,ама ни малце не лицат на насите или да се слицни на насите особини својства,тој ги поседува ове работи на нацин на кој него му доликува на неговата велицина а како тој изгледа ние не знаеме,само тој еден бог знае нај добро,дури ни благородните ангели не знаат,а не па ние сто ангелиту му е нај блиску на бога како ангелот габриел сто е. на бог не му доликува да има дете а ние имаме деца рагаме нели? е сега на бог не му доликува дете засто? засто бог не го поседува тоа својство да рага како ние сто рагаме бог ни дарил на ние да рагаме да се мнозиме и така натака, на бог не му доликува да му каземе бог има керка или син. господ да не соцува од вакви везвеза, ти и јас бог не моземе да го описеме никогас никогас во зивотот а засто? засто никој не го видел. пробај седни дома и пробај да го замислис дали ке мозес?? знаес сто ке ти се деси???? ке се блокирас целата и ке се изгубис со паметот. ке ти се укоци цела меморија, засто сето ова се слуцува??? засто бог е голем има голема мок има власт над нец универзиум над сите светови нас сите небеси, бог бели кај нас во куранот, зарем му доликува на бог да земе дете покрај него ? зарем толку го познавате бога па да го казувате тоа? зарем бог мозе да рага деца? зарем бог мозе да јаде и пије и има интимни односи,? зарем бог мозе да поседува својства сто поседува едно цовецко битије? не не бог е над сите ове работи, тој е вецен кој не родил ниту е роден, ниту го фака дремека, и никој не е како него,и никој не му е равен. ова е говор на бога од куранската книга. ако повеке те интресира несто ке ти казам,ах ние муслиманите,ни во никој слуцај ни на сала не смеме да го описуваме бога или да го цртаме или не знам сто,секако бог се описал во куранот ете некој работи негови ти ги описам секако тој поседува голема светлина, знаес бог вели во куранот кога еден цовек би ме видел сигурно не би останал зив. па сега замисли дали мозес да го видис или дали мозес да го описес после ове сите работи мислам твое е да верувас или не ме праса јас ти одговорив тоа сто знам знам и повеке работи за бога. ова не е ни 1% сто ти го казав, поздрав и све нај убаво на сите

    [mod-tekst:37hpg81w][/mod-tekst:37hpg81w]
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    па искрено имам :)
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми некој филм со секти? :)
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Немаш никаква корист да ги гледаш. Живи глупости.
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ма ајде више тоа Јеховини сведоци........
     
  18. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Црна Ружа не е секта. :!: Тоа е култ. Има разлика помеѓу секта и култ. Секта е група на луѓе кои различно размислуваат за некои работи и се одвојуваат по тоа од религијата. Сектите не се страшни. А култ се луѓе кои сосема различно учат одколку религијата, изведуваат ритуали. На пример Црна Ружа ги наведува луѓето да се самоубиваат зарем не? А коај религија го вели тоа? Колку што знам сите религии го сметаат самоубиството за лошо дело кое ќе биде казнето- што значи дека култот не е одвоен од религијата тој не е ни сличен со религијата.

    Инаку не сум дел од некоја секта,а нема ни да бидам. Не сум запознаена со учењето на сектите,а се интересирам за тие Јеховини сведоци(не дека ќе ја сменам религијава онака чисто информативно ;) ) ,но малку ми се морничави. Сепак сектите не треба веднаш да се сметаат за нешто лошо бидејќи можат да имаат правилно учење. На пример Протестанската црква која се одделила од црквата верна на Папата на чело со Мартин Лутер. Тие се одвоили и кревале востанија за сите луѓе да имаат еднакви права и црквата да не се збогатува на сметка на сиромашните и воопшто на луѓето. Тоа не е ништо лошо. Иако мислам дека Христијанкската православна религија има сосема правилни учења па не мислам дека има потреба за одвојување. :)
     
    На Црна Ружа и Meggy им се допаѓа ова.
  19. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    На мојот комшија дедо му го уби секта... а имам и другар на кој мајка му е во Јеховини сведоци и тој ми има кажувано, и како што тој ми раскажа тоа е скрос спротивно на секта. Тие не смеат да пушат, пијат алкохол, дрогират, тетовират и машките не смеат да носат обетки.
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    не ми јасно од каде би се збогатила кога не се плаќа за кршетвка, погреб и други обреди освен ако сакаш литургија да посветиш на мртов човек, пари на фреска ако оставиш и тоа доколку сакаш,баш во Православната се се плаќа.

    друго Протестантите се одвоиле од Католичката религија само поради Папата, имено тие сметаат дека не смее да има врховен поглавар на Католиците, исто така биле против обичаите кои се наметнувале на луѓето.

    Инаку за твоја иноформација учењата на православните и католиците се индентични, една Библија идентични учења.