Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секти

Дискусија во 'Религија' започната од Wild.Child, 7 март 2010.

  1. PinaCapano

    PinaCapano Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    здраво......интересна тема...ве читав и гледам секој си се држи до своите гледишта и свакања.ја не се нешто сега многу разбирам во такви ствари секти и слично, но како христијанка посебно ми остави впечаток Аиша и нејзините цврсти ставови кон господ.имам пријател муслиман и еднаш од неразмислување му го честитав божик. :P ..тој најкултурно ми се заблагодари.а мене дури после два месеца ми светна.кикснав...имаат ли муслиманите строги правила околу бракот,и знам дека е толерантна религија но еве на пример ја се одлу.да ја сменам мојата т.е. да ја прифатам мусл.религија, но што е со моите деца пример...мозе не е темава за тука али бидна више....поззз
     
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    А што те инетесира тебе поточно за муслиманската религија?За бракот или општо онака се...?
    Има многу литература,книги па и на нет можеш да најдеш се што те инересира.
    како мислиш што би било со твоите деца,се извинувам но неможам да те сватам добро што точно те интересира?
     
  3. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Сака да каже што ќе биде со нејзините деца,ако веќе ги има и како би ја прифатиле со муслиманска вероисповет. Моите, фала на господ ме прифатија одлично немав проблеми, дури и моите ден денес се интресираат за исламот, а жената во исламот има висок степен. Што тој степен го нема никаде освен во исламот. И брачните права,еве јас ќе отворам една тема за правата на жената и нејзината позиција во исламот па кој сака нека си чита. Позз
     
  4. Dalaleyla

    Dalaleyla Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пред неполна недела, во Богданци, Гевгелиско се случило самоубиство второ по ред оваа година во овој крај. Двајцата биле другари, се обесиле на истиот начин, овој вториот се обесил на 100тиот ден после другар му, и за разлика од првиот, наводно оставил писмо во кое кажува дека бил во секта и дека му се заканиле со фамилијата. Јас кога чув многу се наежив. Страшна работа ова сектите.
     
  5. PinaCapano

    PinaCapano Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    сакам да кажам незнам да речам...хахаха... знам дека има многу литература на нет,но сакав да слушнам од тука некој.ипак од христијанин до христија.има разлика,така и од муслиман до муслиман има доста разлика.се тоа си зависи од карактерот на личноста и како таа е воспитана.тоа го видов и на форумот како една мусл.кажува како, што се однесуваат а друга како не требало и слично.значи се зависи од човекот и како е тој уфилман.на крај краеви мислам дека религијата е Чиста политика да се мразиме едни со други,да се делиме,да се разликуваме..е сега кој како ке си го свати..и прифати,,,а тоа е она што господ го сака најмалце..нели?! доволно е да бидеме Човечни, искрени, добронамерни а се др ке си дојде.
    ОНЛИ МАЈ ОПИНИОН:::: сакам да ја прашам АИША како мислиш ја промени религијата,,христијанка беше од порано...и што е сега разликата? што те натера да ја смениШ ? која е целта?
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Колку што слушнав, од роднините во Богданци детето не оставило никаква порака/писмо дека било во секта, тука само напишал во порака Сега ќе видите. навистина жално за децата и верувам дека биле во секта
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    23.993
    Пол:
    Женски
    ^^
    Се зборува дека напишал порака на една негова прва братучетка која воедно му била и школска другарка, а во пораката стоело: -јас одам да се убијам-
    Страшно.
    А друго што се зборува е дека оставил писмо во кое стоело парите кое ќе ги собереле од неговиот погреб, да ги дале на негов друг помал братучед.
    Најлошо е дека и други помали девојчиња биле замешани во сектата, па сега сите од Богданци живеат во страв и исчекување на, не дај Боже, уште вакви случки.
    :|
     
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    ^Стварно тоа? :o
    Треба малце да ти фали нешто за да веруваш во такви секташи.
    Имаше и еден пример, некое дете од едно Струмичко село се беше обесило (тоа беше лани). А, тоа било предизвикано од секта „црна ружа“ мислам дека беше. Да, да. И на фејсбук нешто му зборувале, да се обеси, ово - оно. И толку, заврши животот на детето. До душа, не беше една, милион гласини се раширија, која од која поразлична, ама изгледа овие сектите се го натерале. Не знам, како може сам да си го одземе животот. Ма, тоа е најгрозното нешто. :x Па, изгледа му се заканувале нешто оти ќе ги утепат татко му, мајка му. Што ти знам. Само они си знаат, а можно е и никој да не знае, можно е тајната да умрела заедно со детето. :|
    Не знам како може луѓето да бидат толку злобни. Толку многу злобни. :x
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    23.993
    Пол:
    Женски
    Не беше едно дете, двајца беа, точно.
    Второто на 100 ден од смртта на другиот се обеси, и двајцата на идентичен начин.
    А друг интересен податок е тоа што и на двајцата името им почнува на иста буква, коинциденција или сепак не. :?:
    Беше поврзано со еден муабет демек низ Македонија и други деца на кои името им почнува на истата буква имаат направено или се планира да сторат такво нешто, па сега колку е точно. :worried:
    Баш ме интересира некој од другите градови ако знае ваков некој случај, посебно од Источна Македонија.

    А двајцата починати, мислам дека и никогаш не откриле дека се во секта, туку тоа подоцна се дознало.
    :|
     
  10. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    :o
    Сенза,да не сме од ист град?
    Д е буквата и на двајцата нели?
     
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    23.993
    Пол:
    Женски
    :lol:
    Најверојатно од ист сме.
    ;)
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Само што го слушнав прилогот на А1 телевизија за самоубиствата во Богданци. Пред некое време се обеси 17 годишно момче во пластеници, а точно 100 дена подоцна на ист начин на зајдисонце се самоуби исто така 17 годишно момче. Граганите мислат дека станува збор за некоја секта која ги наведува младите на самоубиства, им се закануваат дека ке ги убијат најблиските, доколку тие самите не се самоубијат. Последното момче кое се самоубило пред да го направи тоа, пратил СМС порака на негова блиска роднина која ја замолува да не му се лутат и дека самоубиствата нема да престанат. Многу морничаво, што мислите вие за што станува збор? Секта или? :(
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Самоубиства во Богданци, секта или?

    и ЈАС слушнав,страшно :( јас мислам дека е секта...
    Баш минатата недела читав за темата секти овде на Фемина,и се зачудив ја прелистав цела,,,не знам зашто,леле како да сум имала претчувство-хаос.Тоа што го читав мн ме вознемири,и сега баш слушнав случајно на а1 и јас...Мислам дека сигурно е секта.Стварно оставило детето смс? :( леле за грев,кој знае како се осеќале децата,па тие заведуваат млади од 14 до 20 год претежно.МНОГУ ЛОШО.Морници ме лазат од вакви ствари.
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    се богатела црквата затоа што во тоа време ги лажела верниците дека колку повеќе пари оставаат во црквата, толку повеќе гревови им се простуваат...Мартин Лутер протестирал против тоа.
     
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    се фрапирав од тоа како лесно меже да биде заведено едно младо дете ;( ;( ;( а со тоа и да гасне еден живот
     
  16. peperutce27

    peperutce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    За самоубиствата во Богданци... Не мислите дека е премногу чудно бидејќи и двајцата не покажале никакви знаци на депресија, не се пожалиле никому за лични проблеми... Јас лично ви велам живеам во таа општина и двајцата ги познавав лично. Се констатира дека на крајот на летово ќе има и следна жртва. Децата беа многу позитивни и, може да се каже дека не им фалеше ништо во животот. Се обесиле на ист начин, после 100 дена вториот. Сега какви истраги и да се водат, за џабе е бидејќи тие веќе си ги одздедоја животите, а истрагата требаше да биде активна уште по првото самоубиство! А тоа со буквите, бидејќи се на иста буква - не ми се верува. Бидејќи за останатите 3 члена на оваа секта (доколку може да се нарече така) за кои што се констатира дека се следните жртви, името не им започнува на онаа буква на овие двајца. Страшно е ова што се случува, не знам зошто овие деца, толку радосни и позитивни извршуваат вакви чинови, како и да е нивната одлука е многу себична, не свесно колку тага и болка оставаат зад себе на нивните најблиски роднини и пријатели. Треба да бидеме задоволни со тоа што Господ ни го овозможил, животот е дар и треба да го искористиме. Млади луѓе кои што загинуваат во сообраќајки, откриваат дека се болни и други несреќи се борат до последната минута сакајќи да го живеат животот со најсаканите, а овие се бесат... Страшно, да им се помогне на другите, да се откажат од овие сра*а и да се вратат во нормалниот живот! :|
     
  17. godofspeed

    godofspeed Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Вака сега ги читам вашите коментари и се зачленив само за да ви одговорам
    Во времето на Хитлер доколку некој собрал храброст и да направи такво нешто знаете што го следувало????
    Одел или во гасна комора со експресен билет или му ги носеле на доктор Менгеле
    а докрот Менгеле им ги вадел забите еден по еден без никаква анестезија им ги мешел гените ид ја врзулал долната вилица по 2 месеци на левата страна и потоа цел шивот биле искривени
    Така треба да им се направи на 3 или 4 од членовите на сектие или да се фати еден и за пример да му ги отсечат прстите од рацете и да видите дека ке престанат тоа е лекот да знаете
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Хммм, кој може да ме натера да се самоубијам бе??? Или да се заканува некој на мојата фамилија, па да не даде господ, такво нешто да се случи, бомба во уста има да му ставам, ќе го разнесам како глушец.Којзнае што било работата, како прво ако таа секта е вистинска и ако стварно заради таа секта се самоубиваат, анонимно може да се пријави во полиција,тоа се детски приказни.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ух се изнаежив не сум чула за ова, дури не сакам да верувам..
     
  20. godofspeed

    godofspeed Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Помислија и на тоа ама премногу е ризично .
    Сакаа да пратат дете во секта кое ке соработува со полицијата ке кажува каде се срекеваат......
    Но ризично е да не го завлечат и него таму па да направи некоја глупост