Јас не реков дека учењата им се сосема различни и дека Католиците не учат од Библијата. Туку има некои работи кои тие различно ги прават од Православните Христијани. А за тоа со Папата не ми е јасно што ми дебатираш со тоа? Што има врска тоа јас не реков дека не е тоа така ти сама кажа дека не е само тоа значи тоа е,но и уште нешто и?! Првиот дел од постот не ни ти го сфатив ама ајде... Извини што ти одговорив толку долго,но не ја имав посетено темава,а ако ти се разговара во врска со ова има ЛП не мора офтопици да пишуваме. Инаку само што прочитав за децата од Богданци леле колку жално... Во каков проклет свет живееме бе еј?! Каков свет ќе имаат идните генерации, никаков!!! Ама зошто децата не се јават во полиција нека го кажат и местото нека се запре ова, од полицијата нека пратат некој да ги чува родителите додека не се разреши случајот...
Мене еднаш на врата ми дојдоа едни од Јховини сведоци, и нешто ми зборуваа знам ми даваа некој книгички, и морам да кажам прилично се многу упорни. Мене ова со сективе ми е многу језиво
И мене ми е чудно ова со децава. Језиво е стварно, на ист начин се самоубиле, малку настрана од градот, на зајдисонце. Плус, децава биле другари... А не знам, некако не ми се верува да им се заканувале, зошто 17 годишно дете нема да реагира на закана како што реагирале дечкиве... Сите кажуваат дека биле многу смирени, нормални, како ништо да не се случува, најнормален ден како и секој друг. А на 17 годишно дете да му се закануваат со смрт на фамилијата ако тоа не се самоубие, не верувам дека така смирено би реагирало и така природно би оставило да течат работите... Сигурно ќе писне некое, ќе каже на некој, колку и да се исплашени, бидејќи колку и да им се закануваат сепак немаме слушнато до сега за масакр на цело семејство, што значи, немаат докази со кои би ги заплашувале. А во природата на 17 годишно нормално дете, т.е. во природата на луѓето воопшто е да реагираат на вакви закани, да кажат некому, да сторат се што можат за да го избегнат тоа. А овие баш напротив... Значи, за нешто друго станува збор, не се закани во прашање... Но прашањето е што??? Некако ми е многу тешко да поверувам дека има толку моќен хипнотизер, кој би успеал да наведе 17-годишно нормално дете на самоубиство, без притоа око да му трепне и да се однесува како ништо да не се случува... Па дури и да станува збор за лековерни деца со слаба психа(првиот мој заклучок беше ова), сепак не верувам дека дури ни ваквите деца не би биле толку смирени... Не знам...Сигурно ги имаат убедувано за живот после смртта и некои слични приказни, ама сепак, смрт е бе луѓе, колку од луѓето околу нас веруваат дека постои задгробен живот и пак се плашат од смртта... Значи, мора да биле јако заведени, им било направено некое јако перење на мозокот... А лидерот на сектата, или лидерите мора да се некои тешко заболени индивидуи и да веруваат во тоа што го прават, принесувањето на човечки жртви, сигурно веруваат дека ќе имаат некоја корист од тоа...Инаку, зошто би заведувале млади деца да го прават тоа? Тешка психологија е во прашање. Пак за децата...си мислев дека можеби биле и под дејство на дроги, некои опојни супстанци, што ти знам... Ама па нели го испитуваат тоа во мртовечниците? Ама во нашава држава се е можно, можеби и не испитале, кој знае... На крај, заклучокот е... Немам заклучок Шала на страна, стварно не можам да си го објаснам ова на ниеден разумен начин.
Да мајгрл,но тие им ги полнат умовите со глупости како ќе имаат совршен живот како се ќе им биде убаво... А можеби и ги дрогираат. Инаку Црна Ружа уште постои? Леле јас мислев дека уште од порано е растурена... Мислев оваа нова некоја била, Господе помогни им!
правилноста на религијата не се мери по обредите на Црквите туку по верувањата, инаку повторно за твоја информација обредите се исти, еве јас потекнувам од православно-католичко семејство и знам дека се скроз исти, незнам што различно прават... друго првиот дел се однесуваше на обвинувањата дека Папата и католичката црква се обогатувала од сиромашните па затоа и пишав дека нема од каде да се збогати. Папата и Ватикан ако нешто прават масно, истото не фрла сенка врз католицизмот и неговите верници, бидејќи како и другите христијани така и тие се водат според Библијаа и нејзините учења. Незнам зашто, можеби сум грешка, но како напад го доживуваш постот мој, не ми беше целта да те навредам или омаловажам на било кој начин, а уште помалку пак некого да напаѓам, само морав да исправам една дезинформација.
Камо да имаше барем 1 религија секта, било што зачувана чиста. Не дека ним им фали нешто, но на они кои ги шират и проповедаат. Па кажете ми каде ја да ги сместам Јеховините сведоци, кога нз кој празник ли што им било, се затворале во просторија со мали прозори на мн високо место на ѕидот да не ги гледа нормално, светла се гасат и кој на кого ќе го фати у мракот го е...е? и од тој настан еден човек се самоуби кога виде дека имал односи со ќерка си. И шо да мислам ја сега?
SEKTATA NE E RELIGIJA!!! RELIGIJATA TIE DA VERUVAS VO BOG,A NE DA SE UBIVAS,I DA GI TERAS DRUGITE DA SE UBIJAT,TOA GO IMA VO SITE RELIGIJ,KAKO STO GI IMA VO BIBLIJATA 12TE ZAPOVEDI,NI EDNA SEKTA NE SPAGA VO RELIGIJA VERA. [mod-kirilica:f3b5s961][/mod-kirilica:f3b5s961]
До некаде да. Религија как орелигија, за скоја една имам пошит, ама за оние што ја шират(чест на исклучоците) Уште од порано правеле тајни премини под католичките цркви за да се сретнуваат со љубовниците...во ренесансниот период веќе било срамота ако немаш 3-4 љубовници.Хедонизам без крај...И они мене морал
Јас сум од Гевгелија,живеев некое време во Богданци живеев подоле од второто дете кое се обеси но се вратив во Гевгелија пред една недела.Детето беше прекрасно,насмеано секогаш,многу дружељубив,кога ќе ме видеше "Здраво,што правиш,како си?" имаше почит кон сите и кон се,имаше многу другари,беше сакан од страна на секој кој го познаваше,но незнам што го предизвика да се обеси. Јас мислам дека смртта не е решение,за се ама за СЕ има решение,некои тоа решение го гледат во смртта,но ... што добиваш со тоа што ќе се обесиш со каиш на нива во фолија бре? И мислам дека момчето,ова второто остави порака на братучетка му и на еден другар.Па братучетка му отишла на нивата но веќе било предоцна.Да дошла барем 5 минути порано,детето ќе беше меѓу живите. Да се надеваме дека не било во секта.Но кога слушнав,се наежив,најискрено се насолзив и се расплакав бидејќи си се дружевме но не толку многу.И првото го знаев но не лично.
Аии ме лазат морниции... Едно чупе од Тетово го нападнале секти кога се враќала од школо. Едвај се спасила.. Другарка и ми раскажуваше, сега и нејзе не ја пуштаат да искочи :/ А застапеноста не се знае, важно во Тетово имале некоја стара куќа таму се собирале и после приквечерина или навечер излевале и... :/
Само еден е Бог и нему молете му се не создавајте идоли и не поклонувајте им се, сите религии на светот се секти освен Христијанството(православно и католицизам), сите други таканаречени религии се секти и дело на Лукавиот кој може да поприми секаков облик да ви даде секакви сили само да ве залажи и тргне од правиот пат- потсетете се само на Исламот колку и да има позитивни работи во него тој е сепак дело на Ѓаволот зошто залажува со слаткоречивост а целта на таа вера ни е на сите позната...РЕАЛНО. Христијанството не е секта туку напротив многубошците и богохулниците не биле запознаени со силата на создателот се поклонувале на демони кои барале жртви од нив во крв, за некоја благодат ако можете така да ја наречете за која подоцна пак во крв ќе платат, Христијаните никогаш не биле секта туку биле прогонувани под раководство на нечистите, но вербата во бога им донесе спасение!!!!!!!
Христијанството во времето на Нерон било секта, христијаните биле прогонувани од негова страна, а и од други владетели, што значи било секта која подоцна прераснала во религија, поради голем број на приврзаници а и поради моќта на нивната вера, преку која може да се види колку време опстојува христијанската религија.Самата вера си го прави своето за да опстане христијанството.
Најнова вест, за самоубиствата во Богданци, оние кои ги наведувале младите на самоубиство биле професор и професорка, членови на секта.
^Не знам ништо друго што и како, бидејки живеам во место блискѕ до Богданци, такви муабети се рачујаа. Демек уште едно девојче пробало да се самоубие (обеси) но било спасено од татко и и признало кој ја навел на тоа, неа и другите деца.
Мисли малце што пишуваш не вреѓај ни една религија,СРАМОТА!Кое време е,секој ќе верува во тоа што сака и што мисли дека е исправно.Како смееш така да пишуваш на јавен форум и да предизвикуваш гнев и омраза,ниедна религија не е дело на ѓ...... гледам дека многу ниско паѓаш со вакви твои искази и размислувања.Не се вреѓа ниедна религија или верска куќа,Господ те слуша а и ќе те казни.Што се не ќе прочитам нцнцнцнц,,,ГЛУПОСТИ,но знаеш дека нема да испровоцираш никого за да те вреѓа-мое мисење затоа што правиот верник не паѓа на провокации,а и не вреѓа никого.
секој има право да се исказе нели?? секој си има свое мисленје,и вие мозете за исламот да се исказете сто сакате, и нека не ве боли вистината сто ви се казува !!!!! ок поздрав