Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Селење во странство со мали деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Skyler, 13 мај 2023.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    @Skyler
    Најдобро е да се селиш кога се децата мали.
    После кога се поголемки им е многу важно дружењето и друштвото и е многу потешко за децата,.Јас имам другарка која се вратија од Германија,девојчето најстаро се препороди, во СКопје си излегува со другарки,таму воопшто не се дружела надвор од школо.
    Затоа ако сте за одење, одете сега.
    Предноста на САД е што луѓето се пофрендли и дружељубиви за разлика од намќорите европски,па ако сакаш да се дружиш ке си најдеш друштво.
     
    На SummerGirl, mal.ecka и Skyler им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Ок, али мислењето ми беше конкретно за Германија, и луѓето што се вратиле од таму у глобала.

    Не се надоврзав на твоето мислење, него ете како инспирација беше, ништо лично.

    За Америка, да, тотално си во право, сосема поинаков систем, и јас таму лично никогаш не би живеела, прва причина криминалот.
     
    На Herrera, Konfetka, Sielo❤️ и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Тоа башка, ептен треба да се пази која сојузна држава како стои по тоа прашање.
     
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Премногу е индивидуално за да се даваат совети, сите мн различно се прилагодуваат, плус различна професија, различни услови. А, секој од своја перспектива тргнува кога ќе ти даде совет. Мене лично не ми прија животот во странство и ние размислуваме сериозно да се вратиме. Не исклучувам можност дека е до конкретното место кадешто сме, можеби во друг град би ни било подобро.

    Од искуство, за фамилии со деца, за тие што се околу нас, како што ти кажаа и другите, што помали, тоа подобро. Тие што почнаа тука на школо првпат, без претходно да одат во градинка, или што веќе имаа почнато во Мкд, па само се префрлија тука, потешко го поминаа процесот. Не дека нема да се прилагодат, но полесно е секако ако претходно имале можност да се социјализираат со други деца во државата кадешто ќе сте. Најдобро во градинка. Така да, социјализацијата е најважна за нив, а според мене и за возрасните е многу важна. Исто и за тебе, какви ти се можностите за работа, додека истовремено децата ти се соодветно згрижени, за да не мора на подолг рок да си изолирана дома.

    За здравството и образованието секој различно ќе ти каже. Светов е таков што не може да предвидиме какво образование ќе им е потребно на нашите деца за убаво да се снајдат во иднина. Секако основата е важна, и да, ќе се сложам дека во Мкд во моментов е на мн ниско ниво. Но, мислам повеќе е до детето. Во иднина секако ќе има можности и алтернативни начини за тој што сака да се квалификува за тоа што го интересира. Само што на хартија повеќе тежи странската диплома од нашата.

    Мене лично мн ми се површни муабетите за кафаните и кафињата, мн се покомплексни причините зошто некои луѓе се враќаат. А и зошто многу остануваат иако не им е како што очекувале. Не секој е среќен со изборот, ама го знаете она "Епа идеално никаде нема, не можеш се да имаш". Идеално не, ама да си исполнет може и треба. А тоа е за секого индивидуално.
     
    Последна измена: 15 мај 2023
    На golemiotmalisan, Kaley, ines.h и 6 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Многу блиски пријатели и познаници си заминаа од земјава, сите со деца некој со мали некој веќе во училиште. Вака како што сум правела муабет со некој од нив до сега не се пожалиле многу. Тешко им е да ама па знае за што работи можат многу повеќе што овде не можеле ни да си замислат да си дозволат. Некој од нив си отвориле и мали бизниси. Сегде се работи никаде не е идеално но овде во своја држава да те прават будала во здрав памет да работиш за 400 евра и да ти викаат доста ти се. Кога политичарине земаат по 2000 евра и малце им се. 400 евра не е ни социјална помош во некој држави.
     
    На SummerGirl, Mrs.Bass, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    НАЈДОБРОНАМЕРНО советувам децата да се најсилната причина за иселување во европска држава (поубаво додека се мали, многу лесно се прилагодуваат, многу брзо учат јазик) за нив се е предност најпрво имаат дечки додадоци, додатоци за школарина, училишта далеку поразвиени во позитивна смисла, екскурзии многу можности ( Како дете живеев во странство, сакам да сум во странство сега баш поради моето дете)
     
    На Mrs.Bass, mssuniquee и Skyler им се допаѓа ова.
  7. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Исто. Моите се поголеми 6 и 10 години. Единствено што ме плаши е како ќе се прилагодат тие. Финансиите не се причина, добро заработуваме и овде со две инженерски плати. Но гледам за иднината на децата. Некако го прифатија фактот дека ќе се селиме, за поголемата ќе биде потешко, има друштво веќе, се договараат, излегуваат. Во врска со прилагодувањето спремна сум и свесна дека може да се случи најлошото сценарио, па секоја епизода различно од тоа би била плус за нас.
    За книгите бев лично вклучена, пишувавме и петиции до директори, до министерства, таков не само игнорантски, туку и дрзок однос добивме од институции кои треба да му бидат водилка на детето. Државата ни пропаѓа. И секогаш кога ќе помислам го достигна дното, сфаќаш дека нема дно за овие наши душејадници, сè подлабоко нè тонат, а враќање назад нема, отиде и последниот воз за оваа наша државичка.
    И така, се надевам визите за максимум еден месец ќе ги имаме, куферите и судбината во раце.
    Uber makedonische.
     
    На Mrs.Bass, gjoker4e, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.162
    Допаѓања:
    50.561
    Пол:
    Женски
    Децата најбрзо се прилагодуваат како памук се и јазик, средина, други деца веднаш ќе прифатат и ќе се прилагодат.
    Сестра ми така замина внука ми имаше 3-4 години сега е 9 години и перфектно јазик знае.
    Секакви активности имаат во школо не како тука труло образованието.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Malesia и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    32.353
    Пол:
    Женски
    Јас не би селела дете од 10 години. Емотивно многу тешко поднесуваат така поголеми деца.
    Се селиш ради себе, не ради деца. Тебе нешто не ти штима тука. Нив тешко дека не им штима. Уште не можат да проценат што штима, што не штима. Во моментов на дете на 10 години му е побитно друштво и дружење. На дете што веќе почнуваат да го дрмаат хормони и на кое му треба стабилно друштво ти да му го тргнеш тлото под нозете не е баш најпаметна идеја. Имам и лични примери и истражувања што тоа го покажуваат.
    Рачунај кога се селиш тебе ти требаат неколку години за да се прилагодиш и да стекнеш какви такви пријатели, финасиска стабилност и слично. Учиш како функционира здравствен систем, како функционираат организации, даноци и слично. Е во тие години ти си посветен на себе. Кој е посветен на детето во време кога навистина му треба поддршка и разбирање и плус друштво? Да не зборувам што го селиш во земја која има различна култура, начин на оденсување, начин на дружење и слично (и во соседниве земји е различно не па на други места во Европа).
    А ако сакаат да се селат кога ќе наполат 18 години поддржи ги. Ако веќе толку сакаш да живеат некаде на друго место можеш и да ги подготвиш за селење, да ги научиш да аплицираат на различни програми и слично.
    Ако ти не можеш да издржиш тука тогаш сели се зашто твојата фрустрација тебе те прави полош човек па детето живее во напната атмосфера.
     
    На MilaSs12 и јolene им се допаѓа ова.
  11. viol

    viol Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Se iselivme vo Germanija pred recisi 2 godini koga decata bea 2g; i 2m. Seuste mislam deka e najdobrata odluka sto sme ja donesle
     
    На SummerGirl, Mrs.Bass, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Se preselivme koga kjerka mi imase tri godini potocno minatata godina nemavme nikakov problem se prilagodivme , tuka nemame nitu babi nitu dedovci.Moze olesnitelna okolnost e toa sto maz mi uste pred 10 godini e preselen . I da preselbata bese vo Amerika .
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Ние од годинава сме во Германија. Прво сопругот замина, па после јас и децата. Моите се уште мали и мислам дека е подобро додека е така. Побрзо ќе се прилагодат. Знам за случај каде што децата беа поголеми (средношколци) и не можеа да се навикнат на животот овде, па се вратија назад со родителите. Тука има подобро школство, подобри услови, детски додаток. Има закон, што е многу битно. А во Мк сите знаеме каква е ситуацијата. Затоа секој втор решава да си замине. Е сега... Не може секој да се навикне. Подобро да се вратиш назад ако ваквиот начин на живот не те прави среќен.
     
    На lovely91, Осе, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Многу полесно е селењето со мали деца, колку помали тоа подобро ма да во околината имам случаи каде се селеле и со поголеми деца па не им било проблем.Индивидуално е!

    Син ми имаше 5 год кога се преселивме, одма почна во градинка и после 1 год во школо.Научи јазик одма без проблем , а првата недела веќе зборуваше босански :rofl: од другарчињата таму.Сеа спреха, башка македонски а и босанскиот * тој го вика српски :) му остана.

    Со среќа на сите!
     
    На Malesia, SummerGirl, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Моите беа 6 и 9 години, женски и големата беше ептен поврзана со другарките кога се преселивме.
    Искрено да останам во МК заради другарчињата ми е смешно бидејќи ние фамилии оставивме, живот пријателства а не па другарчиња кои ќе ги изгуби ако се преселиме во друга населба.
    Си најдоа нови другарчиња, заборавија таму и се адаптираа многу побрзо од нас.
    Колку порано толку подобро.
     
    На Selena01, Malesia и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Нема подобра работа од тоа да ја напуштите МК.
     
    На SummerGirl и Selena01 им се допаѓа ова.
  17. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    @Skyler Еве јас се преселив лани во Америка. Синчето тогаш имаше година ипол. Овдека многу зависи што очекуваш и во кој стејт ќе живееш. Градинките се движат од 300$ па нагоре за една недела, повеќето ти обезбедуваат само ужини, не и оброци. Инаку знам 4-5 фамилии што се вратени од Америка исто со мали деца. Пиши ми ако те интересира нешто повеќе.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Секој кој може и првата прилика што подалеку од МК.