Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    veke podolgo vreme nikako nemozam da ja ubedam majka mi da me pusti nekade podaleku na primer vo drug grad na vikend.Se istava na toa sto veli deka sum mala a veke vleguvam vo 18 godina i na toa deka premnogu sum barala...sestra mi navodno na moi godini ne znaela kako izgleda drug grad (razlika sme 9 godini) i prv pat sama otisla na 20 godini i go bara istoto i jas da go storam. Imam drugarki koi cesto mamat za golemi raboti,koja e navlecena na marihuana,koja izleguva so siptari, se vagjaat sekakvi muabeti za niv,a majka im samo si velat deka toa se muabeti i pak prodolzuvaat so doverba vo niv,skoro site sto mi bea vo bivsoto drustvo i nekoi od segasnovo ne se nevini uste od 15 godini,a sega imaat 17-18.Eve priznavam deka sum nevina,ama neznam zosto takvite devojki,roditelite im veruvaat i gi pustaat da setaat do 3-4 casot na sabajle so celosna doverba deka nivnite deca ne pravat gluposti.Jas imam izlaz do 1 casot(poveke ne me ostava i da zakasnam i se javuva na sestra mi i taa doagja so kola da me zeme i me nosi doma),nikogas ne sum dala pricina za da se zboruva niz gradov demek kerka i izleguva so koj ke najde,nikogas ne sum zakasnala,a majka mi nema doverba vo mene misli deka ako otidam vo drug grad deka ke pravam gluposti i deka ke setam do sabajle.Imame praveno muabet na taa tema i sekogas zavrsuva so mala si.Ako moze mala pomos......
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.162
    Не знам што да ти кажам. Можеш да се обидеш да разговараш, да им објасниш на твоите дека веќе си возрасна, дека не правиш глупости и дека заслужуваш повеќе доверба. Веројатно веќе 100 пати си разговарала. Ако не ти успее, тогаш едноставно прифати ја нивната одлука.

    И јас бев буквално во иста ситуација како тебе на твои години, така што потполно те разбирам. Имам доста постар брат, па исто така нон-стоп се правеа споредби со него. Јас не успеав да ги убедам моите. Тогаш ми беше многу криво, ама од сегашен аспект (12 години подоцна :D ) верувај дека воопшто не ми е. Значи секако почнав да излегувам до подоцна, и да одам негде на викенд, е сега 2-3 години подоцна од другите, ама сепак ништо не сум пропуштила.

    Во суштина проблемот е што кога нешто не ти дозволуваат, го сакаш најмногу на целиот свет. Ама секако ќе го добиеш, порано или подоцна. Сепак, не се споредувај со другите. И јас го правев истото, ама нема поента.
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    јас морам да си признаам дека во тој поглед имав голема слобода отсекогаш, па затоа можеби не правев глупости како моите другарки затоа што ништо не ми беше забрането, а со самото тоа и не ми беше многу интересно да ги правам тие глупости :lol: моите имаат преголема доверба во мене и јас се трудам да не ја изгубам :D

    имам една комшика што на ќерката не и дозволуваше да мрдне и и ставаше забрани и ја контролираше премногу дури и друштвото таа и го избира, сега девојчето порасна и оди на факултет па помалце може да ја контролира ама да не се изразам вулгарно се однесува како куче што било врзано и сега е пуштено на слобода, збесната е и незнае што побрзо да направи. а уз муабет со постарата генерација дознав дека мајка и на времето кога била млада правела секакви глупости, па најверојатно сега од страв дека и ќерката ќе прави така ја држи строго. :?

    што се однесува до твојов проблем можам само да те советувам да не се буниш премногу и да оставиш работите постепено да се одвиваат, притоа гледај да стекнеш што повеќе доверба кај родителите и да не се бунтуваш многу, сето тоа со забраните полека ќе се надмине и ќе исчезне, иако е несватливо тие го прават тоа затоа што се грижат за тебе...јас не ги поддржувам таквите родители кои се престроги но до некаде ги разбирам, со бунтување само ќе си ја влошиш ситуацијата според мене :roll:
     
    На Bunny05 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Разговарај почесто со твоите родители,биди поблиска со нив,стави им до знаење дека можат да ти веруваат..
    На некој начин и ги сфакам,бидејки нормално како и секои родители се грижат за тебе,а можеби тука има влијание и тоа што твоите другарки не се баш примерни девојчиња(според тоа што го кажа ти) и мислат дека и ти ке правиш како нив доколку ти дадат повеке слобода.
    Во секој случај,многу подобро е да бидат построги,отколку слепо да ти веруваат како во случајот на твоите другарки,еден ден им бидеш благодарна за тоа :)
     
  5. magi85

    magi85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    koga go citav ova se pronajdov sebe si vo celata situacija. sega sum 25 god i imam sestra 8 god postara i koga bev na tvoi godini mislev deka moite roiteli se nepravedni so mene i nemaat doverba...no sega ne mislam taka.
    draga MyMar veruvaj deka tvoite roditeli se samo grizat za tebe,bidejki se naogas vo godini na pubertet koga mozokot leta...ti si pametna devojka po samoto ova sto go procitav i veruvaj deka so tek na vreme ke gi svatis postapkite na tvoite roditeli.
    pozdravcee:***
     
  6. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека твоите родители ти го посакуваат најдоброто и еден ден, после неколку години ќе им бидеш благодарна за она за што сега се нервираш. Границите се нормална работа кои не учат на некаков ред. Со самото тоа што ти треба да се враќаш во точно одредено време ти стануваш поорганизирана и учиш да ги спазваш правилата. Твоите сакаат да те научат на нешто, а не да ти забрануваат да излегуваш.

    И мене ми беа забранети многу работи на твоја возраст, но сега ми е мило за тоа. Еден ден ќе ја имаш целата слобода на светот да правиш што сакаш и како што кажа Ariel ќе сфатиш дека ништо не си пропуштила. Немој да бараш да пораснеш пред време и не се споредувај со другите, некои луѓе немаат граници (ниту од нивните родители, ниту од нив самите) и прават непромислени работи. Можеби Go-girl имала слобода од нејзините родители, но немала од самата себе да прави глупости и да легнува со кој што ќе стигне, да се дрогира и сл. Затоа и да ти ја дадат слободата твоите родители треба да ја користиш и твојата глава. Само смирено и се во свое време. Поздравче ;)
     
  7. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    102
    da ne se povtoruvam so prethodnite postovi, i jas bev vo tvoja situacija, duri i studirav a imav izlez do 12 toga[ bev besna no sega sum im beskrajno blagodarna na roditelite - strpi se uste malku pa ce razberes pozzzzzz
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Темава не треба да стои во семејство?
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    треба Лукс. Како и многу други што треба да се сместат на своето место. :)
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    557
    Јас никој пат не сум имала такво проблем, сега нешто у последно време знае да промрчи мајка ми...ваљда е до годините, почнува да старее да будалее :rofl: Ех, и јас сакав цело време да излагам, одам сама во охрид уште од 8мо одд. Сега ми е смачено од се, веќе се ми е досадно..Па не е малце и излаз до 1...мене едно не ми е јасно. Како коа иам дечко мајка ми не ми се јавува макар и до 5 саат сабајле, а коа немам ѕвони усте во 2..комедии ми е. Ама не и се лутам, зошто знам дека до сабајлето ке заборави и дека се јавила и кога сум си дошла.
    А ти срцка, седни ја мајка ти и напрај и муабет. Кажи мамо, јас уште малце ке бидам полнолетна. Зар не мислиш дека е редно време сама да се буткам низ животот, сама д аучам, сама да се развивам.....
    Убаво ти викаат, за веќе 4 години ќе сватиш дека баш ништо не си пропуштила, јас лично проживеав се пред време, и сеа си викам...Ех, да не бев таква сега немаше да ми биде се толку досадно, дискотеки , кафичи, парк, одмори....се ми е здосадено, па ко стара бабетина најубаво ми е дома...Дури си викам , се сум видела и за ова време што седам дома ќе изгледав едно дете ;) Луда сум знам....ама ете, см имала слобода и сум созреала пред време.
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    еве и јас ќе се надоврзам на темава со еден мој т.н семеен проблем (ако може така да се нарече).
    значи проблемот е поврзан со мајка ми |( значи толку е не другарски настроена кон мене во последните неколку месеци, тоа чудо едно е. постојано ми преговара многу работи а и не само мене туку и на татко ми, на сестра ми... значи на сите. се однесува како таа да е најглавната, и како светот да го држи во раце. сака сите да ги контролира па дури таа е благајникот во семејството :@ е сега, да се насочам поточно кон мене... значи постојано ме повредува психички, кажува толку многу зборови кои никогаш не ги заборавам, зборови кои никогаш не требало да ги каже. можам да кажам дека џепарлакот ми е минимален од нејзина страна. и го буца и татко ми да застане против мене (иако не и успева баш). секоја работа направена ми е подговорена, кога ќе седнам на маса да јадеме пак нешто ми е подговорено... едноставно немам зборови и не знам што повеќе да кажам, и сега се нервирам кога ова го пишувам :( едноставно не ми дава шанса во животот. и многу пати ми има речено ако не ми одговарало така како таа што сака да си заминам од дома :( хелооооууууу.
    и сега дури сфатив многу работи. татко ми и баба ми не се баш во најдобри односи, и никогаш не ни биле... а за мајка ми да не ни зборувам |( значи сега кога пораснав сфатив дека уствари мајка ми е таа која ги направила проблемите помеѓу нив :|
    по многуте сфатени работи и нејзиниот однос спрема мене во последните неколку месеци.... ме одалечи од неа и се смени љубовта кон неа што сум ја чувствувала :( (барем така се осеќам во моментов)
    како и да е, мислам дека ме сфативте вака ,,накратко,, кажано, што сакам да кажам :worried:
    сепак најмлада мајка имам од сите другарки... а вака да се однесува :^) чудно ми е.

    ајде девојки помагајте ми оти ги помина сите граници, не можам повеќе. еве денеска не ни разговараме :x
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.350
    не знам што би ти помогнало... кога читав најпрво помислив мајка ти да не е влезена во климакс ако така тоа се викаше ама па ете викаш млада е... можеби нешто ја мачи,тоа што ти рекла ако не ти чини оди си не се секирај сегде го има и кај мене секој втор ден го користат ама не им се замарам,јас не јадам со нив освен ептен ретко зашто знам ке коментираат нешто што не ми одговара,сега за сега јас би ти препорачала да разговараш со сестра ти да видиш како она се чувствува па ако е обострано ова чувство разговарајте со вашиот татко или директно со мајка ти. Ако не успееш сфати дека тоа е што е ,и не ти требаат безпотребни нервози едноставно живеј си го твојот живот и уживај си... сепак има и мн полоши ситуации кај некого од ова твоево..пробај така да се утешиш.Еве и јас ке ти кажам од коа сме на распуст и мајка ми само вика нешо се и смета нешто , само ме нервира ама јас не ја регистрирам . тоа би ти било совет од мене . :*
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Бројче претпоставувам дека пред ова си имала другарски однос со мајка ти,така да полесно ќе ти е кога ќе разговараш со неа.Седни ја и кажи и дека ова вака веќе не оди и прашај ја каде ти е грешката што цело време вика по тебе и после кажи и каде таа греши.А за тоа што мајка ти е во лоши односи со баба ти,верувај не е само по нејзина вина.За тоа немој да и префрлаш.Рече дека имаш најмлада мајка во друштвото.Можеби сега таа се кае што се омажила толку млада или пак и е криво што веќе почнува да старее,па затоа е така настроена кон вас.Немој да и се лутиш за работите што ти ги рекла,најверојатно повеќето не ги ни мислела ;) Со смирен разговор мислам дека се ќе се реши. :)
    П.С. И јас имам најмлада мајка во друштвото :D 8)
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    убаво ќе биде да разговарам, ама мислам дека никогаш нема да се охрабрам да го сторам тоа :worried:
    а инаку ваквиот однос и е само кон мене ваков, со сестра ми не е така :( некогаш влегуваат во конфликти ама тоа е нормално.ова со мене што се случува не е нормално |(
    најдобро ќе биде изгледа да го игнорирам случувањето дома и барем здравјето да си го зачувам, да не се нервирам. па може ќе се свести таа сама... ако не и биде доцна :^)
    сепак фала ви девојки на советчињата :* :*
     
  15. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    и јас имам семеен проблем ама не ваков ,,,,,,,,,,,,,,,имам проблем со мојата сестра која не ми верува и која мисли дека и љубоморам а несвакам зошто ....никогаш не сум имала таква намера и нема ни да имам ако јас не и мислам добро кој ке и мисле ама таа е ...се што сакав е да и помогнам и да и кажам дека светот не се врти околу една точка ама за жал не бев така сватена...незнам веке што да правам мислам дека ке се одалечам скроз од неа ...а некам ...ама немам друг избор ...никогаш нема да престанам да ја сакам ама некам да и бидам пречка како што таа знае да каже ;( ;( ;( ;( таа ее ............
     
  16. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    386
    Сум имала и јас слични проблеми со моите родители кога бев помала.Секогаш ми одредуваа време,до колку часот треба да бидам дома,без разлика дали е ден или ноќ.Знаеја дека имам дечко,дека имам добро друштво и пак се плашеа.Нормално секој родител да се грижи за детото,кој родител не му мисли добро на своето дете.Но јас бев тврдоглава и постојано правев караници,за тоа дека не сум мало дето...бла,бла и слични работи.Откако завршив средно и се запишав на факултет односите се променија.Ме сметаа за созрена и не ми правеа проблеми,дури ми дозволија да седем заедно со дечко ми.За се треба време,треба родителите навистина да стекнат поверение.А нема ништо поубаво кога нема да криеш ништо и да поднесуваш сметка зошто си останала покасно или со кој и каде си била.Задоволна сум од моите родители а сметам сека и тие од мене се и сум благодарна што ме извеле на прав пат.
     
  17. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    253
    Ако е помала сестра ти, уште во пубертет нормално е така да се однесува, но со тек на време ќе се среди. Истото се случуваше и меѓу мене и сестра ми, но кога почна да и доаѓа умот се зближивме, и сега не можам да се пожалам :)
     
  18. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28

    аххх маци во тоа и е птоблемот мојата сестра е поголема од мене 2 години и никако не ме свака се што правам правам само за нејзино добро а и за сите нас ама веке незнам ;(
     
  19. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    253
    Јас и мојата сме разлика 6 години, штом ние успеавме да се погодиме сигурно има надеж и за вас :)
    Решение - само со муабет, со убаво, пробај без карање, постојано давај и до знаење дека си отворена и искрена со неа, дека ништо не би направила да ја повредиш. Можеби моментално девојчето си има некои лични проблеми па затоа се однесува така. Мене многу време ми требаше да успеам да допрам до сестра ми, постојано беше затворена во себе и мислеше дека само можам да и наштета, ако дознаам нешто дека ќе ја кажам дома.... Но сестра е сестра, нема никој друг таков, за неа се би дала, сега откога ни се подобрија односите, кога и треба нешто веднаш ме бара мене, а истото го правам и јас :)
    Не се предавaj додека не се средат работите, и не ја стекнеш нејзината доверба. Ти држам среќа, според мене имањето сестра е благослов :)
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.416
    Допаѓања:
    15.401
    Пол:
    Женски
    Розита, нели рече сестра ти е некоја од форумџиките. Кажи која да ја искараме. ]:)
    Се шалам. :lol: Туку таа не ли го виде ова што го имаш напишано за неа :^)