би помогнало тоа кога нема ништо да прави и мајка и сака несака ке мора да направи да јаде и да си исчисти.....
Не треба некого да познаваш за да го разбереш што зборува. Девојчево кажа дека има проблем со мајка и чие однесување не е во ред, а и се нафрливте дека и било тешко да зачисти. Сигурна сум дека кога мајка и би правела нешто што е прифатливо, да речеме кога би работела по 12 саати, кога би имала некое хоби, или не дај боже е болна, девојчево ќе и помага и нема тука да пишува. А секако дека кога некој само ќе сака да ти го плесне, ќе му кажеш дека негов совет не ти треба.
да ми помогна тоа што пишав тука, за ова не разговарам со никој друг освен со сестра ми. не би си дозволила да му дадам тема на озборување на другите фала на тие што ме сфатија некогаш и тоа што ќе се истишиш помага. тешко ми е многу понекогаш што неможам да зборувам со никој за тоа. за другарки па ич и не размислувам чувај Боже од нив а дечкото ... no way... не е се за кажување нели
може да се каже за ова само на другарка која ти е многу блиска,која ти е како сестра,а на дечко не се кажува
Море дете ти не ја знаеш мојата ситуација него ајт, а и како го напиша проблемот стави впечаток дека навистина те дрма пубертет. Незнам во какво семејство живееш, (по ова што го пишуваш ако е навистина така) ако мајка ти се така однесува навистина тогаш има некој друг проблем. Очигледно е нејзиното незадоволство во таков брак. И покрај се тоа, еден ден ќе и бидеш благодарна што те научила/си се научила на такви навики уште од мала. Тука нема воопшто никаков срам, туку баш напротив треба да се гордееш. Повеќето т.е 95% од твојата генерација не умеат ни масата да ја раскренат зашто се тешка дебилана и немаат воопшто никакви навики и принципи.
Cindy, искрено те читам и те жалам. Кажи ми како реагира татко ти на тоа нејзино однесување. Зарем он не се нервира кога жена му не прави ручек, не чисти, пегла, пере туку само си седи и игра на фацебоок. Како сте живееле додека ти и сестра ти сте биле мали деца до 5-6 год, бидејки неможеш на мало дете да му дадеш да прави ручек, чисти и све друго. Кој го работел тоа тогаш. И што се крие позади таквото однесување на мајка ти, мене ми личи како да не и е гајле за вас,туку само си се гледа себеси. Дали можеби си поразговарала со неа зошто се однесува така,дали не е задоволна од татко ти, вашиот живот, па и за тоа има решение нека си оди барем ке чистиш за тројца и нема да ти вика. Те свакам каков товар имаш, место да шеташ ти треба да се грижиш за сите домашни обрски што воопшто не е лесно. И јас од преголем товар сум нервозна и им викам на децата но јас чистам, готвам,перам, пеглам, помагам во учење, и идам на работа. Незнам што би те советувала, ама барем имаш работана навика и знаеш колкав товар носи водењето едно домакинство.
славица имам 21 година и не сум дете. за тоа што викаш дека ќе си знам многу работи за понатаму да во ред знам и да готвам и се друго ама сепак тие се работи ќе ги правиш цел живот така да и не ти треба посебна обука. за тоа дека ќе и бидам благодарна - на што? на тоа што нема време да ме ислуша или и да ме ислуша ќе ми изнарече се и сешто? за советите што ми ги дава? или за тоа што вика ако нешто не и е угодено? бев 7 одд кога почнавме со сестра ми да водиме грижа за куќата. ако имаш ќерка или син без разлика препушти му ја цела куќа уште од 15 години за да се научат и утре да ти бидат благодарни. стварно нема смисла. калина - татко ми цел живот работи од 7 до 16ч е на работа. доволно е нервозен кога ќе си дојде дома па уште ако му се пожалиме... мора да ја одбрани мајка ми. кога сме сами имаме разговарано со тато за се ама на утро се се менува. не знаеш што се прави... глуми дека е болна - болна кога нешто не и е по кеф, а да треба да оди некаде или да дојде некој заборава дека нешто ја боли насмеана од 6 до 6 муабети 300. беше секаде до каде што слушна се и сешто испитуваше и се е во најдобар ред а таа болна... ако рече комшивката дека ја боли ногата по 2 дена мајка ми или ќе си ја повреди или ќе и отечи чуда прави кога бевме мали и ќе се разболевме таа само викаше парите по доктори ќе ги даваме и одма правеше математика колку ќе се потрошат а за цигари дава по 100 денари во ден. платата лета за една недела. ако не сокриеш нешто настрана ќе нема до наредната плата. јас за на факултет не сум зела ни 10 денари а за излегување па и не помислуваме да земеме со сестра ми а таа за наработа мора да имала пошто понекогаш му текнувало на колешките да нарачаат скара па не ќе се делела... па ќе и текне нешто ќе и се јади па мора да има пари во неа секогаш. а нас не не прашала дали имаме или дали ни требаат. и да ни требаат не се осудуваме да побараме одма ќе ти кази дека за тие 200 што ќе ги побараш таа работи 5 саати. многу работи има не можам да пишувам повеќе...
јас би и била благодарна на мајка ми барем еднаш да ме пуштеше да исчистам нешто барем да си го раскренам креветот ако не за друго јас ја молев девојки ,таа ништо не ми даваше не знаеш не вака така и сеа што ми направи????????????? да се омажам и да чистам 2 куќи со 2 мажи (немам свекрва ми умре)а многу си ја сакав како мајка ми беше и плус 2 деца и плус малата во градинка ја носам секој ден со автобус со малото плус и плус се возам 40 мин натака навака и додека бев дома ништо неможев да фатам и сеа ооопппп наеднаш како гром да ме удрило вака е многу мачно искрено и затоа сите ги разбирам и подржувам како е да се мачиш, без разлика кој каква ситуација има дома,само бидете силни и издржете машки затоа што јас ова го применувам секој den
Има смисла, верувај (ако сакаш). Имам син (4,5год.) и уште сега го терам да сам си ги собира играчките. Ако нешто расфрла го терам да си собере, сам да се измие, јаде, па дури и ми помага кога правам торта . Низ игра и зафрканција го учам на многу работи, ама тоа е веќе друга работа знам и неможе да се споредува со твојот проблем. Твојот проблем не е чистење, готвење и сл. туку семеен проблем. Родителот колку и да е нервозен и уморен од работа, секогаш треба да најде време за детето и да го ислуша, да реши проблем ако има, да му даде подршка во нешто...Незнам каков е односот на мајка ти спрема татко ти ама овака од твоите постови мислам дека не е ок и секој си води-тера свој живот а глумат само за пред народот. Незнам како одиш на факултет и плаќаш семестри, копии, испити...ако не земаш пари од родители. Работиш?!? или некој друг ти дава...не е битно, битно ја немаш подршката од нив дома. Мајка ти е хипохондер и несовесен родител. Извини стварно, ама така е (од твоите постови). Секоја приказна има и друга страна, нели.
[/quote] Незнам како одиш на факултет и плаќаш семестри, копии, испити...ако не земаш пари од родители. Работиш?!? или некој друг ти дава...не е битно, битно ја немаш подршката од нив дома. [/quote] значи не свакаш што пишувам очигледно, зборувам за секојдневен џепарац а не за семестри испити или не знам што. факултетот си го плаќам на некој начин јас - со тоа што цело лето одам на тутун и работам
Мајка ми ми рече нешто да и прочитам на фб некој број шт и го пишала тетка ми на чет. И така додека го барав бројот всушност дознав дека некој тип од работа и се пушта, и пишува писма со песни, и пишувал дека ја сака, дури и седеле на само во кола... Незнам уште што се не и сето тоа веројатно почнало околу нова година пред или после тоа незнам. Од време на време и раскажува на тетка ми што и како се случило али никогаш не спомнува дали неа он и се свиѓа или не. Нормално јас и се јавив и и свртев некој муабет дека знам дека нешто не е во ред помеѓу неа и татко ми ми рече не се секирај се е ок ќе збориме дома. Точно знав дека одма ќе и се јави на тетка ми. Проверив на мобилниот 3 мин откако сме разговарале ние и се јавила. Дојде дома почна да ми врти муабети како она не кажала во ниеден момент дека нејзиниот брак ќе трае вечно али дека е сега за сега се океј. Меѓу редови пробував да и кажам дека знам но она ништо не спомна за типот. Ужасно ме нервира и повредува тоа што го прави пошто на цела фамилија буквално и врти грб само со сестра и си го тера тој муабет. Ако не било ништо сериозно немало толку долго да го остави да и се пушта, а најново е дека вчера и оставил некое писмо со песна и незнам што. Тетка ми веќе некое време ужасно ме нервира поради некои свои одредени постапки и поради фактот што ништо друго не прават ни она ни мајка ми туку дремат на телефон по 3-4 саати дневно. Е сега тетка ми е таа што да кажам на некој начин ја храбри мајка ми и и вика леле види колку е заљубен леле види ова, види она. Наместо да и каже ало свести се имаш деца маж неможеш така да се однесуваш она се топи цела. Искрено стварно незнам што да правам, нормално на кој нема да му биде криво ако види дека мајка му прави такви глупости. Незнам како да разговарам за ова со неа незнам како да и кажам да се свести малце... Муабетот што го правевме се сводеше на тоа ако јас се заљубам во некој ќе му кажам искрено на татко ти и ќе се разведам и твое е да го прифатиш тоа. Не не е мое да го прифатам тоа, себична можеби сум, да ама не ме интересира, она е таа што се однесува како тинејџерка не јас. Искрено незнам како не и е срам да разговара на таа тема а си знае што се случува. Многу ми е тешко и многу ме повредува тоа, знам дека можеби не е моја работа ама мајка ми е неможам да се помирам со тоа. Можеби нема ништо со типот ама ако не сакала ништо уште одамна ќе го завршела тоа... Совет??
Можеби не е твоја работа?разбудисе зборваш за мајкати секако дека е твоја работа посебно кога некој прави таков погрешен чекор како знаеш што се случува и ќутиш или и велиш одоколу јас мислам дека твоето понашање не е во ред,спротивставимусе на мајкати а и на теткати треба да му биди страм според мене мажена жена со деца фактички да ја поддржува за сето ова не сваќаш дека ова ако го дознај таткоти твоето семејство ќе се распадне,мислам дека не реагираш соодветно несакам да судам ама мајкати премногу си дозволила а и теткати не му седат вакви работи на нивните години кога јас би дознала вакво нешто на двете ќе му покажам каде му е местото а не да го заобиколувам проблемот и како лавица би ја бранела честа на таткоми...
Секако дека е твоја работа, прво и основно мајка ти заборавила дека е одговорна за тебе и како родител треба да се грижи за ти да бидеш среќна првенствено а после она. Милам дека треба да ја потсетиш на тие работи. Не знам колку си блиска со неа, но јас се би и кажала во лице, што знам , што чуствувам, што мислам, крајно и со тетка ти зборувај не е страшно. Сега се случуваат и такви работи луге се разведуваат и кога имаат деца ама мене тоа ми е сватено некако дека тоа се случува кога веќе е дојдена ситуацијата кога семејството е понесреќно кога се родителите заедно (кавги и сл) што во случајов не е така како што можам да забележам. Па крајно ако не успее тоа , одма на татко ти, па тие ке си решат најубаво. Секогаш кога се трудев да решам мегу моите нешто обично се испоставуваше дека најдобро и најбрзо ке го решат проблемот сами. Немој да се нервираш се случуваат такви работи во бракот, некогаш на некој му летнува паметот, али тоа не значи дека е крај на бракот, со тек на време ке свати и ке се врати во колосек.
Незнам како да и кажам еј јас ти го прочитав тоа на фб. Тетка ми е разведена и очигледно малку лета со паметот а на мајка ми и годи тоа што има удварач но мислам тие песни, седења заедно, па уште и секој ден на работа се не во ред. Се плашам дека ако и кажам што сум прочитала комплетно ќе се разочара во мене пошто она никогаш мене не ми лчепкала ни пораки ни фб ни ништо. Не е во ред од нејзина страна се сложувам ама неможам да седам со скрстени раце и да чекам да се свести.
Ника нема некоја дилема, само ќе и кажеш, тогаш кога ми даде да ти проверам тоа видов дека некој ти пишува и прочитав. Што имаш да кажеш на тоа? Што би мислел тато на тоа, си размислувала на нас и на последици? Побарај отворено да ти каже што размислува за во иднина и дали планира да се однесува како пубертетлија или сериозно, и дека не може да наседнува на подршката на тетка ти за да прави лудости. Едноставно збори! Може ќе и проработи умот..
Nika Мислам дека треба отворено да зборуваш со тетка ти прво, ама отворено, со сите карти на маса, и да и кажеш на тетка ти , дека не ти се допаѓа тоа што тетка ти ја брани мајка ти во оваа ситуација, туку напротив може поголема грешка да се направи, зашто ако се продолжи понатаму, еден од родителите секако ке си замине. а не е понетата да живеете таков живот. нели ? Сепак биди разумна, појди до кај тетка ти и со убаво кажи и дека знаеш. И дека не е во ред тоа што мајка ти го прави туку напротив сакаш да се врати хармонијата во семејството. Ако тетка ти не престане, или каже на мајка ти, ондак и со мајка ти отворен муабет. Без плашење, дал ке ја разочараш шо си читала нејзини пораки или не, ова мајка ти што го прави е поголемо разочарување. Така да, имаш фидбек на тоа ако ти каже дека си ја разочарала. Ако пак не се прекине, мислам дека е фер да се каже и на татко ти , па они ко возрасни и родители да си решат. Сега за сеа пробај разговарај со тетка ти, зашо ко шо ми личи таа и е најголемата подржка на мајка ти во ситуацијата. Објаснии некои раб на тетка ти. И да, имаш право да се бориш за семејството да опстане. Стварно не е твоја работа, ама кога веќе неможеш да издржиш и се осеќаш дека можеш нешто да направиш . Направи го.
Јас мислам уште малце да пратиш ситуација и да видиш дали тој тип ќе проба да направи нешто повеќе. СРАМ да му е, зарем нема други жени тој на мажена ќе и се додворува Ако повторно направи такво нешто на татко ти, можеби ќе има кавги и викање ама барем ќе знае татко ти дека некој мрсулко сака да им го растури бракот со сопругата. Колку ме вадат од такт такви луѓе што се мешаат каде што не им е работа значи
Pupi извини, за да некој тебе ти праќа писменца и песнички на 40 /50 години, значи и ти треба да си дал иницијатива. Не е до чоекот само, реално маж ко маж сегде сака да се закачи, ама ти ако речеш отсечно не, и ставиш на игнор, блок и на сите чуда нема да дојде до ова. А ова идејава е глупост, да изиграва детектив и да набљудува, абе јаде ид а си ја јаде душата. ЈАс сепак мислам да си седнеш со мајка ти отворено, ама да и се обратиш и на тетка ти да се прибере.
Да искрено со тетка ти посебен и поздрав муабет да се направи, зашо таа и е позадина на мајка ти. И искрено не би да ти кажам да чекаш, навреме подобро дејствувај. И не кажувај одма на татко ти, ипак мој совет е така, подобро види дали имаш простор за ова да се решеи целосно без кревање галама, најдобро ке биде. Татко ти ко последна варијанта нека иде.
Aма Љубам глупаво е зошто таа е жена и деца има бе Можеби и тој има фамилија, стварно не знам што да коментирам повеќе. Многу совети доби девојко сега убаво размисли и кажи како ќе го решиш проблемот