Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Зошто му го трошите времето на човеков по бајачки, кога само му се влошува состојбата. Му треба медицинска, психијатриска помош, хоспитализација, лекување, снимање све! Како е можно неговите родители до сега да не побарале медицинска помош на повеќе места?
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Кравче тој одбиваше медицинска помош да побара дека сите му рекоја нагазено има и си го заврза вкрпче дека то му е ама сега преостанва да се побара таму вервајте дека тешко е да се излези на крај со дете што има таков проблем страшно е ;(
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Толку години да му се случува ова е страшно. Тој има халуцинации, гледа и слуша нереални работи. Без разлика што сака или не сака, неговите треба под итно да превземат нешто. Колку побрзо се побара медицинска помош, толку подобро за него. Психичките проблеми може да бидат и неизлечливи, ама ако се третираат се поблаги и ќе може подобро да функционира. Греота е толку младо дете да живее во постојан страв
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Миме ова е проблем кој дефинитивно бара стручна медицинска помош, а не бајачки и оџи. Мене симптомиве што ги наведе ми личат на халуцинации во некој многу напреднат стадиум и доколку не се лекува може да биде уште пострашно.
    Повели нешто да прочиташ за тоа, се надевам ќе помогне.
    1. http://en.wikipedia.org/wiki/Hallucination#Cause
    2. http://www.mozok.eu/%D0%BF%D1%81%D0%B8% ... %98%D0%B0/
    3. http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... 0%B8%D0%B8

    Едит: Сега гледам и Кравче го констатирала истото, се извинувам што се повторувам.
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Имаат право и ич не е глуп став да му се снима главата на детето. Од каде вие знаете дека нема причина да се снима и сте го одбиле тоа како фамилија? Може е да од психолошки причини работата, но халуцинации исто така се јавуваат кога тумор натиска по оптичките нерви, така да ни најмалку не е погрешно да се снима главата како прво, превентивно, да се потврди дека нема нешто такво што физички ги предизвикува овие халуцинации, пред да се почне да се работи на психолошката страна. Што е глупаво во случајов, е дека има нешто нагазено, трошење време додека оно пати и убедување на детето со таков страв дека некој му влијае на него. А тоа дека халуцинира со ликови од црковно па како нема кога се носи по цркви и тоа му е во глава и пред очи цело време?
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Знам за случај каде што исто вака млад дечко, наеднаш се затвори дома, исто со халуцинации и се по ред, одбиваше храна, сакаше да се самоубие, а претходно баш си беше океј дечко, излегуваше, се дружеше... за на крај да откријат неговите дека има вишок на бакар во организмот, се појавувал бакарен прстен околу зеницата на окото, доктор случајно го приметил. Од овде, го носат во Скопје, каде што докторите констатираат Вилсонова болест.

    Според последните мои информации, прима лекови, се е нормализирано и ако не се лажам, се запиша на факултет момчето. :)

    Така да, не е ваше да кажувате дали е од психички или од здравствен аспект проблемот, проблемот мора да се реши. А за да се реши ќе бидат потребни многу снимки, испитувања и слично.. Ниеден доктор од прва нема да му постави дијагноза.

    Со среќа, како и да е. :hai:
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Да цело време и во црква и надвор и дома сегде му се случва то... :(
     
  8. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    389
    Ти пишувам затоа што ваков сличен проблем имавме со мајка ми и таа имаше халуцинации (добро не гледаше цркви и икони ) меѓутоа гледаше и слушаше работи работи кои не постоеа. И нејзините родители и роднини се обидуваа вака да ја лечат со бајачи и слични работи . Состојбата само и се влишуваше , тие бајачи воопшто не помогнаа . За после неколку пеколни години татко ми да ја однесе на лекар . И на неа и беа направени снимки на главата и разни други прегледи и бесе дадена терапија која и ден денес постојано мора да ја прима затоа што доцна почна да се лекува и болеста замала голем замав.
    Велиш тој одбива да оди на лекар и таа одбиваше , но со сила ја однесовме.
    Те молам не се играјте со бајачи , веднаш зборувајте со неговите родители и однесете го на лекар и против негова волја.Оваа ти го кажувам од искуство . Поздрав
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Уште тоа ни остана и нас и да ќе мора против негова воља никако неки да прифати да го носиме на лекар вели не е до то не е до то ама ќе мора нема друго чаре :worried:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.275
    Пол:
    Женски
    Тој самиот не е свесен што сака во таа состојба, па мора родителите да одлучуваат. Под итно во Скопје на Државна Клиника, прво за неврологија, а ако има потреба, на клиниката за психијатрија. Може и на приватно да го носат за снимање, мислам дека во Систина има оддел за невропсихијатрија.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за издвоеното време и советите сега се вративме од матичната со тетками бидејќи тој дава отпор несакаше да дојди точно е болеста е психичка и не е за по бајачи поќе работата тој има страшни халуцинации и за жал болеста напреднала ;( сега ни дадоа упут за кај нас во службата за ментално здравје за деца и млади да го бараме доктор Омер можеби некој го знае тој бил специјалист за овие болести пак ќе видиме што ќе каже и каква терапија ќе дај понделник од таму матичната ни рече да го замолиме да не упатат во скопје само овај е патот за спас посебно Скопје дај боже да успејме све да биди во ред :worried:
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ова вака укажува на психолошки проблем. И џабе ви се и бајачи и оџи ,само си ги фрлате парите во ветер. Право на добар невропсихијатар што ќе одреди добра терапија. Затоа што штом си замислува ликови , утре тие `ќе го нападнат`, во дилериум ќе посегне да се одбрани од нив и ќе си направите трагедија.Може да повреди некого или да се повреди себе.

    Замислување ликови не е од тоа дека некој му фрлил магија, може да се работи за шизофренија или за друга болест на нервниот систем. Мора брзо да се реагира. Зошто вака е опасен и за себе и за вас.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За жал така е но сега сме на добар пат кон тоа да му помогниме да се извлечи како што кажав понеделник го носиме на болница упут имаме од матичен со неа разговаравме така ни ги кажа последиците од болеста и напреднувањето на болеста важно е што го направи првиот чекор го убедивме да оди кај матичната и таа да разговара и да го убеди да се лечи бидејќи несака сега откако разговараше со неа барем прифати дека треба да одиме Скопје и му треба медицинска помош :(
     
  14. Neodlucna-devojka

    Neodlucna-devojka Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас немам проблем туку пшроблемиште :@ :@
    Татко ми ме фати во соба со еден како збориме муабет и се смееме и ме направи курва бидејки бил мн голем,а јас на овие години сум зборела така со машки.Да дечко ми е,ама не сум курва бидејки само со него идам.Исто така ми бранат да се дружам со големи машки,а тие се најстари до 25.И сега се кријам со секој другар да не ме видат.Па неможам повеке вака,а и ме понижуваат.Што да правам? :@ :@ :@
     
  15. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Мајка ми денес ми кажа да сум ја избришала прашината, јас и кажав дека ќе ја избришам после и дојде во собата и почна да ми вика дека сега одма во моментот сум морала да ја избришам, почна да ми се дере. Ме кубеше за коса, ме удри неколку шлаканици, ми се закануваше дека ќе ме претепала и дека ќе ми течело крв. Ми кажа дека нема да сум мрднала никаде. Незнам. Јас неможам повеќе во оваа куќа. Се нешто да се караат, да се вика, да се плаче... Подобро на улица би живеела отколку тука.
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Миме детето (брачет ти) кој има само 22 години и го носите по бајачи??? Јас не знам како можете да одите 5 години по бајачи а дури сега да одите на лекар??? И снимањето на главата не е глупава констатација од лекарот, глупаво е тоа што уште повеќе сте го влечкале по цркви и оџи. Извини вака ама некој нормален од толку бајачи ќе се мрдне. Ако детето е мало ќе речев дека можеби измислува, ама детето имало 22 години :x
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас кажав дека све пробавме и секаде ојдовме а зошто?бидејќи тој самиот упорно одбиваше да се лечи и сите ни велеа од нагазено му е зато тој беше упорен но кога видовме дека нема резултат се обративме на доктор и тогаш одбиваше но докторката му се јави и ајде едвај се убеди...Јас мн.убаво се изјаснав за све си требала сите мои коментари да ги прочиташ не само еден бидејќи незнаеш каков пекол е да се расправаш со такво дете тие едноставно одбиваат да се лечат не веруваат во тоа дека се болни и не ми вели дека сте го влечкале ни ти ниту никој нема да ми се обраќа на ваков груб начин за мој близок добро?пеколот кој го поминуваме ние и кој го поминавме неможи никој да го замисли кога имаш проблем ќе тропнеш на секоја врата во црква кај оџа на бајач на лекар секаде како ние да сакавме пола македонија да ја шетаме сега јасно ти е?
     
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Миме без нервози, па точно е дека сте го влечкале мислам тоа е факт нема зошто да се лутиш. И да ги прочитав сите твои коментари, баш за тоа вака ти коментирам. Претпоставувам дека е тешко да живееш со таква особа и не го навредив во никој случај. Само цели 5 години да не го однесете на лекар. Значи 5 години??? Немој да сфаќаш лично, само искрено ама најискрено и без да те лажам ти кажав дека повеќе сте му направиле штета отколку што сте му помогнале. Можеш да се лутиш колку сакаш ама ти побара мислење и јас ти кажав. Во 21 век да одиш на бајачки а за твој близок кој има халуцинации и докторот препорачал снимање да викаш дека е глупава работа е малце ту мач. И не се истурај на мене јас само ти дадов мислење. Ако малце ги цениш овие редови кои сум ги напишала за тебе и моето потрошено време, и ако размислиш така поубаво ке сфатиш дека не сакам да те навредам ниту тебе ниту брачед ти туку да ти дадам еден искрен совет. Штетата веќе сте ја направиле, се надевам дека не не доцна и дека се ќе биде во ред. Поздрав и без нервози.
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти си читала ама не си разбрала јас што пишувам,значи тие работи му се случуваат во последните 3 месеци пред тоа 2 години немаше ништо апсолутно си беше супер пред 5 години кога му се појави тоа ојдовме ма доктор и кога рекоја да му ја снимат главата мислевме дека не треба ама тоа велам пред 5 години не сега како прво тој одбиваше да добие помош медицинска бајачите не се глупост бидејќи и тие помагаат ама еве овде не беше случај јас убаво кажав дека бевме секаде и тој беше упорен дека му е од направено не е дете 10 години туку воздрасен неможиш све со сила и самите доктори кажаа ако одбива да се лечи нема да ги пие ни лекарствата и џабе е све затоа баравме помош и на др.места се додека матичната докторка не му се јави на тел и го убеди да оди кај неа и да го убеди па така да тргни работата и да се навредив со тоа што рече сте го влечкале ние како прво не знаевме дека е толку сериозно криеше од нас се до пред 3 месеци кога кажа дека пофторно тоа му се прави а напоменувам дека пред то немаше 2 години можеби и повеќе ништо и што дека сме 21 век некогаш лекот е пет пари само треба да го најдеш а ние тропнавме на секоја врата да го најдиме тој лек...
     
  20. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Си го враќам филмот со моите како се однесував пред некои 2-3 год ...
    Исто вака :)
    Мислев дека се мрднати , дека јас сум увек у право , дека се идиоти , дека не вреди да се живее у оваа куќа ама со тек на времето сфаќаш дека не е така како што изгледа..
    Во тој момент мајка ти може била нервозна и така ти се испонашала ама ако и возвратиш со добар одговор или да си замолчиш и да ја послушаш после таа ке се осеќа глупо и незгодно :)
    Мене нонстоп ме замара , ајде ова ајде она а уствари она не си средува за нејзе па до мојата соба дошло ред :) Покрај многу проблеми и што незнаат на кого да се истурат тебе ти вика за глупости.. прави се дека не ја слушаш игнорирај ја , заврши тоа што ке ти каже и терај си по твоја работа :D Ич дане се замараш ... еден ден ке се смееш на ова :)