Проблем во семејството една моја другарка пред некој ден ми се довери дека има проблеми дома, односно нејзиниот брат кој учи во една од најдобрите гимназии во Скопјево има 4 слаби оцени ( т.е 1(единици)) :/ е сеа, нивните родители, и јас ги знам луѓето се навистина добри, дури и предобри.. секој ден одат на работа и се трудат за неа и за брат и да е се најдобро, не се некое богато семејство (до некаде може да се каже просечно македонско семејство), од 1 до 8 одд. секогаш брат и беше одличен, дури и пофалуван и сл. Во прва година му беше тешко да се навикне на средината но сепак помина мн. добар, сега има 4 единици.... ми кажа дека неговите дома постојано му зборат да учи, но тој не сака.. пробувале и со казни (да не уклучува компјутер, да не излегува и др.) но не успеало... многу пати до сега пробале да разговараат со него, и мајка му и татко му и сестра му.. но на него му било сеедно дали некој му зборува, одговарал со "незнам", " не", "ако", "не ми се учи ... јас незнаев како да и помогнам ... ако има некој што би можел да и помогне односно да ми каже како да постапи јас да и пренесам.. ве молам нека пише во оваа тема.. или нека ми пише во ЛП... Благодарам однапред, се надевам дека се ке се реши
Проблем во семејството Нека се обиде некој да разговара со него. Многу е важен пристапот. Според ова, ми изгледа доста затворен, изолиран, а можеби и депресивен. На родителите можеби нема да им се довери, но доколу е близок со сестра му и ако таа му пристапи на вистински начин, да. Многу пријателски, без да го критикува за оценките, да покаже разбирање и.т.н. Веројатно се уште го има истиот проблем со прилагодување во „новата“ средина, а можеби и некој посериозен.
Проблем во семејството Јас мислам дека е фаза бидејки и јас во средно бев во ваква ситуација.Имено основно секогаш бев одлична и мирна без изостаноци.Кога се запишав во средно поготово прва година кога бев ко да се сменив за 360 степени во негативна смисла.Почнав да бегам од часови,тогаш ја добив првата и единствена единица у живот,се филмав дека доволно ми е 2че за оцена и некои такви ужасии од кои ми се крева коса на глава сеа коа ке ми текне. Најголемиот проблем беше што како прво ми дојде голема промена,скроз ново школо со скроз нови деца од кои никој не познавав па малце тешко беше прилагодувањето на нова средина со нови луге.Памтам некои од нив веке си беа поделени во групи заедно што завршиле основно а јас не припагав во ниту една група. Друг проблем беше што се паднав во немирен клас па сите професори малце поише не замараа бидејки не знаеа како такви бељаџии. Но,најбитен проблем беше што потпаднав под влијание на околината,т.е потпаднав под негативно влијание со правење глупости,бегање од часови и не учење. Под строг надзор на моите и постојано проверување доагање на школо и комуникација со професори ја завршив таа клета прва година од средно.Памтам имав една 2 и две 3ки,што за мене у живот се немаше случено. Во втоора година се префрлив во друго средно школо (Орце) и веке друга песна песна беше таму.Одма подруга атмосфера,друг народ.Некако полесно се прилагодив а и вооедно таму ја запознав мојата најдобра другарка со која и ден денес сме бфф.Бидејки она беше многу мирна,одлична ученичка покрај нејзе и јас некако ги смирив бубачките во глава.Не бегав од часови,почнав да учам и повторно да редам петки.Памтам пред испрачување секогаш заедно си помагавме си учевме,па она ке ме испраша што сум научија па јас нејзе ке ја проверам и така завршивме средно. Муабетот ми е дека не мора да значи дека кој знае колкав проблем има братот на другарка ти што почнал со такво однесување.Можеби западнал во лошо друштво или го удрил пубертет во глава како и сите на таа возраст што сме биле малку полудени во главите. Со муабет ,но и со малце построги граници од неговите мислам дека ке се врати пак на правиот пат и после неколку години исто како мене ке нема да може да се начуди што си мислел со шупливата глава кога така правел и така зборел.
И јас имам проблем со мајка ми.За излегувањето.Секогаш кога ме карала за било што сум и ќутела,но веќе не можам да издржам!Не ми дава да одам во 7 саат кај другарка бидејќи било темница,а одам со 4-5 другарки!Е тоа не ми е јасно!Ме третира како да сум дете од 5 години и како да не можам да се снајдам во животот!Да не сум голема,ама зошто баш мисли дека ќе ми се деси нешто баш мене во тој час таа вечер!?И тоа многу ме енривра!А секогаш кога ќе и зуцнам нешто додека ме кара,одма следува некоја забрана или казна!Јас мислам дека секој има право за свое мислење и тоа во сопствен дом!Не ме остава ни да се објаснам себеси!!И затоа на крај решив да разговарам со неа,бидејќи не можам веќе да трпам!!
NewYorker мила и колку некои нешта да ни изгледаат апсурдни од страна на нашите родители сепак ние нема да можеме да ги разбереме. Само еден ден тоа би било возможно, а тоа е денот кога ќе станеме родители. Мораме да ја сфатиме и нивната грижа за нас. Нивната љубов кон нас што не донеле на свет и што не сакаат буквално и прашинка да падне на нас. Би те посоветувала да поразговараш (како што и планираш), но во никој случај да и се спротиставуваш. Секој миг имај ја во предвид нејзината мајчинска љубов. И да ти рече нешто, не избрзувај со одговор. Почекај, размисли. Зашто за родителот најголема е болката кога слушнат некој неубав збор од сопственото дете. Биди умерена, трпелива. Согласи се со секоја нејзина молба. Така ќе ја израдуваш многу и ќе и докажеш дека си доволно возрасна за да се чуваш самата себе .
NewYorker работата е во тоа што нашите родители а посебно мајките премногу се грижат за своите деца што тоа до некој гранци е и нормално и во ред,но од премногу наклонетост спрема нас имаат пречесто црни мисли и мислат дека баш нас од толкав град можи нешто да ни се случи, па се обидуваат на било каков начин да не заштитат, и тука следуваат оние забрани за излегување после одреден саат, ѕвонење на мобилен на секој 15 мин. и така натаму. Нас тоа не нервира и ни е неразбирливо бидејќи не можиме да се ставиме во нивна кожа но сигурно еден ден ќе разбереме. И како што ти рече Серафима,најдобро ти е да разговараш со твојата мајка, внимавај да не ја навредиш, биди многу смирена и оди на тоа да се реши проблемот а не да и се изнаразвикаш на крајот како што знаеме повеќето да направиме. Сигурна сум дека со добар разговор можи ова да се реши
ПУШТИ МЕ ДА ЖИВЕАМ МАМО! Морам да се испразнам некаде.Ми треба добар совет,зошто ќе полудам. Мајка ми,жена од 40 години ме третира како да сум и куче.Ми преостанува да почнам уште да лаам! Не знам,на моите 17 години веќе сите одат со дечковци ова она,а јас нема никогаш да имам некој ..а зошто?,,АВ,АВ добро нема да излагам денес никаде''.Еве го мојот проблем,се надевам дека ќе ме сфатите: Постојано кога сакам некаде да излезам,секогаш доаѓаат оние гадни наредби од мајка ти:,,Врати се со последниот автобус,немој да пиеш '' и тн.Почнувам да се спротиставувам но на крај морам да се покорам како куче.Хм ,да денес ме спречи да излезам надвор!Замислете облеков долго слатко џемперче ,кратки пантолони,кои џемперот ми ги покрива и дебели хулахопки и чизмички со долго палто и ете ја она почнува:,,Ладно е каде планираш вака да идеш''а само сакав да излезам и да се подружам со пријателите и така ретко го правам ради неа!Не бев ни облечено провокативно ни ништо! АЈДЕ ЌЕ СЕ ЗАВИТКАМ КАКО МУСИЉМАНКА И ТОА МИ ОСТАНУВА!Продолжува,го доби своето не отидов никаде и што?После додека плачам ,доаѓа е јас сум ли крива ,јас ли не те пуштив да одиш?И уште лаже!Никогаш не сака да признава дека не е во право!Не сака да сфати дека немам веќе 7 години,не сака!Да ЕДИНЕЦ сум па што?Не смеам да имам избор?Не смеам да искачам еднаш подолго!Ми ја уништи и новата година ,јавувајќи ми се во 4 саатот да се приберам дома!АЈДЕ МАМО НОВА ГОДИНА Е ЖЕНО!Сите се чудеа ,прва си отидов..срамота.Додека сум искочена од не спие,како був седи и после доаѓам и се жали дека и се спие!А да тоа беше проблемот за НГ на неа и се спиеше,а не спие додека не се приберам!Сигурна сум дека ќе избегам ако продолжи уште да ме малтретира!Толку сум примерна и учам и не пушам не пијам а а не смеам да живеам живот !Сум разговарала со неа ,се завршува со океј..а кога ќе дојде она тоа да го оствари одма се спротиставува !СЕКОГАШ Е ТАКА!Не сака ни да ме пушти да студирам во друга држава,зошто немала да бидам до неа! НЕ САКАМ ДА БИДАМ МАМИНА МАЗА! САКАМ СЛОБОДНА!а најинтересно е дека братуедка ми живее до мене и не ме пушта да седам кај неа подолго од 1 часот навечер,касно било и и се спиело..сакам да избегам.
^ Со тоа што ќе избегаш апсолутно ништо нема да постигнеш. Ќе покажеш само колку си незрела и уште повеќе ќе почне да се однесува построго со тебе. Од една страна треба да ја сфатиш колку и да ти изгледа апсурдно ова сега, зашто е родител и се грижи за тебе, најнормално да не ти се случи нешто. Проблем со бегање од дома, цмиздрење и трескање од земја нема да решиш. Седнете и смирено без викање кажи и дека сакаш да излегуваш со друштво, да не се грижи толку. Вети и дека навреме ќе си идеш и пробај да си стоиш на зборот. Можеби ја има изгубено довербата во тебе поради нешто што се случило порано.
Разбирам,за тоа.Но замисли на девојчиња од моја возраст колку убави работи имаат доживеано,имаат доживеано разни авантури и интересни работи ,а јас како робинка сум принудена дома да седам.Зошто еднаш не смеам да облечам здолниште?Еднаш да се почувтвувам како права тинејџерка?Барам слободна,не ја немам изгубено довербата,туку она никогаш не ни ја имала во мене..Не можам да се соочам со ова,навистина ми е тешко!
Имаш пробано со муабет ама убав муабет да ја разрешиш ситуацијата ? И патем др членови од семејството како стојат со ова нејзино однесување ?
Да,секогаш завршува со океј и после од почеток се почува истото и истото.Татко ми секогаш молчи,планирам на баба ми да се пожалам деновиве.Не знам мајка и е,можеби ќе ја убеди
Знаеш како, пробај да седнеш муабет и со татко ти, и не ти е лоша опцијата со баба ти. Ако ништо не се подобри, според мене можда е подобро ако си за, да разговараш со психологот од училиштето твое, чисто колку да видиш како да изреагираш на вавки ситуации, зашто со расправија и бегање можеш да влошиш само .
Ја разбирам мајка ти, ама од една страна и ти си во право. Треба сега да си ги живееш тинејџерските години кога ти е време за тоа, најчест проблем кај вакви случаеви е што децата на кои на ваков начин им се забранува односно не им се забранува туку родителите сакаат да ги заштитат децата на некој начин ама понегоаш претеруваат.. и муабетот ми беше дека најчест проблем кај ваквите деца настанува подоцна кога ке се испуштат од ланец, условно кажано, ке живее после на 20 и нешто години па нагоре како да е во тинејџерски години, неизживеано, затоа како што се рекло - се во свое време треба да си биде. Ти душо имаш проблем што мајка ти нема доволно доверба во тебе, тоа не се прави со бегање или трескање од земја и викање, таа сигурно не ти мисли лошо, треба со муабет да го решите тоа, биди трпелива и ако треба секој ден правете го муабетот. Па ако треба и разговарајте и со некоја трета личност пријателка, стрина, вујна било кој.
Фала многу Утре ќе разговарам и ќе пишам конечен одоговор,можеби нешто ќе се промени,но не верувам.Најголемиот подарок за мене би била самостојноста..еден ден.Но секако се додека не сфати за една година дека имам 18.
Не,навистина не можам да сфатам,вклучуваќи го и моето чудо кое ме малтретира дома,учи,јади,спиј,одмори се..бла бла бла... Абе мајки сфаќам јас се грижите,па дури и да сум на ваше место би му дозволила на детето бар малку слобода.. Нема да ти речам во право е мајка ти,зошто не е и очигледно е.. Но,со бегање нема ништо да постигнеш.. Разговарај,кажи и дека сите другарки го прават тоа,излегуваат,кажи и дека и ти треба да се социјализираш,а не да бидеш заостаната(извини на изразов),биди точна,однесувај се зрело,покажи и дека можеш самата да се грижиш за себе и сл. Се надевам ќе сфати.Ако не поразговарај со тетка,братучедка или блиска личност нека и објасни на мајка ти,можеби ќе сфати,верувам дека не можеш да поднесеш,може не е добро моето однесување ама кога ќе ми рече нешто што не ми е по кеиф,ич не ја слушам иако ретко ми пререкува,најчесто за учење и покрај тоа што редовно и навремено учам и секогаш завршувам со највисока оцена,она пак исто..
Девојче како прво имаш 17 години, не се 27, сеуште си дете, а мајка ти е само загрижен родител што очигледно знае каде тргнало општеството и младинава па сака да те заштити, верувај не те третира како куче или ти мисли нешто лошо. Те пушта да излегуваш, се дружиш, шеташ ама реално проблем ли е што не може разголена да шеташ? Да беше мое дете верувај и јас немаше да те пуштам така да излегуваш надвор, особено не на ова време. Ако се облечеш според временските услови нема да бидеш муслиманка (не знам од каде споредбава ама ајде) туку најнормална тинејџерка. Баш денес видов една таква "модерна" женска и ми падна жал за неа, другарките облечени, а она фраерка со голи нозе и кратки фармерки ѕенѕаше на студов. Се прашував дали некој ја погледнал пред да излезе или барем да ја посоветува дека на ништо не личи. И те молам, каде со ова бегањето? Имаш каде да одиш? Пари нешто, заробени девизи можда? Ќе си се вратиш дома за некој саат како попче и тек тогаш ќе ја направиш ситуацијата уште понапната. Помири се со фактот дека имаш загрижена мајка и пробај барем еднаш да се ставиш на нејзино место и да ја сфатиш наместо постојано да го бараш обратното. Не напнувај и ќе видиш со тек на време ќе си дојде се на место, а и твоите хормони во нормала. Сум ги поминала тие тинејџерски години и знам колку фатално може да биде едно НЕ за излегување петок или сабота, но гледано од денешен аспект мислам дека сум била смотана што сум се нервирала за тоа. Немој да патиш за авантурите кои твоите другарки ги имаат, верувај пола од нив им се измислени или па преувеличени. Во животот се ќе си дојде али во свое време, не брзај да пораснеш.
Nedoverba!!! Celiot zivot go pominuvam so kazni od moite rodeiteli, ne mi veruvaat voopsto zaradi greski koi gi imam napraeno vo minatoto.koga site se druzat, setat i sl. jas sedam doma... nemozam da gi trpam me nerviraat me provociraat probav na sekakov mozen nacin da im dokazam deka sum smeneta no nikako ne biva, neznam sto ke pravam, mi popustia nervite i psihicki sum nestabilna veke, nervozna sum i se plasam deka i zdravjeto mozam da si go zagrozam poradi ovie nervozi, znaci bukvalno mi idat na zivciiiii nemozam poiseee ke puknam... a imam decko i zaradi ovie moive doma nemozam da se gledam so nego i ke mi propadne mozebi zaradi niv i vrskata .. neznam sto kepravam mnogu mi e tesko ve molam kazete mi sto da pravam, ve molammmmmm, ke puknammm, sakam da si bidam so deckotoooo, so drugarkiteeeeeee, doma ke poludaaaaaam!!!!!!
Скроз се сложувам со тебе, ама мора да додадам дека се почесто се среќавам со многу нервозни мајки. Дали им почнува климаксот или се незадоволни од животот, многу знаат да им се нафрлаат и буквално да ги гњават децата. Детето мора да се воспитува и води, но многу родители ги потчинуваат децата и ги третираат како да се нивни сопственици, а не родители. Родителите мора да се грижат, ама на правилен начин, со правилни начини и методи, а не насилно, агресивно и фрустрирачки за децата. И кога се пубертетлии во прашање, родителите мора да бидат малку пообзирни кон децата, бидејќи тоа е нивниот најчувствителен, но и најлуд период.