Веќе имам акаунт на форумот, но не се осмелувам да го пишам таму нештото кое што ме измачува. Не знам од каде да почнам попрво, не можам да си ги запрам солзите. Јас имам полубрат и проблемот е што тој си замина од дома. Не памтам кога последен пат го имам видено. Сестра ми го видела последен пат во 2005. Бев многу приврзана со него, а знам дека и тој беше. Отиде да работи во странство и првите 2-3 години се беше океј. Се слушавме секоја недела, кажуваше дека се е совршено таму, дека добро му оди работата, но изгледа не било. Со татко ми планираа да земат кредит, да му изградат куќа, да купат машини да работат заедно. Дури се пофали дека и снаа ќе имаме. Ми носеше куќички со Дедо Мраз, ме уседнуваше на маса да ме нарани кога не сум сакала да јадам. Татко ми му ги плаќаше долговите, сите глупости му ги опростуваше. После некое време повиците се проретчија и сосем прекинаа. Дури пред некое време ми стана јасно зошто тато плачел на Нова Година, на Божиќ кога јас само го гледав и не разбирав ништо. Прашував каде е тој, кога ќе се врати. Тато беше подготвен на се само да кажеше дека има некаков проблем. Да му даде цел спрат од куќата, да му изгради друга, но тој не се врати. 2008 наш прв братучед правеше свадба и му се јавил на братот (иако не знам дали заслужува така да го наречам) да го праша како е, а наместо да му посака среќа тој само му рекол нема тука никој со тоа име. Татко ми беше болен а тој само поздрав пратил по едни луѓе колачиња и некакви глупости. Што ќе ни се, никогаш не сме му барале пари?! Тато беше на операција - тој не се појави. Не се ни јави да праша како е. Пред една година некаде еден човек од комшиите го видел, седел со него и требало заедно да работат, но брат ми го зафркнал, го сменил бројот. Му рекол ништо да не ни спомнува нам. Овој човек од комшиите ми го спомнуваше пред малку што уште толку ми ја разгоре раната. Верував дека брат ми ме сака, дека барем за мене би прашал како сум, како напредувам. Не знам што да мислам. Тој бил премногу чувствителен и околината лесно го повредувала. Страв ми е поради тоа што и јас сум пречувствителна и околината неможам да ја поднесам. Но, никогаш не би го оставила семејството така. Тато само сака да знае дали е здрав и жив. Јас сакам да го слушнам. Да го прашам зошто така ни направи. Човекот од комшиите го има бројот и се двоумам дали да го побарам. Не знам дали и се сеќава на мене. Знам дека претерав со должината на постов, ама немам никому кому би му кажала и кој би ја сфатил тежината на товарот што го носам, не сакам да ги нервирам моите и да чепкам таму каде што не треба. Не се осмелувам да им покажам дека прерано созреав. Со секоја помисла на него мене ми надоаѓаат солзи. Можам да замислам само на тато како му е. Како го гледате вие ова, повозрасни и поискусни, дали треба да се обидам уште еднаш?
лелел 2468 како јас да сум го пишувала ни јас незнам што се случува со мајка ми, претера више не ме пушта ништо да правам како мало дете да сум ( не дека сум голема ) излегувам на улица да поиграм со другарки и одма ме вика а пред куќа играв значи, летово сакам да одам кај баба ми на 1 месец а татко ми не е во добри односи со баба ми и мајка ми исто и не ме пуштаат значи како во затвор да сум кај не излагам нигде уште ни на лето да не ме пуштат,едино криво ми е за другарките кои ми се таму,цело време на фб ми викаат ајде доаѓај више... и сега како ќе им објаснам незнам,незнам ни како да ги разубедам моите,пред 1 саат многу се изнакарав со нив ептен,ништо не им се допаѓа,не им с едопаѓа мојата најдобра другарка била не сериозна и такви работи, а не ја знат убаво немаат право да зборат,ич не се фер како може само да ми забранат кај баба ми и дедо ми да појдам е тоа не ми е јасно лелле се утепав од плачење уште плачам ми иде на лето ( ако не ме пуштат ) да си купам карта и да заминам кај баба ми па нека урлаат они колку сакаат после ако они не ги сакаат баба ми и дедо ми незначи дек и јас треба да не ги сакам
Dog-lover не се нервирај ..и немој да си плачеш твоите се грижат претерано и тоа има некаков контра ефект - за жал -инсистирај да одиш кај баба и дедо .после се ти си им внука сакана чувана, да си ги посетуваш да внимаваш на себе и друштвото и да си имаш убаво лето
Помош!! Девојки, имам сестра и она е 1 година на факултет. Факултетот го одбраа заедно со мајка ми и татко ми -тие 2ца го одбраа најдоброто за неа. Неа не и лежи овој факултет и ни кажува дека сега не го сака а иако на почетокот ги положи сите испити. Мајка ми и татко ми за овој факултет дадоа многу пари. Но таа многу почна да се занесува и да не учи.. Мајка ми и вика да се префрли на тој факултет кој го сака ама да учи, но само ако ја изгуби годинава ќе ја ставела нз кај да работи.. Многу во последно време е неглагодарна... кажете ми , дали можам јас да помогнам ..да и речам нешто.. ве молам помогнете ми !!
moonchild 1,многу тажна приказна.а каде е мајката на полубрат ти?како може да ве остави наеднаш сите,не ми е јасно дали е зашто е навреден или стварно не ве сака тој ти е брат ,крвна рода немој да се откажеш од него,и биди му поддршка на татко ти,нему му е најтешко. се надевам ќе се опамети тој некогаш и ќе ве побара,немој да вршиш притисок врз себеси зашто не си ти виновна.од срце се надевам се да се среди меѓу вас
семеен проблем здраво дечки јас сум нова тука ми требаат вашите совети.. значи вака имам проблем со моите дома многу ми забрануваат и тоа страшно ме нервира, сепак сум тинејџерка и ова ќе ми бидат најубавите години во животот што за жал неможам да ги поминам како другите деца.. моите едноставно како да не сфаќаат дека ми е потребно дружење и другари повеќе немам лаги со кои да ги одбивам децата коа ќе ме викнат да искочиме моите секад имаат со што да се оправдаат за тоа што не ми даваат да искочам, некад браќата треба да ги чувам, некад немале пари да ми дадат, па после времето не им чинело значи све све ќе измислат само да не ми дозволат да искочам.. незнам што ги попречува толку ни пушам ни пијам, од нив неможам ни дечко да имам, со ова мое недружење се чудам како ги задржувам другарите ве молам кажете ми што да правам..
семеен проблем Многу си мала ( 15 години ) и најпрво насловот на темата семеен проблем? Уште си мала за да сфатис дека родителите се што прават прават за твоето добро. Нема родител што му посакува лошо на своето дете. Ти немаш никаков семеен проблем. Ти само немаш доволно комуникација со родителите. Пробај да седнеш и да разговараш со нив. Можеби од претходно си изгубила некаква доверба, нешто си згрешила мора да има нешто за што нивната постапка е оправдана. Искрено седни и кажи им на твоите родители дека сакаш да искочиш со твоите врсници, дека и тие го прават истото а за дечко не размислувај. Сеуште е многу рано. Сеуште е рано за да го сфатиш моментот кога си со дечко. Уживај во годините, постигувај добри резултати на полето на твоето однесување и ќе видиш колку нештата ќе се променат. И еден совет- немојте бре со такви наслови -,,семеен проблем,,. Семејни проблеми се пијанство на родител, недоволна посветеност на семејството и семејните работи, злоставување и сл. Ова е само минлива фаза сигурно поради некоја твоја изградена досегашна (не)доверба.
да знам дека малце не одговара насловот на темата ама не ми текнуваше што да пишам па ете. имам зборено и секогаш ми викаат едно исто: уште си мала за искачања имаш време ќе пораснеш па ќе искачаш колку сакаш, сега единствено нешто на кое треба да се сконцентрираш ти е школото до негде се во право ама генерацииве се многу напреднати и деца од 13/14 години искачаат и некако заостанато се чувствувам :/
Ми треба совет Епа вака, се работи за семеен проблем за кој ми е премногу потребна помош, потребен ми е совет..Значи, пред одредено време(не е во скоро време) сестра ми почна да оди со еден од друга вера и од кога е со него дома нема мир.Ај што е од друга вера па и нема ништо во главата. Од кога е со него целосно ни се смени на сите од семејството животот, неа ја запишаа во приватно школо кога сака оди кога не им се раздерава на моите дека неможела да оди а после коа ќе се наспие искача некаде, порано ми ''кредеше '' пари па после тоа се смири малце,веројатно не била тогаш со него па сеа пак почна пари да ми снемува..Btw моите знаат за сето ова само што увек ми викаат ајде те молам не се карај незнаеме и ние више што да праиме, гледаш дека после се таа пак нож во грб ни забоде..Од една страна несакам моите да ги нервирам а од друга страна пак кога подобро ќе размислам она ги нервира а не јас..Луѓе ве молам дајте ми совет стварно небива ни со добро ни со лошо со неа..
^ Искрено да ти кажам во оваа ситуација сестра ти не е крива. Родителите се криви кога вакви работи ќе настанат. Немој погрешно да ме сфатиш, но така е. Кога требало да реагираат твоите родители тогаш не реагирале, е сега нека си трпат. Не знам јас сестра ти што години е. Како и да е, требало твоите да и укажат на некои работи кога била помала. Јас викам "теле се учи не крава" (немој погрешно да ме сфатиш дека вреѓам, таква узречица е ова). Е сега, ти нема што да правиш друго освен да и кажеш на сестра ти дека не чини тоа што го прави. Но пак ќе речам родителите треба да си ја седнат убаво и да си ја превоспитаат. Мене убаво ми правеше татко ми ееее тек сега го разбирам дека бил во право за некои работи, а јас тогаш сум се лутела. Кога ќе ми речел НЕ и НЕ. Значи и да застанам на глава и да удирам во ѕид кога ќе ми речел татко ми НЕ ТАКА и КРАЈ точка. Искрено не знам што да ти речам или совет да ти дадам. Џабе ти и зборуваш неа кога гледаш дека не те перципира. По ова што го пиша ти, таа гледам дека ни твоите не ги перципира па не тебе. Останува на тоа да твоите родители мадро ја седнат и ја превоспитаат или милум или силум. И пак ќе речам таа не е крива што така прави, туку твоите и дозволиле да оди до тој степен. Јас немам деца па да кажувам од тој аспект, но кажувам од она што моите ме воспитале од она што јас го научив од нив. Се надевам твоите дека ќе го решат тој проблем со сестра ти што поскоро. Поздрав !
Не се секирај ти - оние двајца што решиле да ја запишат на факс што не го сака таа- нема мислат како да ја натераат да учи. Ти биди и поддршка нејзе а ова нека биде совет со сите родители што ги тераат децата да се запишат на факс кои они го сакаат а не детето. Ми запечатуваат цела една судбина. Па сури и на педагошки да сакала да учи - требало да оди бар ќе работеала што сакала.
Донекаде си во право ама како можеле мене да ме воспитаат..т.е како мене ме воспитувале така и неа пошто сме 1 година разлика, инаку да таа нив не ги перцепира а не па мене едноставно ги врти работите и си измислува као неа ќе и текне, пробува да ги лаже моите а тие знаат за тоа и даваат до знаење дека знаат што и како прави и татко ми и има речено дека не смее така дури еднаш и ќутек има изедено ради нејзиното понашање и пак небива..
Не знам искрено што да ти речам. Убаво ќе треба да се прави со неа муабет. Секој е различен карактер, може и е само период ќе и помине. Се надевам дека ќе се реши тоа во скоро време. Треба да се има трпение понекогаш "трпение спасение" како викаат. Ти терај си по твое, гледам паметно девојче си, и си загрижена за сестра ти. Тоа е убаво од твоја страна што сакаш да помогнеш. Пак ќе речам можеби треба време да помине периодично може да и е тоа.
Ова моето не може да се нарече семеен проблем, ама ми смета. А и не знаев во која друга тема да го пишам. Работата е што брат ми годинава е бруцош во Скопје, и на мајка ми тоа ептен тешко и паѓа,бидејќи е приврзана за него. Мерак и е што се запиша на факултет, иако во средно и не беше одличен ученик. Премногу е возбудена заради тоа, и секој разговор кој го води со мене е поврзан со брат ми. Денес тој тоа направил, со тие луѓе јадел, тоа научил..по цели денови ми раскажува за него како којзнае што да прави тој во Ск и во студентскиот дом. И мене нормално дека ми е мерак што му се исполни желбата за студирање, премногу го сакам и се радувам највеќе на секој негов успех. И разбирам и таа да сака да се пофали со него на пријателки, роднини, ама не дека бог знае што направил тој. Се работи за најнормални нешта кои ги прави секој студент, и не се за преувеличување. Точно дека во нашето семејство од секогаш тој е ѕвездата со неговиот хумор, харизма, и се по ред. И јас воопшто не сум љубоморна поради тоа! Ама и мене ми треба внимание. Е сега за разлика од муабетите за него, мајка ми мене ништо не ме прашала а да има врска лично со мене. Завршив со испитите, еве сега ја спремам дипломската, ама таа како да не се радува воопшто за тоа. Откако се вратив од Германија, ниту еднаш не седнала со мене саглам да си направиме муабет, дали за моите идни планови, до каде сум, или за тоа како ми е во животот. Од секогаш јас сум била "одличниот ученик" кај нас дома, па можеби и затоа таа очекува од мене убави резултати без да се возбудува нешто посебно. Не се лигавам, затоа што јас воопшто не сум по тие работи, ама се чувствувам запоставено од нејзина страна. И тоа тешко ми паѓа. Не се имаме видено 4 месеци со неа, а таа ни еднаш не ме праша како си поминав во Германија, или на одморот, или било што друго. Не покажува интерес за ништо од тоа што ми се случува мене. Одбегнувам да седам со неа веќе во иста соба бидејќи преку глава ми е од фалбите за брат ми, а всушност се работи за најобични работи, како на пример - тој денес си купил тетратка за цртање! Не знам како да и укажам дека ми смета тоа претерување од нејзина страна, а таа да не го сфати како моја наводна љубомора. Затоа што навистина не се работи за тоа. Некој совет?
Мислам дека лично и директно и кажи дека таа има и друго дете, и да ја прашаш како не ја интересира да те праша за тебе твојот живот и планови. Едноставно кажи и дека ти смета.
Накратко да ве запознаам со ситуацијата... Мажена сум, со 5 годишен син, сопругот работи (има солидни примања), јас сум невработена и живееме во заедница со свекор и свекрва. Лани го завршив факултетот (во септември во рок од 4 години, со солиден просек 8,5), веднаш се запишав на постдипломски. Постдипломските комплетно ми се платени од страна на татко ми. Од сопруг, свекор, свекрва никој никогаш ми нема противречено зошто сум се запишала на постдипломски, а не сум нашла некоја работа (пошто по струка тешко дека ќе најдам работа веднаш), напротив ме подржувале да завршам и постдипломски. Сега ќе рече некој, да де оваа мрзла не и' се работи, па сега како демек ќе учи. Работата е што во последно време нон - стоп ми вршат притисок како не сум била сериозна само 3 испити сум положила за 1 година (од октомври кога се запишав до сега), како ќе сум го пропуштела рокот да магистрирам, досега требало да сум ги положила, да сум почнала со подготовката на магистерската. Во јануари лежевме со синко во болница, после тоа му забранија одење во градинка, седеше до април дома, цел ден јас со него, кога да се подготвам за испит. Во април го положив првиот испит (со 9ка), во мај положив уште еден (со 10ка), во септември уште еден со 10ка. Значи постдипломските ми се сосема различни од факултетот. Ќе речете зошто? Затоа што со нив имам далеку поголема перспектива за вработување. На ум сум да најдам било каква работа, само да не седам дома, да не ми вршат притисок, затоа што вака се чувствувам како да ме брзаат само за да најдам што побргу работа, иако не го велат тоа, и да си ги спремам испити тогаш кога јас сакам без да се правдам некому. Совет?
Хепигрл, ке се обидам да ти помогнам тебе, оти сум била во слична ситуација. Глупо ми е да давам совети кога не сум искуила нешто слично. И јас дипломирав, моите не знаеа што значи услов на факс. Се влечев по домови со секакви будали, живеев по кирии на секакви места, точно дека ми се јавуваа, ама не се потресуваа многу. Ама јас бев постара, нели и повеќе можев да се борам у животот. Кога брат ми дојде на факс, потресување...па како она не јадел од друг да му готви(читај, он у дом не може да седи) па како не знаел сам да готви(читај, у стан не може), па како кога настинувал у кревт паѓал(читај, мора да е до мамика) па после како го фалела некоја професорка(моите не знаеја како ми се викаат професорите)...за него се знаеја. Среќа, брати ми заврши со факс и постдипломски и си викам, најпосле, нема да ме замараат со тоа како му е и како треба да му помагам. Јас фина и културна со нив секогаш, он одвај муабет им прави, пак јас небтина, он ако кивне, од земја се траќаат. Ама се си мислам дека е затоа оти ние сме постари и посилни, а они се галеничињата кои не ги сметаат за доволно спремни во животот и и нив им треба помош од сите. ЗНам дека и мене ме сакаат, ама различно покажуваат. На муабетите за брат ти викај само, аха, да, исто ми беше и мене, аха да, сите тоа го живеевме како студент, како јас така и он ке преживее. И повремено гушни ја за да и покажеш љубов. Такви се мајките кон синовите, веројатно знаат колку се ќерките посилни и повешти, а овие посмотани, па се грижат и повеќе за нив.
Потребна ми е помош, проблемот е од семеен карактер но, не можам овде детално да пишувам поради оправдани причини. Доколку некоја од вас е во можност да ми понуди помош, нека пише ЛП ќе прочитам и ќе вратам, благодарам однапред.
Не се секирај и јас го имам истијот проблем и некоаш не ми иде фер од страна на мојте ама кога ке видам па како се oднесуваат оние бес контрола искрено сум им благодарна не сакам да бидам некоја распуштеница но некогаш и другарките знаат да брецаат тебе не те пуштаат или па чекаат прилика тоа да ти го плеснат в лице ама ке дојде време кога ние оние кои се строго воспитани ке бидеме паметни со чест и главата ке ни биде високо крената да ги брецаме нив за нивните глупости