Бев во брак една година кога го родив син ми, а имав уште една година до специјализација. И бремена и тазе породена (син ми имаше 6 недели кога го оставив кај мајка ми за да учам за колоквиумска недела) одев на предавање. Јас само си знам која жртва ја направив за да го звршам факултетот. Четвртата година т.е. специјализацијата ја поминав со судни маки ама никој не смееше збор да ми речи. Не ни дозволував да ме прашуваат. Или поточно одговарав со не јасни одговори. И татко ми го финансираше моето школовање, така да не чувствував потреба да давам отчет. Дај им до знаење дека ти не влечиш нивни пари и дека не е нивна работа дали и колку си поминала од испитите
iskreno ne veruvam deka e razgalena taa samo gi saka istite prava sho mu gi dale i na brat i kao mozelo brat i da go pustat sekaden a nejze ne barem da i dozvolele da uci kade saka utre koga ke aplicira za rabota trudot povejke ke go cenat od skopje a ne od stip ednostavno si gi bara svoite prava jas ti preporacuvam vikash fakultet togash sigurno si polnoletnaednostavno najdi rabota i ke rechesh vaka i vaka ne sakam prigovori ovaa onaa ovaa ke bide i tocka tie mozebi ednostavno sakaat da vidat kolku si uporna i kolku veruvash vo sebe i vo svoite odluki ako ti odberesh tie nemaat shto da kazat osven da te podrzat a i vozdrzi se od solzite pozzz
Мојот вујко Се работи за мојот вујко( братот на мајка ми). Има скоро 40 години, не е женат и тоа веќе ме загрижува. Значи веќе неколку години со ред се однесува чудно, со поинакви размислувања, различни од нашите, вообичаените( ќе се женам, ќе содадам семејство, ќе најдам работа итн......)прошетан е низ целиот свет, интелегентен е навистина, можеш да направиш добар муабет.. ама ретко..Како што реков нема ни жена, ни асална работа.. пред неколку години имаше интернет кафе и веќе почнаа сите да си купуваат компјутери дома и него му пропадна работата. Па имаше девојка скоро пред венчавка беа ( неа ја присилуваа од дома и да се мажи, а вујко ми не беше спремен за брак , па мораа да се разделат). И тука почна неговата депресија, почна да се допишува со девојки од други градови со цел да ја замени неговата Марина, па излегуваше со нив на секое.. и незнам сите го откачија.. Од толку што е паднат во депресија почна сам да си прави факе профили од девојки .. и во нивно име ни пишува мене, на сестра ми, на мајка ми( во смисла јас сум новата девојка блабла, дали ти се допаѓам, дали ме сакаш за вујна итн.....) И ајде ние уште не губиме надеж дека може ќе се среди се за брзо... Но мене ме плаши што тој живее од пензијата на баба ми, не се ни труди да побара работа, опседнат е со политики во последно време и све чека на баба ми. Значи станува и прво нешто пие кафе, па уште едно, па уште едно.. во меќувреме кутијата со цигари отишла , заборава да јадееее! Еве еднаш ќе ви кажам што се случи.. и не е само еднаш ( многу често стана ова): одам јас нормално да ја видам баба ми и тој на фб седи цело време.. и баба ко баба: ти се јаде? и јас да .. а тој занесен не ме ни слуша и ми мести баба ми се на маса да јадам и пред да седнам и тој само ми го фати местото и почнува да јаде и ми вика ајде молимте јас да јадам пред тебе, не сум јаден цел ден... истово се случува на секое -.- значи заборава да јаде човеков од толку што е западнат во депресија А јас сакам само да имам нормален вујко , кој ќе се јави од време на време да ги види внуките како се, па да им купи нешто да ги пофали, да направи нормален разговор со нас, да има жена и детенце , дај Боже . Извинете што ви одзедов време, но мислам дека ова е важна работа за моето семејство. Поздрав
Δ Вујко ти не е мал. Знае што сака од животот. Подобро е кога човек знае дека не сака шаблон (девојка, невеста, деца) отколку да се нафати под притисокот од сите околу него, и да со тоа резултира до несреќен живот за себе, па и за некоја девојка во најмала рака, или пострашно и со деца. Еден ден кога ќе созрееш можеби ќе ти биде појасно, може нема, ама тоа е вистината. Тоа што не доушува што муабет се прави околу него, во смисла кој на кого принесува да јаде, на човек чии уши се бушени 24/7 од некој друг со инструкции како да го живее животот од друг, гарант и од баба ти го добива секој ден, е, па се навикне ништо да не чуе. Јас сакам ваков вујко! Може и вујко ти сака разбрани роднини околу него, да не се осеќа само како дел од слагалка кој не се совпаѓа во целата слика, да сака да им е ок да он не е суден од нивните очекувања, ама ете ги нема.
Хах,Имелда,баш ваков вујко сакаш? 40 годишен лезилебович што штанца фејк профили и ја крцка пензијата на мајка си?Мх-мх ,милина една..У бити негов проблем е дали сака да се жени или не,дали е геј,асексуален,грд ,убав,глупав,паметен или налудничав,дали сака деца или не.. Девојчето што прашува ќе сфати и самата дека не е таа онаа што може или треба да го менува.И на трепки да дубите вие од семејството ,ако нешто тој не сака-не сака.Кога ќе му дојде јајцето на газот,ќе се помрдне од пред компјутер.Дури ни тогаш не е должен да ги следи вашите очекувања.А и да не го мрдне задникот од фејсбук-негов проблем на крај краева,не ваш.Џабе се нервирате.Доволно е возрасен .
Δ Не де, дека јас сакам некаков вујко. Поентата беше дека не можеме да ги нацртаме какви ние сакаме. Од сурија деца и од мајкина и таткова страна, моите тетини, вујковци и чичовци се од целата палета на бои
Ichliebedich жалам што ќе те разочарам ама таквите луѓе не се менуваат. Жално е а воедно и смешно кога ќе видам дека 15 годишно девојче се замара со лажни профили и такви работи а камоли човек од 40 години. Не се лути ама вујко ти се однесува како тинејџер. Башка на 40 години да чекам од пензијата на мама мислам нема смисла. Тој сам треба да си биде свесен и да си го среди животот, а не вие. А до некаде е и баба ти виновна затоа што требала на време да го стави во ред и упати да си бара работа а не да чека од нејзините пари. И јас имам чичко кој има 46 години и не е женет ама работи во рудник си зема плата и не е на товар на други. А тоа длаи ќе се жени или не не ме загрижува и не е моја работа. Има луѓе кои едноставно несакаат да создадат семејство. А вујко ти ми личи на човек кој незнае што сака во животот. Како може да заборава да јаде? Незнам ни јас каде точно е проблемот ама најдобро е прифатете го таков каков што е. Тешко дека на 40 години тој ќе си ги менува навиките. Но сепак пред се ако познавате некој побарајте му некоја работа распрашајте се оти баба ти нема да биде вечно тука, еден ден ќе треба сам за себе да се грижи ако не се ожени.
Значи вака, имам неполни 18 години а мајка ми и татко ми сеуште не ме пуштаат да излегувам кога, со кого и до колку сакам. Не ми дозволуваат да се дружам со кого сакам, сакаат да правам што тие сакат, а ако им притребам во моментот - морам да сум секогаш до нив. Имам дечко веќе 2 ипол години и сакам да поминувам повеќе време и со него, а не можам заради мајка ми и татко ми. Ме пуштаат само до 00:00 ако задоцнам една минута тоа значи минимална казна (1 час ми кратат од шетање), ако задоцнам пола час ќе ме казнат со тоа што нема да ме пуштат од дома минимално 2 недели. До пред 1 недела на мајка ми не и пречеше ништо во врска со дечко ми. Е сега почна да ми забранува да излегувам со него а исто така и да одам кај него дома. Сака да не раздвои со тоа што ќе ме однесе надвор од државата. Веќе цела недела се расправа со мене, нонстоп вика само по мене, демек повеќе сум со него отколку со нив... Сеа кога повеќе време сум со нив ме прашуваат дали раскинавме, зошто сум нерасположена, зошто не сум излегла цел ден... Ми забранува многу, ме стега, ама јас не се откажувам. Синоќа ја прели чашата, значи не можам да ја поднесам! Јас штотуку излегов а таа ми се јавува и ми се дере да сум си отишла во 11 часот инаку не знам што. Заради женава јас имам проблеми во врската. Таа нонстоп знае што правам и со кого сум и каде сум, секако заради тоа што ме следат луѓе... Кога и да сум со дечко ми таа на секои 10 минути ми ѕвони, значи свесен човек тоа не го прави не досадува! Ако можете некој совет да ми дадете ве молам! Ми доаѓаат веќе луди идеи, ми доаѓа да си земам се што имам и да си заминам далеку од нив! Почна да ме споредува со бившата на брат ми, мислам.. Дали мајка тоа би и го направила на ќерка си за нејзино добро? Ве молам некој совет, кога влегувам во куќата мислам дека во затвор сум влегла...
Сакав да прашам за совет, ако не совет буквално да си ја олеснам душата само, не знам веќе што да правам и не знам како ќе издржам со мајка ми. Како одминуваат годините мајка ми станува понасилна и понасилна, сосем е психички нестабилна, а во последно време во нејзе го гледам токму татко ми кој ме малтретираше кога бев мала. Мајка ми почна да пие алкохол, да излегува до доцна, да се глупира и воопшто да не се врти накај својот дом и да се сети дека има деца, не и се оди на работа, јас ја терам и се нервирам таа веднаш ме напаѓа, ми вика дека мене само за парите ми било... Па фала богу, за што друго да ми е? За љубов? Љубов од никого дома не сум видела, тие гадни луѓе ми се потребни само за да опстанам ма да веќе јас ја издржувам мајка ми наместо таа мене. Целово лето додека сите одеа по одмори јас почнав да работам, мајка ми има и депресивни епизоди сега па морам и да ја пазам да не се самоповреди... На крајот немав друг избор и почнав пак да се гледам со татко ми, за пари секако, не можам да го гледам тој ментален човек ама отидов преку сето тоа и го трпам неговото мизерно присуство само за илјадарка да ми даде, а мајка ми се гуши во кредити, во долгови... Јас требаше прво дома сметки да плаќам а секако треба пари и за храна, па и јас сум човек да си купам нешто да се облечам ко сите нормални девојки на мои години (имам скоро 18 години). И немав излез не можевме со толку да опстанеме, бев приморана скришно да земам пари кога одев кај татко ми. Почнав со илјадарка, заврши со многу повеќе. Буквално и злато почнав да земам, се мразев себеси што го правам тоа но бев приморана. Жена му на татко ми не е глупава, уште од почетокот приметила дека фалат пари и златни обетки, ланчиња, на крајот ме фати на дело... Татко ми ми прости, реално и не смее да ми се лути, детството ми го направија пекол и сето зло што го правам го правам заради нив. Веќе имам спомнато дека мајка ми е психички лабилна жена, со изливи на агресија но порано не го покажуваше тоа толку... Сега почна полека и полека да пропаѓа. Пред неколку дена се искаравме и буквално се фрли врз мене и почна да ме дави, ме пцуеше, навредуваше, удираше... Во три сабајле бев приморана да одам кај татко ми бидејќи немав каде. Сега сум кај него, и има многу тензија. Сеуште не можам во целост да му простам за сето тоа што ми го стори мене и на целото наше распаднато семејство, жена му ме мрази од дното на душата, но бар имам посигурен кров над глава. Мајка ми се обиде да ме добие на телефон и ми пишуваше пораки за да ми се извини, со празни ветувања дека немало веќе да се однесува така но не можам да го простам тој однос. Од друга страна ми е жал за неа и свесна сум дека ако јас не ја издржувам, а и не знам како брат ми ќе се снајде сам со неа. Не сакам да бидам ни кај неа, ни кај татко ми. Буквално немам каде... И не знам што да сторам.
Камо да можам да си најдам работа да работам самата да опстојувам и да си најдам друга кука/стан било што само да се иставам од оваа проклета куќа.Само што наполнив 16 години,а што се неам преживеано до сеа.Насилствата од страна на татко ми,ќотегот кој го добивавме мајка ми,брат ми и јас,сите кавги и слично.Сега татко ми легна во постела од мозочен удар неможе да зборува тоа може му е казна од господ ама исто прави проблеми,секоја ден кавги,покрај тоа што неможе да зборува наредува што да правиме,ништо не дозволува да направиме без негова дозвола,дури и за испаѓање чека да го прашаме,ке испаднам со другарки навечер и најкасно 11:30 дома сум он ке земе со помагалото и по пижами ке испадне по улица или било каде да види со кого ке си дојдам,каде сум била до сега многу касно било а ние на центарот живееме и сите деца го гледаат кои поминуваат,едноставно споулавувам.Брат ми се замислуе дека тој е некој што може да ми наредува како да го живеам животот,денеска се каравме лом се направивме ми кажува немало да испаѓам,телефонот ке ми го земел ако не сум му го дала сама а така полошо ке било,ќе ме убиел и незнам ти уште што не,мајка ми се поболе од нервози дури и психички се поремети а неа секогаш парите и се кусо ем околу 30000 илјади зимаме месечно од пензија и други примања сваќам дека требаат пари и за лекови и сметки и за се ама па никогаш за ништо немаме пари според неа и на сите тоа почнува да го кажува и веќе ми е срам,мислам дека сум единствената нормална во оваа куќа,прееска испив 4 дизаепам апчиња да заспијам и не ме успија ни тие дали 1 саат сум спиела..отидов на викенд охрид со друштво едвај го убедив да одам он дента кога требаше да си идам мајка ми ја удрил,дома кога си дојдов му залепив шамар се дерев како улава,сакав торбицата како што не ми беше отпакована да си заминам од дома,прво размислував да останам охрид да најдам работа по некој кафичи ама морав да дојдам неможев да поднесам неможе он да не малтретира дури и во ваква состојба..треба уште многу да пишувам да ми се олесни ама колку толку и со воа ми е полесно оти знам некој дека ке го прочита,а за совет никој неможе да даде не се помага на воа ..
Ne e moe da se mesam,no moe mislenje e zemi si ja majkati i odete nekade pod kirija ke si najdete rabota i msm deka taka ke bide najdobro za vas dvete,mozebi ke vi bide tesko na pocetok no barem mir ke imate
Да беше така лесно и едноставно би заминале уште одма,само што мајка ми не оди на работа,а и тешко дека може да најде некоја работа со која би опстојувале јас и она,а камо ли да плаќаме кирија,сметки па и мене да ме школува..а и мајка ко мајка не би си го оставила и синот..
Da taka e i zato rekov na pocetok ke bide tesko,no vaka samo maki trgate,ke se unistis vaka ko ke treba decata da si gi gledas ti ke nemas zivci da gi podnesuvas,ne ti msm nis loso go kazuvam samo moeto muslenje
Мила нема што друго освен да се жртвуваш и уште од мали нозе да почнеш со работа. Пари во свој џеп, и бркај работа. Ако не можеш во моментот почекај уште малку и фати некоја работа, тоа ти е чарето, за жал такви родители постојат и јас потполно те разбирам, но мораш да мислиш на себе и да се снаогаш како можеш и уммееш. Главата горе и бори се, кај некој помалку тешко кај некој повеке, живот... се ке се среди, дај си време ке видиш, поздрав секое добро.
Многу си свесна, знаеш дека ама баш никој овде не може да ви помогне (освен некој од семејството), но совети за да ти биде полесно можеме да ти дадеме сите, па ти прифати или не, како чувствуваш, така. Сочувствувам со твојата ситуација, не можам ни да замислм колку е тешко да сум во твојата кожа на твоите најубави години. Јас сум дупло повозрасна од тебе но многу добро те разбирам како се чувствуваш. имам другарка која работеше од свои 16 години, во многу слична ситуација како и ти. Исто и мајка и не работи ден денес и има брат кој добива се и покрај тоа што живеат од една плата (сега веќе пензија), од образование до компјутери и гардероба, шетање и сл., а таа, работејќи не можеше да се фокусира на учењето (некои луѓе можат, но да не се лажеме тоа е многу тешко). Така мојата другарка си го ‘‘прокоцка‘‘ образованието и денес не може да најде работа која би и ја платиле повеќе од 15 000 денари. Затоа те уверувам дека единственото нешто што ќе ти се исплати во животот е учењето. Немој никогаш да си дозволиш да се најдеш во ситуација да се ослонуваш на заштита од страна на дечко, немој да си дозволиш да бидеш зависна од никого, ма колкава сака нека е таа љубов, нека љубовта кон самата себе ти биде поголема (огледај се на домашниот пример), верувај, само самата можеш да си помогнеш. Ќе звучи најгрубо на цел свет но, ТРПИ, тоа е се што можеш да направиш, кога ќе бидеш полнолетна ќе одлучиш сама дали ќе учиш или ќе работиш или пак и двете. Но до тогаш мораш да истрпиш , и немој да се клукаш со апчиња на тие години, апчињата нема да ја сменат реалноста ниту олеснат ситуацијата. Осврни си се на себе, на градењето на твојата личност и иднина НЕЗАВИСНА, уживај во дружењето со пријателите, колку што можеш шетај и дружи се, исто така колку што е можно, игнорирај го однесувањто на татко ти, почни да му угодуваш иако не сакаш, така тебе ќе ти биде полесно. А со мајка ти, на само кога ќе си разговарате, охрабрувај ја, покажи и дека не прифаќаш да бидеш жртва на татко ти, и верувам дека мајка ти ќе биде многу посреќна и похрабра,таа трпи за вас а не заради неа самата. Што се однесува до брат ти, како што опиша ти, и тој е жртва, но за жал тој на поинаков начин се бори, со бес. Со него пробај да се зближиш што повеќе, покажи му дека го сакаш и дека треба тој тебе да те штити, покажи му дека ти е потребен во животот, машките сакаат да бидат потребни верувај ми, почни да му кажуваш што ти се случува и како се чувствуваш, станете тандем и обидете се заеднички да ја промените атмосферата во домот. Можеби мојот совет е невозможно целосно да се примени во твојата ситуација и жал ми е ако е така, но остани силна, огромен дел од животот е пред тебе, а младоста не е кратка, таа трае се додека ја чувствуваш, ова ти го кажувам за да не мислиш дека си ги губиш годините и младоста, да знаеш дека имаш уште многу да проживееш и доживееш
Фала ти на подршката и советите..скоро сето ова што го кажуваш пробувам да го правам..а на татко ми веќе 1 месец не му зборувам освен у кавги кога сакам да смирам ситуација дома пошто несакам ја да полудам на 16 години кои ги наполнив пред неколку дена.. ке трпам ова лето дома сум нема ништо да работам другото лето сакам да заминам охрид го правев муабетот и со мајка ми ке најдам смештај и ке работам како келнерка или било што за 3 месеца и пари ке си земам и ке бидам иставена од дома.На мајка ми цел живот и сум подршка и секогаш кога се карам се карам поради неа за да ја бранам нејзе а на крај пак јас испаѓам виновна.Насамо разговараме секоја ден и кажувам се што мислам,скоро па се,несакам со мојте мисли да ја доуништам така да повеќето си го чувам за себе.Брат ми уште како мал лежеше во болница и првите години од животот во болница ги минев патувајќи по возови и автобуси,секогаш се трудев за него секогаш му помагав секогаш му бев подршка ама он не го цени тоа ни од мене ни цени тоа што го правеле мајка ми и татко ми,неговиот карактер и ист ко на татко ми изгледа исто ЃУБРЕ ке испадне како него.. Кога спомна за школото се трудев оваа година да поминам што е можно подобро така ке биде и другата си имам големи планиви за мојот живот нема да дозволам заради никој да ми се уништат,нема да дозволам да бидам жена која пати како мајка ми,ако треба и сама цел живот ама нема да го трпам ова она што го трпела...