Nez od kade si idejata za Ohrid ti e dobra no tamu smestajot e premnogu skap sepak sakas da odis vo sezona na turisti a i moe mislenje e kelneri ima kolku sto sakas sepak ti rasprasaj se i probaj si ja srekata.A toa sto ne pravis muabet so tatkoti nema da postignes nisto izvini vaka no covek so takvo srce toa nema voopsto da go trogne,a za brat ti gospod edna den ke mu naplati se i zapomni edno kolku i da si dobra na kraj na slep koga ke mu se previdi se ke zaboravi,zato probaj da zivees kolku sto mozes podobro i imaj svoe JAS vo zivotot pozz
Идејата за Охрид навистина не е лоша и можеш уште на пролет да си побараш работа со време, има и газди кои обезбедуваат и сместување за вработените. Распрашувај се и барај по огласите, постави си ти оглас и кажи дека бараш работа со сместување, може да најдеш и нешто поедноставно, на пример, во некое хотелче да помагаш, колку да не си дома и плус нешто и ќе си заработиш. Исто така годинава гледав некои девојки продаваа на улица низ Охрид, алки и ланчиња кои ги прават самите, можеш и тоа да пробаш ако те бива за такви работи, разгледај на YouTube има туторијали, како да направиш сама некои интересни работи, и тоа исто така не е лоша опција за џепарлак. Размисли си, можеби ќе си откриеш некој скриен талент , можеш уште од сега да почнеш да си набавуваш материјали полека или од нешто што имаш низ дома, па полека да си правиш залихи. Во секој случај остани си фокусирана на тоа како да си го подобруваш расположението постојано, со мали рабои, ете, некое хоби и сл.
Се скарав со мајка ми и затоа сега ми е многу тешко. И побарав само 300 денари за панталони и ми одговори јас не сум банка. А денес му купи точак на брат ми од 15 000 денари. Да не ме сфатите погрешно, не сум љубоморна, дај Боже да има се. Ама не е фер. Јас ретко и барам пари, не и барам многу, а срамота е да се каже нема, грев е пред Господ такво нешто да кажеме. Не и барам ниту кола ниту авион, стан или не знам веќе што и барам пари за најосновните работи. И секогаш гледам да купам што поефтино, да не ги трошам. Зарем го заслужив овој одговор? Штедам, за мене не барам ништо освен тоа што се мора и после пак јас сум крива... Многу ми е тешко. Не го очекував ова од нив. Многу ме разочараа.
Мила,не се нервирај,можеби Мајка ти била нервозна во моментот,едноставно си ја погодила да ја прашаш можеби во некој стресен момент,и тие си имаат свои проблеми,треба да мислат за дом,деца,семејство,се треба да биде обезбедено од нивни грб,живееме во стресно време,проблеми на работа,наоколу,немој да мислиш ја оправдувам,само те смирувам малку,сепак ете и сама кажуваш дека штедиш и сама си купуваш што ти треба,гледај да си ги испружиш нозете докај што ти стигаат народски кажано,и немој да се молиш од родителите ако сметаш дека се е само за брат ти а тебе не ти даваат,и така ќе има мир и сите задоволни,и нема да примаш притоа погрди зборови на твоја сметкаплус повеќе ке ги цениш парите кои си ги заработуваш со мака,ќе ти бидат послатки твоите од нивните,а верувај дека ќе си ја увидат грешката кога тогаш,и јас сум поминала низ ова,зборувам од искуство!!
Најпрво сакам да ве поздрравам сите, нова сум на форумов , а профилов го направив конкретно поради мојот проблем за кој се надевам барем дека ке добија некој совет! Конкретно станува збор за проблем со мојата мајка.Убава, паметна, домаќинка, секогаш тука за да ни помогне во било кој аспект на мене и моето семејство, но има еден проблем кој што не знам ни јас како убаво да го формулирам за да бидам добро сфатена. Се работи во тоа што за било која работа, било која тема на муабет, било кое гледиште за светов итн, едноставно мора да мислиме како неа, бидејќи во спротивно збеснува. Значи вика, се дере, хистерикува, вреѓа и знае често ситуацијата да кулминира-што ако некој одстрана гледа дефинитивно ќе каже дека женава добива нервен слом. Може на прв поглед делува многу глупаво сето ова, но верувајте кај мене дома е хаварија. Замислите не можеш да отвориш било каква тема за муабет секогаш се контра, не само со мене туку и со татко ми и сестра ми. Остај тоа, туку после една недела муабет не прави со никого. Едно време се нервираше и караше со сите што дома не е "чисто".Значи дома сија, една трошка да има на подот таа прави драма.Тоа продолжува се уште, меѓутоа мене ме плаши фактот што сите нас НЕ СМЕТА ЗА НЕЈЗИНИ ПРОТИВНИЦИ, НЕПРИЈАТЕЛИ...... На сите можни начини со моите се обидуваме да и пристапиме , да и кажиме во што греши, постојано и кажуваме дека ни значи ја сакаме, зашто ако мислиме нешто спротивно од неа таа не гледа одма лошо, НО ЏАБЕ ВЕРУВАЈТЕ НИШТО НЕ ПОМАГА. Значи не се работи за климакс, или проблем со нервите, едноставно инаетот и саможивноста, да неречам нарцис дека се што таа мисли е во право и нејзиното треба да се слуша.... Ве молам за совет, ние не сме деца повеќе, искрено жал ми е и за татко ми што цел живот ја трпи ете ваква, а не знам како да помогнам. И викам да одиме на психолог , психијатар, ете двете- се обидувам да не ме разбере дека не сакам да ја навредам, но нема шански не оди , не сака ни помош само вика ЈАС СУМ ВАКВА СЕКОЈ НЕКАКОВ Е , НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА... И викам дај барем хелекс некогаш да пие, уз друг муабет, демек ајде што убаво си пиат некои апчиња за смирување и супер се ништо не ги нервира, но тоа до неа не допира. Сакам да кажам на сите можни начини пристапуваме но нема ефект Татко ми е мн толерантен, начитан човек, што повеќе делува како психолог и злато сопруг него се она друго спротивно што таа мисли. Да беше друг маж во ситуацијава до сега од мајка ми немаше ништо да биде.... Не знам што да правам, сакам барем една недела во месецот да помине без кавга, и такто ми да го видам среќен Ве молам за помош!!!!!
Веќе дoлгo време имaм прoблем сo еден oд мoите рoдители, пoтoчнo сo "тaткo ми", кoј е се oсвен тaткo. Дa нaпoменaм декa никoгaш не се грижел зa нaс кaкo штo требa и дoликувa. Себичен е, и гледa сaмo зa себе и никoј друг. Дoмa никoгaш не oстaвaл пaри, и дa имa ги нoси сo себе и ги трoши зa свoи лични рaбoти или пaк ќе oди вo кaфич. Вo мaј oвaa гoдинa ми укрaде 1.000 денaри, знaчи велaм ми укрaде зaтoa штo не ми кaжa. Дa не ги избрoив пaрите штo ги имaв никoгaш немaше дa дoзнaaм декa земaл. Летoвo мaјкa ми земa кредит oд 100.000ден. зa дa гo oпремиме дoмoт сo нoв мебел. Oд кредитoт пaк укрaде 2.000ден. и кoгa пaк ги избрoивме пaрите и му кaжaвме прoбa дa гo oбвини брaт ми декa ги зел, oднoснo ги укрaл. Зa нaс и другите имa лoшo мислење, a зa негo се нaјубaвo. Мене ми викaше декa не знaм ништo, декa немa дa успеaм вo живoтoт и други рaбoти. Нaвредите му се хрaнa, нa свoите децa им се oбрaќa сo стoкa, гoведo, глупaв. Мoрaм дa нaпoменaм декa неделaвa гледaв емисијa нa ТВ вo кoјa еднo 15гoд. девoјче зaгинa вo сooбрaќaјкa и мaјкaтa спoмнa декa тaткo и се сaмoуби зaштo не мoжеше дa издржи дa живее без неa, и тoј нa oвa oдгoвoри: "Абе, тoј е нездрaв", штo тoa ме изненaди, нo не искoментирaв ништo. Ми требa некoј сoвет oд вaс, не знaм веќе штo дa прaвaм, прoбувaм дa гo игнoрирaм, не му збoрaм ниту му се oбрaќaм, aмa тoј нaoѓa нештo и пaк ќе пoчне дa префрлувa зa бaнaлни рaбoти. Спојлер: Пoвеќе Акo сaкaте пoвеќе дa прoчитaте oтвoрете јa темaтa "Мoјoт тaткo"и тaму имaм нештo нaпишaнo. Се извинувaм зa дoлгиoт пoст, прoбaв дa скрaтaм, a дa oпфaтaм штo пoвеќе рaбoти.
Не можеш да смениш веќе созреан, возрасен човек. Не сакам да звучам сурово, ама што и да ти кажеме, ти веќе знаеш дека со него не можеш да зборуваш нормално и дека тој е едноставно таков. Не знам колку години имаш, ама мојот совет е да имаш колку-толку нормален однос со него, да не почнуваш расправии и да се тргаш на страна ако тој почне, а да работиш повеќе на односот со другите членови на семејството.
@Mr. Right по сево ова што го опиша тука околу карадењето од дома или земањето без да каже како и да е, сметам дека човекот се коцка и тоа бааги е навлечен на коцката. Велиш си зема без да каже се однесува нервозно, лошо и арогантно ете сето ова мене ми личи на коцкарство. Ти како син и најмал член на семејтвото нема што да направиш другу освен да се однесуваш и постапуваш малку политички, прва работа твоите пари сокриј си некаде каде што тој нема да може да ги најде и секогаш варди каде и што ставаш, друга работа, игнорирај и извегавај го секогаш толку колку што можеш, не му одговарај на коментарите и арогантноста и гледај да успееш ти во нешто повеќе во животот. Фокусирај се на останатиот дел од семејството и пред се со мајкати, бори се за себе и своите желби.. не ставај многу при срце и не провоцирај бидејки како што и кажа кримсон тој е возрасен човек и нема да можеш да го смениш што и да направиш ни под разно. Затоа стој си настрана.
Колку што прочитав сите имате лесни проблеми со семјеството во споредба со моите проблеми вашите се нула.Имам многу лош татко значи сум вттора година и ме пушта да излегувам да 11и 30 два пати во неделата(ама тоа ретко )одвај некако излегувам еднаш.Несака за ништо да дава пари не се ни интересира колите и моторите му се во глава и парите.Сека го прашав за нова година и ми вика не ќе сум седела дома ко кучка дали така се прави на свотето чедо ? И ко некој психопат е кога седам на фб од тел ми вика ќе земам ќе ти го искршам телефонот така ми има скршено два.Не ме пушта да си фатам дечко ... и што уште не...Ве молам за помошшш...
А извини во колку часот треба да се прибереш ти со 16 години во 5 часот? Па јас мислам за тие години 11и30 е солидно време. Јас до 12 часот сум се враќала со навршени 18 години, на 16 дома седев. Ти имаш мајка? Со неа ќе си разговараш. Друго се работи практично за конзервативен човек, кој се плаши од надворешната средина и онака сега е ризично за се, а не па за деца. Си има амбициите човекот, зар тоа е забрането. Па јас додуша го разбирам и сметам дека солидно време за тие 16 години е 11 часот, а не па уште пола час плус.
Уште си мала за да разбереш некои работи @hulii . Сепак и јас да бев на твое место ќе бев револтирана. Убаво се секавам како на 18 години бев пуштена до 1 часот по полноќ, и како во 15 до еден ми се јавуваа да ме прашат дали си одам дома. Еден ден ќе бидеш мајка, и ќе имаш свои деца и ќе видеш дека не е така лесно цел живот си го гледал растел, а и потоа некој помочко ќе ти го нервира детето. татковците не ги сакаат дечковците по default. Татко ми рече дека не сака да се запознае со мој дечко. Кога ќе ми биде армасот, тогаш ќе се запознае. И така бидна. На денот на армасот го запозна мм, по 8 годишна врска И да си имаш дечко, можеш и до 20:00 да излегувате. Не мора да знае татко ти
Прво ,никогаш немој да се осудиш некому да речеш имаш ЛЕСНИ ПРОБЛЕМИ каков е тој лесен проблем ? Лесен проблем е твоево лигавење , зошто до толку, зошто вака зошто така ! ПРОБЛЕМ Е кога : ќе те малтретира, силува , омаловажува , кога ќе се тресеш од страв итн. Второ- ти не си таа што ќе осудуваш на кој му е тешко или лесно. Секој си ја знае тежината на својот проблем , а твоево во споредба со овие што ги прочитав овде е ЛИГАВЕЊЕ!
Бре бре.. полнолетните не знаеле што е проблем а ти знаеш така?! Ти си најпаметна и најсозреана за да испоценуваш туѓи проблеми така? Алал да ти е ма како успеа на 16 години да процениш што се проблеми. Ти девојче немаш проблем, ти си премногу разгалена, тоа ти е проблемот. Еден ден кога доволно ќе созрееш и ќе го запознаеш животот и неговите опасности ќе му бидеш благодарна на татко ти што те заштитувал така како што те заштитува и се грижи за тебе, ти подарува најголемо внимание и родителска грижа. Еден ден ќе се сетиш на овие зборови колку и сега тоа да ти звучи неприфатливо.
А кршење на телефони, зборот кучка, незаинтересираност? Проблем било само силување, тресење од страв и слични малтретирања, каде живеете бре вие?
Аманте со муабетите “Во мое време...” Мене на 16 години моите ме пуштаа до 21ч. додека моите другарки имаа излез до 23 (замислете пред 25 години таква распуштеност ) И ај сега јас да солам памет тука како треба сите да излегуваат до 21? Се сложувам со @Bridget навредите, кршењето на телефонот и сл. се проблеми и тоа сериозни. Не знам како за вас само силување, малтретирање итн. е проблем, а ова не? Хм... Девојче, разговарај со мајка ти, можеби ќе може да ти помогне, иако не сум оптимист. Според твоево пишување можам да претпоставам каква личност е татко ти, а со таквите нема разбирачка
И ги разгледав мислењата на членката, и на 16 години, (според напишаното) имала 3 дечковци и прашувала за совети во темата "Дали сум бремена?". Според напишаното тука, таа била држана престрого, што дури не и давал ни дечко да си фати Кои филмови? Изгледа бидејќи за Нова Година не и е сега дозволено никаде да оди, сега ќе пишува за "тежок семеен проблем". Јао мајко мила, некој домашното не си го напишал.
Дај бре доста им давате "крилја" на ваквите. Разгледај малку и по други теми што има пишувано. Како може некој што ств. животот му е пекол се осудил да напише ,да побара совет не за проблем туку проблемиште !! И ти се лигавиш овде ех вашево ништо пу пу неважи да видиш шо ми се дешава вака така продава боранија. Дај молим те..
^ Ако изоставиме што пишувала претходно, не знам и не ме интересира, ама на вака поставен проблем конкретно во темава ме зачудија одговорите на феминките. Нормално било татко така да се однесува, заштитнички било, не било тоа проблем. И после ќе се бираат партнери слични на него, многу ме сака затоа не ми дава од дома да излезам, се грижи за мене, шамарот си го заслужив, сама сум крива оти пола саат покасно си дојдов. Така? Ништо не е тоа, прави мажи така си ги чуваат и ќерките и жените.
Секој родител најдобро си го познава своето дете , ако тој веќе и скршил два мобилни како што вика сигурно има причина. Јас имав другарка на која татко и секогаш и викаше што постојано зјапа у моб и пишува со секакви и сешто. Можеби со причина реагира така и ако веќе и рекол кучка (знам невкусно е ) сигурно го извадила од такт со нешто. Затоа да не судиме ние од далеку ,зошто секој родител му сака добро на своето дете . Прво ме чуди како тоа има секогаш др. Моб ако и ги крши ? Ваљда не и купува утрето друг.
@Bridget Далеку од тоа дека било која од феминките некогаш ќе одобри малтретирање или сл. Но, од самиот пост на членката, т.е од воведот, може секој да заклучи дека станува збор за тинјџер на кого во моментот нешто не му е дозволено па сега преувеличува. Започнува со тоа колку е големата големината на нејзиниот проблем и како тука ниеден проблем не е толку тежок кај нејзиниот. Плис. И отпосле, доволно е само да прочиташ дека започнува со тоа што на 16 години оти не ја пуштал да се враќа со петлите дома. Сите тука најтешкото го пишуваат прво, проблемот по приоритет.