@vitamina samo da se nadovrzamza problemot na @Mr. Right ,covek sto se kocka od 100000 ne krade samo 2000,ili pak od kaj sto imalo drugi,pomalku,i ukral 1000.Vo vtoriot slucaj kockar ke gi ukrade site. Mr. Right ova se samo nasi pretpostavki.Okolu vreganjeto ne mi se dopaga,ne go opravduvam ama daleku pogolem problem od roditel e ona sto svoe ne dava a tugo zema. Za zal ti nemozes nisto ovde ako nemoze ni majka ti. Da ne zaboravime deka i nie vo periodot od nasiot pubertet site ovie problemi ni izgledaa toooooolku golemi.Kako sto se izleguvanjeto do ogrraniceno vreme,ne kupuvanjeto na nesto sto go sakame.Ponekogas ni izgledale roditelite i kako nezainteresirani,a tie so se vika istepani od rabota i nadvisnati od vistinski opsti i zdravstveni problemi,za koi mozebi nie i ne sme znaele. Bidete malki pooblagi. Ako nivnite roditeli ne gi naucile so strogost(neli se zalat deka im se strogi)vie uste pomalku ke im pomognete so istiot nacin.
@Bridget може човекот е старомоден и конзервативен, тоа е карактер и не се менува, јас сметам дека е проблем но не со толку голем интезитет како што таа го претставува и преувеличува ова. Мала е, ние другата страна на приказната и не ја знаеме сепак, но сметам дека преувеличува што оваа особина ја има често кај децата на таа возраст. Крај краева може сето ова со мајка и да го реши ние овде не можеме да и помогнеме.
@Tinushka А ти го познаваш човекот и знаеш дека со причина ја малтретира. Ете го тоа за што зборам-сигурно има причина. Си заслужила. Секој родител знае најдобро за свое дете, а овој знае дека со кучка, забрани и слично ќе и го дотера паметот. Па и не ја пуштал за Нова Година, зошто да не? Што има лошо во тоа млада девојка да сака да чека Нова Година со друштво? Конзервативен бил па строгиот и груб начин на однесување автоматски му се простува. Прост е, не е конзервативен. Нека е приказната измислена, ама вие стварно оправдувате ваков начин на воспитување?
@galapce ние овде не знаеме што стрикно украл и зошто толку и така украл, тоа беше само моја претпоставка. Може немал за нешто па зел бидејки се искоцкал па му требало. Тоа е и мање битно во овој случај, проблемот е многи подлабок, и ајде да не се навраќаме и да ставаме сол врз рана на дечкото. Се надевам дека ќе успее тој и ќе продолжи по вистинското светло.
Го оправдувам, доколку станува збор за девојка каква што јас претпоставувам дека е според останатите постови. @Bridget незнам колку сте свесни НО има многу разгалени деца кои ќе направат се за да ги сожалуваш и сл. А родителите се срамат од нив , кои исто така се виновни што ги испуштиле конците од рацете. Има деца од кои родителите ведат глава од вратата надвор. Јас така мислам за оваа девојка , таков впечаток ми остави.
Ајде ајде ти па до каде ја однесе рабоатава, па не е до толку де па да се стига до вакви коментари, срамење од сопствени деца и не знам што, од каде знаеш за да судиш ти? Која си ти да судиш и да се дразниш со волку тешки и нападни кометари?!
Овде секој треба да си го каже своето мислење . Ова е мојот став како што реков во случајов ! Ако тебе било што не ти допадна ,не ме читај . Ако некој овде се дразни си ти
Да, секој има право да си каже она што мисли, но со усул жено и не вакви коментари и факти што ти тресеш од ракав а посебно пак тонот и зборовите што ги користиш. Треба сепак да ги почитуваш правилата на форумов. Не ги претерувај работите.
Кажав што имам и нема да се повтарам . А сите вие што се правите најпаметните на сајтот и ако мислиш дека твоево е интересно моментално си се зезнала .Никому не му е интересно да чита кај што се натегаме овде , секој има правобда си даде мислење и чао пријатно . Нема потреба од солење памет , не упалува секаде . Поздрав
Како бе така- има причина да ја вреѓа, има причина да крши предмети? И да ја тепа, веројатно и за тоа ќе му најдеш оправување... Свесна си дека однесувањето на таткото, такво како девојчето што го опиша, влегува во категорија на семејно насилство, така?
Ne e loso da naminam pak na temava nekogas,taman ke podnaucam sto e semejno nasilstvo. Izgleda retki se onie koi izrasnale i ne ziveat kako vo bajka. Bre kako znaeme da gi preuvelicuvame rabotite.Uste pak ako i taka dvojno rabotime,sakame i dvojno doprinesuvame da gi pravime site okolu nas srekni.E tek togas sme i vo rajot. Jas ziveam na zemjata.Ke mu se nadevam na rajot.
^Не сме изрaснaле сите кaкo вo бaјкa, гoлем дел oд нaс имaле вaкви "кoнзервaтивни" рoдители кoи цел бес и фрустрaции ги истурaле нa вaкoв нaчин, aмa тoa не знaчи декa е нoрмaлнo и декa не е семеен прoблем, тoртурa врз дететo. Мнoгу рaбoти биле нoрмaлни пoрaнo, и жени кoи преќутувaле се и сештo, и децa кoи трпеле ќoтек кaкo тoa нaјнoрмaлнo дa е, пa штo сaкaш дa кaжеш? Требa тaкa дa се прoдoлжи oти е, не знaм...дел oд трaдицијaтa нaшa? Тaкa билo тaкa некa oстaне? Тoa е реaлниoт живoт пa дури ни местo зa дискусијa не требa дa имa?
Diskusija i ponasanje kako sme zaprepasteni od cudoto sto tatkoto ja navredil kako prv pat da slusame takvo mesto i kako poloso ne sme sretnale vo zivotot e druga rabota. Daleku od toa deka opravduvam vakvi raboti,da ne mi go izvrtite muabetot oti toa najcesto se desava i pak se narekuva diskusija. Kolku da tece muabetot de.
Хули, имаш 16 години. Верувам имаш и мајка, се надевам дека е така. Очигледно некои работи твоите ги утнале. На 16 години си имала дечко, секс, а и си одела со брат му и со братучед му. Веројатно си имала и други дечковци надвор од тоа семејство. Си се плашела од бременост, на само 16 години. Типичен пример каде иако се строги, родителите ништо не направиле за да ти посочат што треба да правиш во животот. Можеби сум старомодна, во една тема кажав дека на 14 години не сум размислувала за сексуална определба, туку сум играла, а денес девојките имале дечковци, сепак, мислам дека си премлада, без доволно внимание од родителите. Не дека не те сакаат, мислам дека не знаат да те воспитуваат. Ако татко ти е лош , и мајка ти ли е? Не можеш со неа да разговараш? Немаш мајка на некоја другарка која ќе ти каже за секс или дека е лошо да имаш по 3 дечковци од едно семејство? Прво ти смени се, покажи дека си разумна, па може и твоите ќе се сменат. Не мисли дека ништо не знаат што правиш. И на 16 години доволно е во 11 да се враќаш дома, очигледно и со таа забрана од твоите немаш проблем љубовно да се реализираш.
Oстaјте тoa кaкo билo вo вaше време и дo кoгa ве пуштaле, денес е другo. Мене oд 14 гoдини ме пуштaaт дo 12:30, истo и кaкo пoвеќетo девoјчињa нa мoјa вoзрaст, пa не се oднесувaме вoлку недoзреaнo. Никoгaш не ми брaнеле зa дечкo и никoгaш не сум се плaшелa дa не сум бременa. Oчигледнo е спoред мислењaвa нa девoјчевo декa тaквиoт нaчин нa вoспитувaње, сo кршење телефoни, дерење, викaње кучкa, не дaвaње дa испaѓa не успеaл бaш. Нaместo зaбрaни, требaлo дa рaзгoвaрaaт сo неa. Девoјче, требa дa сфaтиш декa тaткo ти немa шaнси дa се прoмени, a oсoбенo aкo прoдoлжиш вaкa дa се oднесувaш недoзреaнo. Учи пoвеќе, читaј. Внимaвaј сo кoгo испaѓaш кoгa се рaбoти зa дечкoвци. Спoред вoведoт нa твoетo мислење тукa, делувaш себичнo и незрелo. Не си сaмo ти и твoите прoблеми нaјбитнa. Кoгa ќе видaт декa си пooдгoвoрнa, сигурнa сум декa би ти дoзвoлувaле пoвеќе. Уште си мaлa и незрелa, имaш уште време дa сoзрееш и дa видиш кaкo функциoнирa светoт.
За девојчето да знае како доликува да се однесува на 16 години требало тој што ја нарекува кучка и што и крши телефони да ја научи. Океј нека седи дома за Нова Година, нека излегува до 11.30, не смее дечко да си фати, и ? Само ќе ја малтретира психички и во никој случај нема да ја научи на морал, туку ќе и влее страв да разговара со него/нив за било каков проблем. Ги видов нејзините претходни постови и не забележав во наведените постапки дека неговото однесување позитивно влијаело на нејзиниот карактер. Напротив, тоа што одела со двајца браќа и нивен братучед, имала сексуален однос и се плашела од бременост укажува на неморал и неинформираност. Родителите се тие кои треба да разговараат со неа и да и објаснат што е во ред, а што не. Со разговор, со излагање мислења од двете страни, а не забрани и наредби како робот да е. Ете излегувала ретко, а успеала да направи речиси се што и е забрането. Не велам да ја пуштат да се враќа кога сака, ама нека разговараат. Зошто не е во ред за девојка од 16 години да биде излезена до сабајле, кои опасности ја чекаат надвор,.со разговор се учи, не со кршење и викање. Не би ја обвинила неа, таа можеби од љубопитност многу пати постапила погрешно, а да го имала тој разговор со родителите претходно верувам дека би размислила пред да се доведе во такви ситуации. @hulii биди сигурна дека некој ова не би го сметал за проблем во споредба со огромните проблеми со кои луѓето секојдневно се соочуваат и немаш право така да зборуваш. Во однос на проблемот, разговарај со твоите, кажи им што сакаш, сослушај ги и нив затоа што сигурно не ти мислат лошо. Пробај да ги подобриш односите со нив и да ги разбереш. Сигурна сум дека татко ти сака да те заштити, иако го прави тоа на погрешен начин, ама ќе видиш дека со разговор многу нешта ќе се подобрат.
до 24 години не смеев да излезам после полноќ, исклучиво во петок и сабота, за други денови не стануваше збор! татко ми по цел ден беше на работа, нeкогаш и не го гледав, пораснав со мајка ми. Мајка ми се срамеше од мене и јавно го кажуваше тоа, не сум со сите 5ки во школо, не правам тоа што сака она јас да правам, сакам да излегувам почесто од тоа што ми беше дозволено. Бев константно навредувана, затоа што тоа беше единствениот начин што мајка ми го знаеше за комуникација, значи од курво до коа ќе умреш на гроб ќе ти играм. Да, мајка ми. На 24 и некој месец, ги собрав сите пари што до тогаш ги штедев и си отидов. Фала чао пријатно! и мене никој не ме учеше што треба како треба. Поштеност? Па зар некој треба да те научи дека да спиеш со двајца браќа и нивниот братучед не е баш океј? Викате да не збориме во мое време во мое време, епа во мое време јас немав ни компјутер ни можност да се информирам, сега имате се! И пак на форуми доаѓате со прашања од типот трудна ли сум? Како да ви помогнат родителите ако ВИЕ не зборите со нив? Друго што никој не го гледа е дека кога сме тинејџери често ги занемаруваме проблемите на родителите кои што се каде каде посериозни од тоа леле нема нова година да ме пуштат да славам. Не зборам дека во конкретен случај тука оправдувам било што, но години и години подоцна, откако пак се решив на поинтимен муабет со мајка ми дознав дека имала ужасно детство кое што никогаш не ми го кажала за да ме заштити според неа, не знам како. Долг период се лечела и од депресија откако изгуби работа и едно дете, уште еден факт што бил скриен од мене дека малото детенце да го заштитиме. Така да пред да почнете да се жалите соочете се бре со проблемите, прашајте. Ако не едниот другиот родител. Ако не родителот некој од фамилија. Ако е ужасно лоша ситуацијата, има центри што помагаат или пак...штедете си на било кој начин и одете си. градете си го сами животот! Јас од Скопје со ранче си заминав, сега сум во Милано и за чудо, со мајка ми сум блиска како никогаш до сега
Сите што викате дека таквите проблеми се минорни, очигледно не сте растеле со такво "воспитување", па да видите колку е мачно растењето покрај таков родител. Во лифт буквално сум се пресоблекувала за роденден кај другарка. Тоа беше прв и последен пат да носам сукња, зашто од дома не смеев да излезам таква. Сите мои другарки биле распуштени и не сум смеела да се дружам со нив. Имав ограничен излез, и ако не се вратам навремено, воопшто нема ни да преспијам дома. Значи се случувало да останам надвор до сабајле, да дремам на клупи, зашто знаев што ме следи дома и какви зборови ќе слушам. "Ајде на гинеколог, забремени ли" и слични зборови, иако првпат дечко имав на речиси 19 години. Веќе до мене такви зборови не можат да допрат, ниту ме интересира неговото мислење, ама душата ми знае колку сум се тресела порано и да се мрзнам на клупи само зашто поминало половина час плус по ограничениот излез...
Не знам како е нормално да и искрши два телефона. Ова не се мали проблеми, и не знам како го оправдувате тоа со тоа што има пишувано за секс и врски. Па тоа треба со разговор да се реши, мирно. А не со трескање се живо и диво. Да не ја пушти нова година да прослави..од кога памтам со другарки сум славела ко помала и не сме правеле глупости, ете може најнормално да ти се јави да те провери како си. Кај мене еднаш татко ми имаше дојдено онака, си кажа човекот на време и го сфаќам, помала бев. Ама дојде најнормално си честитавме нова година, се гушнавме, се зезаше и со другите деца малце и си отиде. Секој родител сака детето да му биде безбедно, ама нарекување кучка и кршење мобилни не е нормално, ама ИЧ.
Ако сум пишала дека мислам дека сум бремена не значи дека мене тоа ми се случува,сум пишала во мое име а не прашував за мене...