1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Бројче мислам дека најдобро е да разговараш со мајка ти, отворено,биди другарски настроена кон неа.Незнам од кога така се однесува,но сепак би било добро да ја разбереш и ти,сепак родителите неможат да мислат лошо за своите деца,тоа мислам дека ниеден родител не го посакува за своето дете.Викам да ја разбереш, затоа што и таа си има проблеми,маки во животот,но сметам дека не се однесува така како што мислиш,можеби поради одредена причина се однесува така,незнам,но секогаш отворен разговор го решава било кој проблем,доколку се има разбирање,а и да нема самиот отворен разговор ќе придонесе за тоа,а и ќе има подобри резултати :) затоа што нема нерешлив проблем,има ако не се разговара отворено и без да се сослуша што има другиот да каже, со што доаѓа до конфликт.Тоа е моето мислење или предлог за твојата ситуација :)
     
  2. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343

    розита а дали си помислила некогаш како и е на сестра ти,викаш поголема била....и дали си се ставила барем еднаш на нејзина страна,да видиш како е,да бидеш ти против неа......сигурно и таа страда.а треба да разговараш со неа мирно и сталожено а не вака да не се разбирате.треба да се ослониш на сестра ти,зошто таа ти е една сестра и друга немаш и нема ни да имаш.сигурно и таа страда и се нервира,ама никогаш никој нема да и биде поважен од сестра и,го зборувам тоа од моја страна дека никгаш ама баш никогаш нема сестра ми да биде после дечко ми и се ќе направам само за неа,ама со некои постапки ме излудува и некогаш ќе и докажам дека ме повредила.ама ти треба да решиш со неа се......таа секогаш те сакала,уште од мала и до ден денес,сигурна сум за тоа,само сигурно е многу повредена сега и се откажала од дечко и само за со тебе да биде се во ред.помисли на ова,најискрено ти го кажувам..... ;( ;(
     
    На 2468, Hopeful и annnni им се допаѓа ова.
  3. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    плачам на цел глас ;( додека читав што сте ми напишале .....фала ви многу на вашите совети ама еден дел од мојто срце се откина и незнам како ке го залепам.......добив многу погрдни зборови кој незнам како ке ги заборавам....исто е како да се радуваш на цвеке цело време..до го потхрануваш а го пазиш и се и на крај да те боцне и да ти пушти крв....исто како што сум сега јас ....мојот пат беше до тука тоа што ми беше цел не успеав да направам...и сега сум сама...си правам слики на мојот иден живот како со месеци нема да ја видам сестра ми. ;( ..како сега сама ке се шетам наместо со нека како што беше минатата година..... ;( како ке нема на кого да му пеам и да правиме клипови и караоке ;( иии многу други работи кои мене многу ме исполнуваа...ама неможам веке да пишам тешко ми е ...знам само дека ми останаа уште два дена а се повеке се блокирам и незнам и несвакам ...мислев дека никогаш ништо нема да не раздели ама ние самите се делиме за да не бидеме пречка адна на друга ;( сепак ке кажам ТЕ САКАМ ДАДЕ :hug: :* :hug: :*
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    ^^^мило срце мое не ми се нрвирај те молам...се ќе помине ти го кажувам ова како на сестричка..... :*
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    како што вели анннни ќе кажам и јас - се ќе помине .. нема да можете една без друга, а посебно ако сте биле мноогу блиски, сега не ќе можете да се воздржите и ќе се зближите пак ... мислам дека спомна дека и сестра ти е на форумот, или сум грешка ?
    ако е на форумот сигурно сега веќе ги прочитала твоите постови ... но, ајде пробај ти направи го првиот чекор .. зборувајте и сигурно ќе се смирите .. можеби таа од тебе го чека првиот чекор, а ти од неа ..
    сепак некој мора да го направи првиот чекор нели ?
    биди ти таа што ќе го скрши ледот ...
    дозволи и на љубовта и емоциите да те водат .. ;)
    љубовта во вас постои, но сепак е многу длабоко во вас и мора некој прв да ја разоткрие на виделина - како што и било до сега
    се надевам дека ќе се смирите .. :*
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Лутав по форумов и конечно најдов тема. Барам совет и мислење, за да ме сфатите морам од почеток.
    Пред околу 2-3 години сестра ми имаше сообраќајка за среќа без повреди, единствено колата беше партал, и нејзината и на детето со кое се судрија. Се водеше судски процес каде што ја прогласија за виновна, се тужеше со осигурителна компанија затоа што не беше само таа крива, и се спогодија да плати оштета некаде околу 5000 евра во денарска противвредност. Е сега, знаејќи потсвесно дека сепак ќе треба да плати оштета, со оглед на тоа дека е вработена веќе 10 год. и има солидна плата, си купи кола, која ја чинеше приближно колку казната. Кога дојде време да плати казна немаше пари и се позјмила од татко ми, да му ги враќа на рати во наредните 3-4 гог. се додека не му ја исплати целосната сума. Јас тоа го дознав пред некој ден, самата таа ми кажа и мајка ми, а јас цело време мислев дека земала кредит, затоа што така викаше дека ќе плати кога ја убедував да не купува кола затоа што ја чека казна. Кога дознав никако не реагирав, само си премолчив, си реков што сакаат нека прават нивен проблем, со оглед на тоа дека јас сум мажена, а сестра ми сеуште живее со нив.
    Е сега што е мојата дилема. Дали намерно го скрил татко ми фактот дека тој и дал пари, за да не му барам и јас? А воопшто немеаВ намера.
    Инаку, 2 год. живеевме под кирија и кога се преселивме во семејната куќа на маж ми почнавме да реновираме полека, полека, така што ни остана уште претсобјето и детската соба, сето тоа било од наши пари, од наша плата, заштеда од свадба, никој денарче не ни подаде ниту пак побаравме. Досега од никого немаме позјмено пари буквално за ништо фала му на Господа, не сме страдни ниту гладни. Е сега уште пред сестра ми да ја купи нејзината кола, кажавме дека и ние сме во план да купиме кола, конечно најдовме една што ни се допаѓа и здравје до крајов на неделава би требало да ја купиме. Нас колата ни е неопходна, старата веќе се распаѓа, а сестра ми ја купи онака од ќеиф.
    Да не бидам погрешно сфатена, suma sumarum и по некоја логика излегува дека фактички татко ми и ја купил колата Или поинаку гледано и помогнал без учество и без камати да има нова кола. Не сум љубоморна, само се нервирам зошто крие татко ми од мене. И 100 % знам дека нема намера и мене да даде онака доброволно, во смисла и дадов на сестра ти еве ти и тебе, што би било фер, барем така мислам. А дали јас ќе ги прифатам или не, не се ни осмелил да ме праша.
    Што мислите, дали би било во ред отворено да разговарам со него (затоа што знае дека знам, и чека да се видиме во 4 очи да разговараме), и дали би било од морална гледна точка без да го навредам да му побарам пари да ми помогне за реновирањето, Добро би ми дошле парите, нема да лажам, и јас би му ги враќала на рати без камата наместо да земам кредит од банка. Дали би било себично од моја страна ако така постапам ? Што мислите Вие, прифаќам и критики, барам објективно мислење па макар и да ме осудувате што вака размислувам. Да нагласам во брак сум 6 год, а НИКОГАШ не сме барале ништо.
    Однапред благодарам. :worried: :(
     
  7. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    хм...комплицирано! Ти си се навредила, можеби и со право но родителите сигурно не ве двојат и знаат што прават-според некои си нивни математики.Се сомневам дека нема логично објаснување
    Мој совет е отворено да разговараш со татко ти и целото твое семејство, картите на маса....сигурно ќе најдете некое решение/
    Ова е моето мислење и извини ама морам да ти го кажам и ова, мислам дека треба малку повеќе да се радуваш за сестра ти, немора баш секогаш да се споредуваш со нејзе, ендаш ќе има она еднаш ти и така
     
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Навистина е комплицирано...Колку што сфатив јас ти се радуваш за сестра ти и се океј меѓу вас претпоставувам, но ова ти дојде како гром од ведро небо кога разбра дека всушност твоите ја платиле колата и неа и направиле услуга со тоа што нема да има дополнителни трошоци за камати, а од тебе криеле и нормално е да размислуваш вака затоа што тоа што се крие не е убаво затоа и се преќутило. Јас мислам дека треба да разговараш и убаво да им објасниш на твоите прво како се почувствува кога разбра за оваа рбаота, види како ќе реагираат и што ќе ти кажат, а потоа во зависност од разговорот прашај ги за и тебе да ти помогнат финансиски..Само немој наеднаш да им кажеш „ на сестра ми и дадовте пари јас мислам дека е фер и мене да ми дадете“ не ни прашувај таква работа ако нема простор.
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Лолита ќе си го кажам моето мислење, иако верувам веќе си разговарала со татко ти и во меѓувреме уште 10 разговори се случиле, не само на таа тема.

    Премногу лоша делба, и од страна видлива настроеност кон едната повеќе. Не знам колку е тоа точно, колку не секако, само така разбрав.
    Јас да бев на твое место немаше да зборувам само со татко ми, ќе зборував и со сестра ми отворено, но никако немаше да побарам пари за реновирање.
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ах тие родители

    Здраво феминки.

    Ја отворив темава надевајки се на некој добар и корисен совет,ако има ваква тема избришете ја или ја спојте ја со соодветната.

    Проблемот е со моите родители.Премногу ги сакам,секогаш сум ги слушала но и лутела.Знам дека секогаш мислаат добро за своите деца но некогаш знаат и да претераат.
    Се се случи од пред 2 години кога почнував да размислувам за мојата иднина кога ке завршам средно училиште.Мојата желба беше Филолошки факултет отсек Англиски јазик но и со намера да учам во Скопје,но нивниот избор беше Штип на истиот факултет.Јас не се согласував со тоа и ги прашував која беше причината за тоа нивно мислење?Ми рекоа дека не би се снашла во таков голем град плус нема да се хранам доволно добро бидејки сум анемична,причината не беа парите туку тоа.Мислев дека ке се премислат до почеток на академската година ама не беше така.(За разлика од мене брат ми секогаш му угодуваа иако беше постар од мене,му купија кола,во 8 одделение беше дури за Шпанија и Австрија,а јас си седев дома и си играв со мечињата од пуста досада( :D ) )Дојде време за уписите,јас ги молев да се упишам во Скопје а тие не ми дозволуваа,ме уценуваа или Штип или дома а јас многу сакав да учам.Но еве морав да се согласам на крај со сета мака.Од тогаш тоа постојано им го префрлувам на моите родители и ги потсекам колку помлади личности од мене одаат таму да студираат а тие мене не ме пуштаат заради банални причини.Поради тоа што учам онаму кај што не сакам јас немам желба да учам и да постигнувам убави резултати.Секој што доага и ми вели:Mа таму е построго а овде во Штип полесно ке поминеш.Е на тоа им реков,јас не сакам да поминам така.
    Мегувреме брат ми заврши Факултет и замина во Италија на постипломски,им реков на родителите па како тој ке се снајде таму ако е во друг град а моите родители во друг?Ми ветија дека ке ме префрлат во Скопје но не си стоеја на зборот.Тој,брат ми сеуште е таму а јас овде се досадувам а тој шета(не,да не ме сфатите погрешно не сум љубоморна нему туку срекна за неговите успеси)но сакам и јас да шетам а тие не ми го овозможуваат тоа туку секогаш на сила ме тераат да правам нешто што не сакам,ми кажуваат како да се однесувам и тоа ми пречи.Па си го сакам карактерот бе :$ Но тоа не е се.Вечерва тоа што го слушнав ја прели чашата.Ми се јави татко ми на телефон и ми кажа дека брат ми со братучедот шетале низ Торино и дека девојката на братучедот мој ке се запишувала во Италија.Јас само сронив солзи и му реков океј поздрави ги,сите чекаат јас да заминам во Мкд па после да се шетаат а кога сум јас бев за Италија за мене никој немаше време :( :( :( тоа ме боли.Ја склопив слушалката и и реков на мајка ми па еве сега и девојката на братучедот ке се запиша на страна а вие не ми дозволувате да мрднам,па до кога вака?сакам и јас да живеам.Таа само мрморна нешто и не ми спомна ништо околу тоа.Сакав да се обратам на личноста која ја сакам ама премногу го задевав за моите проблеми,не е фер од моја страна кон него :worried:

    Незнам како повеке да ги натерам да го сменат мислењето дека не сум мала повеке,дека и јас сакам да станам независна,да почнам да си го градам мојот живот а не се да се врти околу нив.

    Ве молам за совет. :$
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Независна ќе бидеш кога ќе почнеш сама да заработуваш, а додека си под нивна капа т.е тие те финансираат можеш само да глумиш независност...Можеби јас сум премногу строга или сум имала поголеми проблеми со моите но мислам дека си разгалена, а можеби и по малку љубоморна, но сепак најмногу ми делуваш детски...Извини но јас мислам дека треба да си седеш кај што си, да си учиш, да не си ја полниш главата со измислени проблеми (демек не можам да учам од што ми е тешко), и да бидеш благодарна на твоите родители за тоа што ти овозможиле...
     
  12. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    368
    Можеби сте во право, ама ако беше таков случајот и со брат и` ...
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Не воопшто не сум разгалена,грешка си,никогаш ништо не барав ниту сум љубоморна,само сакав да имам висок стил на учење,и плус да имам ист третман како брат ми и како другите а не да ме третираат како да сум мало дете зошто не сум.Млада сум,сакам и јас да живеам.Цел живот сум затворена а другите околу мене шетаат.Им ги исполнуваат желбите,јас само побарав дека сакам да студирам во Скопје и да ги исполнат барем тие желби.Ни им барав пари ни трошам.Ни им барам да шетам ама сакам да гледаат бар и за мене а не секоја работа која ми е потребна да ми ја забрануваат.Учам со ниски критериуми,ми предава професор кој кога му поставиме прашања мора да го бара одговорот од крајот на книгата,ми предава професорка која на сред колоквиум наместо испитување ни пушта филм или ја нема цел семестар,па не сакам така јас да завршам факултет.Зошто да не се бунам?па имам право,ги даваме парите а учење на најниско ниво.Па како да учам кога немам желба да учам вака.Настрана тоа,најмал проблем ми е,можам да се излезам на крај но што е со моите барања?Мамо сакам да прошетаме,да одвоиш време за мене барем еден ден,или на татко ми,тие се секогаш зафатени или преморени а ако се работи за некој сосема друг ке скршат и нозе од трчање за да угодат.Мислам дека не е фер и спрема мене.Зошто да не ми дозволат да учам кај што сакам?И мои братучеди се сведоци на тоа.Секогаш ми ветуваат работи кои и не им ги барам ама барем едно нешто да го исполнеа.На мои години јас немам одено на одмор,само во Италија,недела дена.Не е тоа што ме прави срекна.Сакам свој живот,своја приватност,и еднаш да ми исполнат желба а не да ме оставаат настрана.Можеби премногу барам ама имам право и јас да живеам.Цел живот мора да им одам по нивниот кеиф.Не им барам патувања,нити автомобили ниту пари,им барам барем и за мене да одвојат еден ден,сега кога е мајка ми слободна може бар да одвои време за мене нели?
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Девојки го напишав проблемов во една др тема,но икој не се најде во слична ситуација па ајде да пробам тука....
    значи се работи за мајка ми.имам спомнувано дека татко ми почина пред 3 год,и беше гром од ведро небо,и најтежок удар на животот..многу време ни требаше да се соземеме и како така да почнеме да живееме.првите неколку месеци ,мајка ми нонстоп во транс ,само спиеше од лекарствата и јас и сестра ми во паника што да ви кажам...потоа таа како да стана друга,остави и лекарства и све почна да собира сила-и ни рече што е тука е,дека мора да собере сила за нас,и дека за нас ќе се бори,така и беше...тешки финансиски моменти,таа собра сили неизведе на пат,ме ишколува мене до крај,а студрав во ск,ја запиша сестра ми на фак.,се молеше по по партии за работа-бидејчи работеше во приватната фирма на татко ми,која моравме да ја затвориме пошто не знаевме како да работиме со неа,но сите останаа глуви,цела заштеда се потроши останавме само со семејната пензија...виде невиде-отиде во конфекција,жена со факултет ,уште каде не прошетана и сл,се направи за нас-знам дека не и беше лесно да се спушти до таму-и да биде јасно не навредувам,,,,но остана да се бори...ете сега јас работам а сестра ми е во америка
    Таа остана првпат сама дома,бидејќи сестра ми живееше со неа.Јас цело време ја мислам ,иако се прави храбра знам дека не и е лесно...пријатели ко пријатели сите по погребот си заминаа ретко некој да се јави-во несреќата никој нема......секоја прилика ја користам да отидам до дома,но тоа е во месецот 2 пати...многу се нервирам што е сама,дали ме сфаќате???особено што со татко ми си беа ептен блиски,насабајле пред работа не будеше смеа и топол мирис на чај-нивен ритуал,нон стоп си идеа на викенди,планинарења,прошетки во природа,искачаа во кафани итн,значи имаше богат друштвен живот да не речам,а сега со 2,3 пријателки ќе се напие кафе,а сите роднини-брат и и први братучедки се кој по странство кој во друг град.....
    Случајно се сретав со една комшивка која работи со нејзе и ми кажа дека 2 жени-покварени,нон стоп збореле пред мама некој муабет-демек леле колку е тешко човек сам да живее,сега во стари години највеќе ни треба партнер,ете децата ни оженија ние си седиме заедни си се радуваме и такви некои ствари,и еднаш мајка ми неможела да издржи ептен и паднало тешко ис е расплакала ;( ја прашав мајка ми дали е точно-ми призна и ми рече не се замарам за нив,тоа еднаш тешко ми дојде...и реков веќе да не оди на работа но таа рече-дома сама не се седи....леле луѓе знам дека многу напишав но МНООООГУ ми е тешко,мн ја сакам,незнете колку се бореше за нас,не заслужи вака,ми се иде да оставм и работа и све да одам да седам кај нејзе ;(
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Уф, Маца. не си ни ваму ни таму :worried:
    Ако веќе не можеш почесто да ја посетуваш, тогаш звони и неколку пати во денот ако треба и прави и ведри муабети.И кога ќе имаш прилика да ја видиш, не седете кај неа дома, туку излезете, шетајте, купи и нешто, пијте чај во некој кафич.Ако можете дури и на викенд некаде блиску отидете.
    Не сум за тоа да ја тераш да не работи, зашто навистина многу полошо ќе и биде ако не работи ништо и седи дома по цел ден.Единствено предложи и да ја смени работата, ете нека проба во некој маркет, па и со факултет е како што спомна.Ако ништо друго, има помлади и повеќе вработени.Можеш и некогаш да ја израдуваш да и испратиш некоја книга или цвеќе кога веќе не можеш лично да и однесеш.
    Прави се, само да не се чувствува сама и бескорисна.Така е периодов, ама во иднина сигурно нешто ќе се смени на подобро ;)
     
    На Angel-Wings и maca99 им се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Фала ти срце,ама навистина правам се се се....и пак не се чувствувам добро...нонстоп и се јавувам,и таа е ведра по телефон ама знам дека несака да ми покаже дека не и е лесно,оти знае дека се секирам,кога си доаѓам викендиве не ни искачам со друштво ја терам навечер да шетаме,некогаш на пици...ама не е тоа тоа,поготово зашо знам како и е...во секој случај се надевам на подобро,тоа ти е животот...некој може не би се замарал на мое место,но неможам многу си ја сакам :(
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Знам дека сакаш се да промениш, ама треба да ти е јасно дека и ти не си многу моќна-само времето може да среди се.Загубата била огромна и и треба време да се навикне, да се соземе, да си најде ново хоби и да го исполни времето.Тој период мора да помине за да продолжи понатаму.И јас сум сигурна дека не глуми секогаш расположена, туку дека некогаш и навистина е.Ми остава впечаток на силна жена и затоа сум и толку сигурна ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884






    Извини вака ама и јас мислам дека си разгалена.Твоите ти овозможиле да учиш,да се образоваш,да постигнеш во животот а ти е сега не сакам ваму,сакам таму.Па не си мала за вакви проблеми да им создаваш и да си ставаш на глава.Наместо да се радуваш на успесите на брат ти како да се твои,тебе уште криво ти е.Тебе не ти е до факултетот во Скопје,туку за да се шеташ.А за шетање има време секогаш,школото се учи еднаш.
    Навистина неможам да сватам како може девојка на твои години да размислува вака.Можеби затоа што вака детски размислуваш на родителите им е страв да те пуштат подалеку.Покажи маку повеќе сериозност и зрелост.


    Ова беше најдобронамерен совет и те молам немој да ми се лутиш.
    Поздрав :hai:
     
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски

    Види вака, во Штип полесно ќе поминеш, секако. А колку квалитетно, зависи од тебе. Не ги обвинувај професорите, и во Скопје се наоѓаат такви. Твоите се во право, зошто да идеш до Скопје, кога го имаш истото во градот во кој живееш. Мене тоа ми е апсолутно апсурдно.
    Си сакала да шеташ, мислам океј, кој не би сакал да шета. Сепак имаш викенди, кога сакаш можеш да доаѓаш накај Скопје, да излегуваш, да се дружиш и слично. Ипак да живееше во Скопје, не верувам дека премногу би се ориентирала кон студиите, туку околу шетањето. Ете искрено од мене. Ретки се тие девојки од внатрешноста, кои доаѓаат со една цел и си ја исполнуваат до крај. Секоја почит за нив.
    И братучед ми е на постдипломски во Италија, и скоро ги завршува, а мене ми е премногу мило за него.
    Твоите родители најдобро те познаваат, можеби не те гледаат како зрела личност и затоа сакаат да си им во близина. А и искрено, кога се смараш во вакви глупости на твоите години и јас го добивам тоа мислење.
     
  20. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Pelikuna твоите најверојатно бидејќи си женско и повеќе те пазат, тука си им поблиску, а во Скопје нема да можат да ти водат толку многу контрола, да не отидеш на погрешен пат.

    maca99 обиди се да најдеш повеќе време да ја гледаш, јавувај и се на телефон, колку-толку нема да се чувствува осамена.