Ќотек во никој случај. А од татко ми имам помалце страв отколку од мајка ми, кога е нервозна премногу вика и се нервира уште повеќе.
Значи сите одма ја нападнавте а не пробавте да ја гледате ситуацијата и од нејзина страна , како прво девојката пича дека и обетката била нејзина ,не ја украла туку си продала нешто што е нејзино ...
Ја нападнаа и веднаш ја осудија дека е криминалец, дека ќе оди и во туѓи куќи да краде... Во тинејџерските денови кога секој се соочува со криза на идентитет, кога секој има бубачки во глава можни се и вакви манифестации. Едноставно и требале пари и сторила што сторила, ама се КАЕ.Жал и е.Се плаши. Ако се има што да се каже како совет -ОК. Ако не, без обвинувања Ве молам.
Не пиша дека е нејзино. @referentka не е тинејџерка, за да продадеш злато бараат лични карти. Но според исказите повеќе од 19 години не и давам.
@buba4e89 Патем до збор се согласувам со @referentka , мислам и да се работеше за нешто друго, некој друг проблем или некое лошо однесување, мислам дека насилство, тепање и карање колку и да е тешка ситуацијата не е решение зошто на крајот, ако не двете страни ама барем едната ќе излези фрустрирана.
Bubace..vo pomalite mesta ne bara nikoj l.k...plus zlatarite i imaat dadeno nekoja simbolicna suma koga ja videle tinejdzer,tie cekaat takva situacija. No ne e toa bitno.. Najbitno e sto devojceto se kae i i e zal. Treba da se dejstvuva vospitnoa ne da se stvara tenzija.
Здраво феминки. Прво извинете ќе имам долг пост,бидејќи сакам детално да ви ја прикажам ситуацијата. Нова сум во форумов и ги читав вашите проблеми мислев ќе наидам на некој сличен како мојот но повеќе беа од типот забрани за касно излегување или забрана за одредено друштво...... Мојот проблем е голем и би ви била благодарна ако некој ми помогне. Живеевме и растена сум во многу хармонија.Моите беа меѓусебе а и со мене и со брат ми како најдобри другари.И сме имале ситуации и кога сме имале пари многу и кога сме броеле до денарче за да поминеме денот, но мене и брат ми ништо не ни фалело, буквално со се сме биле задоволени и двајцата не извадија на прав пат. Само што разликата помеѓу мене и брат ми е тоа што тој од толку што му беше удоволувано стана никаков. И мене ми беше удоволувано не не дозволив тоа да ме направи никаква личност. Проблемот почна од кога почина мајка ми . поминаа 7 години а ние во овие 7 години незнаеме кај тераме.Татко ми многу се трудеше околу нас да не осетиме разликата. Тој нема никој во животот,еден брат и тој слепец. Јас се омажив и братми се ожениии. Ги направи 3 деца а нема никаква одговорност. Излезе од работа,запаѓа во долгови којзнае какви никој не знаеме. Јас зедов за куќата кредит да ја правам и цела плата ми оди за кредит ,тој само што го зедов кредитет ми побара пари итоа многу и бидејќи ме знае каква сум не одбивам ,не самоо еднаш туку 4 пати и јас останав и без пари и без куќа. А требаше да ги врати за еден месец а помина пола година. Од кај маж ми само викаат ајде што правите бадијала зедовте кредит само а куќа нигде и во право се,само како да кажам како да се срамам и пред нив, кога од страна гледано брат ми живее на висока нога.Од кола убава купена од моите,од одмори,од родендени,крштевки големи,од скапа гардероба. Снаами поим немала за тие паришто ми ги зеде , тој и неа ја лаже којзнае во какви долгови е западнат и уште се сили и лаже. Најголем проблем е што снаа ми му верува и кога татко ми ќе почне да се расправа со него таа го брани брат ми и двајцата се нафрлија на татко ми . А не сфаќа таа дека подобро би било да се зближи со татко ми да седнат а се договорат за брат ми да го вратат од нормала, отколку вака слепо да му верува нему и секој ден караници. Тој пред неа јаде трици за татко ми го прави неспособен и само лаже за него за тој пред снаами да се прави жртвено јагне. Го натера татко ми да земе кредит за него, наводно бизнис ќе почнувал и ќе го врател кредитот за 5 месеци, помина една година татко ми го плаќа кредитот за него, уште го нема вратено . Па капак на се кај плаќа 5000 денари и му остануваат уште 6000 за него, овие му бараат и за сметки и за јадење ,заедница биле неможело тие само да плаќаат сметки. И ете го уште поголемиот проблем.Татко ми почна да пие секој ден. Нема храброст да седне трезен да разговара со брат ми дека овој само го кара и понижува и бара храброст и сила во ракијата и секој ден се караат . А јас незнам како да решам ситуацијата, жал ми е за татко ми а од друга страна ако го бранам него само , тогаш афтоматски овие двајца ќе ми се налутат , а на снаами испран и е мозокот од братми.Заради внуците несакам со никого да се искарам,а премногу ме боли за татко ми дека нема никој и уште повеќе што почна да пие секој ден. Ве молам помогнете ми зошто паметот ме тера на многу лоши мисли, зошто веќе неможам да поднесам секое сабајле со страв станувам од помислата дали пак се испокарале и со страв им се јавувам и ич не ми се оди тамо, а морам да одам да им помагам за некои работи. Се ќе помагам ама веќе од овие проблеми што ми се жалат од сите страни јас немам мој живот во бракот . Жал ми е за татко ми , зошто душа од човек е ама погрешно представен пред снаами и нејзините. а брат ми почнувам веќе да го мразам. Не мислев дека ова ќе го кажам некогаш ама така е. Извинете за долгиот пост и би ви била благодарна за добронамерни совети
Разговарај со брат ти насамо. Не пред татко ти, не пред снаата, не заедно со маж ти. Потсети го на парите, потсети го на рокот кој сам го одредил, потсети го дека ти биле за дом и дека не си успеала да го створиш поради тоа. Ги знам ваквите карактери, кога ќе ги седнеш насамо се супер, ветуваат дека ќе се потрудат, дека ќе решат. И после по старо со лагите. Ама комуницирај почесто директно со него, пробај да изградиш поблиска врска. Не знам друго што да ти кажам. Со татко ти исто, разговарај насамо и објасни му дека со пиењето само ја прави ситуацијата потешка за сите. За тебе, за внуците, нека се потруди.
Фала ти на советот, го применувам ова, сум пробала .Само што брат ми не е таков супер кога ќе седнеш, туку ако му речеш одма се лути и не ти ни збори . А и на татко ми сум му зборела и тој тврдоглав станал и само вика и вие ме нервирате и проблеми ми правите па јас трпам не ви се мешам, не ми се мешајте и вие мене . Тешки карактери ,брат ми од секогаш бил, а сега и татко ми стана тежок многу , ама з анего ме боли многу дека го знам каков човек е во душа, ама многу се смени од секој ден караници . Јас треба да им речам правите што сакате јас си имам свој живот , ама арно да бев таква личност јака. Друго ќе беше мајка ми да беше жива,тогаш и да се караа немаше олку да се секирам, знам и татко ми има поддршка таа знаеше како да балансира. Се друго ќе се средеше само да не починеше мајка ми, господ ја зеде за ние да се изгубиме . Сепак фала ти многу за советот и то што одвои време да прочиташ до крај
И брат ми знае дека јас трпам за леб за да плаќам кредитот ратата,зошто мажми има и тој кредит и двајцата со 4000 денари живееме .и пак гајле нема
Мислам дека снаа ти јасно и е се,ама вака и одговара,си трошат пари(независно дали она знае дека не се од брат ти туку од тебе/татко ти кредити). Они 2та така се научени да живеат на висока нога, и не дај боже да му се случи нешто на татко ти потоа тебе ќе те цедат. Лошо што наместо за твој дом со маж ти ти си давала од семејниот буџет за брат ти. Несакам грубо да звучи јас на твое место би гледала да си ги вратиш парите од кредитот/задолженоста што ти ја должи брат ти со време да се договорите со татко ти и него за дел од имот ако делите и секој својот брак да си го гледа. Најлошо ти ќе поминеш ако се жртвуваш уште повеќе. Многу тешка ситуација и многу ми е ѓал за татко ти,иако не те ни познавам,жал ми падна,ама што да прави он,него најтешко му е,сепак ти немоѓеш ништо освен да се заштитиш себе си и својата фамилија.
Nisto ne e nereslivo. Ke pojdes tamu kaj tatko ti i brat ti, ke gi sednes site vozdrasni na masa i vistinata ke ja obelodenis. Ke ima i karanici i placki i pretenje za razvod i sesto na kogo sto ke mu tekne, ama ke mora ova da se presece. Sto pobrzo toa podobro. Ako se krie ponataka ke se navleze uste vo pogolemi problemi. Znam deka ne e lesno i ti znaci familijata da ostane vo celost no ke mora nekoj tajni da se obelodenat. Mozebi brat ti ke ti se naluti za nekoj periot i nema da razgovara so tebe,, ama i toa ke pomine, krv ne e voda. Koga togas ke svati i ke se vrati vo kolosek. Mora taka da bide, drugo nema.
Уфффф ,ќе морам сите да ги седнам.Од тоа што се плашам знам ќе се блокирам целата,ич немам самопочит пред нив, поготово пред снаами ,цело време се пазам што да речам. Така се имам поставено на почеток и тешко ми е ама мора да соберам храброст.Подобро нека не зборат одколку јас секое сабајле со страв да станувам и кошмари да имам навечер.Може некој ден ќе ја удрат главата и ќе сфатат дека само најдобро сум сакала. Фала ви многу, на ниту една не ви посакувам вакви маки, само убави работи да ве следат во животот
Валјда овде му е местото. Немам телефон, па го користам таблетот на мајка ми. Сум се уклучила на фејс во петокот, ама не сум се исклучила.. и си излегов, пошо дојде дечко ми на викенд. И ми звони мајка ми вечерта: тешко тебе, што е ова на фејсбук, ајде јас видов, ама што ако видеше татко ти.. тешко тебе, глупава ваква таква. Јас претходно сум пишувала малце страсно со дечко ми, вулгарни работи, а и оправдано, пошо 2 недели не бевме видени и така ни доаѓаше.. си пишувавме јас тебе вака, ти мене така итн. И мајка све ми прочитала. Што не е баш типично за неа да ми чепка по фејсбук, а јас мислев дека не ни знае како да отвори. И сега срамот ме јаде. А и дечко ми исто. Еве цел викенд не сме прозбориле ни а со мајка ми, а само ме игнорира. И јас исто. И` се лутам што ми чепка во фејсбукот, тоа се мои лични работи, а од друга страна мајка е, се секира. Плус, јас сум и` најмала ќерка и од една страна ја разбирам. Не знам дали да и речам нешто, да видам дали прочитала тоа што јас мислам дека прочитала, или мисли за нешто друго, стварно не знам. Лута е, не зборува само ќути со мене, ме игнорира буквално. :/
Оф. Треба да бидеш малце попретпазлива. Секогаш, за да избегнеш вакви непријатни ситуации. И јас ја разбирам мајка ти, нормално дека така ќе се однесува, сепак не и лесно да прифати тоа што го прочитала. А не требало да прочита, сепак тоа е твоја приватност. Најди начин да зборуваш со неа, не ја игнорирај, не држи лутина и ти, ќе направиш само полошо. Некогаш мора да зборнете.
Да, ама не знам како да почнам муабет. И звонев прееска и не ми крена. Сега се вртка по собите и не ми зборува, ми ја врти главата.. Хаха, не знам што да правам, стварно.
@larrachi Комуникацијата решава се и ништо не ја оправдува мајка ти тоа што ти чепкала по приватните пораки. Од друга страна, на која возраст си може е факторот зошто таа толку се налутила. Ако си малолетна, разумно е жената да се налутила од твоето однесување.
Не сум малолетна. Не сум и баш голема, ама нема право да ми чепка во мојата приватност. Плус, пишував со дечко ми, што нормално е дека со него ќе пишувам све и свашта.. оффф..
@larrachi Не и звони по телефон, туку седни во 4 очи да разговараш со неа и да и објасниш дека веќе не си толку мала и нормално е човек во врска да има потреба од вакви работи, а и од друга страна дека не е во ред што ти чепкала низ пораките