Не знам колку години имаш, но според ова што го пиша, верувам дека мајка ти не би требало да чита твои разговори. И јас имам ќерка, но освен критики (и пофалби понекогаш) за она што го објавува на ѕид, друго ни сакам ни е културно да гледам. До пред година-две и го знаев пасвордот. Ја контролирав, но сега веќе е доволно голема да сама си ја креира приватноста (границата и е позната и и ја повторувам секојдневно ) Сметам дека родителот треба да има изградено однос со детето кој ќе биде доволно близок за да нема страв,срам од споделување на секојдневните случувања...а не да биде инспектор. Сега знаеш како и е? - си вика, поарно да не прочитав...
@ALISA0000 скоро 19. @sanjaeva И мајка ми е разбрана многу, ама не знам сега веројатно и се згади и слоши од тоа што прочита, па сега не може да ме погледне во очи. Не сакам да ја чепкам, лесно е збувлива, па да не се влоши ситуацијата. Ќе се изнавика и џабе, нема да и помине. Да оставам да помине некое време, ќе подзабрави и ќе ми се смири, сепак ми е мајка.. мајката е тука и да покрие и да скрие и да помогне и се... Што викаш? @Summerlover Па мислам дека ќе се изнадере ако и речам нешто, може подобро е да почекам да и помине/
@larrachi Па и ако се издере, биди упорна и продолжи да зборуваш со смирен тон, од друга страна, опција е и тоа да почекаш да и помине, ете ти ја познаваш подобро од нас, која опција е подобра. И следен пат, биди попретпазлива како раководиш со својата приватност
па сепак си полнолетна треба д аи е јасно дека имаш односи со твојот дечко ако знае за него секако остави нека мине ден два види како ек се понаша и не е она таа што треба да се луте ти треба да си навредена што ти чепка по приватност да чепкам на дете од 12-13-15 години ама и на 19 години ли треба да ти чепка ако нешто почне да ти зборува прашај она кога почнала со односи и нека биде искрена во одговорот
@simonana* твојот брат ве игра сите како што сака и некој мора да постави граница. Какво е тоа земање на кредити и доведување на сите други на работ на егзистенција што се вели заради нечии долгови, или расфрлање со пари ко демек еве ме видиме кој сум. Кога веќе си го познаваш братотдека е проблематичен, не си требало да дозволиш да му ги дадеш парите што биле наменети за својот дом. Дали си свесна дека тоа може да избие во тешка караница? Барај си ги парите по секоја цена и следен пат не подигај кредит за никого ниту татко ти требало да подигне кредит. Ако брат ти бил толку способен ќе заработел и ќе биде одговорен дека сите ве загрозува со глупави постапки и нема да прави такви глупи ствари. @larrachi следен пат кога ќе пишуваш такви пораки, не заборави да ги избришеш.Видела што видела, поразговарај , извини се , ако треба речи нема да се повтори иако ќе се повтори.Си ја згрешила и тоа е тоа.
@larrachi уште нешто да кажам... За нас мајките, вие децата секогаш ќе бидете мали...а со тоа што го прочитала си ја соочила мајка ти со фактот дека растеш, дека имаш свои потреби и свој живот. Тешко е тоа да се прифати. Ние се трудиме да растете во стаклено звоно. И одеднаш шок. Јас температура дигнав кога видов слика на која ќерка ми се бацува На жолт картон е моментално Ако не сака да те слуша (а сака верувај), пиши и смс, нешто во смисла - и покрај тоа што со Х се сакаме, ти си ми најсакана...и колку и да ми е срам, сакам да зборуваме.. Родителот не заборава...тоа да ти е јасно. Простува, се помирува, но не заборава. Знаеш зошто? Затоа што нема нешто повредно од детето.
Здраво дечки. Се зачленив само поради ова што ќе го пишам за да ми олесни на душата бидејќи немам на кој друг да кажам и ако може совет од некои кои поминале низ ваква ситуација или пак како би постапиле во ваква ситуација. Имам 18 години, живеам со мајка и татко кои одкако знам за себе се караат и тепаат. Неколку дена се добри неколку дена пак кавги, среќа што нема тепање веќе бидејќи говедото кое не сакам да го наречам татко му возвратив еднаш кога ја удри мајками. Имам тахикардија и штом слушнам повишен тон чувствувам дека срцето ќе ми излезе во неколку случаеви едвај се вратив во реалноста, губам свест. Материјалната состојба како и на повеќето во државава ни е катастрофа, има само едвај за сметки, за храна и тоа е тоа. И покрај здравствените проблеми од мали нозе работам физичка работа на распуст за да имам да си купам нешто.. Мајками исто така има здравствени проблеми но и покрај тоа работи 2 смени само за да не е дома, има правено 3 операции. Никогаш не сум пребарувал, колку се имало толку иако мака ми било кога сум гледал во училиште другите дека имаат повеќе. Се караат буквално за ситници, главен проблем е тврдоглавоста на таткоми па нечесто знае и со мене да се испокара без причина.. 2 пати завршив со искршен компјутер. Уште ми се пред очи моментите кога ќе дојдеше од работа и ми ги кинеше цртежите без причина. Кога и да земам молив во рака ми доаѓаат тие слики пред очи. Ме направија човек без чувства, јас незнам што е љубов, ниту среќа. Ни на душман не би му посакал ваков живот. Имам пријавувано семејно насилство но направив само полошо, случките се завршуваа со тепање и карање после разговорот со полицијата. Имам посетено психијатар чисто совет да ми даде или мотивиција со разговор, но јас добив рецепта за лекови наместо тоа... Згрозен сум од се што се случува околу мене. Не се трпи ова веќе, незнам што да правам, немам подршка од никој, немам со кој да поразговарам, да споделам добро или лошо. на два ума сум. Сакам да студирам во странство само за да се одалечам од тука но од друга страна ми е жал за мајка.. Не сакам да ја оставам во проблемите бидејќи се жртвува за мене но неможам веќе да ја издржам оваа психичка тортура. Немам ниту другар ниту никој, осамен сум. Имаше една девојка која ''ме сакаше'' ја одбив, од страв да не ја повредам и неможев да се замислам покрај неа од срам, чувствителност. Не знаев разговор како да започнам од страв да не кажам нешто погрешно.. И поради ова уште го јадам срамот во школо дека сум педер дека сум одбил девојче.. Сега се каам поради тоа, можеби ќе таа ќе ми беше подршка во животот но предоцна е. Многу ми е тешко, незнам како понатаму, ве молам за совет, незнам како да се справам, како да си го средам животот.
Неможам ќе пукнам не барам совет ама ќе се искажам,ќе ми олесни пред некој ден се каравме со мајка ми за спиење како треба секој да спие во својата соба а не да се менуваме иначе за се се караме,понекогаш заспивав во дневна и тоа ми забрани еве вечерва спие во дневна можда е уморна дека беше на работа ама сигурна сум дека за инает заспа во дневна не и е прв пат и за се тера инает,се што ми е забрането она прави,се што ми брани она прави,не ја разбирам
Здраво,нова сум на форумов.Навистина ми е тешко и морав некаде да си олеснам. Имам две поголеми сестри едната е во странство и е мажена веќе пола година,другата студира на медицински факултет,а јас пак сум најмала и живеам со мајка ми и татко ми.Секој ден има расправии буквално секој ден во септември сестра ми закажаа свадба, а на моите ситуацијата не им е добра.Татко ми воопшто не сака да разговара,работи и тоа што го заработива го чува за себе а мајка ми не работи преку лето работиме физичка работа ,и од тоа живееме.Татко ми неможам да го смислам повеќе не знае да зборува едноставно ме смета како роб земи ова донеси она,направи тоа никогаш ама никогаш ме нема прашано ниту како си ниту што правиш само кога му треба нешто.Помнам еднаш кога беше Прочка нели се оди кај роднините да ти простат и даваат пари,дојде до тој степен за да ни ги земе парите му биле потребни.Колку и да се обидувам д ане ги трошам повторно состојбата е лоша, само мисли на себе ниту еднаш ми нема дадено пари за на школо,си живее само за него ниту сметки ниту јадење ништо тотално ништо а и свадбата е трошок но дома не де води никаква дискусија за тоа кога закажуваа свадба од страната на зетот веќе го знаеја точниот број на гости а ние сеуште немаме список, сестраѓи прво мене ми кажа за свадбата не сакаше него бидејќи многу малку комуницираат, тој седи во дневна соба а јас и мајками во децка.Неможам да поднесам повеќе. Што ли ќе се прави во иднина??Ве молам дајте ми совет како да се однесувам што да правам??
Сакам да ве прашам дали има некоја што има проблеми недоразбирање со мајката. Јас имам и тоа многу. Се караме цело време оти не сакам да се омажам цело време ме пцуе ми вика се и сешто. Немам мир вопшто. Дали и на вам ви се има случено ова.
Сите имаме такви проблеми во семејството дали за мажење/женење дали за учење дали за испаѓање и ред други работи. Треба да си издвоиме повеќе време за семејството и да разговараме за проблемите да најдеме заедничко решение, јас поголем дел од проблемите така ѓи решавам и верувајте многу подобро е ;D
Имам петнаесет години и докај десетата година таткоми понекогаш ја тепаше мајками без причина, дури и ја пудеше од дома а мајками ни за кола немаше положено,нема пари бидејки таа плаќаше сметки и кредит, па среќа што нејзината мајка и живее на дваесет минути па таму одеше,а нас не беше страв таткоми да не не тепа и јас и моите двајца браќа одевме со неа. И потсле два три дена таткоми и се извинуваше а мајками му веруваше дека стварно му е жал.Потоа тој отиде да работи во австриа и еве веќе пет години ја нема удрено мајками ниту пак нас, нели демек си го променил животот и е по смирен.Си доаѓа еднаш во два месеца и тоа на три четири дена.Вчера си дојде дома пијан и почна да се дере да вика, а причината била оти мајками запалила една цигара (инаку ни двајцата не пушат).Почна по сите да се дере да вика а беше околу два часот после полноќ.Ја истера мајками од соба и таа дојде во нашата соба.Тој одеше по неа и се дереше и кога мајками влезе во собата таткоми се обиде да ја удре ама тоа многу силно.И во тој момент моите браќа(кои се десет години) се обидеа да го спречат но тој кога ѓи фати за глава ги тресна од ѕид и веднаш ја напушти собата велејки вие веќе нема да ме видете.Имаме пријавувано порано во семејно насилство но за тоа ја истепа мајками.Со него не може да се прави муабет на мира бидејки одма префрла на тепање,дерење... Ве молам дадете некој совет бидејки сме втора смена на училиште и кога ке си дојде мајками од работа можеби ке продолжи да ја тепа ание нема да можеме да ја одбраниме.
Те молам прочитај го ова и постапи веднаш како во упатствата. НИКОЈ не е должен да поднесува насилство !! http://semejnonasilstvo.mk/
Сега се враќам од училиште и мајками беше сама дома.Ја прашав каде е таткоми таа рече веќе не ми е гајле. И ѕвони една пријателка велејки како го видела таткоми со некој две жени во кафич. Мајками веднаш отиде во кафичот и сега не знам што се случува. @referentka го имаме сторемо тоа, но не делува. Тој пак продолжува. Овој волов несакам татко да го наречам утрово им го наполнил мозокот на моите браќа, им рекол видете после како мајкави е спремна да си оди од оваа куќа само заради цигари, а подоцна и рекол на мајками нејќам да те видам повеќе овде кај сакаш оди. Дајте ако не кажете некој бајач да отидеме со мајками, еднаш отидовме и се се среди, но човекот почина или незнам што му се случи.
Zdravo sakav da prasam na edna tema dali uspevate da zastedite pari vo denesno vreme koga realno da zborime malce e tesko...i na koj nacin moze da se zastedi...
Полнолетна сум И од секогаш ме држеле строго... Сега не ми даваат ниту да работам, во друг град...Божем ќе ме силува некој или ќе ми направи нешто...Многу сум нервозна, сакам да си застанам на свои нозе