Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    И јас бев строго држена од моите, сега не сум во Македонија па пак се обидуваат. Знаеш, не шетај многу пази се не ти знам што... Такви се родителите а посебно ако си им прво дете
     
    На BonitaSenorita66 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BonitaSenorita66

    BonitaSenorita66 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Едно дете...
     
  3. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Те разбирам,тешко ќе им е и да отидеш некаде и да си одделена од нив, нон стоп ќе ти ѕвонат , ќе те бараат каде си што правиш. Дали си на фах?
     
    На BonitaSenorita66 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    15.783
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да се обратам.
    Се работи за сестра ми.
    Вака значи ме напна скроз.
    Детето веќе има 5 месеци и мора пак да одиме кај неа да и помагаме за капење, досега сме оделе, оделе.
    Не дека не сакам, ама веќе ко обврска ми е.
    Друго, секогаш кога ќе си одиме кај неа од гости, ѓубрето и е секогаш пред врата и еднаш, два пати веќе насекое го фрлам во контејнер. Мажот и не ни фрла очигледно, пример сабајле ко ќе оди на работа може да го земе и дс го фрли. А не јас секоја втора вечер да фрлам ѓубре.
    Трето, јас разбирам дека кога спие детето не треба да ѕвониме на врата туку треба да и титнеме на мобилен.
    Сега почна исто и со мажот и, работи и трета смена, без разлика која и смена да е, не треба да сњ ѕвони на ѕвонче.
    Живеат во стан, не е многу голем, но нз веќе напина.
    За фб праќање слики и видеа, не можам поќе, на секој саат.
    И реков да олабави малку..... И се налути.
    Ако има нешто за земање од кај нас, току ние секогаш одиме и носиме.
    Не знам како да се однесувам жими се, од др страна си велам да не си кма проблеми со бракот
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Еве си и' рекла за сликите и видеата... речи и' и за другото.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    15.783
    Пол:
    Женски
    Да не ми се налути, да не испаднам лоша сестра.....
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Можно е да ти се налути.
    Најверојатно ќе ти се налути...

    Ама или тоа, или ќе и' го тераш ќефот.
     
    На mira.mira и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    15.783
    Пол:
    Женски
    Хаха ми се налути и ми рече дека не сум ја сакала внука ми, кско не ми било срам. Безобразна сум била.
    А секое одење Скопје јас од се срце по нешто и купувам.
    Одам на гости скоро секој ден.
    Веќе не можам повеќе, си имам проблеми, не сум вработена, анксиозна сум, и мене ми треба поддршка а не само муабети, дека сум имала 30 и ко дете сум била и зн што.
    Со повредена нога сум одела кај сестра ми пешки до 6ти.
    Ама готво.
    Не сум слугинка повеќе.
    Се сум работела, во секоја фаза на анксиозност.
    Сум добила фала, сум јадела, ама поддршка никаква.
    Само урлање и викање по мене.
    Да не сум одела на психолог пример оти само парите ќе ми ги земеле.
    Како таа сама се справила со депресија, а јас не.
    Јас нз што функција ќе има маж ми?
    Да ја чекам сестра ми дс дојди ѓубрето да ми го фрла?
    Еми ако живеевме сами во Америка?
     
    На buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Знаев...
    Нека не ти наметнува чувство на вина.
    Не мораш никому-за ништо да се објаснуваш, зошто нешто сакаш, или не сакаш да правиш.
     
    На Осе и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    И ти секој ден одиш кај неа и она ти вика не доаѓаш? :^) Маж и не го фрлил ѓубрето и веројатно имаат проблеми во бракот. Мхм.
    Како може сестра ти да ти урла? Немаш 15 години. Кој жив може да ми каже на 30 години што да правам? Има нешто друго во твојата приказна за сестра ти што ја пишуваш толку често. Најди го тоа нешто што те вознемирува и реши го како возрасна.
    Мајка ми е анксиозна и оди на психијатар 6 години. Шест факинг години ја трпиме преку глава ми е веќе. Ајде на почеток ја сфаќавме, се праевме за неа, се прилагодувавме, внимававме на секој кажан збор, абе розев свет. И полека таа почна да ја користи ситуацијата како изговор за се што не сака да направи и ако и кажеш нешто се лути како мало дете во спална. Преку сите можни граници ми дојде и веќе кога ќе ми се оправда со анксиозноста само и превртувам со очи и продолжувам со муабетот. Стварно не можам повеќе. Не ве разбирам, колку време треба да се избориш? Кога завршува таа голгота за цела фамилија? И нас треба да не разболи? Дај работете на себе, идете на психолози/психијатри што и да ви помага, пијте лекарства. Колку и да мислите дека е само ваш проблем и дека само на вас животот не ви е како што треба, да знаете дека луѓето околу вас тивко патат ама ќутат за да не ви ја 'влошат' ситуацијата.
     
    На flower55555, Sexybaby86 и Emy867 им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.668
    Има начин како културно да и ставиш до знаење дека ти не одиш таму за да и го фрлаш ѓубрето.

    Можеш да одиш на психолог/психијатар, а никој да не знае. Имаш 30 години, од никој не треба да бараш дозвола, никој не треба да те води, така да, никој нема потреба ни да знае.

    Овде цело време те читаме тебе и ја знаеме само твојата страна на приказната, а не и на фамилијата.
    Затоа ниту можам да те нападнам, ниту да те одбранам, само можам од приложеното да кажам дека многу ги тенчиш работите и многу очекуваш од луѓето. Земи го својот живот во свои раце, остави ги другите да го живеат сопствениот.

    За сликите од внука ти...јас братучетка ми ја молам да ми праќа слики и видеа од малиот, ем не ми е сестра, на тебе па ти смета. На се фаќаш рачка. Олабави се малку, гледај го детето како извор на позитива, тоа за ништо не ти е криво.
     
    На flower55555, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Цел живот.
    Од 13 години страдам од анксиозност и депресија, ќе полнам 43 за брзо.

    Ако тие голгота со мајка ти, не комуницирај со нејзе и не ја посетувај.
    Не те тера никој.

    Исто и Грл лове има право да не комуницира со сестра и' и да не и' го прави ќелајот.
    Мене ми смета некој постојано да ми праќа слики од нивното дете.
    Нивно е детето, не се радвам јас на секое серење ко нив.
    За моето се радвам, ама не малтретирам други луѓе со тоа.
    Бидејќи знам дека не се чувствуваат сите исто за ќерка ми, како јас.
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Жими се не разбирам. Не сакам да прекинам контакт со мајка само заради тоа што нејзе и е тешко да излезе од комфорт зоната. Како да чека да помине животот.

    Зошто да патиш цел живот? Не знам дали се манифестира кај сите исто ама мака ти е да се гледаш со луѓе, да излезеш од дома, да одиш на одмор, викенди? Да ти е тешко да станеш од кревет куќата да ја средиш? Фактички ако некој сака комуникација со тебе (во мојот случај мајка ми) мора да биде по твои правила, кога ти ќе можеш, кога и каде ти сакаш? Зошто не може да се излечи анксиозноста? Каде е пречката?
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да-да-да и да...Кога сум во депресивна епизода... како сега

    Оти некогаш е како дијабетис.
    Зошто не се лечи дијабетисот?
     
    На GirlLove, Stressed Out и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.668
    Точно да.
    Ама ако и е ќеиф, нека праќа. Јас можам да изигнорирам, на крајот од денот да пратам срце, гушка и толку. Не е болка за умирање.

    Ама така сестра и да каже за нејзиното, она тука има цел месец да труби како сестра и не си го сака внучето. Тука е нејзиниот проблем. Бара внимание, ама колку и се пружа, тоа не знам баш...
     
    На flower55555, candy.cane, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не, не воопшто не е исто. Можеш да станеш од кревет и да излезеш сега надвор на сонце, преубав е денот. Тешко е, стани плачејќи ако треба ама ќе успееш. И секој ден да правиш нешто против своја волја надвор од комфорт зоната полека ќе се вратиш во нормала. Која е тогаш поентата да одиш да психијатар ако не помага?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Какво внимание бара?
    Бара сестра и' да ја разбери дека си има мака, ама не ја разбира.
    И сега шо треба?
    Оваа да ја толерира сестра и', а сестра и' не мора да покаже никаква емпатија кон нејзината состојба?
    Каков е тој еднонасочен однос?
    Не и' треба да ќути и да ги дудла, туку да се избори за свое место под сонцето.

    Абе ти ќе ми кажиш шо ми е мене тешко, пошто јас не знам.
    Муабетов е исто како да ми речиш: Кривиш оти не си се потрудила да не кривиш.

    Болест е пичка му мајчина, не е фантазија.
     
    На Anie93, Осе, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    За тебе е преубав денот, за некој со анксиозност, депресија или сличен проблем не е.
    Не можеш да разбереш пошо не си имала таков проблем никогаш.
     
    На Anie93, smooch, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ок, што да ви кажам кога така сте избрале да го живеете животот. Болест е, не се лечи, лежете дома и убивајте ги полека тие што ве сакаат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама не е избор, болест е.

    Вие стварно не разбирате дека менталните болести се исто како физичките.
    Не можиш да посакаш да ги немаш.

    Не е мисли во главата, мислите се симптом на болеста.
    Не ги контролираш.
    Исто како што не контролираш покачен крвен притисок.
     
    На Anie93, Осе, smooch и 9 други им се допаѓа ова.