Разликата е што со покачен крвен притисок можеш да имаш квалитетен живот. Не би ја продолжила дискусијата зашто на крај јас ќе испаднам таа без разбирање, верувам дека е тешко ама и од другата страна не е лесно.
Да де... кога ти е 200/150, ептен 'квалитетен' живот имаш. Исто е и со ментална болест. Кога се појаки симптимите, боледуваш и лежиш, кога се послаби (кога ќе ти падне притисокот) тераш работа.
Не е работата за вртење, јас никому не сум му посакала лошо. Сум била во депресија, сум имала напади ама поучена од тоа што и се случи на мајка ми како се предаде, одма се форсирам да правам нешто што ќе ми помогне. Никогаш не сум дозволила да паднам толку. Сите имаме живот полн со проблеми и стресови, повеќе или помалку. Разликата е колку силно се бориш.
Е замисли не сите исто поднесуваат иста болест. Некои ќе живеат до 90 со висок притисок, а некои ќе умрат на 40. Исто и за менталните нарушувања. Кога ќе го сфатиш како болест, се' ќе ти стане појасно.
Никој не избрал да живее така. Болест е, вистинска. И некои денови може да се најубави на свет, а јас од кревет да не можам да станам. Да ми фалеше нога, ќе разбереше. Ама не ми фали нога, па тешко е за разбирање. Среќа што тој до мене разбира.
Како паталец: Не сакам да патам цел живот. Одам на психијатар, затоа што не сакам да патам. Мака ми е да се гледам со луѓе, да излезам од дома, да одам на одмор и на викенди, ако имам депресивна епизода. Поради тоа што анксиозноста и депресијата ги лекувам, се јавуваат во циклуси, односно, ако не ги лекувам ќе бидам постојано down, а сега сите овие работи не можам да ги правам само кога имам депресивна епизода. Тешко ми е не само куќа да средам, туку и коса да измијам, како по еден тон секоја рака да тежи. Очите, капаците, тежат. Секогаш комуникацијата е по мои “правила“, односно, сестра да ми е и да сака да одиме во диско, нема да одиме, затоа што ќе почнам да се гушам и да паничам. Просто, може да пиеме кафе во кафич, кај мене дома, кај некого дома. Некогаш и тоа ми е овервелминг, па не ни мора да комуницираме додека да ми пројде. Анксиозноста и депресијата не можат да се излечат, но можат да се менаџираат симптоми. Не се лечат затоа што не постои лек, како и за еден тон други болести, менаџираш симптоми и живееш најдобро што можеш со картите кои ти се поделени.
Ептен fucked up. Имам и јас такви периоди знам, ми префрлале многу луѓе, со доста веќе и не сум во контакт зашто сакале многу, многу повеќе од што можам да дадам. Не знам зошто ама никогаш не сум мислела дека имам проблем туку си го сметам како одмор од се, се затварам дома една недела гледам серии, јадам како луда и полнам батерии. Веројатно не е исто не знам ама ете конкретно за мајка ми ја сакам и ме боли што е во таква ситуација, некогаш ми е жал, а некогаш не можам да ја поднесам.
Нормално е да те нервира болен човек ако си пречесто со него... ако си секој ден со него, тортура може да биде. Посебно болести кои се онеспособувачки. Во напредниот свет, има спорт групи за блиски на болни од психички болести. Никаква структура нема за зачувување на менталното здравје на населението. За тоа е виновна и државата, ама и народот кој не го сфаќа како проблем, туку како 'така си замислиле некои, а не се навистина болни'... се додека не ги акне нив по глава. Е тогаш сфаќаат колку работи фалат кај нас...
Нормално е понекогаш сите да ги фаќа период таков, преку к ми е од се` Да си анкс/депре верувај ќе знаеш. Кога сум даун сама себе не можам да се поднесам, верувам и на другите не им е лесно. А се` што сакам е да ме остават на мира, генерално. Јас не гледам серии, не јадам како луда, и батерии дефинитивно не полнам. После тие периоди сум ужасно уморна, истоштена, ми треба време да се вратам во нормала. Сакам само да лежам и да плачам и да се самосожалувам. Е сега, сите ние што сме свесни дека е тоа болест, знаеме и дека ќе пројде, па иако се тука тие чувства, мисли, ги оставаме да течат, ќе се излежиме, исплачеме, и пак ќе се “дигнеме“ затоа што болеста нѝ е таква. Терапија пијам околу 6-7 години, постојано нагоре и надоле ми оди, пред коронава ПРВ ПАТ после 6 години бев доволно стабилна да сакаат антидепресивот полека да ми го тргнат. Е јбг. се деси корона, и превентивно не го тргаме Пошто секако имав повеќе од еден мелтдаун периодов. Сакам да ти кажам, да немаше мајка ти нога, и тогаш ќе те нервираше, зашто секогаш нервира грижата за некој на крајот. И тоа е нормално. Ама не ја разбираш, зашто физички е сосема во ред, а болеста не ѝ е видлива. Само да знаеш, следен пат кога ќе се изнервираш и ќе мислиш дека се „вади“ на анкс. шансите се дека не си во право. Никој од нас не сака да е анксиозен. Сите сакаме нормално да живееме, без да правиме план и програма на сите можни пречки и нивно надминување во секоја ситуација. Патем, анксиозноста е хемиски имбаланс во мозокот, ние имаме недостаток на серотонин и антидепресивите буквално го тераат нашиот мозок да создава повеќе серотонин. Сфати го тоа како хронична анемија, пиеш железо, а упорно ти е прениско, па ти се лоши, ти се врти, немаш сила постојано итн. Не е - најди волја. Волјата е веќе најдена чим одиме на доктор.
Јас колку што читам и сестра и не е без дијагноза. Ја имаат многу млади омажени со мали деца, очекуваат сите да се околу нив. Они сега куќа вртат, деца гледаат, па и на работа ако одат, оди сопри ги во зборење колку се агилни и вредни и колку обврски имаат што не стигаат ни ѓубре да фрлат или дете да избањаат. И покрај -фала за помошта, ќе искористат прилика и да попуваат како ти ништо од наведеното немаш и пак нешто изводиш. Од една страна -сестра е, као има право малку на tough love и подиректен говор, од друга страна ако претерува и ти ствара дополнителни проблеми, можеш само да и кажеш -одјеби и да ја отстраниш на одредено време (да не рече некој дека фамилијарни односи расипувам) дури не си пронајдеш мир. А не го наоѓаш со луѓе кои те иритираат. Нејзина или твоја винa небитно. Не ти одговара во моментот и си даваш одмор.
Дали сум во право дека и се заканив на братучедката на мм дека ќе ја откријам пред сите роднини дека го изневерува сопругот? Ќе пробам да бидам колку можам по кратка. Живееме во странство. Повеќето роднини на мм живеат низ странство. Тетката на мм (сестра на татко) накратко Г-ѓа Р и вети на золва ми дека ќе и најде работа па потоа и стан во Берлин, Германија. 2 ипол месеци золва ми живееше кај Г-ѓа Р и изиграваше дадилка на детето на нејзината ќерка, накратко Д. Д и Г-ѓа Р и ги земаа сите пари на золва ми и таа не виде ни работа ни стан, само празни ветувања. Јас и мм и најдовме работа на золва ми во друг град што е оддалечен 300км од нас а многу километри од нив. Работата обезбедува место за престој и храна 2 пати дневно. Золва ми се пресели и сега работи таму. Во меѓувреме золва ми дозна дека Д го изневерува сопругот и дека Г-ѓа Р го знае ова и дека го користат човекот за пари. Се лапале пред неа жити све. Ова се случи пред 1 месец. После сево ова слушнавме од повеќе роднини и од золва ми дека Г-ѓа Р и Д зборувале по роднини и познаници дека јас ќе сум го изневерила мм, дека сум некоја ужасна особа и еден куп глупости за мене, сопругот и ќерка ми. И сето ова зошто и најдовме работа на золва ми во друг град и не можат да ја користат како бесплатна дадилка. И пишав на Г-ѓа Р на фејзбук да престанат да јадат гомна (точно вака се изразив) за мене и мојата фамилија, и пред да кажат збор за мојата верност спрема мм да ја погледне ќерка и со кого се плетка. И реков ако не престанат да шират глупости дека ќе ја откријам Д дека го изневерува нејзиниот сопруг. Во право сум или претерав?
Ако твојот сопруг ти верува и знае дека не е така, ако немаш никакви проблеми со него тогаш уживај. ШТо се замараш за нивни живот дали она го изневерувала сопругот или не, окапи такви личности не паѓај на нивно ниво. Ти нема ништо да добиеш од тоа како и да е...
Добро е ти си помека од Фросе. Фросето директ на фејс објави на јавен пост и дознаа сите знајни и незнајни. А кај тебе само роднините ќе знаат. Шала на страна. Не се мешај у бракот. Ако сакаш кажи ја на мажот ѝ само. Па тие нека си решат што ќе прават во нивните животи. Не мешај роднини баби жаби.
Оправдано е тоа што си се одбранила себе си и твојата фамилија после муабетите дека си лоша и слично, тука веќе се работи лично за твоето име но се друго нека не те интересира тоа си е нивен живот и ќе го живеат како што сакаат исто како што ти ќе си го живееш твојот. Понастрана од туѓи животи оти не знаеш на што се спремни, не ти требаат сигурно дополнителни проблеми од нив. Грижи се за твојата фамилија и држи се на страна се дури директно не те нападнат тебе. Нека си бркаат работа. Твоето време сигурно е подрагоцено од нивните сплеткани работи. Твоја обврска е само сопруг, деца...сите други се друга приказна. Се најдобро
До душа во нервозен момент сакав да постнам на фб за сите да читаат но Кога се смирив се предомислив и испратив само порака. Најсмешно е дека братучедката му пишува пораки на мм дека сакам да и го растурам бракот кога таа сама почна да го руши кога решила да изневерува