Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ако твојот образ и репутација е нарушен од таа особа, прекинете секакви контакти. Нека зборат што сакаат и како сакаат, игнорирањето е мајка на сѐ.
     
    На *Amethyst* и Broken♡ им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    Ова нз дали е за овде ама морав да го пишам.
    Наречете ме себична, ама сестра ми веќе на глава ми се качува.
    Секое сабалје, ни ѕвони да бидиме како јадат, па како играат, па нз шо.
    Буквално секој ден.
    И и реков,аман веќе.
    Вчера, пак да помогнам и ми се истурило малку вода на плочките во кујна, пак почна, ете вода, значи ништо не гледаш, па избриши, и реков дека каде што видов избришав околу лавабо.
    После, сум била бавна во слекување на внука ми.
    Па, после муабети, како сестрата на некоја нејзина другарка, постојано идела кај сестра си и бебето.

    И, овој пат, со мирно, со убо си заминав.

    Не знам дали и што грешам.
    Одам кога сакам и можам.
    Не можам на секое да бидам на копче, детето и порасна 6 месеци веќе, па пак да сме оделе за капење....
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Колку години има сестра ти? Извини вака, но не знам зошто раѓала кога не е способна да си ја преземе работата во свои раце.
     
    На bicycle, buba4e89, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    нон стоп ја читам гирл лове и неможам да се изначудам, како може да е толку преокупирана со сестра и во негативна смисла. И пишувала секој ден, па нормално ке ти пишува сестра ти е, праќала слики од детето а на кој да прати друг жити се? Еве јас сум бремена уште не е родено детето, па сестра ми секој ден ме прашува, ми пишува, се јавува како е, мрда ли, тек ко ке се породам рече отказ ке даде да поминува повеќе време со него.И да ја викнала за помош, нормслно дека прво кај сестра ке се обратам за помош,она ми е најблиска. Е тоа е сестринска љубов, а не овој токсичен дури би рекла и завидлив однос кој го има гирл лове со сестра и
     
    На Jana06 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @Ognena* Ти ако стварно ја читаше членката до сега ке сфатеше дека сестра и една токсична и манипулативна личност.
     
    На sunshinebabe, flawless., buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Треба да сфатите дека светот на сите не може да се врти околу вашето бебе, на вас ви е се на светото и главна окупација ама не и на цела фамилија. И ние иаме внука која е во странство и која не сме ја виделе ама ниту секој ден ни ѕвонат нити не замараат со нешто, убаво ми е кога ми праќа слики од неа, едвај чекам да ја видам ама никој не е должен 24 саата да е на располагање на некој макар и сестра.
    Тебе може не ти смета и ти е океј ама на членката и смета и секој има право на мислење и на чувства.
    @GirlLove ќе и објасниш со убаво дека детето е нивно, дека тебе ти е внуче и ти е многу мило и дека радо би помогнла некогаш ама дека и ти имаш живот и обврски и едноставно нема потреба да си и на располагање 24 саата на ден оти не е твое дете. Кажи и дека таа е мајка и дека има маж за помагање, асистирање и се што треба и дека немаш веќе живци да изиграваш дадилка или слугинка во нејзина куќа.
    Сестра ти е себична, не знае сама да се организира и ако решила да раѓа дете требало да биде свесна дека нема некој да и виси закачалка кога ќе и прдне на неа тогаш да и помага. Бог да чува. Нема што да се осеќаш лошо, во право си и ако ти се налути, нека се лути нејзино право. Не можам да ги разберам луѓево значи, стварно.
     
    На sunshinebabe, flawless., black-angel и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш на нешто друго во текот на денот освен на сестра ти?
    Веќе не знам каков совет да напишам, немаш 13 години и не си зависна од нејзе, слободно можеш да се оддалечиш од сестра ти, ама не сакаш.
     
    На Jana06, Ava.84, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во секоја тема истиот проблем го пишеш.
    Мораш да сфатиш дека пола од решението е да го препознаеш проблемот.
    Сестра ти нема осет за граница, те навредува постојано.
    Татко ти сети се какви страшни работи имаш пишувано дека ти правел.
    Многу пати ти посочија членки дека анксиозноста со која се бориш, од тука ти доаѓа.
    Преочигледно е.
    И ти пак после ќе напишеш - за 3 недели треба да добијам изгледа од тоа ми е.
    Како да ти помогнеме, кажи како и ќе ти помогнеме?
     
    На sunshinebabe, Jana06, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    :?:
    Сериозно ти го рече ова или јас сум буквалист?
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Ај размисли уште еднаш, дали звучи логично да е буквално.

    Ама луѓе ние ја знаеме само едната страна на паричката, приказната на Гирл лове, а тоа е константно жалење од секој жив околу нејзе. И тоа за крајно глупи работи, ете ми падна во очи "сестра ми ме тера да и го фрлам ѓубрето", голема работа да помогнеш на штотуку породена жена, па и немора да ти е сестра.
    "Сестра ми ми рече да не звонам на ѕвончето, маж и спиел од трета смена", каква трагедија . Тоа се ситници кои не треба воопшто да ја иритираат. Или ете некогаш погрубо и се обратила, дека мора да си го среди животот и да не биде толку мека, зошто животот не не штеди, ако паѓа во депресии за вакви ситници кај ке и биде крајот кога ке почнат реални проблеми. И јас тоа го разбирам исто би изреагирала, зошто боли за свое, кога го гледаш дека на 30 и кусур години ништо не работи, не функционира нормално, нема воља за живот, нема некој вистински проблем а упорно тоне.
    И дај не ја подржувајте нека се прибере малце, нека си најде обврска во животот,работа и нека се врати во нормала, за нејзино добро.

    @1209 внуката е од брат ти/сестра ти, или од на маж ти брат/сестра?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не, воопшто не звучи логично или како здрав однос ако е озбилно, затоа не сфаќам зошто беше спомнато воопшто.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сестра и не е тукушто породена жена туку жена со 6 месечно бебе и да си штотуку породена, нема никој обврска да си го става животот на пауза само затоа што ти си одлучила да родиш бебе.
     
    На Lady D ❤️, flawless., black-angel и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Леле све буквалисти, го спомнав тоа да дадам пример колкава е љубовта кон внуче од сестра, и општо кон сестра.
    Мене ова оговарање по форуми не ми е нормално, и нема да ни да ми биде, макар ја имала најлошата сестра на светот. А ова на гирл лове веќе ми е језиво, у секоја можна тема ја спомнува.

    @Mantub обично те скокам, не те читам по темиве зошто си ептен напорна и буквална, ама ајде овојпат ке те удостојам.
    Дали пишав јас дека гирл лове пиша вчера за ѓубрето, па ти да ме оправаш дека поминале 6 месеци?Мислењето е од пред пар месеци, ете ми останало у глава, зошто е скроз безвезе.
    И упорно сте запнале дека сестра и ја напнува да и помага, тоа неможеме да го знаеме ниту јас ниту ти, може она оди само 3 пати месечно кај сестра и на гости. Ама сите 3 пати ги користи да се пожали тука.
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На Jana06 и An-na им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Имаме сите брат/сестра, ако мислиш дека љубов е ако сестра ми има дете, јас да го доживувам како свое, не е.
    И јас имам внуци, и јас најмногу на свет ги сакам, ама ниту еднаш не ми паднало на памет опсесирање на секое да прашувам како се, зошто тоа едноставно не е здраво.
    На крај, јас сум како тетка дел од поширока фамилија, не ни сакам да се вмешувам во едно најтесно семејство до толку.
    Ти внуци имаш?
    Исто толку енергија вложуваш во нив колку за твоето?
    Членката не сум ја читала и не можам да коментирам.
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А ти од кај знаеш дека сите 3 пати ги користи за да се пожали?
    Една работа не сфаќаш упорно иако сите ти ја кажуваат.
    Ко ќе родиш дете, детето само тебе ти е центар на светот, а не на сите други околу тебе.
    Така да, ако некој сака да ти помогне, супер.
    Ако не сака, нема што да припаѓаш дека не сакале.
    Ти си го родила и тука муабетот е завршен.
     
    На flawless., black-angel, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    @Ognena* не реков да ме поддржуваат или не.
    Само се сомневам во себе дали повредувам некого со моите постапки.
    Не мора, не коментирајте.
    И не одам јас 3 пати месечно, она живее близу до нас и помагаме колку можеме.
    И не е ситница, мажот и заборавил леб да купи и си заминал фино лепо, на работа.
    Идам на гости и ми врти муабети од типот ај појди купи леб, не е прв пат вакво нешто.
    Кога јас и кажав за мојата депресија и анксиозност ми се развика само и ми заби нокти в раце за време на паничен напад.
    Сум ја срамела и в болница ќе сум завршила.
    И треба пијалок за честење за кај некоја другарка , зема од дома што се чуваат за мене за убаво, за свадба, или кога има др убав повод.
    И и реков, не ти е срам што земаш?
    При две плати?
    И се скарав.

    Иначе, си најдов работа, каква, таква.

    Јас си ја сакам сестра ми, и таа мене.
    Но, мислам откако се вработи и омажи не беше ваква.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Не е оговарање, сестра ѝ и цело семејство на глава ѝ се качуваат со глупости.Се жали многу, да, ама според ова ти што го кажуваш звучи како стварно да е должна да биде слугинка на сестрата.Си има сестра ѝ маж, си има свое семејство, не може и други да малтретира со нејзините обврски.Убаво е да се помогне, ама не може некого од сабајле до вечер да го гушиш само зашто ти е семејство.
     
    На black-angel, *Amethyst*, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сакаш да го решиш проблемот? Или не сакаш, нешто добиваш од оваа токсична врска де со сестра ти де со татко ти?
    Јас не те разбирам.
    Упорно со месеци истото ти го кажуваме дека не е нормално тоа што ти го прават.
    И зошто не превземаш ништо?
    Значи мораш да сфатиш дека ако не сакаш сама да си помогнеш, никој не може да ти помогне.
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На *Amethyst*, 1209 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Имам јас внуци од први братучетки/ди, со нив нормално по ретко се слушам, тие ми се по широка фамилија. Со сестра ми се слушам секој ден и вака и така, плус си пишуваме на месенџер, незнам што е тука чудно. И ете замисли не сум јас таа што досаѓа, што звони. Па и за добро и за лошо сестра ми прва ми се наоѓа, еве јас сум со ризична бременост, кога немало кој секогаш она ме носела на прегледи, во итни ситуации, кога лежев 3ипол месеци она беше таа што ми помагаше за било што, дали да ми донесе јадење во кревет или да ми подаде чаша вода,и не и беше тешко зошто имало и обратни ситуации каде што јас сум и помагала на нејзе. И сеа замисли, она да се жали по форуми, сестра ми без осет сестра ми вака сестра ми така,не ми иде во глава.
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе и за твојата сестра.
    Ко оние луѓено си што имале добри родители и кога некој ќе се пожали од родителите им викаат Леле леле како не ти е срам.
    Не се сите сестри како сестра ти, ама тоа требало досега да го сфатиш со оглед на тоа што си возрасна жена.
    Децата мали мислат дека ако нивните родители се добри, сите родители се добри.
     
    На ForeverYoung, Luminary, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.