Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Се е тоа во ред. И убаво е што си помагате и се тоа. Дај Боже така да сте цел живот.
    Ама замисли немаат сите таков однос.
    Плус, ние ти викаме друго, дека луѓето освен внуците имаат и други приоритети во животот. Не може сестра ти да го гледа како свое дете твоето дете. Утре и таа ќе има деца и истото вложување нема да го има, сакала или нејќела она или ти. Па и да не се децата, има други приоритети како кариера, хоби некое, тоа не значи дека ако не посветува 100% од нејзината енергија на внуците, дека е лоша тетка. На кратко, за се има граница.
     
    На ForeverYoung, *Amethyst*, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    @Mantub ко ке почнеш да верглаш вака безвезе, досадна си ко тесни гаќи
    Запнала не ти е детето центар света,па не ти е. Па нормално, кај реков јас дека моето дете ќе им биде на сите центар света и крај . Се знае што ми е центар света на мене, дете, маж, родителите и брат сестра и за нив ништо не ми е тешко да направам.
    @Celltica со тебе бар може да се дискутира разумно, значи истото го мислиме,ете јас сум самостојна личност, премногу мешање од фамилија ме гуши и можам да сватам што сакаш да кажеш, се е тоа во ред ама прочепкај во мислењата на гирл лове ке видиш дека она константно се жали, и тоа вечином за глупости, ја замолила леб да и купи, и звонела секој ден на месенџер, па побогу не и кревај, зафатена сум и крај, никој нема да ти замери не биди атеншн хор
    Значи јас акцентот на муабетов не го ставам дека она е должна да помага на сестра и по секоја цена и дека ке биде помалку сестра ако не помогне, туку дека не ми е природно нон стоп жалење на форумов од своја сестра, како ништо друго во животот да нема па сестра и и е најголемиот проблем и дежурен кривец
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На Jana06 и An-na им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    @Ognena* боже пази си.
    Од кај знаеш ти дека, нема да се налути и префрлува на моите дека ја избегавам??
    Ајт доста за мене.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Па што ако ти се налути и им префрла на твоите? 30 години имаш побогу не 13 па да те караат твоите..
     
    На S.W.A.G, Jana06, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ognena*

    Ognena* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    И што и да ти се налути, и да се жали на твојте? Ке те стаат ли под казна? Ај излези од улогата на вечита жртва, многу подобро ке се осеќаш. Ако не ти влијае добро, избегавај ја крај краева и нејзе, и сите што мислиш дека лошо ти делуваат. И секогаш иста песна, бараш совет па кога ке ти ја плеснат реалноста у лице, бараш да се прекине дискусијата.
     
    На Alisa22, Jana06, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Еднаш ти кажав дека ТИ мораш да превземеш иницијатива, не да чекаш од други да те разберат тебе.
    Кога ќе превземеш тогаш ќе ти биде многу подобро.
     
    На CameliaMiller, tinka-mace, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    Еве сега сестра ми, треба да оди на работа. И, сега кој ќе гo гледа?
    Јас си дадов став дека ќе си работам онлајн и нема да можам.
    Евентуално, ако би имала време ќе појдам да ги ѕирнам. Најверојатно, свекор и ќе го чува.
    Ете така.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Има градинки,има дадилки,има баба,дедо...
     
    На Angie1432, CameliaMiller, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.225
    Пол:
    Женски
    Ох камо да е комфорт зона, анксиозност, депресија или било кое психичко нарушување е најголема голгота во животот! И не, не е убаво да ја имаш, верувај
     
    На GirlLove и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    И мене не ми е најјасна динамикава, оти со моите имаме заедничка група и нон стоп слики праќаме, од нас и животните. Буквално сакаат бар еднаш на ден слика од мачкиве да пратам, а да имаат внуче што не можат да го видат физички секој ден, сигурно технологија и те како ќе се користи.

    Јас разбирам дека и GirlLove ја напиња нешто што на неа можеби и' е досадно, а и сестра и' можеби претерува со очекувањата, само мислам дека треба да си расчистат и да постават граници и двете.
    @GirlLove се' ова што ни' кажуваш зборувај го со неа, шансите се дека ќе ти се налути оти она мисли дека ти е ќеиф да ти праќа слики и сл.

    Или побезболно, едноставно не и враќај, види ја сликата и толку, не се замарај.

    Јас имам колешка што ме труе со детето нејзино, на неа нормално и е најмило и најинтересно на светот, мене не ме интересира, ама во ова време кога сите сме преограничени со човечки контакт, имај малку разбирање.

    Можеби во други времиња ќе се дружеше сестра ти со други мајки на бебиња, ќе искачаше со нив, ќе си имаа слични теми, ама сега нема, како е породена така е и реално осамена и затворена, чим бебето 6 месеци има во корона го родила.

    Сигурно и' е многу тешко и осамена е, верувам да не беше таква состојбава ќе си направеше таа некаква група за дружба и немаше толку вас да ве замара.

    Исто како колешка ми, свесна сум дека нема кому да раскаже, да покаже слики, со никој не се гледа, па ете редок човечки контакт сум и' и сака со некој да позбори.

    На нив сигурно им е потешко од на нас, тоа се месеци и месеци како не мрдаат од дома.
     
    На Осе, cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Нова сум во фамилијата кај жаж ми и сите се океј освен жената на брат му (мојата јатрва) кај која приметyвам љубомора, исмејување, непочитување. Не го прави тоа толку приметно, но доволно за да се осетам глупо бидејќи сум нова и кога ќе отидеме на гости само разговара со мојот маж а со меме ептен малку. Јас секогаш сум била океј кон неа дури и преголемо почитување кое не го заслужила. Немам разговарано со маж ми за тоа бидејќи знам дека ја обожава неговата снаа. Се чувствувам навистина глупо и баш би сакала како жени на двајца браќа да сме во коректни односи, јас сум дружељубива. Не знам како не и е глупо да биде таква со толку културна личност ко што сум јас. Помош?
     
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Па пробај да се зближиш со нејзе, излегувајте на кафе, одете во шопинг. Малку женски муабет.
     
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.038
    Пол:
    Машки
    Нормално е ова однесување од нејзина страна, еве и зошто, не те познава добро и веројатно се плаши да не имаш некоја задна намера во однос на имотот од свекорот и свекрвата, сепак пробај да се зближиш со неа, ако продолжи исто да се однесува како и сега, тогаш проблемот е во неа, и понатаму не и обрнувај внимание, чисто формално нека ви бидат односите, инаку ова ти го пишав затоа што како штo велиш нова си им во фамилија а во денешно време многу потешко се стекнува доверба, твое е да пробаш да и дадеш можност да ти стекне доверба но ако таа несака тогаш тоа е тоа, не му ја мисли и продолжи напред. :)
     
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Штом маж ти е близок со нејзе, претпоставувам дека сакаш и ти да се зближиш и да имате барем убав коректен однос.
    Дај ѝ шанса да те запознае. Јави ѝ се, викни ја на гости, појди кај неа на гости без мажите, дајте си прилика да се запознаете. Тука низ форумов имам прочитано доста приказни кај што јатрвите се поблиски и од сестри.
    Можеби е позатворена личност и ѝ треба време за да се отвори, не значи одма дека се плаши имот да не ѝ земеш или пак дека те гледа како конкуренција и мора сега да се натпреварувате една со друга.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace и Jana06 им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Може е таква личност која потешко прифаќа луѓе ама тоа исмејување и слични сра*а доволно кажуваат за нејзиниот карактер.
    Со сила ништо не бива, ако продолжи така едноставно понашај се како и она. Биди ладна и на дистанца.
     
    На neongirl07 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    И јас мислам така, не би сакала да се понашам ко неа поради почит кон маж ми, но на дистанца секако. Не ми е јасно зошто не вика на гости кога со мене муабет не прави...
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас мислам сепак да пробаш да се зближите онака другарски, еднаш неделно кафе да пиете. Викни ја на кафе, прошетка, направи ручек викни ја на винце. Пробај, од кај знаеш. Ако те одбие, ок. Ќе знаеш на што си.
     
    На cresa-jagoda и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Па вакааа претешкоо ми ее....На мојата братучетка мајка и ја напушти си отиде во друга држава...После 20 години живот со нејзиниот маж(Мојот роднина, на мајка ми вујко) Си имала швалери дур мажот, и беше на работа и не доаѓаше дома, одеднаш замина, избега за човекот, и не сака да се врати, дури не се уклучуе на фб, и да види што и пишуваме не враќа..Кога ја добиваме на телефон, и кажавме дека ќерка и имаше срцев напред, ради неа многу и е тешко, таа рече "Многу ми е гајле, не се враќам" замислетеееее, на своето чедооо. Па БоЖеееее;(;(:sweat: Луѓе еве го најлошиот дел, кога дозна маж и од вчера тој, се јави и само кажа сака да се убие за неа и дека многу ја сака, почнал да си ја удира главата во ѕид, целиот бил крвав, и земал нож...И потоа се онесвестил, не му чукало срцето, не е во свест, само жената ја спомнува...Кога дошла брзата помош, веднаш го однела во лудница:worried:Офф знам дека не можете да ми помогнете, ама барем да ми дадете совет...Надеж...И извинете за долгиот текст...Таа жената што ги напушти и не и е гајле после толку молење, и не ее интересира за децата, многу штета ни нанесе на фамилијата, многууу ми е тешко од прееска плачам, не сакам никој да се самоубие;(;(;(;(Гоподе те молам помагајјјј!!
     
  19. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ништо не разбрав од приказнава...
     
  20. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Еве ви накратко.. Жената бега за швалер, во др држава и ги остава децата, мажот..Децара доживуваат срцев удар, и не сака да се вратиибашка и мажот не може без неаа, сака да се самоубиее.. Јас не знам што да правам, освен да се молам..Не сакам да им се случи лошоо Фактички прашањето ми беше, како човекот да се откаже од тој потез, не можеме секој ден да бидеме со него 24.7... Да ја заборави, да му помогнеме да не планира да ср убие..до сега 2 пати го спасуеме од смрт....