Имам проблем со многу блиска роднина. Не сакам да го споделувам јавно. Ако сака некој нека ми пише во лп.
Ако бараш почит од сите околу тебе, ехее. Барем да се однесува културно и коректно. А како, што примети?
Ме интересира, бидејќи имам проблеми дома планирам откако ќе наполнам 18, ако психичките малтретирања дома продужат да си се отселам. Имам другарка чии родители ме гледаат како свое дете и ми рекле дека со задоволство би ме зеле кај нив да седам. Се мислам само, што ако моите ме пријават како исчезната? Знам дека полиција не може да ме довлечка назад на 18 ама страв ми е да не си отворам проблем со процедури.
Не можеш да имаш никаков проблем со полиција ако си полнолетна. Ама да идеш кај родителите на другарка ти не би било добро. Можеш да отидеш кај нив на една па и две ноќи, ама повеќе не. Ако веќе стварно мислиш да си заминеш, прво барај работа па замини под ќирија некаде. Не можеш да мислиш дека на подолг период би седела кај некои дома, па и роднини да ти се а не пак другарка.
Па и тоа што викаш да, би седела само на кратко време дур не најдам подобро место. Сакав кај дечко ми но и он е у фаза на барање место затоа што живее со уште 7 луѓе дома и нивни миленици, плус се луѓе со кои не сум блиска.
Ако си одлучна да заминш не барај некој кај ќе се сместиш. Не можеш кај роднини ни на кратко време дур да најдеш друго место. А не размислувај ни за кај дечко ти макар и сам живеел, макар и си блиска со неговите. Ако се решиш на таков чекор во животов мораш да бидеш храбра и цврста за да се снаоѓаш сама, не можеш да се потпираш на другите.
За се има решение луѓе. Во каква ситуација сум бил не ни сакам да се присетам, имам пишувано по форумов. Но и од лошото има полошо. Се се средува ако сакате, само треба да сте силни, да изнајдете решение, да се мотивирате себеси. Бидејќи животов е еден и нема реприза.
Ke ve zamolam za sovet ako moze nekoj da mi kaze kako da postapam I sto da napravam..Se raboti za mene ..Poslednive 3ipol godini zivotot mi bese vo mnogu lose sostojba,raskinav so zenskata,se skarav so drugarite I uste mnogu neubavi raboti mi se ispodesija..pocnav da rabotam,rabotev vo market I tamu davav maksimum ,I bev falen od sefovite I rabotev na kasa I pravev promet I po 260 iljadi na kasa ,sum imal minus no retko,bev I vo super odnosi so musteriite,a so kolegite del bev dobar,del ne , so zamenikot I odgovornata kasierka ne...vo tie dve godini maksimum davav od sebe I pak na kolegite ne I'm cinev,jas kje napravam 260 iljadi na kasa one 160 iljadi I ona mene i mi doagja koleskata I mi vika 2000 KAZNA ZA TEBE 6000 KAZNA ZA SEFOT ako pomine regionalniot,ne mozgov povekje da go podnesam toa I dadov otkaz.retko koga se vrakjav doma srekjen toa e nebitno vo momentov,ja napustiv rabotata,vo posledno vreme sekoja sitnica me nervira,pa duri I od majka mi I od brat mi,taka sto deneska gi udriv I majka mi I brat mi ,I pominav granita na normalnoto,vo momentot eksplodiruvam a posle nemozam vo odi da go poglednam,gi pominav site granici,tepam majka I brat I se sramam od Samiot sebe ,a bez niv bi umrel ne bi izdrzal vo zivot ni mesec cena zatoa ve molam dajte mi sovet ako znaete ili pisete bile sto bez razlika kakov I odgovor da mi Dadete,sto bilo sto treba kje napravam,be molam neznam kaj ke teram vaka ke se ispoubieme megju sebe doma,neznam kaj teram vaka I I sto pravam vaka..POMOGNETE LUGJEE VE MOLAMM KOJ ZNAEEE VE MOLAMMM BILO STO KAZETE KJE NAPRAVAM,NEJKAM VEKJE OVA DA GO PRAVAM KJE SE KAAM CEL ZIVOT
Не е страшен семеен проблем. Ова е твој проблем. Треба да одиш на психијатар и да бараш прошка од мајка ти.
Се надевам дека тролаш, а ако не тролаш треба и да се срамиш, како си можел да тепаш мајка бе, па што дека те изнервирал некој и си ја напуштил работата, мене професорот за 0.3 бода не ме пушти да положам, мораше да го слушам цела една година пак предметот, па што требаше да направам, да дојдам дома и да ја тепам мајка ми. Научи да се контролираш, научи да си го контролираш бесот, оди на психијатар нека ти даде лекови ако не можеш да се контролираш.
Да се извиниш, да побараш психолог и нова работа. И да не си бараш изговори за твоето однесување. Сите луѓе имаат проблеми и лоши денови.
Ќе биде се во ред. Само смирено, си го направил првиот чекор и ќе биде на подобро... нај битно е што си имал храброст да дадеш отказ.... сега само ти треба малку време да се одмориш.... од психофизичкиот замор што си го имал.... ќе биде добро.... зборвај со некој твој роднина повозрасен на кој му веруваш.... зборни и со матичниот доктор најобичен разговор... тој може и малку да те охрабри и ќе процени тој што како да направиш
О другар, ако нешо имаш проблем иди на психолог/психијатар, не е срамота да идеш, срамота е да дигаш рука на мајка ти и брат ти, а не се ни криви ни дужни.Не си лечи фрустрации на недужни, еден ден на погрешен ќе се истресеш па со се гаќи ќе те истресе.Напрај нешто, и мене некогаш ми било со мајка ми карањето хаос и ми пукало филм, ама ако не е крива никад нема да ја чепнам.Ептен треба да е идиот од мајка. Прво , уште утре да им се извиниш, од душа. После утре пошо е сабота, оди на психолог/психијатар.Ќе најдеш по темиве некој шо го препорачувале и иди.И разговарај кажи шо те мучи. Ако ептен тоа неќеш, купи боксерска вреќа и лупај у нејзе. Верувај ми ја имам проблеми со темпераментот и самоконтролата, ама и ја имам граници.Ја кога ќе се изгасам не знам што правам.И се учам да се контролирам.И многу сум подобрена.Плус не можеш да паѓаш у несвест пошо колешка ти, ти е љубоморна уствари.Она ти јаде трици пошо ти љубомори,а ти паѓаш на тоа и ги лупаш твоите дома.Стај прст на чело од коа ќе ми го прочиташ мислењево.Размисли дали вреди ради тоа да ги лупнеш твоите.Ја коа ќе имам поголема доза на нервоза така, си удирам у перници или врата дома, не у луѓе. Ти ако ме нервираш со месеци, ја и ти да сме колеги, ја тебе ќе ти се истурам. Трето смири се клаус.
@Vemolamzasovet Побарај упат за на психолог или за на психијатар. Стручно лице ќе ти даде најдобар совет за ова.
Разбирам дека ти се собрало премногу, но тоа не е изговор за да ја истураш нервозата врз недолжни луѓе. Па и врз кого било... Насилството никогаш не е решение. Само ќе донесе каење кај тебе и болка и разочарување кај твоите блиски. Мора да најдеш начин за здраво справување со бесот и нервозата, а за тоа најдобро ќе ти помогне стручно лице.
Роб си на својот темперамент и имаш проблем со контролата на бесот. Тоа те прави склон да реагираш во афекти. Меѓутоа сите имаме лоши периоди во животот и насилството е погрешен одбранбен механизам за справување. И покрај ова, добро е шо си свесен дека си згрешил и се каеш. Најбрзо шо можи извини му се на твоите и побарај помош од психолог. Ако си верник би било добро и да отидеш во Божјиот дом и да се помолиш, така некое време прави го тоа. Исто така ти препорачувам да водиш дневник и редовно да ги запишуваш сите твои мисли и чувства, поготово кога си во афект-не ги бирај зборовите, пишувај го она шо ти иди од душа.
Se obrativ I tamu, Имам идено 3 пати,првиот пат беше пред 1ипол година ,и кажав дека женската ми раскина,дека со друштвото се скаравме,дека сега моментално сум сам,таа на сето тоа што и го кажав ме праша а тебе ти се допаѓа истиот пол ли..Ја пропаднат тука,,ми кажа дека не сум за кај нејзе дека сум за кај психолог ми даде и упат ама не отидов пошо од нејзе немав некоја помош,туку ми постави нелогично прашање.. Пред 7 месеци бев кај друг психијатар ,и ја кажав целата моја приказна дека ми раскина женска ми ,дека со друштвото се скарав дека од работа нонстоп доаѓам нервозен...Ми кажа тоа треба да го оставам во минатото,да барам ново друштво, дека сум работел сум имал кола добар сум бил,мипрепиша депразол и ми закажа контрола пред некој месец..Во меѓувреме од работа секојдневно се враќав нервозен ,и еден ден толку бев љут што ќе се степав и со шефот, и пак отидов на психијатар и ми рече дека ,тогаш треба да зборам со шефот да не ме става во ИСТА смена со него ИЛИ па преместување да барам, а највеќе имав проблем со заменикот ЗАТОА што го фатив со една колешка у канцеларија,и одкога го фатив ко кажав кај шефот ЗАТОА што и пред да го фатам таков беше ,зашто сум правел муабет зашто вака зашто така ,и кога го фатив го кажав на шефот...Шефот рече вака ќе правам она ќе правам,ништо не се направи,пак овој секојдневно го трпев и не се поднесуваме,и барав преместување ,па заменикот и таму пренел да ми прават мобинг,тука паднав пак психички отидов на психијатар пак таа ми рече дека ништо не ми е дека сум добар,напуштив па ме бараа и се вратив и после пак истото се деси со колешките јас правам 260 илјади денари на каса ,она прави 150 илјади денари,и ја во таа гужва не гледам фискалните околу да ги соберам туку гледам да куцам ,таа ми вика на страна и ми кажува да знаеш како помине регионалниот и ако ја види касата 2000 денари казна за тебе 6000 денари казна за шефот, ја не и кажав ништо ЗАТОА што беше во право да ,ама ја во таа гужва гледам да купам побрзо а не да соберам сметки ,пошо сметките може да се соберат и кога ќе заврши гужвата,а шефот мебе ми вика браво бе ти види колку си искуцал а види таа бабата за истата таа што ми го кажа ова..и одморот на крај и едвај го земав а ми беше ветено август дека ќе ми го дадат работев до септември фатив корона и дадов отказ во октомври...И сега од најобичен разговор со мајка ми СЕКОЈ пат станувам нервозен а денес и ги удрив,и веќе ми е срам каков човек станав ,и се срамам