Чекај, само заради тој еден ден, заради тој датум што заборавиле да честитаат да биде толку голема. Секој ден е роденден и подарок. И шо ако заборавила мајка и, еднаш ми се случи заборавив дека мене лично ми е роденден. Боже свашта
Се случува, ете. Битно е да имате почит и љубов меѓу себе. И самата си видела дека им е криво. Јас да сум на твое место, не би им замерила.
И мене мајка ми ми заборави роденден додека бев на факултет, па не дигав паники. Се случува. Секој со свои проблеми и обврски, без разлика што сме наши.
Имам 23 години и сеуште живеам со моите. Не се согласуваме за ништо и секој ден се ствараат нови проблеми. Ми се мешаат во се, ме третираат како мало бебе, не можат да сфатат дека сум сега веќе возрасна. За секоја една банална одлука добивам еден милион прашања. Не ми е ни дозволено да сум во врска, затоа што сакаат да се фокусирам на студирање и на мојата идна кариера. Дури ми се мешаат кога ќе се туширам, кога ќе ги ставам алиштата за перење и слично. Не можам да го живеам животот на начин на кој што сакам. Не можам ни да излегувам многу поради короната, стравот дека ќе ги префатам со корона и дека ќе ги умрам. А кога ќе излезам, ме прашуваат еден куп прашања и ми пишуваат пораки кога ќе си дојдам. За се мора да се правдам. А и општо, не можам да ги трпам и нивните карактери. Место да го користам времето што го имам за паметни работи и да работам на самата себеси, тие секој ден ме замараат со глупости и прават кавги за ситници, меѓусебе и со мене. Само дома седат и гледаат телевизија, очекуваат и јас да живеам така. Самото тоа ме прави депресивна. Не можам ни да си ги перам алиштата ни да готвам како што сакам, а потоа ми велат дека тие се прават за мене а дека јас не сум способна за ништо. Сакам да се преселам и да живеам сама, имам пари, но не знам како да го направам тоа. Како ќе разговарам со нив за тоа? Тоа би направило кавги и би велеле дека јас ќе ги умрам. Исто така како би ја објаснила оваа одлука на роднини и пријатели. Не знам ни дали да одам во друг град. Ако одам во друг град немам никој и би била тотално сама. А да седам во ист град би било „срамота“. Но смачено ми е гледајќи ги моите врсници како си ги живеат животите а јас сум затворена дома поради нивните заостанати менталитети. Сакам да можам да имам мир и да работам на самата себеси. Ни обврските не можам да си ги терам како што треба поради моите дома. Не знам кој ми е излезот но само знам дека не можам мојата младост да ја врвам вака.
Најдобро е според мене преселба во друг град, на почеток може и со цимерки. Ќе ти биде тешко на почеток без нив, ама ќе помине. Младоста ќе ти помине така и ќе затупавееш со нив. Како тоа ќе ги умреш? Многу убаво од нивна страна што ти набиваат вина. Сигурно си 4та година така што при крај си ваљда. Ќе си најдеш работа и се по ред. Почни да си бараш стан, мој совет
Жал ми е за твојата ситуација. Да сум на твое место, би пробал привремена работа во странство со цел да стекнам меѓународно искуство. Во вистионскиот момент си да го сториш тоа. Верувај ми, секој почеток е тежок, но со текот на времето ќе се навикнеш и ќе немаш потреба од никого. Многумина се нашле во ваква ситуација, но мораш да останеш силна за да го пребродиш сево ова.
Прво немаш апсолутно никакава потреба да се правдаш на роднини, пријатели, комшии и сл. за твоите одлуки и се што е поврзано со твојот живот. За работа можеш да аплицираш некаде во странство има многу агенции и посредници кои ги праќаат студентите на работа во странство. Ако не сакаш во друга држава, најди работа во друг град и изнајми стан, побарај по групите на фб секој ден има многу објави дека бараат цимери. Секој почеток е тежок, нормално, но ќе се навикнеш и ќе стекнеш пријатели таму каде што ќе отидеш. Со родителите седни и разговарај смирено, објасни им дека сакаш да се преселиш и нека не те допира тоа што ќе почнат да прават драми, кога-тогаш мора да прифатат дека веќе не си дете.
Не мора да разговараш ниту да се правдаш. Само треба храброст да собереш. Јас онака си ги спакував стварите еден ден и си отидов на новото место а помлада сум од тебе. Од тогаш и поголем мир не сум осетила. Ако имаш финансии ич да не се секираш за ништо.
Пробај си работа во странство. Така ќе смениш средина. Вака и да одиш во друг град, пак ќе те замараат. Види што нудат Коузон, Контекст, и ред други скопски агенции. Ќе најдеш нешто. Ти посакувам успех.
И јас ќе и кажев во странство, ама разбрав студентка е @ohridskoezeromkd Јас прво би во друг град, па после студии во странство. Веќе ќе знаеш како се живее сам, сметки, храна, се тоа.
Благодарам за советот во право си, тоа го сакам и јас само тешко ќе биде справувањето со нив, нема да ми ја прифатат одлуката. Но на крајот на денот возрасна сум и не мора да им се правдам. Благодарам за советот но не би сакала да отидам во странство, веќе имам живеено таму и најубаво ми е тука. Само сакам да имам мир без да ми се меша никој, но секако, мора да останам силна Ти благодарам за советот во право си, не треба да се правдам на никој 21 век е но за жал дел од постарите генерации уште се останати назад со времето. Работата е најмал проблем, има многу опции и онлајн. Но се надевам со текот на времето се ќе се среди. Благодарам за советот и мило ми е што си нашла излез од твојата ситуација апсолутно не мора на никој да му се правдам, но за тоа треба храброст. Благодарам многу за советот
Update: се обидов да заминам ама се заканија дека ќе се самоубијат ако заминам. Не знам што да правам. Ако останам тука на крај јас ќе умрам од депресија. Но ако заминам пак ќе ми досадваат и ми е страв од последиците. Ми треба совет, не знам што да правам повеќе.
Типична замка и стратегија за манипулација е тоа со заканата за самоубиство. Слободно да си заминеш, око да не ти трепне.
Хипотетички дури и да се случи, тоа нема да има врска со тебе, туку би имало врска со нивната фрагилна психа. Иако, сигурно нема да се случи. Е-хеј, така сите да се самоубиваа кога некој ќе ги напушти, стално ќе слушавме на вести. Ама не се случува, бидејќи тоа се класични тактики за контрола во желба на присилно задржување. Затоа не се измачувај себе, си должиш среќа.
Во право си. Ќе си најдам стан и ќе заминам без око да ми трепне. Најголемиот проблем им беше дека комшиите ќе виделе и дека ќе сум ги усрамела и поради тоа ќе требало да се самоубијат.
Здраво феминки. Имам еден голем проблем што се случува подолг период и не знам кај да барам совет па ќе се искажам тука. Од кога памтам дома мајка ми и татко ми имаа расправии. Како дете секогаш бев запоставена од нивна страна и никогаш немав нормално детство. Никогаш не сме правеле нормални работи како секое семејство. Никогаш не излегувавме и не одевме на одмори, многу ретко бев опкружена со мои врсници. Единствени што ги имав ми беа другарките но кога наполнав 9 години ме одведоа моите во Америка, и после и тие ги немав. Таму ми беше многу тешко да се вклопам и копнеев во Македонија. Таму не ми се допаѓаше и сеуште не ми се допаѓа. После неколку години мајка ми и татко ми се разведија. Јас останав кај татко ми и не ми беше дозволено да комуницирам со мајка ми повеќе (поради оправдани причини, но не сакам да се фокусирам на тоа, поради тоа што е друг проблемот). И да и кажам сега што се случува со татко ми, ќе го користи тоа за одмазда против него а не за да ми помогне и да ме ислуша. Откако се разведија мајка ми и татко ми, татко ми си најде друга. Јас ја прифатив. Од почеток се правеше добра но после некое време почна да излегува нејзиниот вистински карактер на виделина. Почна да ми наоѓа мани за најситни нешта и да го манипулира татко ми против мене. Да ви дадам контекст, карактерот на татко ми е многу агресивен. За најситни нешта избувнува и се дери. Не сака да сослушува. И така татко ми секогаш почна да се расправа со мене. Ја слушаше девојка му што имаше да кажи за мене, а мене никогаш не ме сослушуваше. За најситните нешта што ги правев ми наоѓаа мани. Не ми беше дозволено да правам ништо и да имам нормално тинејџерство, секој ден седев дома и се расправав со глупости. Нема да навлегувам за што беа кавгите и се што се случуваше затоа што ќе биде многу долга објавата. Но растејќи си мислев дека јас сум проблемот, се прашував што правам толку лошо што вака ме третираат. Татко ми секогаш ме потценуваше, дека не сум способна за ништо, за начинот на кој што изгледам и ме нарекуваше со многу грди зборови. И од кога станав полнолетна ништо не ми беше дозволено да правам, им бев како слугинка. Пред една година ситуацијата се влоши премногу со девојка му. Ме нападна и физички, а тој неа ја бранеше и правдаше. Како и секогаш вината беше моја, иако и како тинејџерка и сега секогаш молчев за се. И после таа ситуација сфатив дека треба да заминам. И заминав, се вратив во Македонија. Планот ми беше да бидам на одмор неколку месеци но останав тука, не се вратив. Во меѓувреме бев во контант со еден другар од Македонија на кој што му кажав се што се случуваше во мојот живот. Имав потреба за да му се искажам. Кога се вратив во Македонија, си фатив дечко и тој другарот од љубомора му се јави на татко ми и се му раскажа се што сум му кажала за семејните проблеми, знаејќи колку е агресивен татко ми. Секако и ги изврте работите за да изгледа како дека јас лажам и дека зборувам се и сешто за татко ми. Го излаже татко ми и за дечко ми, дека дечко ми е дрогираш, криминалец и многу други невистини. Татко ми му поверува на „другарот“ а не на мене. Не ми ни дозволе да ја кажам вистината. Седам со дедо ми и баба ми тука и им рече да ме затворат дома и да не ме оставаат да излегувам никаде, дека сум ментално неспособна за да излегувам надвор од куќата. Татко ми ме присиле да му прекинам на дечкото но не му прекинав, затоа што знам дека тој е соодветен за мене и јас многу го сакам. Неколку месеци не зборував со татко ми но после почнавме да комуницираме повторно. После некое време пак почна со кавги и расправии, ме присилуваше да се вратам назад во Америка и да го живеам тој монотон живот. Јас не сакам. Сакам да седам тука и тоа е мое право. Начинот на кој што ми се обраќа цело време е многу агресивен и не покажува почит кон мене. Секогаш кога и да ми се јавеше имаше расправии, никогаш не знаеше да разговара нормално. Ми дојде преку глава се и престнав да му ги кревам повиците. Тоа го направи да се налути многу и почна да ме повредува со грди зборови повторно и да се заканува дека ќе го најдел дечко ми и ќе му наштетел. Почна да вели дека тој ме користи за да добие виза и дека ќе ми ги земе сите пари. Тоа не е вистина јас добро го познавам каков е, и како може тој што не го познава да го осудува така. Не можам повеќе вака да живеам. Не сакам никаков контакт со него, и сакам да ме остави на мир. Само не знам како да излезам од оваа ситуација. Ако заминам од кај баба ми и дедо ми, тие ќе настрадаат, имаат здравствени проблеми и ќе се нервираат. Стари луѓе се и имаат друг начин на размислување. Ми е страв исто така да не му наштети татко ми на дечкото, не сакам ништо да му се случи или пак нашата врска да настрада поради ова. Но ако не заминам, тој ќе си дојде на одмор на лето и знам дека ќе ме малтретира, и тоа физички. Возрасна сум и сакам да го живеам животот нормално. Имам амбиции но не можам да ги почнам поради секојдневните проблеми. Ми ги одзедоа детството и тинејџерството, сега и младоста сакаат да ми ја одземат. Сакам да растам како личност и да си го средам животот но не ме оставаат да дишам. Ми треба совет. За моја безбедност одкако ќе добијам доволно соодветни одговори, ќе го избришам коментарот, поради тоа што знам дека еден од лицата што се вклучени во приказната ја користи фемина.