Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    @feminka1999 ај вака. Другарот не ти е другар. Дечко моментално не ти треба и мислам дека бегаш од главниот проблем. Стиши ја топката, многу си млада. Најискрен совет, оди и школувај се странство, учи за да си овозможиш иднина сама. Не ја правдам постапката на маќеата, но таа не е ни битна. Поставувај ги нештата во твоја корист и вложувај се на поле образование. Не се гневи, со тек на време многу работи ќе ги оставиш позади и ќе ти биде полесно.
     
    На felisitas и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не можеш да го избришеш мислењето.
     
  3. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Другарот не ми е другар, тоа беше во минатото. Веќе се образовам, наставата ми е преку интернет. Уште еден месец ќе дипломирам. Дечкото нема шанси да го оставам. Беше покрај мене во вклучни моменти и ги има сите карактеристики кои ги барам да ги има некој. Сакам само да најдам начин да ме остават на мир.
     
  4. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Тогаш дали има друга опција? Се работи за мојата безбедност.
     
  5. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Сепак ти препорачувам да се потпираш сама на себе. Не сакам да ме сфатиш грешно, ама и тој нека се покаже малку повеќе. Ако толку ви оди заедно, еве нека те земе кај него.
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Извадок од Правилата на форумот:

    Не се примаат барања за бришење на теми или мислења. Сме добивале вакви пораки: „Избришете ја темата ***. Дознав сè што ме интересираше и веќе не ми треба“. Или: „Избришете ми ги сите мислења. Другарките научија дека сум на форумов“. Ваквото однесување не само што ја уништува смислата на постоењето на еден форум, туку е и нефер кон сите оние што се потрудиле да ви помогнат. Не споделувајте премногу интимни работи ако не можете сами да си ја зачувате приватноста!

    https://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/
     
  7. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    секако. не барам ништо од никој, барам само совет што да направам со татко ми, а не со дечко ми
     
  8. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Среќно.
     
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    @feminka1999
    Предлагам да заминеш во Америка но на место подалеку од татко ти. Испари и најди работа. Само така може да мируваш искрено. Ако си приустна ќе трпиш све и свашта..
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    12.534
    Пол:
    Женски
    Можеше да пишеш има ли некој за ЛП, вака не знам колку можеш да избришеш се.. Замоли ја Реин да избрише само овој пат, ама за друг пат да си знаеш, не мораш јавно да бараш совет ако не сакаш, можеш тоа да го сториш и во приватна порака.. Мој совет во однос на ситуацијава ти е да си одиш од дома, баба ти и дедо ти ќе им се јавуваш секој ден и они ќе бидат посмирени, а ти терај си го твоето.. Дали со дечко ќе живееш, дали со цимери, дали сама, не е важно, само тргни се од таа токсична средина и прекини секаков контакт со татко ти.. А и, ако го вознемирува татко ти дечко ти, викнете му полиција, ако ти е татко, не е господ, па да му се плашите.. И остани си во МК ако сакаш, не се чувствувај приморана да одиш негде.
     
    Последна измена: 20 април 2022
    На angelche16, feminka1999 и prashinka им се допаѓа ова.
  11. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не знам, искрено не ми се живее таму.
     
  12. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за советот. Сакам тоа да го направам, само не знам како да соберам сила, страв ме спречува, страв од непознатото. А како да ја контактирам Реин? Се извинувам нова сум на форумот :)
     
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не знам како зависиш од нив? Велиш возрасна си, најди работа, станче под кирија со дечкото, и игнор. Таков татко не е татко , не ти ни треба. Сигурно нема да долета од Америка да ти го сруши станот. Не мора ни да му кажеш кај ти е станот, едноставно не дигај слушалка и терај си со животот. Ако ти се заканува и прави проблеми, пријави го во полиција. Проблемот го правиш поголем од што е. Не се замарај со токсични луѓе, без разлика што ти е татко. Возрасна си, сама одлучувај за својот живот.
     
    На neno0o, oblace1, СуперДевојка и 3 други им се допаѓа ова.
  14. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не зависам од нив финансиски, имам и свои пари, работев таму и си соберив доволно за да живеам тука долг период. Сакам да си почнам бизнис со тие пари само ми треба нормална средина. Само тоа што ме спречува е страв. За каде живеам може да дознае и од други луѓе. Но размислувам да одам во друг град, каде што познава помалку луѓе. Но се согласувам со се што кажа и ти благодарам за советот :)
     
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.126
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да го имам пишувано. Моите разведени, злобна маќеа, мајката отсутна, малтретирање, бркање од дома и ред др работи. И секако тука е дечкото.
    Да се надоврзам, ист како мојот прпблем и јас не сакав дечкото да го оставам а татко ми ми викаше дека е со мене само за пари и виза. АМА иако јас во мојот живот немав добар однос со татко ми, испадна дека е во право. Изгубив години за тој дечко, сега веќе бивши маж, кој откако богатството на татко ми дојде на нула , овој му текна дека не ме сака повеќе. Инаку, во твојот случај, татко ти ппд влијание на маќеата, кај мажите е секогаш така тие жените ги слушат и сакат повеќе отколку децата. Таму и да одиш , проблемите нема да стивнат. За мајкати уопште да не зборам, претпоставувам какп мојата иста. Да останеш кај баба дедо , овој пак ќе те малтретира психички. Знам дека и самотп негово присуство ти пречи веќе, не сакаш ни да разговарате. Мислиш дека со дечкоти се ќе биде ок, ама јас те советувам , немој да се лажеш да одиш кај него, ти пак биди си со него но не брзај, и за да се спасиш од се ова, да ти биде главата на раат, само избегај во др град. Најди работа и оди. Ако си полнолетна , нема што да се објаснуваш. Не ставај здравје на цедило за никој. Јас само така се спасив, на 18г. бришка да ме нема. Отпочетокот правеа чуда ама видоа дека имам цврст став и дека не се враќам и се помирија. Татко ми си остана остиот инат до смрт, и тогаш не сакаше да попушти, со мајками немам контакт, ама затоа сега и не осеќам никалва празнина дека ги нема. Не жали никој, гледи тебе да ти е добро , или др град или оди во Америка ама подалеку од татко ти. Јас кога се иселив од дома, се на добро ми тргна. Еве сега во Германија со две златни дечиња сум а за Македонија не ми ни текнува ниту за мојата таканаречена фамилија. Имам мир.
    Послушај ме, само стои си на твои нозе оти ти се имаш самата себе до крајот. Поздрав
     
    На zuto, FridaodaMk, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не можеш да ги промениш луѓето, колку побрзо го сфатиш тоа толку подобро. Ама можеш да ја промениш околината. Од што конкретно ти е страв? Нема потреба од бегање во друг град, само прекини контакти. Или скорз, или слушај се од празник до празник да не биде без ич. Најди си стан, подалеку од баба ти и дедо ти. Пресели се, не мора ни точна адреса да знаат. Финансиски чим не зависиш, супер си и ќе успееш. Живее во Америка, нема начин да те замара, секој месец ли ќе патува? Не се заморувај со глупости, уживај си во животот.
     
    На oblace1, feminka1999 и prashinka им се допаѓа ова.
  17. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам премногу за советот и многу ми е мило што сега си веќе во подобра ситуација, и од ситуацијата со фамилијата и од ситуацијата со бившиот маж. Но сепак животот е пред тебе и секогаш можеш да запознаеш некој друг што е посоодветен за тебе. Секако, најбитно е да зависам на самата себеси. Инаку да, татко ми е под нејзино влијание, истите работи што таа ми ги зборуваше и тој ми ги зборува. Таа го манипулира. Ќе се обидам да заминам и да немам никаков контакт со него. Само пробува да ме направи да се чувствувам виновна, дека поради мене сега има здравствени проблеми и тоа ме спречува, стравот дека поради мене нешто ќе му се деси. Но ако не си заминам и го слушам се што ми вели, јас ќе бидам таа што ќе умри од депресија. Поздрав и до тебе
     
  18. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за советот. Како што и кажав и на членката погоре, татко ми ми рече дека поради мене и моите „глупости“ сега има здравствени проблеми и тоа ме спречува, стравот дека поради мене нешто ќе му се деси. Ме спречиува и стравот дека ќе направи нешто. Ако не може од Америка да иди, можно е и да прати некој друг, и со тоа се има заканувано.
     
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Тоа е чиста манипулација за да те држи под контрола. Ти не си крива за неговите здраствени и психички проблеми. Тргни се со време! Никако да не си трпела! Што сака нека прави, ти држи се до своето.
     
    На oblace1, Snowflake97, Directioner005 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. feminka1999

    feminka1999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Во право си. Но сепак тешко е да не чувствувам грижа на совест.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.