Те манипулира. Ме потпаѓај на неговите провокации. Па ти си таа што губиш здравје ради него и жена му. Глава горе, ништо не ти може
На твојот татко изгледа не му е битна твојата здраствена и психичка состојба туку си лечи сопствени комплекси на тебе. Девојко ти најдобро да си посетиш психолог или психијатар и да почнеш да си градиш самодоверба, да почнеш да си го градиш својот живот. Твоите родители си донеле одлука да се разведат и да започнат свој живот, каков таков на нив им одговара, ти си возрасна личност и треба да почнеш да живееш за себе, а не за некој друг.
И јас тоа си го мислев, да одам на психолог одкако ќе заврши се ова за да можам да работам на самата себеси, да имам нов начин на размислување. Но да, во право си. Фала ти за советот!
Дете,главата горе и знај имаш права и заштита!Полнолетна си,одговараш за своите постапки.Никој,ама баш никој не смее физички да те напаѓа,тоа е кривично дело,па нека е и од биолошки татко!Став пред него дека твоите одлуки се само твои,ако те нападне ВЕДНАШ,ама веднаш повикај полиција,пријави,ако треба и тужи!Таквите АГРЕСИВЦИ се најголеми коркачи,викни му полиција,не се заканувај него дејствувај и он одма ќе се повлече,верувај!Со среќа,но од проблеми не се бега,се соочува со нив.Ако имаш случајно америчко државјанство и тоа да го употребиш во пријавата!Се што нуди системот на заштита да го примениш.Ти посакувам среќа и храбро!
Ти благодарам многу. Имам и америчко државјанство. Не сакам само никој да страда поради ситуацијата ама на крај, секој си е одговорен за себе и мора да го направам најдоброто за мене.
@RainBow еве ја тагнав, само кликни на нејзиниот ник и потоа оди започни разговор ако нешто не ти е јасно прашај слободно.
Од татко ти нема да куртулиш, освен ако си финансиски независна па да немораш да го тинтраш. Тоа се оние -отровни родители. АКО си финансиски независна од него, замини во друга држава да живееш со дечко ти.Започнете нов живот. Бидејќи си полнолетна ништо не ти може. Млади сте, можете да се снајдете некаде, можеби почетокот ќе биде тежок ама ако сте сложни и единствени во желбата да успеете, ќе бидне работата. Очигледно на мајка ти неможеш да и се обратиш. Баба ти и дедо ти неможат да те одбранат од него. Затоа, снаоѓај се и бегај некаде.
Финансиски сум независна, само душата ми ја изваде. Инаку добар е советот, ќе размислам. Но да, немам на кој да се обратам. Ти благодарам за советот
Ама ако решиш такво нешто пред време не кажувај. Но немој ни да заминеш а да не кажеш на татко ти зашто ќе ти направи уште поголем проблем. Просто спакувај се, кажи дека ќе живееш во Шведска на пример и бај бај.
Јас би играла малку поинаку,би створила свој,независен живот,било каде,и само би известила откога ќе се исселам и КРАЈ,ако баш морам него,а како полнолетна неморам,да го известам!
@feminka1999 јас само би ти рекла да не брзаш во однос на дечко ти. Тргни се од дома, прекини контакт со татко ти ако сакаш, пресели се, што сакаш прави. Само дај му време на дечкото, биди си во врска ама со резерва. Не почнувај заеднички живот со него сега. Види како ќе се одвива ситуацијата ако се одделиш од семејството.
знаејќи го него и како реагира подобра опција е ова, бидејќи откога би се исселила не би можел ништо, а пред да би го направила тоа би ми стварал притисок и би пробал да ме спречи
Да, секако. Голема одлука е тоа и не треба брзање. А искрено не сакам и него да го мешам во тоа, и онака татко ми не го сака него. Да се смири ситуацијата прво.
Никој и за ништо на овој свет не може да те спречи во ништо што е во законски рамки направено!Мораш малку да поработиш на себе,своите права и својот живот,млада дамо!Светот е пред тебе,грабај го и не се врти назад.Се што може да се случи се само празни закани и зборови,НИКОЈ НИШТО НЕ ТИ МОЖЕ,ако не е противзаконски!
А татко ти следен пат коа ќе ти се закани да му речеш дека ќе го пријавиш во социјални грижи, м? Дека те малтретира и дека се заканува по туѓи животи? М? И веќе никад да не му кренеш...
Се пријавува вознемирување во полиција и се поднесува приватна тужба за истото...се работи за полнолетни лица,социјални грижи не покриваат тоа.
Нареден пат кога ќе ти се јави речи му те снимав и сега ќе се јавам у полиција и ќе ти стегнам една тужба. Мочко. Ккао бе секој има право родител да е .
Тука има кривично дело по член 140 од КЗ Противправно лишување од слобода, можеш и твојот татко како и баба ти и дедо ти да ги гониш. Можеш случајот да го пријавиш во. -МВР ќе покренат кривична пријава. -ОЈО ќе покренат обвинение. - Можеш и сама по приватна тужба да ги гониш. Најди си добар адвокат што работи кривични предмети и ќе ти искомбинира покрај ова дело и сплет на други за полесно да добиете. Секако од твоите барај оштета што можиш поголема за да можиш што подобро и поцврсто потоа да си застанеш самостојно на здрави нозе. За секое дополнително инфо ти стојам на располагање тука и во порака.