Најлошо е што нема разбирање за жене како нејзина ќерка се на мене најмногу истресува. Ме нема прашано како сум со год. Желна за внимание се таа таа. Некои луѓе навистина не треба да се родители. Јас кога сфатив дека мема излез од моите мисли ведбаш се обратив на лекар. Таа не и не не била ненормалнашто испаѓа јас сум.
Прекини контакт. Не можеш возрасен да натераш на ништо. Мајка ти е, ама не може да ти го уништува животот.
Колку пати и да прекинам сепак ја мислам некако на штрек седам дека ќе ми се јави некој дека починала. Има 40 кг жив мртовец е што се вели, но толку ми го загорчува секојдневието.. Некогаш чувствувам дека ако почине ќе ми олесни но тогап ми текнува дека брат ми и сестра ми ќе продолжат со психичкото малтретирање..
Ама, ти имаш твое семејство на кое треба да мислиш. Гледаш и сама колку души ти кажавме дека не можеш да ѝ помогнеш ако таа самата не сака. Знам дека нема да ти е лесно, но тоа е најдоброто решение за тебе.
@No Makeup има решение за се, па и за ова, само треба да се приспиташ себе до каде би одела. Прво, (колку што разбрав , мажена си) дома многу разговор со сопругот за ситуацијата, бидејќи тој е главна алка и ти треба полна поддршка од него (па и неговите) во борбата.Ако ја немаш од него, тогаш ќе пројдеш далеку потешко. Ако се согласи и тој, тогаш ставате на игнор СЕ....телефонски јавувања, пораки, посети, средби. Ништо со мајка ти, исто важи и за братот и сестрата. Ако сите тие те обвинуваат тебе, тогаш мораш да се тргнеш од сите за да си го обезбедиш мирот. Второ, постои и пријава за малтретирање т.е. семејно насилство.Не е само ќотекот насилсвтво, туку и секојдневниот психички притисок.Ќе си отидеш во Центар за социјални работи, ќе си дадеш Изваја, ќе разговараш со тамошните стручи лица и ќе ти дадат насока за понатамошни чекори. Но многу е важно да имаш поддршка од некого, да имаш каде да се исплачеш и да се искажеш бидејќи сето ова воопшто не е лесно да се преброди. Мајка е, семејство ти се, ама се си има граница.
Единственп психијатар таму се искажувам..Мм има до некаде разбирање,но знам дека во прва прилика ќе ми тресне преку нос муабет. Сама сум скроз сама за жал но научив така да функционирам. Фала за советот
Маж ти мора да разбере дека не смее ни тој да прима повици. Заштити се себе и своето семејство. Ич не ти е лесна состојбата, меѓутоа мораш да пресечеш, најмногу ради себе, но и ради семејството кое си го створила.
Јас мислам, дека најголем проблем ти е сопругот. Кога тој би бил разбран и паметен, ќе сфати со кого си имате работа и заедно ќе ги игнорирате проблемите кои ви ги создава твоето семејство. Како и да е, треба да ги вклучите и полицијата и обвинителството.
Ја имам пријавувано и во полиција да ,за жал..Но семеен проблем нема нешто корист. Тука најголем проблем е психичкото насилство. И земав упат за понеделник за псих моја матична,не сака да иди, па јас ќе го искористам терминот...
Ти ќе се оболиш ако не прекинеш контакт со нив. И мене психичко малтретирање ми правеа моите но ги избришав сите контакти со нив, со татко ми до неговата смрт не прозборев а со мајка ми ден денеска уште не зборам и не комуницирам. Не бива, пробав неколку пати и само во депресија паѓав после разговорот со неа. Сега ми е многу поарно. Блокирај ги на сите страни, нека звонат колку сакаат, еден ден ќе престанат.
Смени број на телефон. Дури и ако ти стигне порака, не ја отварај, не ја читај, ставај ги во некој фолдер и еднаш на 6 месеци бегло прегледај го, цела нервоза сведи ја на 1-наш или 2 пати годишно. Со нарцисоидни личности нема оправање. Прочитај за нарцисоидно пореметување, codepend relationship, и види дали ќе ги препознаеш во нив фамилијарните односи. Најважно- disengage.
Нема со сила да ја носиш никаде, возрасна жена е. Мајка ти е, ама и ти си мајка, ќе пресечеш значи. Колку и да ти е жал за неа, пожал треба за себе и за твоето дете да ти биде. Блокирај секаде, маж ти нека не прима повици и НИКАКОВ контакт. Значи ни по доктори ќе ја носиш, ни никаде, а грижа на совест нема да имаш затоа што таа не сака помош, сака да се изживува. А ти тоа ќе го пресечеш.
Здраво на сите, ми треба совет што би направиле вие бидејќи ова прв пат во животот ми се случува... Со мојата 2ра братучеда сме израснати заедно, што се не сме поминале во најлудите години,најинтересни моменти и до пред некој ден во мојата глава беше дека сеуште сме во истите супер односи. Вака: Минатата година се веривме и двете и јас прва закажав свадба која е за 2 месеци од сега и и јавив уште во декември кој ќе е датумот и сето тоа да си планираат. Во мегувреме дознавам дека таа закажала свадба пред мене и ништо не ми спомнува ниту во моментот јас кога и јавив ниту сите овие месеци. Си мислев и ја оправував ајде ќе се јави ќе испрати покана но не. Таа се омажи вчера и не ме покани на свадбата на која имаше па околу 600+ луѓе сигурно, значи целиот град а за мене нема место. Се е тоа во ред да не ме покани но нема причина за такво нешто. Нашите родители беа во одлични односи до моментот минатата год. кога татко ми и мајка ми дома поканија гости најблиски другари да почастат за тоа што сум верена.Нејзините родители се налутиле заради тоа што не биле поканети на "мојата веридба" а тоа не беше веридба туку само една вечера бидејќи не сакавме да правиме веридба само моите дома си поканија на вечера ете да почастат и на вереникот неговите друг вечер си поканија најблиски луѓе на вечера.Претпоставувам дека родителите и забраниле да ме поканат заради ова.Не разбирам зошто се осеќам како најнепосакувана личност без причина, згора на тоа јас кога дознав дека закажала (од наш заеднички другар) земав слободни денови на работа надевајќи се одам на свадба кај неа, исчекував и навистина бев среќна. Запрепастена сум и не знам што да правам треба да почнам со делење на моите покани да ли воопшто да ја повикувам, бидејќи ова што го има направено е понижување и газење на мене. Ниту еднаш ја немам издадено за ништо.. Извинете на долгиот пост но ме интересира како би постапиле вие бидејќи на свадбата беа наши другарки па нивните сестри па милион луѓе кои се тотално не битни а јас која сум и сестра не бев поканета. Фала ви
@Maria_____ не гледам тука некој проблем се си е во ред...прифати ги работите какви што се и терај понатаму...соочи се со проблемот ако мислиш дека го има....
@Maria_____ Според мене, очигледно не сте биле толку блиски, барем не како што ти си си замислила. Тоа со родителите е само некој вид на изговор. Неретко и да има затегнати односи меѓу родителите, децата си живеат. Плус, уште во Декември си ја поканила на твојата свадба. Што да правиш? Ништо. Move on. Не ти требаат луѓе на кои не си им од важност