Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. Maria_____

    Maria_____ Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не, ти мислиш дека треба да и се јавам после ова?
     
  2. halfasoul

    halfasoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Машки
    Апсолутнооо требаш веке биднала работаваа ти само шлагот на крај да си знае така остане последна твоја :)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.399
    Ти праша како би постапиле ние. Еве јас ќе и се имав веќе јавено ако сум била толку блиска.
    Ако не сум, немаше да се чудам.
     
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Женски
    Исто јас би се јавила и тоа ден пред свадба. Као слушам утре ќе се мажиш епа ај честито ,туку за мојата свадба нема потреба да идеш ,гледам ништо не значи нашата релација.... најуво да си поминеш.

    Ама веќе поминало тоа. Сеа би постапила така што нема да ја поканам и нема да ја побарам веќе.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    39.019
    Пол:
    Женски
    Јас би и честитала. И толку. На свадба не би ја поканила. И не би ја барала. Каниш 600 гости, а не каниш одредена личност? Значи таа личност не ја сметаш за блиска. Не сакам такви личности во моја близина.

    Имав сличен случај со другарка од средно. Бевме блиски. Барем јас така мислев. Беше присутна и на мојата свадба. Не ме покани ни на веридба, ни на свадба. Од друга личност дознав кога ќе прави свадба и каде. Сепак и честитав. Ама пред свадбата и се јавив. И крај. Немам никаков контакт со неа. И една заедничка другарка не беше поканета. И таа беше блиска со неа.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    И на мене иста ситуација ми се случи пред некоја година.Јас и тогаш и сега(доколку некој не викне на свадба) стојам на ставот да не му честитам.Понижување е ако му се честита.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariana88

    mariana88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво, сите!

    Јас сум младaи многу сакам да готвам, но мојата баба е многу страсна кога станува збор за храната и вели дека не треба да трошам многу состојки или време на готвење. Често ми забранува да користам повеќе брашно или други работи, иако само сакам да научам нешто ново, јас разбирам дека е времето сега такво, се е скапо, ама зарем да штедиме и на храна?
    дали некој може да ми помогне со некој едноставен рецепт што не бара многу состојки? Сакам да покажам дека можам да направам нешто добро и вкусно, но мојата баба не ми дозволува да експериментирам. Како да и објаснам дека сакам да учам да готвам и дека тоа не е ништо лошо?
    Едноставно живеам кај нив, можеби и тоа е причината, сепак некако сум многу лута, а знам да готвам, имам талент ајде да немам да речеме, добро, се надевам нема да ми се смеете бидејќи ова е стварно сериозно, еднаш барем да зготвам нешто и јас, млада сум кога ќе се научам ако не сега? Таква си е жената стварно, многу почнувам да се нервирам, кога би можела да си живеам сама но ете не можам, инаку имам 19 години и студирам факултет, знам дека не може да се смени таква е ситничарка, ама претерано е стварно, и не само за готвење, за секакви работи ми се мешаат, за дружење, за патување за било што, за нив роа не е во ред, но сепак, тоа е друга тема, ова најмногу ме допре, јас не сум должна да гладувам
    Благодарам многу!
     
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    9.984
    Пол:
    Женски
    Приход некаков имаш? Ако не, најди си работа на скратено или пола работно време. Вака ќе имаш и за готвење и за џепарац.
     
  9. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    75
    Здраво, ми треба некаков совет или чисто да се изкажам некаде.
    Разведена сум и од кога се вратив дома, живеев со моите и помал брат, имам уште еден постар брат кој тогаш живееше под кирија во Скопје со девојката.
    И предходно сум и помагала на моите зошто татко ми е болен не работа, само мајка ми имаше плата и со мојата плата скромно но добро живееме. Поголем дел од обврските дома се трудев јас да ги завршам, за да и олеснам на мајка ми. Пред неколку месеци постариот брат реши да се жени, сватовите инсистираа за свадба зошто снаата е единица, моите не беа воопшто моќни во тој момент и се испозадолжија мајка ми со кредит, кај тетка ми се задолжи и се направи една скромна свадба. Се преселија и двајцата кај нас дома со што им ја отстапив мојата соба. Е сега некако зошто предходно повеќето обврски си беа на мој грб, тоа така и си продолжи. Финансиски многу слабо придонесуваат, ако им се каже да купат нешто ќе купат, ако не нема. Не е моја работа но платите си ги трошат за маникири, излегувања, шетања и сл. тоест само за нив. Два дена сме дома без ручек зошто фрижидерот ни е буквално празен. Моите се мирни, тивки и наивни луѓе можеби и глупави и дозволија да се одигрува целиот овој циркуз. Не знам од која причина не му зборат на брат му за ништо, најверојатно се чуствуваат понижено зошто немаат пари. И секогаш им е оправдание да не се нервирам, ќе сум се омажела еден ден. Снаата исто така не е многу заинтересирана за било што дома. Пример ќе си сварат кафе и сами си пијат на тераса, ќе си порачаат пици, сендвичи само за нив брат ми кажа оправдание многуј луѓе сме биле дома, не можел на сите да ни купува. Не сум им љубоморна, не ми е ни гајле но ми здосади последните пари да си ги давам за дома, и пак јас сум виновна за се. Предходно кога бевме четири луѓе дома, беше поинаку стасуваа пари и се, сега не можам. А толку ни се можностите, куќата ни е мала. Снаата е едно дете но не сакаат таму да живеат, нејзините ќе се срамувале ќе имале домазет.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.678
    Допаѓања:
    192.559
    Ох боже господе.
    Нејзините сакале свадба, нејзините нејќеле домазет. Или брат ти нејќе домазет? Ситуацијава реално не е добра за никого, ниту за тебе, ниту за твоите, ниту за младите. Ама ако од срамување се пати, не знам што совет да дадам.
    Ти со твојата плата можеш да одиш под кирија и да имаш мирна глава. Поарно тоа отколку да слугуваш и да раниш 5 души. Мислам, не мораш да чекаш да се мажиш, може да се мажиш за сама себе за почеток.
     
    Последна измена: 8 септември 2025
    На Лејди Гага, Gosh, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Работиш, заработуваш, способна си и самостална. Не мора да се омажиш за да заминеш од дома. Иди под кирија. Не си должна други да раниш/издржуваш.
     
  12. mariana88

    mariana88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Колку има вакви случки за жал, у моја фамилија, мажена жена 26години со маж и уште татко и го тера да дава пари и цела плата му ја зимаат, дури и пензија на баба и, абе некои луѓе се опсесивни по пари