1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Види ако сакаш да ја ублажиш ситуацијата кажи им дека си го измислила тоа, си сакала така интересно нешто да смислиш и случката е многу нереална, ако те прашаат зошто едноставно кажи: незнам, така интересно ми беше и јас да напишам нешто во темата, и кажи дека дури и да ти се случило да се напиеш не си прва ни последна, и тие сигурно го правеле тоа некогаш и твоите деца ќе го прават а какви има ти си супер...
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Пред да дознаам дека целото е од фемина,веќе признав дека малку повеќе испив и дека паднав,па од таму ми е модринката на ногата.Не можам да мотам конци таму.
    Инаку Дузи,во право си,знам дека и таа ќе пие алкохол еден ден но уште е рано...
     
  3. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Епа тогаш биди искрена до крај признај си ги грешките и извини се, и почекај времето да је смири малце ситуацијата... Додека да е слегне прашината имај трпение после ќе се смеете на ова :)
     
  4. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    ах тие сестри ?!?! довербата ти отишла по фира :tmi: сега треба многу за пак да Ја стекнеш !ама ако е од форумов немај гајле можеш да им речеш дека си ја измислила приказната за да видиш како ке реагираат феминки ама да не е дознаено од вистински извори? е тогаш пикј се под ќебе и речи дека си болна ! :rofl:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски

    Е добро, кажи дека си ја исфилувала тука малку приказната. Точно е она што си им го кажала на нив, но не и тоа од тука. Се надевам ќе ти веруваат. А сестра ти придобиј ја на твоја страна, ќе ти треба за криенки :lol:
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Леле ако навистина сестра ти ке поткажала на татко ти, срам да и е! Да сум на твое место многу ке и се налутам, како може така сопствена сестра да те издаде? Инаку не се секирај лутината ке им помине за месец време. И јас сум била во такви ситуации, безброј пати но ке правиш малку лице, шуш муш, ке се извиниш уште 300 пати и готаво. Не се секирај толку не е пај на свет, и дај му на татко ти да прочита овде на фемина какви совети ти даваме, да му стане јасно дека такви глупости сите сме правеле. И плус тоа не си ти пијана секој викенд, само еднаш ти се десило и нема потреба од толку галама но ете, родители се. Не се секирај ке помине до нова година ке омекнат. :) Другарка ми на 16 години на инфузија ја однесоа бидејки се опи многу па, нејзините од строги по строги омекнаа, па еве ја сега ништо не и фали, мајка и и се смее сега какоможела да биде толку глупа да се изпијани толку. :D
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    А кој не се напил еднаш саглам на тие години? Јас не да си дојдев пијана една вечер, ок една година постара бев од тебе, имав право еј јас да правам што сакам според мене, ама да ме дознаеше татко ми...надвор ќе спиев. Он како маж може да е пијан колку сака, ама овамо ќерка да му брука името неееее. Среќа моја он бил поголемо муле и од мене таа вечер па не ме чул како прво не сум видела да си отклучам, трас трус по влезната врата, па сум се сопнала од прагот, па кикикики кикики :D разбудам се живо по дома, снаата подала глава од спалната да види што се дешава, ама мајка ми прва ме докачила. Она влечи да ме кутне во кревет, јас на цел глас викам на мајка ми, абе жено не сум јас пијана кикики кикики. Колку ми беше лошо сред ноќ :puke: Сабајле една кофа вода испив. Колку ми беше тешко цел ден, сама себе си се сожалував, а мајка ми ми се дере над глава, ако ти е, ако, будала една.
    Јас казна не добив оти и на работа веќе одев, и излегував до колку касно сакам, ама коњак не можам и ден денес да помиришам! Сепак, ако не си ги најдеме границите онака помлади, од кај да знаеме колку да пиеме и да ни е доста :!: :)

    Родителите како родители ќе се налутат, ќе зборат, ама не се нервирај, ќе им помине лутината. Во меѓувреме наведни главата малку, аха крива сум, аха нема веќе, се случило бидело, не може од тоа назад враќање. Еден ден ќе пишеш на фемина и ќе се смееш за тоа што се случило.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Извини се за тоа, немој да им се инаетиш и противиш, да не ја направите уште позафркната ситуацијава. Кажи им дека не била до толку работава. За другарка ти, објасни им со убаво се како е, зашто ако не е навистина крива за ништо не е фер тие да мислат лошо за неа, а ти да го прекинеш другарството.
    Периодов однесувај се нормално, слушај ги што и да речат, демек си ја сфати „грешката“, тие со време ќе омекнат. ;)
    Како велат, секое чудо за три дена.
    Сум била и јас во слични ситуации, па молчењето и слушањето ми биле решение.
    Среќно!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Багуфче секој тинејџер поминува низ истото, и твоите родители сигурно го поминале, но изгледа заборавиле како е да си млад.
    Молчи и слушај, друго нема. Се разочарале од тоа што го дознале, но ќе помине по кратко време, не грижи се... за сите поминало, родители се и те сакаат и ти мислат најдобро.

    Во врска со другарката, кажи и’ дека дознале и дека ќе си во "карантин" одреден период, ќе те сфати сигурна сум.
    Посвети се на учење, работи на враќање на довербата и ќе биде добро за кратко време.

    Со среќа и од мене.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Багуфче што се случи? :worried: Јас незнам, не сум доволно паметна да ти дадам совет сега за сега, затоа што знам дека се тешки ситуации овие. Од една страна ти е срам како да се одделиш од другарка ти и со кој изговор, од друга не ни сакаш тоа да го направиш, но мораш и потполно те разбирам, затоа што и мене ми се случуваа овие сценарија. Секогаш завршуваа со неубаво :worried:
    Единствено разговор ако може да помогне, друго чаре, тешко... Неможеш како да ја извадиш другарка ти за да ти дозволат да се дружиш со неа. Затоа што јас обично кога така ми правеа кажував дека јас ги терав да правиме глупости, ама во случајов тоа ќе има последици по тебе, затоа што си примерно девојче и не очекувале од тебе таква работа. Додека кај мене знаеја дека и јас не сум нај сјајна, па пробував така да ги вадам, дека уствари јас им влијаам лошо, не тие мене, вината на себе си ја префрлав. :worried:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Имам другарка, имаше тогаш 16 години, излегла со уште една и тоа помала од неа. Се запиле узо во двор од градинка и двете до безсознание. Да биде работата полоша, родителите ги викна нејзин дечко за кои тие и не знаеја и така вечерта и двете завршија на токсикологија. После тоа и го земаа и мобилниот и домашниот и забранија излегувања итн. Траеше тоа неколку недели, во меѓувреме почна да учи многу, се трудеше на секој начин да ја поврати довербата и после 4-5 месеци работите пак се вратија на место.

    Муабети од типот сите го прават тоа ништо нема да им значат. Наместо тоа, покажи зрелост, раскажувај им како си го поминала денот, со кого, што се случувало, не се затварај и не им се лути. Ќе издржиш некое време додека се смират малку и се ќе биде ок ;)
    На другарка ти не и кажувај ништо, кажи само дека си се скарала дома, дека нема да можеш многу да излегуваш. За некое време и твоите ќе заборават на се.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ист проблем имав и јас. Отиде татко ми во школо да ме оправда а класната му кажала за на екскурзија што се напив малце повише.. Со татко ми не зборев неколку дена. Многу ми беше лут, но тоа помина
    Не се секирај. Помагај им, учи, не се карај со нив и за 2 недели ќе заборават ;)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    233.280
    Баге оваа ти е проблем кој секој тинајџер го има.
    Секој го поминал.
    Битно е не те фатиле на „дело“, па можеш да се извадеш дека тоа биле само неколку чаши, колку за наздравување.

    Јас имам строг татко кој омекна бидејќи мајка ми има помодерни сфаќања па јасно и е дека кога излегуваме не пиеме сокче.
    Но не толерира да не види пијани да паѓаме.

    Оваа недела умилкувај им се, никако не се карај ниту пак се вади на фактот дека сите пијат.
    Тоа не.
    Обиди се да им објасниш дека другарка ти нема врска со тоа што ти си се напила.
    А на нејзе никако не и кажувај дека ти забраниле да се дружиш со неа, бидејќи на твоите лутината ќе им помине, а ќе си ги расипеш односите со другарка ти.

    Јас да сум била на твое место ништо немаше да признаам, ќе негирав, се додека не ме фатат на „дело“, немаат докази.
    Кој сака нека каже, нека ме наклевети, штом тие не ме виделе, нема да признаам.
    Еднаш се деси мајка ми да дознае од друг, ама за џабе кога таа не виде.
    И не е релевантно што сестра ти прочитала овде, си можела да кажеш дека тоа не си ти, или пак дека се што си пишала е измислено.
    Имало начини да се извадеш, ама ете не си се сетила.
    Сега кога си признала барем исфилувај малку и умилкувај се, друго не ти останува.

    Памет за друг пат - подлажнувај, родителите, кога си на таа возраст не ја ценат искреноста ;) .
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Секој погрешен чекор на детето, родителот го прифаќа како свој неуспех. Но како што обично бива, тие - лошите чекори тешко се прифаќаат на своја глава, па затоа често (речиси секогаш) се препишуваат на другарите, другарките ( кога се помали децата , на баба, дедо, тета).
    Татко ти како одговорна за тоа што неговото дете направило нешто што не треба ја наоѓа другарка ти. Неоправдано, но рационално. Зборувајќи како родител, мислам дека и тој знае дека виновникот не е таа, но... некој мора да биде. Не може да биде неговата ќерка, не сака да биде тој... епа некој мора. Всушност и тој самиот знае дека тие ситни глупости се минорни, дека и тој поминал низ тоа, дека не се важни, дека се дел од младоста , но сега како татко, како возрасна личност, одговорен родител мора да ги осуди.
    Во спротивен случај, кога ќе постигнеш успех на факултет/школо... тогаш не е тоа резултат на доброто друштво, на твојата другарка, другар.... тоа е затоа што ќерката на тато е добро, културно, воспитано и одговорно дете. Никогаш добрите чекори не ги препишуваме на друг :)

    Според мене, како мајка, ти си направила се што требало. Си ја прифатила грешката, знаеш што е добро а што лошо, и си се извинила. Епа сега, и да си Супермен не можеш да го вратиш времето назад.
    А за казната... е таа казна е всушност казна со која самиот тој се казнува дека демек неуспеал да те воспита. Секако ти ќе си ја сносиш, затоа што тој нема да признае дека негде згрешил.

    Него, родител ко родител, ќе прости. Се ова е затоа што те сака и се грижи за тебе.
    Ќе прости, но нема да заборави затоа што секој чекор на детето добар или лош, родителот ги чува длабоко во себе(повеќето рекоа ќе заборави)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Мама ми рече дека ја изгубила 100 процентната доверба што ја имала во мене бидејќи сум ја излажала и сум и прикрила некои работи.Вели дека не ме препознава...И реков дека цел млад свет пие алкохол,дека еднаш ми се случило,и кажав дека разликувам добро и зло и дека нема да се повтори.
    Ми рече дека требало да и кажувам се,не од други да дознава и тоа најмногу ја болело.Ми зборува како моето друштво имало лошо влијание врз мене...Сега ме тераат да менувам друштво,а не сакам... :(
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    233.280
    Баге извини вака ама вакви родители не можам да сфатам, кои секогаш другите им се криви.
    Другите те натераа да пиееш? Не!
    Кога веќе си признала кажи им и дека тие немаат никаква врска со твоето пијанство.
    Лошо е кога родителите си ги сметаат децата за најдобри и најпаметни и кога ќе слушнат дека нивните дечиња се напиле, одма другите им се криви :x .

    Ќе го смениш друштвото, ќе најдеш ново, пак ќе се напиеш и пак другите ќе им се виновни?
    На крај земи сама си се дружи, можеби така никој нема да те натера да пиеш :^) .
    Јас разбирам лошто друштво, па да пропаѓаш и ти со нив, ама ти си се напила и оп одма друштвото е виновно.
    Па сигурно со инка не ти ставиле.

    Пробај, објасни им убаво, нека те казнат тебе, ти си таа што пиела алкохол, нема што да се меша друштвото.
    Сигурно твоите не се толку неразбрани, со разговор се ќе се реши, со забрани никако.
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Па им кажав дека сама сум крива што се напив,дека никој не ме натера туку дека јас сакав.
    Нивното објаснување е дека тие не вршеле директно туку индиректно влијание врз мене.Тоа е проблемот.Што нивното мислење е дека потсвесно друштвото врши влијание врз мене,ако тие пијат и јас ќе пијам,ако тие се поштени и добри и не пијат и јас нема ни да помислам на тоа.
    Како да им објаснам дека во кое и друштво да сум од денешнава младина секаде е истото? :tmi:
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    233.280
    Тешко ти е знам, особено што твоите си зацртале дека друштвото е виновно.
    А секаде пијат младите, но ете твоите не го прифаќаат тоа.
    Искрено не знам како поинаку да постапиш, ако со разговор не бидува.
    Остави ги еден период, да им мине лутината, сега уште е пресно па затоа и вака реагираат.
    Или пробај да ги убедиш дека не е така преку трета личност.
    Ако имаш поголем братучед или роднина со кои сте блиски и на кои твоите му веруваат, па нека тој или таа разговара со нив, нека им објасни дека не правеш никакви глупости, дека сите млади пијат по малку и дека друштвото не ти е лошо.
    Ова може некако да ги смири и разубеди.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Значи на човек со сила не можеш да му дадеш можеш само да му земеш. Ако му дадеш ќе го фрли, а ако му земеш нема назад. Така ти е и со алкохолот они можеле да те натераат (ако имаат толканво влијание на тебе)ти ќе земеш и ќе го плукнеш, ќе го истуриш сеедно... Така да друштвото нема никаква улога во тоа ти што ќе правиш освен ако ти не им дозволиш да влијаат на тебе. Јас кога се напив сама си земав никој не ме тераше, кога сите се начукуваат ако мене не ми се пие,не пијам. Просто е само треба да им го објасниш на твоите тоа. Треба оваа теорија да им ја кажеш буквално зошто така е... Ти си ги сносиш последиците од твоите одлуки и можеби треба а смениш нешто ама треба и тие да сменат...
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Изгледа твоите заборавиле дека некогаш биле на твои години и дека истото го правеле. Не се единствен случај, сите се однесуваат така. Претпоставувам дека имаш 17ина години. Мораш малку и во нивна кожа да се ставиш. Сметаат дека погрешиле во воспитувањето можеби. Можеби мислат дека ќе станеш тешка пијаница (верувам дека такви мисли им се вртат). Знаеш повеќето секогаш мислат на најлошиот можен пат по кој би можела да тргнеш. Затоа со ова што го прават мислам дека се трудат да ти всадат некоја вредност.
    Ти сфаќаш дека си погрешила. Според мене не е грешка, се случува, нема некој што не се напил тогаш. Зборат за друштвото, ама не верувам дека ќе те натераат да прекинеш контакт со некој со кој долго се дружиш (се разбира ако се фини деца).
    Си се извинила. Сега пробај да ја вратиш нивната доверба. Забрана за излаз, ок. Никој не умрел ако не излезе некој викенд.
    Во врска со другарката... Ако ти е добра другарка и ако вреди да ја имаш во твоја близина- ќе разбере. Само немој да ја лажеш. Лагата би била за ден,два, три... Ама после? Кажи и каква е ситуацијата.
    За 4-5 месеци макс. ке се среди се. Ти гарантирам.

    А да... Во врска со постот тука на Фемина. Кажи им дека пола е измислено, форум е никој не те познава и сл. Впрочем ти кажаа погоре за ова и се согласувам потполно
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.