1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    baguf4e мајка ти не е разочарана во тебе како што вели и дека 100% ја изгубила довербата во тебе, само и паднало криво што ете така излегло , факт е дека и малку си ја разочарала , али до толку ??? Не сонце, мајка е тоа ;)

    Ја би ти кажала првин дека добар чекор си направила што си признала . Друго не напнувај сега за излегување, остани си дома и дај им можност на твоите да видат дека ти не си тоа, и дека си уште онаа нивна внимателна и добра ќерка. Што се однесува до мајка ти, секој ден по малку одвојувај време да го поминете заедно, во тоа време и кажувај и што ти се десило тој ден, кој си видела кој си запознала и слично ;) на таков начин пополека ке си ја вратиш довербата пак кај мајка ти . Веруј ми, од искуство ти го велам тоа.

    За менување друштво, ако пак би ти споменале твоите објасни им дека сите на тие години се такви, и дека нема идеално друштво . Факт . плус тоа објасни им како е само тешко да се најде ново друштво и да се влезе во нивен ритам ;) . И овој период малку споменувај пред твои за друштво и за другарка ти ;)

    А што се однесува за другарка ти , јас напротив би те советувала да не и кажуваш ништо, зашто сепак се работи за семеен проблем. Едноставно се што треба да и кажеш дека имаш проблеми со твоите, објасни и заради што АМА :!: не споменувај дека заради неа ;) . Кажи дека одреден период нема да си во можност многу да излегуваш од дома, и дека нема да можеш да излегуваш преку викенд ;) , сепак другарка е и ке те сфати . А вака ако и кажеш дека твоите се против неа, таа самата ке се оддалечи, зашо е невкусно кога знаеш дека нечии родители не те поднесуваат нели ? За да не ја изгубиш не и кажувај, ова не ни можен да го дознае, плус не ја лажеш !

    За ова време док си дома искористи го мах да им докажеш на твоите дека ете си згрешила, дека нема да се повтори и дека си старото багуфче ;) . Читај книги/лектири, учи, чисти низ дома, помагај на мајка ти за ручек и сл такви работи .

    А родител ко родител ке омекне ;)
     
    На baguf4e и Afronija им се допаѓа ова.
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.814
    Пол:
    Женски
    Вчера пак ме напнаа,посебно татко ми...Не сфаќа и крај.Се расплакав многу,ги замолив да престанат да ме критикуваат толку и заминав кај баба и дедо и таму ја поминав вечерта.
    Тато ми се раздра,ми рече прави што сакаш од денес натаму што ме брукаш,излегувај до колку сакаш и дома не се враќај ако треба...Ептен сум разочарана од животот,никој дома не ми зборува,сакам само да ме снема... :(
     
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    е па на лутината човекот се ке си каже ! а пак тебе ,,бисерот да не ти се срони,, и ЈАС некогаш им велам на дечките ,,што сакаш прај АКО не се сложувам со нивните барања .,, па вие ем криви ем бес срам се пвеке и повеке барате ! убо ти викет сите неколку дена да ја смириш топката а не да се расправаш ! :tmi:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Багувче, би требало отворено да разговараш со твоите,бидејки само на тој начин може да се реши проблемот, се ќе се среди :) ќе имате поголема доверба меѓусебно.Колку повеќе се одбегнува проблемот, толку повеќе дополнително се создаваат проблеми околу истиот, поради тоа би требало отворено да се разговара.Родителот не му мисли лошо на своето дете, а секој проблем може да се реши :)
     
    На baguf4e и WildCherry им се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.814
    Пол:
    Женски
    Проблемот ми е прилично решен,можеби не целосно но полека закрепнувам. :) Ви благодарам на сите што бевте тука за мене :*
     
    На Rozich, LivingGlam, soco и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Дечки мене ке ми треба совет за една ситуација која се случи пред едно 5-6 месеци.
    Не е во семејството ами се случи кај блиски роднини.Па затоа сакам да добијам мислење и совет плус.

    Се почна да се случува уште во Пролет кога братучетка ми која е омажена во Италија дојде на гости во Македонија.Тогаш се запозна со девојката на заедничкиот братучед и ги покани да иодат на гости во Италија летото.Братучед ми и девојката ја прифатија понудата и отидоа во Италија.Седеа во станот на омажената братучетка речиси неполна недела кога јас со мајка ми си тргнавме назад во Македонија.
    По патот ми се јави братучед ми и ја побара мајка ми.Разговараа и по разговорот сфатиив дека омажената братучетка ги истерала мојот братучед и неговата девојка заради никаква причина и отидоа во станот на моите родители да преспијат за да си одат по два три дена.Од тогаш започнаа проблемите насекаде заради "добрината"на мојата омажена братучетка.
    Пред да се случи таа кавга мегу нив јас наслушнав еден разговор помегу омажената братучетка и мајка и како братучетка ми и кажува на мајка си дека и љубомореле на нејзиниот живот и дека ке го избрка а мојата тетка ја молеше да не го прави тоа.
    Одтогаш со мојата братучетка(омажената)и со тетка ми немаме никаков контакт.Ниту јас ниту мајка а ниту брат ми.Не ни зборува веке добри 4-5 месеци со изговор дека сите и љубомориме дека била богата,дека секој одел кај неа од корист
    а ако не одиме на гости ке се лути
    кога и да бев вклучена на Фб таа веднаш се исклучуваше.Ниту еднаш не се јави да праша што се случува кој е како е.А додека летото додека бев во болница а таа е главна сестра ниту еднаш не се понуди за помош туку и рече не можам сега ми се спие снајдете се.Од тој месец Јуни немаме прозборено.Искрено сакам да знам што се случува,зошто на моето семејство не сака да зборува кога ние не сме виновни за расправата на мојот братучед со неа.

    Ваше мислење?
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Пеликуна мислам дека братучетка ти е премногу искомплексирана и пати од виша вредност. Бидејќи таа е врвот од вашата фамилија, бар таа така се чувствува а сите останати подолу од нејзе барате корист. Страшно ме нервираат такви. Доколку не може возрасна личност да допре до нејзе за која таа сепак би требало да има почит, не знам што друго би помогнало за да таа се проемни. Таа кога вас ви требала поради тоа што ти не си била во добра здраствена состојба не мрднала со прстот и не покажала човечност, зошто бо покажала и сега? Многу пати е кажано ова, ама некогаш треба да дозволоите да си заминат личностите кои не сакаат да се задржат во вашиот живот, доколку таа сака сама ќе ви тропне на врата, не гледам некоја потреба од понижување. Не ја знам точно таа причина зошто дошло до таа ситуација секогаш има две страни на приказна, ама мислам дека сепак треба да се цените и самите вие..
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас пак ке побарам совет ама овој пат не е претходниот.

    Речиси 3-4 години трпам психичко малтретирање од мојот татко.Некогаш се случува да ме удри зошто му велам да прекине со тоа викање.Заради него брат ми пие лекови,заради него јас имам страв да се разбудам,имам страв да му побарам пари а да не спомнувам бидејки се плашам од неговата строгост имам криено многу работи.За се ја обвинува мојата мајка.Постојано плака туги сметки и троши на спортска кладилница а се жали на нас како немало пари и ние сме трошиле.Се лути со братот на мајка ми заради глупави работи и поради него го немам видено 3-4 години.
    Се случи додека престојував во Италија со братучетка ми да го испуштиме автобусот и кога му рековме нему да дојде да не земе тој рече да се снајдеме и си отиде кај негов пријател.
    Пред некој ден пред еден гостин се случи да ме навредува и да ми се развикува заради обична работа.
    Еднаш простив двапати простував но повеке не можам.Што е најлошо со него не може никој да се разбере.Знам дека некој ке рече да го пријавам ама ми е срам што ке каже околината. :x
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ако нешто научив откога сум во брак тоа е дека на еден брачен пар во првите неколку години, финансиската помош му е најпотребна. А тоа е твој родител и имаш полно право да побараш помош од него. Како викаат Србите: Ko ce kome, ako ne svoj svome.

    А за сестра ти, можеби звучи чудно, но донекаде ја разбирам. Стварно ја спотерал малер со таа кола и таа сигурно потсвесно се има исплашено дека нема да може веќе да има кола. И не ја обвинувам што побарала од татко и', донекаде подобро е од свој да позајмиш и нему да му вратиш, отколку да ја раниш банката со камати. А мислам дека проблемот со вас е тоа што не барате. Доколку ви е неопходна помош, побарајте ја, ако не чукнеш на вратата, ќе се изначекаш додека некој отвори.

    Мое мислење е дека татко ти не ти има кажано за тоа затоа што му е незгодно од тебе, а можеби и сестра ти го замолила едно време да не ти кажува (може и нејзе и' било на почеток незгодно, особено затоа што ти не си ја оправдувала баш идејата за купување кола). Но, верувај не е лично и злонамерно.

    Ако ти треба помош, побарај, зa што служи семејството на крајот на краиштата...за еден брачен пар и те како е значајна, а семејството е да си помага меѓусебно, а и родителите се луѓе кои не' створиле и живеат за нас.

    Поздрав лоли и не се вознемирувај и мисли си на бебенцето и на спокојството кое му е потребно. :)

    Со среќа мила.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Единствено што ти преостанува е да пробаш отворено да разговараш со него.Од тоа што опиша добивам впечаток дека татко ти е човек со тежок карактер но сепак пробај да искомуницираш и да го прашаш зошто така се однесува.Дај му до знаење дека си веќе возрасна за така да ти вика и да те срами пред луѓе.Ако ова не успее и тој повторно продолжи по старо обрати се на некој,ако толку е неподнослива ситуацијата.Верувам дека имаш некој близок роднина или пријател што би можел да ти помогне.На крај краева не си должна да трпиш тортура и да се нервираш уште на овие години.И јас цел живот имам проблеми со моите родители и со нивните навреди и понижувања и знам како е.Пробај со отворен разговор,не верувам дека до толку не би те ислушал и разбрал.
     
    На crazylady и Pelikuna им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Пеликуна - Знам дека со таков човек и да сакаш не можеш да разговараш! И со најубаво да му пријдиш, со најубавите зборови, нему краток му е фитилот. Само еден збор противречи му, одма ќе експлодира. Колку сака нека вика (иако тоа не е во ред), ама во никој, баш во никој случај не смее да крене рака на тебе!!! Читам имаш 21 год., ти си веќе возрасна девојка, не си мало дете па да те плеска како сака. Немам голем увид во проблемот (не прочитав што е со мајка ти)), но едно ќе речам, што и да правиш тешко дека ќе излезеш на крај. Мораш да ставиш независна.
    Кога ќе станиш независна, ништо нема да ти може татко ти. Ако студираш, заврши ја школата и издржи го тој период, но ако не студираш, најди си работа. Работи, земај твој пари, терај свој независен живот. Немој да се затвораш дома, да се нервираш ти, а и брат ти да се труе со апчиња поради еден ненормален човек. Тој сепак ти е татко, почитувајте го, но не дозволувајте да ви го уништува животот.
    Ова што вас ви се случува го има во многу семејства, но пред јавноста многу добро се маскираат.
    Затоа само напред. Тој каков сака нека е, гледајте вие бидете добри и поштени луѓе. Бидете се` она што еден човек треба да биде. Независно од татко ви. Тој еден ден кога ќе приостари ќе се сети, ќе жали, ама ќе му биде касно.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Пеликунче... :hug:

    Немој да ме сфатиш погрешно, најдобронамерно ќе ти го кажам сето ова, не знам колку ќе ме послушаш мене или кој било, но мое е да ти кажам.

    Прво и прво, ти студираш. Можеби не таму каде што сакаш и каде што сметаш дека е најдобро за тебе, но битно твоите родители ти овозможиле да студираш. Земи, седни и учи, не се преокупирај со други работи, оти како планираш да си го извадиш лебот некој ден ако не учиш ?? Лесно е да најде работа, а бидејќи знам од каде е, јас чисто се сомневам дека таа работа ќе ти биде доволно платена. Може ќе ти останат пари да си купиш тоалетна и да си го избришеш газот. (извини на израз)

    Значи, заклучивме дека решението е да седнеш и да учиш. Да, јасно ми е какви ви се професорите, да, јасно ми е што се случува, АМА СЕДНИ САМА И УЧИ! Ова е факултет, не е средно, па да те моли професорот да одговараш за 2ка. Јас мислиш учам за професорите, за моите дома ?! Не бе девојко, за мене си учам, за јас еден ден, некаде и некогаш, да живеам комотен и убав живот. Ако останеш на размислувањето дека треба професорот да те мотивира, тешко тебе низ животот.

    Мој совет исто, е да почнеш да размислуваш како што треба на 21 година. Секојдневно те читам во СДК, имаш некоја ланчана реакција, се вртиш во круг... ме сака, ме повреди, ќе му вратам. И секој ден е вака! Знаеш како изгледа кога те чита некој од страна? Како да го пишувало некоја 15 годишна тинејџерка. Сега го читам ова, и се прашувам, дали можеби и твоите родители имаат некоја вина за ваквото твое однесување, и не знам, не знам што да кажам.

    Кога ќе почнеш сама да се доживуваш како возрасна и одговорна, ќе почнат и тие. Ама ако ти дома секој ден им се затвораш дома, им гличиш низ собите и им се лигавиш наоколу и ако стварно го мислиш тоа што го пишуваш овде, разбирам зошто ти се дере татко ти. Не го оправдувам, не е тоа начинот за решавање на проблемите, уште помалку е тепањето, но веројатно човекот веќе не знае што со тебе. Погледни се вака некогаш, од друг агол, види како ти изгледа однесувањето, стани самосвесна и самокритична. Оти не е можно сите да не чинат, а ти да чиниш. Ако не ти чини животот каков што ти е сега, имаш доволно години и разум за да можеш да го промениш! Само, тоа може да се случи ако сакаш, ако се сака се се може.

    Немој да се навредиш или да ме сфатиш погрешно, ама за твое добро ти го кажувам ова.
    За жал, мислам дека нема да ме послушаш, но океј, мое е да кажам, твое е што понатаму. Само немој после да се жалиш некаде... пак! :worried:
     
    На sesilija, Offspring, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Фала ви на сите совети.

    Ама проблем е што јас не можам да учам на место кај што професорите не си ја сфакаат сериозно работата.Доагаат и си одат кога и посакуваат,секакви деца поминуваат и добиваат поголеми оценки.А јас трошам секоја година по 200 евра,за што?Да си го игра некој мајтапот со мене?јас навистина сакам да учам ама не можам покрај вакви професори од кои половина и повеке заборавив како се склопува реченица.ке седнам и ке учам утре ке отидам на испит за да ни кажат да се вратиме пошто дотичнатата шмизла се уште се нема вратено од шопинг?Како можат некои мои соученици,пријатели,и помали ученици да одат кај што сакаат да студират а јас не?Во прашање е мојата иднина а не неговата.
    Што ако ми овозможиле кога не сум задоволна?
    Настрана студиите...Моите родители односно мојот татко е највеке виновен за мојата ситуација моментално.Од кога го стори тоа со факсот јас паднав психички и не ,не знаеш како е кога некој ти наредува да правиш нешто против своја волја.Заради негова вина го загубив бившиот,заради негова вина е тоа што не можам да средам односите со моите пријатели а камоли со личноста која највеке ми значи.Заради негова вина сум ваква избувлива девојка а порано бев смирена личност ама сега не можам покрај него.
    Не е лигавење туку не можам да трпам вакво однесување да ме удара некој да ми се развикува пред други личности,да ме лаже цел живот и да ме третира како мало дете.Илјада пати им се имам отвортено.Ме исмејуваат и ми велат ти не си нормална и се смеат наместо да ми помогнат.Не е лесно,воопшто не е лесно.Не е еднаш или двапати,четири години се.4 а не една или две.
    Вчера требаше да отидам кај една другарка во Штип знаеш што ми рекоа?Немаме пари ке седиш овде,а брат ми?Брат ми отиде на дипломска,што да речам после ова?Лигавење е?
    Заради нив не можам да отидам во соседниот град а камоли да излезам со една другарка.Не воопшто не е лесно.

    И воопшто не ме интересира како изгледа од страна кога мене не ми е лесно...Трпам малтретирање 4 години а не е секој силен да го помине тоа како грип.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    Пеликуна,те сфаќам добро што сакаш да кажеш...Ау,имав чувство како за моите родители да е пишувано.Ццц,па тоа твоите родители што филм ги мава ,вака да те омаловажуваат,па дури до Штип да не те пуштат |( .За студирањето можам да ти речам дека шмизлите полено си поминуваат,се ладат и си одат најсреќни(од искуство ти кажувам).Не можеш многу да направиш,биди си коректна,учи си,до душа во животот не значи дека ќе те спасат убавите оценки на факултет :) .
    А за тоа што спомна дека татко ти бил виновен што не си бившиот,мислам дека грешиш.Пробај да не избувнуваш толку,прифаќај ги помирно работите,да видиш како ќе се смени неговиот однос кон тебе.Знам дека е тешко,но тоа е лекот,верувај ми и јас вака со татко ми се расправав,па кога виде дека не ме провоцира и кога не можеше да ме обвинува дека сум детиште што се дере и плаче :fubar: престана.
    Се си има свое решение,само со разбирање и упорност,се ќе биде :hai:
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Pelikuna, добро бе, кај мислиш дека живееш??? Ние што овде завршивме факултет најсјајно ни беше? Ние си знаеме кој како заврши. Истите работи што ги кажуваш и јас сум ги гледала и многу други плус, ама никогаш не се откажав. Се трудев за да успеам. За да завршам и да бидам свој човек. Не 200 евра, туку мнооогу повеќе пари трошев.
    Ти гледај си ја твојата работа. Учи и полагај. Не се секирај многу какви биле професорите и други глупости...
    Околу родителите, пак да повторам, строго сум против насилството од било кој вид, ама по последниот пост ми делуваш како девојка која е вечно незадоволена и на која никако не може да и` се угоди.
    Имам братучедка на која што да и` дадеш, што да и` направиш, никогаш не е задоволна, знае само да бара, но не да даде.
    Голема обврска е што родителите те школуваат и биди среќна за тоа што ти дале шанса да завршиш факултет. Па, колкумина сакаат, но не можат ни да помислат, оти немаат пари!
    Потруди се, ако сакаш, најди работа за преку викенд, да си го зголемиш буџетот.
    Само со жалење ништо не бидува.
     
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Пеликунче jaсна ми е ваквата ситуација, да бидам искрена, и да знам како ти е . Ама и знам дека нема да ти помогне тоа што глем број од нас можеме да се сочуствуваме со твојата ситуација.

    Првин, прекрасно те сфаќам за факултетот. пошто ни ја не го студирам целосно тој јазик јас кој сакам, туку некој сасвим 10ти со кој претходно у живот не сум се ни сретнала ... Али едноставно ги собирам сите можни сили да го завршам овој факултет. И на моја катедра професорите слично како и У штип . Таков ни е системот не е само до Штип ако ме сфаќаш.
    Мој совет околу факултетот. Потруди се и понастрана да си зимаш дополнителни материјали за студирањето. Така го надокнадуваш тоа што не го добиваш на Вистинското Место .
    Околу домашните , истото се сочуствувам со твојата ситуација. Али мој совет, е излезот да си го побараш преку учењето. Значи надокнадувај си го учењето и глеј да бидеш позафатена со тоа. Излез имаш али тогаш кога ке си ја добиш дипломата и ке затвориш врата од дома И ке почнеш со свое.

    За татко ти, мој совет, побарај помош и од твои блиски роднини, побарај го и вујко ти(така разбрав дека со братот на мајка ти се скарал ??? Ако не сум грешка) направи муабет со него. Тој е верувам исто татко и може да ти даде поквалитетен совет. Отвори се пред човекот, или пред некој во кој имаш доверба .

    да го пријавиш... Овде за жал тие работи и не функционираат како штпо треба. Ама ако продужи со ова твое малтретирање, Не смееш у никој случај да трпиш тортури заради тоа Што ке кажала околината. Фак околината и сите у неа. Ти твој живот гледај си, утре да застанеш на свој праг психички здрава .
    Шо околината ???
    немој чоек такви мислења, знам од кај доаѓаш и све, али кога се преминува граница и заради менталитетот да трпиш??? Па не бива бе !

    Пробај разговарај и со мајка ти, отвори и се и кажии како се чуствуваш . Знам дека немате баш некој однос, али еве направи го првиот чекор со неа. пробај отвори и се, ако наидеш на блокада, побарај го вујко ти или некој близок роднина. На крај краева не си сама Си го имаш брат ти. Збори со него, да најдете решение. Секој проблем има решение па и овој. :*
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Пеликуна, можам да замислам како е, ама за жал не знам како би решила.
    Се уште си финансиски зависна од нив и со тоа од старт не можеш ништо големо да направиш.
    Ќе мораш да се стрпиш уште некое време и ваков или онаков ќе стиснеш заби и ќе го завршиш факултетот. Во меѓувреме пробај нешто да поработиш колку да можеш да си дозволиш да излезеш каде што сакаш.
    Биди трпелива и за кратко ќе бидеш свој човек, нема да зависиш од никого и нема веќе вака да се осеќаш.
     
  18. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    јас во семејството ја имам целата доверба и они во мене па затоа и јас и мојата сестра имаме потполна слобода ја усте на 13 години одев надвор од градот а на 16 и надвор од дражавата и затоа стекнав можност на зборувам повеке јазици и запознав повеке култури што се различни од нашата и мнгу различен народ
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мислев дека јас сум песимист, ама очигледно има поголеми песимисти од мене.

    Верувај дека на никој не му е сјајно во животот, премини преку тоа, не ставај на срце. Јас не можам да ти речам не се нервирај оти знам дека не е лесно тоа туку така, ама ќе ти речам, што добиваш ако се нервираш? Ќе добиеш нешто? - Не. Помири се со ситуацијата, тоа е што е, сите имаме проблеми мајка му стара, напрај нешто во животот, најди некоја светла точка. Еве почни да одиш на Јога, девојче ти ако продолжиш со ова темпо за неколку години во нервно ќе завршиш, свесна ли си?

    Во право е Дузи за се што ти рече, незнам сакам да ти помогнам, ама неможам начин да најдам, било да е за ова, било да е за другите работи што бараше совет. Премногу си своеглава и не прифаќаш ништо, упорно си цепиш по свое, а тоа не е фер, ниту е во ред.
    ајде за овој проблем ќе разберам сепак, ама сите други сама си ги ствараш, отворено ти кажувам. Не сум ни јас нешто подобра, ама се обидувам колку толку да најдам некоја светла точка во мојов живот и да се стремам кон неа. Ти апсолутно ништо не превземаш. Седиш, кукаш, обвинуваш други, коваш одмазди кои ги коваш за џабе и ништо не постигнуваш. Значи, свести се, исти години имаме, навистина е несвојствено за девојка од 21 година да се замара со некои небитни работи со какви се замараш ти.
    Седни и размисли, размисли до каде планираш да стигнеш со ова темпо, значи навистина, најдобронамерно ти кажувам, освести се. Не си ставај на срце нема ништо да добиеш. Пробај да се помириш, уште некое време и нема да зависиш од никој.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас првенствено би сакала да и се обратам на Пеликуна во врска со факултетот.
    Значи сите нервози - во врска со професори кои доцнат, арогантни асистенчиња, неписмени морончиња кои ќе земат потписи преку ред, поголеми оценки без грам труд, за разлика од тебе... многу јасно дека е нефер и фрустрира, но запамети, ако е некаква утеха - не си сама, не поминуваш само ти низ тоа, сум поминала и јас, и многу други.
    Никој не е специјално намерачен кон тебе, ниту крои некаков заговор против тебе, ситуацијата е општо таква и така е (скоро) за сите.
    Прочитај само какви нервози и фрустрации има Дузи на пример, во врска со образовниот систем и ред други и ќе почне да ти станува јасно.
    Од каде толку бес и нервоза?
    Помири се малку со ситуацијата, земи да си учиш за себе, гледај да го протуркаш што поскоро, за да можеш и побрзо да се осамостоиш.
    Почни да живееш со мислата дека - ваквата ситуација нема да трае цел живот и наскоро ќе заврши твојот кошмар, а на тебе е да издржиш.
    Замисли си буквално дека си ставена на тест - и помини го.

    Не би да те разочарувам, зашто знам дека ситуацијата ти е тешка по дома, со таква наелектризирана и грда атмосфера, ама во животот ништо не е мед и млеко.
    Ќе имаш и полоши и потешки ситуации, најди начин како да се справуваш.
    Пробај да не паничиш, да не потклекнуваш, да не приплакуваш на првата пречка.
    Научи како да го контролираш својот бес и гнев и научи како да го игнорираш татко ти.
    Мене ми успеа само во првото досега, за второто - работам на тоа. Не само за татко ми, општо за луѓето околу мене. Не можам да ги игнорирам. Но знам да се исконтролирам.

    Плус, имаш сојузници по дома. Мајка ти, брат ти... еден човек не може да е посилен од тројца.
    Кога ќе се удружите на некој начин, ќе се почувствуваш посилна и позаштитена.
    И пак ќе кажам - живеј со помислата дека ова нема да трае вечно. Окупирај се со факултетот и поскоро дипломирање, буквално број денови до крајот.

    И уште нешто.
    Јас знам дека е тешко... верувај ми дека знам колку е тешко да преболиш некого...
    но ти постојано се вртиш во круг. Ама константно си заглавена околу бившиот дечко.
    Уште му придодаваш значење, уште го бараш виновникот, сега излезе дека е татко ти... кој и да е, што и да е - батали го.
    Време е.
    Сериозно.
     
    На crazylady, Doozy и Offspring им се допаѓа ова.