подметнување на мајка ми Девојче не прави глупости какви габи какви подметнувања. Ова не е детска играчка. Зошто со сила да го правиш тоа? Мајка ти сака да се здебели? А воопшто ти со мајка ти си разговарала? Ја знаеш причината за нејзиното слабеење? Разговарајте, прочитајте на интернет начини за здебелување ги има многу од здрави исхрани до витамини итн. Можеби мајка ти имала тежок период, може имала здравствени проблеми не и ставај глупости непроверени во исхраната па да ја искомплицираш работата.
подметнување на мајка ми таа ослабе поради тешката работа и не сака да пие пивски габи , ниту пак има време да се замара со некој трикови за здебелување. ахх сега ме разубеди. Морам да разговарам со неа
подметнување на мајка ми А зошто тоа скришно да го правиш? Разговарајте, кажи и што мислиш и помогни и да најдете заедничко решение. Ако веќе толку е сериозна работата отидете на лекар, ќе ви каже што е работата и сигурно подобро ќе ве упати.
подметнување на мајка ми Ако мајка ти имала толу тешка работа, па уште настрана, не е ни чудно дека не и е фигурата приоритет, макар што тебе како девојка во развој тоа ти е на дневен ред. Од кај знаеш зошто воздивнува? Можеби од умор чисто, ете велиш нема време. Па и јас сум слабичка цел живот и ако се погледнам во огледало и си речам офоооф, не дека сум слаба, туку уморна на пример, па да знам дека некој ме чул и затоа би ми ставил пивски габи(што и да е тоа ) или било што да ми подметнува во кафето/јадењето, баш ќе види поштено како се лепчето раѓа. Остави ја жената на мира. Ако ти е жал за неа дека нема време, земи стани од компјутерот и растрчај се по дома и помогни и во обврските, ама саглам помогни и, одмени ја малку во сите работи по дома за да одмори она. Така ќе и помогнеш и ќе ти го цени тоа, а не со подметнувања глупости во јадењето.
подметнување на мајка ми Те разбирам загрижена си, најубаво разговарај, а пивски квасец не е штетен воопшо туку е хранлив. Купи и некои мултивитамини. Натерај ја да направи крвна слика, сепак не е поради убаво ослабена и ти ја разбирам потполно грижата. Најубаво разговор и убеди ја да се погрижи за се. Нема ништо побитно од здравјето. Имелда ало, не ја видов потребата од вакво однесување. Од кај знаеш дека не и помага. Тоа што твојата физономија е таква е проади твојот организам, а нејзината мајка станала со тек на време.. ако знаеш да и дадеш убав совет стори го тоа.. а не да и кажуваш да станува од компјутер, без навреда.. девојчето покажува грижа како и јас за мајка ми кога изгуби многу килограми што е нормално забележливо многу..
А што мислите дека таа самата не е свесна дека е ослабната?!? Е свесна, ама како што пиша девојчето тоа е резултат на тешката работа во странство. Не верувам дека е толку тешка работа во странство колку што ја јаде нервозата таму затоа што е одделена од своето семејство. Мајка како мајка, мисли на своите деца.... Девојче разговарај со неа онака отворено и кажи и да не се нервира многу, многу (не дека ќе те послуша сепак родител е и пак ќе ве мисли, ама така малку кураж ќе и влееш) и наспомни и дека е ослабната и да води грижа за себе. Барем ќе те ислуша и ќе и влееш самодоверба
Сакам да и се извинам на девојката зошто бев груба, и благодарам на љубам што ми го тоа посочи. Советот дека може многу да и помогне на мајка и по дома кога веќе ја гледа колку е слаба и изнемоштена од работа, уште си стои на место, а ќе си ја земам асумпцијата назад дека и сама веќе не го прави тоа.
девојки фала многу на советите,разговарав со неа и од денес почна да пие пивски габи. Се надевам ке има резултати
Ве молам дајте ми совет :/ Неможев да најдам место кадешто се пишуваат проблемите околу семејството, па бидејќи ова е поврзано со љубовен проблем, еве овде ќе напишам. Пред некое време мајка ми некако се сомневаше дека имам дечко, па неколку пати ме праша, но јас и одговорив негативно. Таа и понатаму продолжи да ме контролира, односно да ме распрашува. И бидејќи и беше така сомнително, а знаеше дека не сум отворена многу со неа, го викна братучет ми да збори со мене. Уште кога дознав дека тие се договориле нешто, прво седнав да разговарам со мајка ми, и кажав дека има дете што ми се свиѓа ова она, но не и кажав сеуште дека имам дечко. Беше расположена, правеше добар муабет со мене и така ја вратив довербата кон неа (бидејќи претходно ја изгубив со тоа што не и кажував ништо и мислеше дека ја лажам и дека се кријам од неа). Следниот ден разговарав и со братучет ми, исто и со него средив. Но денеска излегов со другари надвор (меѓу кои беше и дечко ми) и додека се шетавме, го сретнав дедо ми (навистина звучи смешно, но ете тоа е) и он ме викна на страна и ми рече: Внимавај што правиш. Кои се овие? бла бла и малце ме зачуди на мои години тоа да ми го рече: ПАЗИ ШТО ПРАВИШ! И исто така ми рече дека ќе и каже на мајка ми. И он продолжи накај дома, а јас се изнервирав и останав со нив, но телефонот ми беше пред исклучување (празна батерија) и и се јавив на мајка ми да и кажам да не се секира ако не и се јавувам, бидејќи ми е празна батеријата. Јас планирав со неа да зборам пред дедо ми да и каже, но не успеав. Тој и кажал пред да дознае од мене и кога се вратив дома таа почна да ме распрашува ова она и седнав да зборам со неа. И беше многу строга, не беше воопшто мила кон мене, јас плачев, многу, очите ми беа крвави, ја гледав во очи и и кажував се како што беше и она мислеше дека ја лажам, а во очи ја гледав и плачев. И почна да вика ради телефонот, зашто ми се испразнил, демек намерно јас сум го испразнила и такви чуда и ми забрани сама да излагам више со машки, само мешано женски и машки. Е сега јас планирав да и кажам дека дечко ми ми е подобар другар (неможам навистина да и кажам дека имам дечко, а уште помалку кој е) и да ја запознаам со него и да и кажам демек: Еве сега знаеш со кој се дружам, бла бла, па мислам дека така ќе ја повратам малце довербата. Но можно е да е тоа и глупава идеа, зашто навистина незнам што да правам. Искрено страв ми е да излезам од дома, од секаде дознава каде сум и што сум. Но само ме загрижува тоа што мислат дека сум толку глупава да направам нешто што не треба. Имам памет и навистина сум сеуште мала за да ми кажуваат такви работи, како прво мене не ми доагјаат на ум, а не па они да ми кажуваат.
Ве молам дајте ми совет :/ Оф слатки маки Сум поминала низ нешто слично, мајка ми исто беше многу строга, но верувај за тебе го прави тоа! И мене ме следеле "шпиони" познати на мајка ми и и пренесувале каде сум, со кој итн. Добра ти е идеата да ја запознаеш со дечко ти, но претстави го како другар, зошто не можеш да знаеш колку ќе траете, сепак имате по 14 години. Има бели лаги кои се а доброто на твоите но не претерувај со истите. Колку повеќе мајка ти ги знае луѓето со кои се движиш толку помалце ќе си имаш проблеми со расправии. Потруди се да таа да не ја изгуби довербата во тебе, тоа е најважното. Почитувај го тоа што ќе ти го каже, не се спротивставувај и не се расправај, за твое добро. За некоја година ќе сфатиш колку со овие постапки луѓето околу тебе сакаат да те заштитат од лошите страни на светов
Ве молам дајте ми совет :/ епа можеби и ти е добар планот за “другарот“ дека сте другари, али мислам дека полошо би си поминала ако дознае она ... ја ипак би ти препорачала, на прво место да си ставиш за задача да си средиш односите со мајка ти. Значи упорно и упорно правите отворени муабети и нон стоп споменувај и дека не си глупа, дека не може секој да те излаже, дека знаеш што правиш што е најбитно, речи и дека преоритет ти е првин школо па после се натаму. Ме сфаќаш ?? Најбитното е да го изградиш тој однос со мајка ти, знам дека е тешко ама вреди да се трудиш. Сепак, речи и дека, доколку она не би се лутела околу тоа дека имаш дечко дека тебе лично би ти било полесно на неа да и се отвораш, ме сфаќаш . пробај тактички така да допреш до неа.
Ве молам дајте ми совет :/ Благодарам навистина и на двете Но јас не велам дека тоа не го прави за мое добро, јесте да, тоа е така, за мое добро го прави, но навистина ме загрижува тоа што толку не ми верува понекогаш и е ПРЕМНОГУ строга со мене. Но ќе пробам така повеќе да се отворам со неа, можеби ќе успеам. Уште еднаш благодарам на двете.
е ова блондираново најмногу ја интересират мајкати ! ако се работи за љубов а не за мување мајкати знае дека секој и секогаш може да падне во искушение !
Домашни проблеми Барав ваква тема но ненајдов..ако има слободно заклучете ја Ние сме четири члено семејство јас имам 16 год а брат ми 19 и он е на факултет во ск (таму седи) дома си иде само сабота и недела..незнам по која причина мајка ми и татко ми се скарале и не зборуваат еве веќе 3 недели и цел товар паѓа на мене она ме прашува за него, а он за нејзе .. постојано почнувам да разговарам на таа тема со нив но они измислуваат некоја причина и ја мењаваат темата. повеќе неможам да издржам многу сум емотивна и се ме повредува..почнав да се повлекувам во себе ги одбивам поканите за изглегување и постојано седам на компјутер ве молам помогнете ми несакам да се растури семејството сакам пак да бидеме среќни како порано.. фала однапред
Домашни проблеми zemi gi tvoine sedi gi zaedno i reci im deka imas nesto vazno da razgovaras, pa posle reci im ako treba i vikaj im deka se odnesuvat kako deca, i deka tebe ti e mnogu tesko pa ako se grizat za tebe da razmisluvat malku sto pravat...toa sto tie imat megusebe neka si go resat sami, samo zamolaj gi toa da nema vlianije na tebe deka psihicki ti e tesko...mora da go razberat toa za tvoe dobro, sepak ti im si dete a roditelite ne sakaat da gi povredat decata...ako ne odi malku na odmor kaj nekoj tvoj blizok na nekoi dena pa tie neka se smirat....ako i ova ne funkcionira togas i ti odensuvaj se kako niv, nemoj ni na majkati ni na tatko ti da im kazuvas sto pravi drugiot, izbegnuvaj go toa i reci sami neka se prasuvat...ili pka vo posleden slucaj vikni nekoj povozrasen od tvoeto semejstvo, nekoj kaj kogo imas doverba neka zboruva so niv da im kaze kolku ti e tesko sepak ova se slucuva vo pveceto od semejstvata zatoa ne grizi se mnogu, ke bide podobro [mod-kirilica:2insrz1h][/mod-kirilica:2insrz1h]
Домашни проблеми они не ни размислуваат за мене кога ќе си дојдат дома само ми викаат оти не сум си ги измила садевите и слични такви работи а уште потешко ми паѓаа тоа што мајка ми сакала да си посвои дете -.- оти ние не сме сакале да одиме со нејзе блабла.. и незнам веќе што да правам..во градов немам ни баба ни тетки сите живеаат во друга држава/град..
Домашни проблеми Мајка ти се однесува како дете, а ти ја играш нејзината игра. Ќе посвоела дете - како не, одвај чекаат да и дадат. Игнорирај ги, ќе им помине.
Се мислев дали да пишам на темата. Проблемот е што имаме вечни несогласувања со мајка ми.Конкретно сега настана проблем затоа што демек таа вели сум и се обраќала иронично.Јас само влегов во собата и ја прашав дали спие,откако ми одговори и видов дека не спие пробав да и кажам нешто.А таа почна да ми вика демек тоа сум го мислела на ироничен начин,зошто сум била таква.Иако најискрено ништо иронично немаше во моето зборење,само ја прашав.Направи цела караница во која ми кажа дека и било доста што татко ми комуницирал на тој начин...Нон стоп ме споредува со неговата фамилија со која таа имала проблеми во минатото...Не можам јас да плаќам за тоа што сестрата на татко ми била таква каква што е и им создавала проблеми.Не сакам тие фрустрации на мене да се пренесуваат а верувајте постојано сум споредувана со неа,цел живот.Ми се чини како една сенка од која не можам да избегам... Нон-стоп се нервирам во врска со тоа.Не знам по што сме толку слични,кога јас воопшто не наоѓам ниту една допирна точка.Дури и за најмала ситница јас за нив сум иста како неа.На пример порано имав обичај да се задржувам повеќе во када и неколку излегувања ми беа уништени поради тоа што почнуваа со коментари демек и она така правела,јас нормално се нервирав и цела караница ќе настане. За било што,значи за најмали глупости...Не знам веќе што да правам,изледа само да кулирам.Затоа што живци веќе не ми останаа за да се нервирам.
Едноставно кажи и да си расчисти сама со себе а не на тебе да ги пренесува нејзините фрустрации. Ти си нејзино дете а не како тетката. Можеби ја дрма менопауза/климакс па сега се живо и диво и е криво по дома. Ако е тоа, тогаш и вие треба да имате разбирање за неа. Гледај да не и обрнуваш многу внимание за малите ситници и не ставај се на срце. Очигледно дека има некои болни теми и нерасчистени работи од минатото кои се уште и сметаат, ама пак не си ти должна да ги плаќаш нејзините нервози. Со тек на време попуштаат нервите и си го чинат своето. Во такви ситуации јас баш напротив, би си го заштитила детето наместо да се расправам и нервирам. Ако можеш некако доближи и се и увери ја дека ти не си иста како ,,тетката,, и да престане да те споредува со неа. А и на крај краева кулирај си, со тек на време ќе спласне