Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејни вредности во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 19 октомври 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.909
    Пол:
    Женски
    Мене искрено секогаш кога се вика „сЕмЕјНиТе ВрЕдНоСтИ“ сум така малку збунета. Кои семејни вредности? Нели се шо се пренесва трансгенерациски како одредена вредност е уствари семејна вредност? Семејни вредности се верувања што фамилијата ги пренесува трансгенерациски за тоа што мислат дека е добро и лошо. Па уште кога гледам фиксација за работи шо ги има од памти век, ама неќиме да си признајме дека и наши баби и дедовци го праеле нештото, само зошто нашите предци не го раскажвале то за нивниот живот. Само зошто не е експлицитно кажано или па уште подобро - ако е изоставено, не значи дека не се случило. Изневерување, за жал, секогаш имало. Лажење, за жал, секогаш имало. Манипулирање, за жал, секогаш имало. Не е како сега да измисливме топла вода во поглед неморал па баби и дедовци наши да биле подобри во чување на брак. Едноставно немале интернет за се трајно да е запишано таму, па се имаат многу ретки докази за такви екскурзии. Не е се лошо измислено последната декада, Не велам дека се ова е исправно. Едноставно велам дека не е ново. И премногу даваме „моќ“ на претходните генерации за нешто шо уствари ни тие не го праеле.

    Према мене, семејна вредност не е дека баба и дедо успеале да доживеат, не знам, златна свадба ако дедото постојано ја тепал ама бабата си ќутела и трпела ради децата, па покасно ради внуците или генерално „леле шо ќе кажат, срамота“. Еве, за мене, семејна вредност е кога се дава моќ на жената и глас, кога се сочувствува со жени кои мора да излезат од брак и кои нема да дочекаат некаква важна годишнина. Не треба да е целта некоја чиста слика пред луѓе и комшии. Целта треба да е вистински добар соживот со партнерот и фамилијата дури и некогаш ако личиме хаотично уз процесот. И вакви примери можам тон да извам шо нели, нешто шо е норма останата од памти век ама шо не е добра за нас и некако тежнееме кон неа. Зошто секогаш позадината зад ваквите норми е задоволување на некој вон семејството. А не самото семејство. Би рекла, најдобра семејна вредност е да се стави благосостојбата на семејството на прво место. Ама вистинска благосостојба, не онаа шо служи само како слика за пред луѓе да не оговараат.

    Не знам, на крај на ден можи грешно ја интерпретирам темава. Не знам.
     
    На LiquidLuna, MacenceEna, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Па нормално,никој нормален не е против развод во кој што имало насилство,неверство,психичко малтретирање итн.
    Ако ми кажеш има родители што децата не си ги примаат назад,и тие ги ставам во група на ненормални.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Почит?
    Не би рекла.
    Освен ако е дефиниција за преќутување. Обично жената. Такви примери гледам многу често од постарите генерации. Остануваат во брак поради тие ,,семејни вредности" што им се индоктринирале од мали. Всушност жената да биде пасивна, вредна, да расте уште еден возрасен како свое дете.

    Мене ми се толку смешни споредбите од порано, дури трагични. Ако некогаш повеќе се почитуваат семејни вредности, тоа е денес. Се повеќе мажи се мажи и еднакви со жената. И обратно. На двајцата им е битно размислувањето и не му паѓа круната на мажот ако закачи гаќи на жица.

    Жити вредностите од порано. Ти фрла смрден чорап у ќош, ти ко слугинка научена да ќутиш, му собираш по земја. Ко за тоа да те праеле твоите. Да му переш усрана гаќа на маж ти.

    Разводот е од рајот излезен. И со многу поголема вредност од тие што ги воспевате.
     
    На Angie1432, Tanjamm, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    А каква вредност имаат тие шо не сакаат да се омажат и не сакаат да раѓат деца?
     
    На FridaodaMk, SummerGirl и Timbo им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Живее лажен живот бидејќи продава лажна слика за својот живот работејќи како блогерка. Објаснува како се воспитуваат деца, а друг и ги чува.
    Ги познавам, инаку не би тврдела ништо.

    Само направив аналогија меѓу жена која се фали со својата физичка снага и жена која се фали со своите лажни гради.
    Можеби врска нема муабетов, не го ни започнав.

    Какви ниви и рмбање воспевање, глупости...
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Абе тоа она шо го продава на другите ич не е битно. Битно е она да е среќна со својот избор на живот. Битно е да имаат слога дома, да се сакаат, да се почитуваат, да ги учат децата на убаво. А тебе како ти изгледале нејзините гради ич не е битно.
    Може и бабата шо ја величиш, надвор да продава лажен живот као е многу среќна а дома да е силувана и тепана.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Ама темава е семејни вредности.
    Децата не ги воспитува убаво, мажот не го сака, често е хистерична..
    Градите ги спомнав само како симбол.
    А бабата ваљда сама се величала ако добро разбрав...
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш ти дека не ги воспитува убаво и дека не го сака маж и? Рекла казала?
    Цело време спомнуваш семејни вредности а на тебе ти е битно само како изгледа семејството пред комшиите.
     
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Не е битно како знам.
    Ај играјте си сами ...
     
  10. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.454
    Пол:
    Женски
    Одлични ако тоа ги усреќува и им ја балансира или подобрува благосостојбата, гледано од секој можен аспект. Сепак често се тетки, ќерки и други семејни придавки во однос на родната поставеност да не редам сега и како такви можат да пренесат или веќе пренесуваат одлични семејни вредности.
    Прекрасно е тоа што повеќе мажи како мажи се еднакви со жените и прават таканеречени женски работи низ дома, но тоа дава и друга слика дека повеќе и жените како жени се еднакви со мажите. Па повеќето во моја околина одат или оделе и дипломирале на факултет, се образуваат и надоградуваат и преку формално и неформално образование за да се поконкурентни на пазарот на трудот. И дека како жени сме еднакви со мажите подеднакво допинесуваме во денешни времиња кон зголемување на семејниот буџет преку носење финансии дома на маса, рамо до рамо со мажот.
    Моќта да сме еднакви пол со пол, повлекува и одговорности кои произлегуваат од таа позиција на моќ и рамноправност.
    Инаку и мене ми се смешни и споредбите од сега и како било некогаш, а и сега некои со некои какви биле или се бидејќи се е индивидуално и субјективно гледано од аспект на споредување.
    А и за унапредување на дискутирањето без да се навлегува во препукување и муабети како првата реченица од тоа што си цитирала е да не се оди во споредби кои ете неславно завршиваат со лични напади.
    А и секоја споредба(на релација минато-сегашност) е ралативна и ненајрелевантна.
    И не дека не е релевантна бидејќи во минатото немало интернет, демек доказите да се зачувани, верувајте и те како убаво се зачувувале доказите преку пренесување по старинската од уста на уста низ генерациите и поколенијата, па некои литературно освестени и ги прибележувале во пишана форма како спомен за нештата низ времињата.
    Не е најрелевантно бидејќи тоа е како да се споредуваат крушки со јаболки.
    И само надоврзување на крајните твои реченици, да разводот е од рајот излезен. Тој бил и во минатото и во денешни времиња исто така од рајот излезен,бидејќи на некој начин благодарение на него многу од партнерите независно од полот се благословени да не трпат и толерираат неверство.

    Сепак сметам дека најдобро е да се калемат некогашните квалитетни семејни вредности со нови и понапредни соодветни на новите идни генерации и новите идни времиња и предизвиците кои тие им ги носат и сервираат за да се справуваат со нив.
    Затоа претходно спомнав дека некои вредности пренесени од постарите можат да бидат и делуваат убитачно (не буквално ама се разбираме што ми е замислата на муабетот:)) на младаиве и прaктично неприменливи.
     
    Последна измена: 19 октомври 2024
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Машки
    Општествено, како група, семејни вредности тука имало последен пат во железната доба, евентуално рана антика.

    На запад можда фатиле малку и во викторијанската ера.

    Сите други моменти на семејни вредности во поднебјево и пошироко се индивидуални појави низ историјата и сегашноста. Не слика за цело општество.
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Семејните вредности се исти секаде, прашање е колку ги имаме. Под семејни вредности подразбирам љубов (кон партнерот и децата), почит, доверба, лојалност, искреност, меѓусебно помагање, поминување квалитетно време заедно, здрави односи во семејството..

    Споредбите со порано и денес немаат смисла. Исто така нема смисла да велиш дека само овде на Балканот е сѐ пореметено, кога на други места знае да е и полошо.

    Порано немале многу избор, жените ги мажеле рано и за веќе одбран маж. Разводот не бил опција па сакаш не сакаш ќе трпиш, односно претходно ќе се молиш да ти се погоди нормален маж. Дали ќе го засакаш или не бил најмал проблем. И вистина е напредок што сме мрднати од таа точка и можеме слободно да ставиме крај на врска или брак што не е добра за нас без да сакаат повеќето да нѐ запалат на клада.

    Ама па денес го имаме другиот екстрем: бесконечен избор на партнери, особено со овие дејтинг апликации на секој чекор, хук ап културата, луѓе со начукани 30 години "не бараат ништо сериозно" или што те влечат со месеци а не знаат што сакаат. Создадената илузија дека имаме бесконечен избор и секогаш можеме да свајпниме на следниот, па кој следи, кој лајкува, дали истовремено тајно си пишува со друг/а.. Кои семејни вредности ќе ги бараш од ваков избор на луѓе??

    Овие проблеми ги немале во минатото и затоа луѓето се склони да го романтизираат понекогаш. Ние денес сите сме крајно заменливи бидејќи секогаш има некој подобар, поубав, поуспешен од нас, па ти ако немаш попаметна работа кажувај му на сто првиот човек одново која ти е омилена боја и што правиш во слободно време.

    Вистинска среќа е да пронајдиш некој кој навистина те сака и со кој ќе изградите нешто што ќе трае. Без разлика дали се работи за во минатото или сега. Има многу стари луѓе кои се заедно од млади, навистина се сакале цел живот, си ги живеат последните години заедно. Тие ја враќаат вербата во љубовта. Колку денес што се заедно ќе остарат среќни??

    Семејните вредности се најголем успех, тој што ги има победил во животот.
     
  13. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Ми скратиле реченица, ваљда мислеле дека е навредлива. Овака изгледа како да сум ѝ стројник на членката на која ѝ реплицирав. Немав таква намера, се извинувам ако погрешив.
    [​IMG]
     
    На eliesaab, sonuvana, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    А јас си се изнасмеав...:D
    Секако дека не се навредив , дури криво ми падна што сум мажена при таква понуда ;(

    Инаку стројници и денес си постојат, само начинот е посуптилен и во обланда.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и татко ми преку стројници се земале :rofl:.
    Не е смешно туку е жално. Татко ми имал девојка која многу ја сакал арно ама баба ми ( неговата мајка) не ја сакала. И преку едни комшии ја нашле мајка ми, викале као многу мирна девојка била тамо вамо, и баба ми го натерала татко ми да ја земе.
    Бракот им се претворил во кошмар, едвај издржиле неколку години. Карање, тепачки. На крај завршија со развод и секој на своја страна, само јас го изедов најдебелиот стап :).
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Секако дека е жално кога е на сила.

    Јас си се изнасмеав за себе, смешно ми падна што членот со понудата не знаеше што да ми одговори па реши да ме мажи.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Јас викам подобро е сам да си го одбереш партнерот, дури и да згрешиш, знаеш дека е твоја грешката и нема шо да жалиш. Развод и готово.
    А ова со стројници е малку и морничаво, незнаеш каков ќе ти се погоди, а ако не ти се погоди цел живот ќе жалиш шо си слушала други луѓе наместо самата себе.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Леле не си ласкај дека си ме закопала со некакви аргументи.:D Ти проба да ми ја романтизираш приказната за бабата која била одбрана како на сточен пазар и да ја преставиш како нешто убаво со среќен крај. Сега па гледам си пишала дека било жално кога било на сила. Одлучи се. Не си ме сфатила, ирелевантно ми е дали си мажена или не, сакав да те ставам во ситуација како онаа на ,,среќната" баба во мојот пример, затоа ти реплицирав така, ама ете, ти си го протумачи по твое.

    Извинувањето погоре не беше кон тебе, дури и да ми беше сериозна понудата, веројатно ти не би се навредила, океј си со таквиот начин на бирање жена/маж.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Кој го напиша ова? Ништо јас не романтизирам, само направив компарација дека и денес се случува истото, не толку често можеби, а дадов и пример кој ни малку не е романтичен.

    Нема потреба од лоша енергија, инаку. Извини што се пронајдов во твоето извинување, веројатно бришење имало, па поради тоа...
     
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.823
    Пол:
    Женски
    Никакви семејни вредности нема во сиромашна држава.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.