Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејни вредности во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 19 октомври 2024.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Мислам дека семејните вредности немаат врска со богатство. Можеш да си богат, во богата држава, и да ја млатиш дома жената, децата итн... а може понеимашливи да се, ама дома да си се сакаат и да си се почитуваат. Мислам факт е дека богаташите, и познатите итн имаат најмизерни бракови и општо семејства.
     
    На hermosa, eliesaab, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Има и тоа многу врска. Сеуште немам видено стварно богато семејство шо ќерката ја смета за туѓа куќа и ја оставаат на патот кога иде делба на имот.
    Туку на членката не и беше муабетот за семејството туку општо за државата. И во право е. Нели гледате шо се дешава низ државата, синот си добива се или мажот, а жената и децата на милост и немилост се оставени. Фамилијарно се караат за една обична срушена куќарка, до смрт не си прозборуваат. Сите лажат и крадат. Некои и мажи и жени се курваат за пари.
    А и факт е дека сиромашниот се ќе направи да дојде до повеќе пари, за опстанок.
    Гледајќи ја сиромашнава држава, ни тронка морал нема остането а не па семејни вредности.
     
    На Malesia, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Има има... богаташи што ги оставаат ќерките со многу помалку дадено од на синовите.... има на секој чекор. Ако не знаеш ти, јас знам примери еден куп.
    А и за државата... Америка пример е богата држава... ако Америка ви е репер за семејни вредности, ЛОЛ.

    Само едно ќе кажам.... премногу наивно мислите дека богаташи не се караат за наследство, пари и имот, и бизниси, и шо знам ти шо.
     
    На eliesaab, Billy Idol, st-el и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Не, не сметам дека богаташите не се караат.
    Сметам дека во сиромашна држава нема морал и семејни вредности, како шо на пример би имало во побогата држава, држава која некако му помага на народот, во која можеш да се мрднеш од мртва точка без да правиш нелегални ствари.
    И не, Америка никад за ништо не сум ја земала за пример.

    Кај нас цветаат криминалните работи, а тука ги вбројувам дрогата, трговијата со имигрантите, ебањето за пари.... исто така можам да го спомнам и казиното, иако е легално, секој трет е во казино за да извади некој денар.
    Не викам дека ова го нема по целиот свет, ама кај нас СКОРО секој сиромашен има пробано нешто од ова за да направи денар повеќе.

    За мене тие шо ги прават овие работи, немаат морал и немаат семејни вредности. Оти шо ќе му пренесеш на семејството ако правиш лошо на друг?

    Плус, кај нас ги ценат повеќе тие шо имаат пари. Не им е гајле од кај им се, битно е шо имаат пари, и затоа викаат "абе се снашол човекот".
    А за тој шо ринта ко коњ, и неможе да си стави ни 50е на страна, викаат дека е глуп.
    Да се направи анкета, да се прашаат луѓето, скоро секој ќе каже дека од поштено нема пари.
    Знаеш и самата дека е така.
    За мене ова не се семејни вредности.
     
    На Malesia, SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    Кај нас тие што имаат пари, колку и да се никакви, морално руинирани, ги ценат повеќе. Може да е себичен, злобен, некултурен, развратен, ама ако има пари, го гледаат со почит и стравопочит.

    Алкохоличари и мажи што пцујат на секој збор, имаш со лопата да ги ринеш. Кои вредности ќе ги пренесат на децата? Додека патував во Скопје, се случуваше во 6.30 часот наутро да се качам во автобус со работници кои одат во железарата Максил, шишиња со ракија си подаваат, пијат уште наутро. Полупијан човек или пијан на работа не е ефективен, и дома да си дојде од работа ќор пијан, исто не е ич нормално, таквите на лечење треба да одат, не на работа. Деновиве пак видов едни познаници во Германија се веќе десетина години, се собрале слават роденден, сите со пива во раце, се клатат пијани, урлаат и така се пуштаат по Фејсбук, сите да ги видат, па лајкови, па ги фалат, па некој прост сарказам, да ти се смачи.

    Што е со девојчиња што од 12 години имаат дечковци, од 14 сексуално активни. Тоа не се семејни вредности.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Држава во која преовладува сиромаштијата, и децата се учени на " мани го него тој е сиромашен, од него ништо не бидува, угледувај се на ова богатото дете" , од таква држава неможеш да очекуваш семејни вредности.

    Едит: а и да не е така во некои семејства, да ги учат само на добро децата, тие деца ќе бидат искористувани од околината и како деца и како возрасни, и ќе бидат сметани за глупи само затоа шо се добри.
    И да сакаш да бидеш добар, не бива во таа вукојебина.
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Ејјјјј бе хахахахаах јаки сте

    За ова не сум знаела дека е одлика САМО на овој напатен мизерен народ. :?: Ете дознав нешто ново.

    И за ова исто се фрапирав сеа дека само кај нас го имало, од наши луѓе.

    Многу работи не знам и фала ви што споделувате вака.

    Заклучок - само во гревната државичка НЕМА никакви семејни вредности, а секаде на друго место ИМА.
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Пак мислам дека нема врска муабетот... коцкање, дрога и проституција - не постои држава кај што не цветаат, и најчесто тие се врзани со богатите, да сме реални. Богаташ се коцка, плаќа курви и шмрка кока. Ама богатите биле со семејни вредности, сиромашните не биле. Па богатите бараат за зет дете од фамилија, богаташ, не сиромашните.
    Дај не мешајте баби и жаби ви се молам!
    Љубовта кон сопругот/сопругата, децата, почитта, емпатијата, добрината со пари нити се добиваат, нити се купуваат. Семејни вредности се кога имаш фамилија (не е важно мажени женети... може родители, браќа, сестри, внуци), кога членовите меѓусебно се почитуваат, се ценат, си помагаат.
    Семејни вредности биле богатите бе... очи не им виделе на децата, со 20 швалерки, ама богати биле - семејни вредности...
    Место да делите на пари - не пари... делете на човек - не човек. Ако е некој нормален и со 20000 и со 100000000 плата ќе си ја сака и почитува фамилијата. Воспитувајте си ги децата и сакајте си го семејството без оглед кој ви е статусот... тие се иднината и нечиј животен сопатник. Ме фаќа страв со вакви мислења... мајка биди идиот ти - сиромашни сме, секако немаме семејни вредности, јеби га.
     
    На Biljarkata, Amellie13, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Епа арно си кажа, те фаќа страв од такви мислења.
    Со такви мислења ни е пола држава и повеќе.
     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Еве видов.... на форумов, ве видов! Штом вакви ви се мислењава, не ни очекувам многу.... барем си најдовте изговор...
     
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Збориш како да не си живеела во Мк.
    За жал, таква ни е ситуацијата. Сите сакаме добро да биде, ама не е.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Па да де... нема да е добро, штом си најдовте причина зошто немате ни потреба од воспоставување семејни вредности.
    Остајте не нас глупите што појма немаме да си ги сакаме и почитуваме блиските и да си ги учиме децата на вредности... не ни требат пари да си ги сакаме ближните... од простите сме ние :rofl:
     
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека нема потреба?
    Многу се наоѓате повредени кога ќе ви ја кажат вистината во лице. :)
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Толку ми нема логика тоа што го кажуваш што не само што не го сметам за вистина, туку и сосема погрешно размислување, и баш ми е драго што не размислувам така :)
     
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Па мило ми е шо не размислуваш така. Фала бого шо не си била опкружена со ептен сиромашни, па не ни знаеш како размислуваат и на шо се се спремни они за пари.
    Сиромаштијата е едино романтична на филмови, но не и во реалноста.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Баш дека сум била опкружена и со богати и со сиромашни, можам да кажам дека семејните вредности во едно семејство немаат никаква врска со количината на пари. Сум видела и сиромашни и богати кои тепаат дома, пцујат, пијат, не се трпат едни со други... сум видела и сиромашни и богати кои имаат нормални семејни односи, љубов и почит... така да... пак не држи вода муабетот.
     
    На eliesaab и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Епа зошто тврдеше горе дека богатите биле помизерни?
     
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Не, само сакав да дадам контраст на тврдењето дека сиромашните не биле способни за негување на семејни вредности. Јас кажав дека парите немаат врска со тоа, и дадов пример. Јас тврдам дека парите немаат врска со моралот на еден човек.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Добро.
    Како ги објаснуваш тогаш неморалните луѓе? Зошто ги прават сите тие неморални работи?
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    @Adidas888 нема врска сиромашен, богат, пак сè се сведува на семејните вредности, дали нив ги имаат или не. Кога би ги имале, нема родители да делат деца, на ќерките помалце или ич да и' дадат, ниту пак браќа и сестри ќе се мразат до смрт, нити пак меѓу сопружници после развод ќе се оставаат меѓусебно на цедило, итн.
    Ако постојат семејните вредности, заедно ќе се решаваа и најтешките проблеми, и ќе постои и почит и добар однос без разлика.
     
    На eliesaab, Biljarkata, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.