Реално парите често го вадат најлошото од човека, без разлика дали се богати што се расфрлаат или сиромашни што се обидуваат да стигнат до нив. Секако дека се потреба за нормален живот и добро е да ги имаш, но кој ги измисли парите? И кај едните и кај другите има примери кои не знаат за семејни вредности. Ако си човек и имаш вредности до кои се придржуваш, и богат и сиромав ќе си истиот. Само зависи колку ти фаќа моралниот компас. Никогаш нема да почитувам некој што е гомно од човек само затоа што е облечен во костум и спие на пари, само плитки во мозокот луѓе го прават тоа.
Точно. Но мене муабетот ми беше дека најглавна причина за неморал во семејството е недостигот на пари. Значи парите и те како може да бидат причина за нарушување на семејните вредности.
Горе-долу сето тоа потекнува од мали нозе... пак се враќаме на првичниот муабет - семејтвото, воспитувањето. Психологијата се занимава со ова на долго и на широко, и сигурно ние овде на Фемина не можеме во неколку постови да го објасниме. Постојат вродени и стекнати карасктеристики... т.е. склоност кон некои карактеристики... може да е и генетски. Имаш луѓе растени во нездрава околина - израснале во нормални личности и обратно... тоа е помалиот процент на случаи. Поголемиот број на случаи се базира повеќе на стекнати знаења и карактеристики. Неколку причини 1. Недостаток на емпатија, може да е вродено или стекнато. Луѓе што имаат недостаток на емпатија, имаат поголеми шанси да направат нешто неморално. Пример, можам да украдам без да помислам како тоа би влијаело на оштетениот. Тепање на сопруг/сопруга/дете е друг пример, каде што личноста не осеќа дека повредува друг, затоа што нема осет за чувствата на другите. 2. Разгаленост... ова најчесто е одлика на побогатите. Од мали нозе му е удоволено се, немало кочница, немало совети, немало граници. 3. Притисок од околината - тој што лесно потпаѓа под туѓи влијанија. Доволно е еден колега да му речи - папучар еден, па ќе оди дома и ќе ја пукни жена му од ќотек, само за да си докажи себе си дека не е папучар. Или деца, врсниците ќе му речат, затуцан си ти оти не се дрогираш, и ете ти причина. 4. Научено влијание од дома - ако дома се тепале, се пцуеле, постои шанса тоа мозокот да го прими како нормална појава... не кај сите, ама кај голем дел - да. Има многу сега да не редам, имам работа... ама се разбираме. Доста од овие точки се решаваат дома... емпатија се развива кај деца од мали нозе, посветување кон детето и учење морални вредности, да се учи од мало на цврста своја воља и да не потпаѓа под туѓи влијанија.... мислам дека секој ако посвети време дома на децата - богат или сиромашен... светот би бил многу поубав за живеење, ама јеби га, ете велите вие - немало потреба, секако сме сиромашни ние во Македонија.
Не, пак станува збор за грешни семејни и морални вредности, ако парите се побитни од фамилијата. Постојат комплекси и трауми (комплекси за материјално, за пари, за статус, растени во таква средина, или имање пари, или немање, делба помеѓу децата, едно добива повеќе, итн, итн), и плус секако и индивидуален карактер. Ама и карактерот може да се моделира со вметнување/пренесување на позитивни вредности.
@Adidas888 зошто тогаш има многу такви кои спијат на пари, не знаат како да ги потрошат, а толку аномалии има и во таквите богати средини и фамилии? Имаат ете сѐ, зошто тогаш и таму не е како што треба? Зашто парите како една моќна движечка сила во општеството, да не се доволни да ги елиминираат овие негативни појави? Идам според логиката што викаш за обратната ситуација, кога немаш. Не се слагам дека најглавна причина за неморал сиромаштијата била. И да немаш, ќе се трудиш на поштен начин да стекнеш нешто, не за богаташ да станеш, туку да имаш ете да го поминеш месецот, да не гладуваш и слично. Ако си неморална личност, не ти мења богат или сиромав дали си, пак си неморален. Пак ќе сакаш на неморален начин да постигнеш нешто.
Ама неможеме да го негираме фактот дека и парите се некогаш причина. Колку многу семејства се пропаднати заради пари. Не за џабе викаат кога сиромаштијата ќе тропне на вратата, љубовта бега низ џамот. Неможеме да го негираме фактот дека од златни семејства, сиромашни, некое дете има забегано по пари. Иако цел живот е учено на друго. Да беше толку убаво да си сиромашен, никој немаше да трча по пари. Да, карактерот на човекот има голема врска, ама исто така и парите. Оти познавам и многу луѓе шо беа добри и златни, но со текот на животот станаа користољубиви, желни за подобар живот. Деца од фамилија со добри семејни вредности станаа дилери, се вмешаа во работа со мигранти. И тоа се заради пари. Они пак се фини спрема луѓето, ама ете, се впуштија во матни води само за пари. Парите и те како го расипуваат човекот. Не значи дека ако си бил добар цел живот, оти ќе продолжиш да бидеш таков.
Сите сакаме подобар живот. Да живееш од ден за ден, ќе ти скурчи некој ден. Работиш а немаш. Зборам за ситуацијата во државата, како размислува поголемиот дел од населението. Дека од поштено нема пари. Многу луѓе на пример сакаат децата на факултет да ги пуштат. Или да им овозможат јадење бар да имаат. Нечии деца се болни а немаат пари да ги лечат. Мислиш нема да направат се и сешто за да го излекуваат своето дете или да донесат дома јадење?
Парите се само оправдување. Некој ќе направи сè за пари, друг за внимание, трет за валидација, итн. Ако имаш стекнато позитивни семејни вредности, нема да дозволиш пари да те разделат или да ти наштетат однос. Секогаш има нешто во позадина што создава комплекс кај човекот. И да е учено детето на едно, можеби гледа друго. Можеби не добива доволно внимание. Можеби е љубоморно по карактер и тука има пропуст. Нафрлам работи, ама може многу нешта да е. Тешко е да се пренесат добро семејни вредности, тоа е факт. Никој не сака да е сиромашен, нормално. Не е лошо да се трча по пари, туку прашањето е патот кој го трчаш до парите. Таквите очигледно глумеле. А може и за сам себе да сметаш дека имаш позитивни семејни вредности, сè додека не паднеш во некое искушение што ќе го покаже спротивното. Но воглавно луѓето глумат. Фин не те прави автоматски човек со позитивни вредности. Повеќе работи играат улога во целовкупната слика. Некои и преку финоќа успеваат да извлечат најмногу. Намерата е битна. Ама парите се само оправдување, или ете искушение. Туѓо внимание исто така може да те расипе. Многу работи може да те расипат. А може и да не ти влијаат никако и да останеш доследен на семејните вредности. Ако ништо друго, може да кажеме, ретки се луѓето кои остануваат доследни?
Семејни вредности е фраза која ја слушам исклучиво во контекст на хомофобија или романтизирање на времиња кога традицијата била норма, па после сѐ друго. Надвор од овие гледишта воопшто не гледам дека има некакво подлабоко значење кое е вредно да се дискутира.
Абе се и сешто.. Родителите секако ќе се жртвуваат за да го спасат детето, да му помогнат, да го заштитат итн. Несомнено дека е така. Но, да прават работи за кои после би се каеле и можеби и детето би страдало поради истите? И каков позитивен пример би му дале на тоа дете, утре треба да порасне, да ја изгради својата личност, да знае што е правилно, што погрешно. Потоа зошто повеќето се изопачиле..
Ама светот е изопачен веќе. Секој ден на форумов а и во животот, среќавам луѓе кои викаат дека светот се изопачува се повеќе и повеќе, дека се е тргнато во погрешна насока. И луда работа е да кажеш дека парите немаат врска со тоа. Зарем цел свет полудува оти така му текнало? Како се поскапува, така и луѓето повеќе се изопачуваат. Гледам шо се дешава, не сум слепа. Никој неможе да ми каже дека парите не играат улога во тоа.
Лошо воспитување (немање с.в.), многу лични комплекси, немање позитивни принципи и би спомнала и - ниска интелигенција. Не може парите да ти се над сè друго во животот, поготово ако имаш семејство. Која е поентата да влезеш во брак со некој, ако во момент на немање пари се изедете меѓусебе? Или имаш принцип дека тоа нема да се деси или немаш, бидејќи треба да си свесен дека фамилијата (која сам се решаваш да ја имаш), таа ќе е најбитна. Ако имаш брат/сестра со кои цел живот имате супер однос, се сакате, грижите за себе, не може наследството да го смени тоа. Макар и родителите да грешат (во поделбата), вие треба да сте свесни (имајќи позитивни семејни.в.) дека односот е најбитен и водени од тоа, правилно да постапите меѓусебно. Итн, итн, итн. Не може да се продадеш за пари само затоа што поскапел животот. Туку ќе бараш достоинствени начини да се избориш, начини поради кои нема да си ги погазиш вредностите и принципите. Сè останато е оправдување и глума.
Таков е, знаеме. Не викам оти немаат врска, како може да немаат кога на секој му е битен неговиот интерес. Убаво ти пиша погоре членката, начинот на кој се повеќе и повеќе го избираат како да дојдат до пари е битен. По секоја цена се сака да се дојде до нив. Нормално оти ќе тргне се во погрешен правец, глеаш дека денес нормалното друга дефиниција има, и се прават глупи споредби со тоа како порано исто не чинело пошо било затуцано, нехумано, нелогично и не знам што, по дифолт све, за да се има оправдување за ова денес што се дешава. И ќе се критикува све, а ќе се величат некои други вредности, макар биле бесмислени.
По мене, има уште. Може не колку порано, или до пред 10 години. Ама има. Ние дома секој ден ручаме сите у 5 освен некој ако не е мртов гладен. Секој викенд глеаме да праиме нешто. Иаме поделено обврски меѓунас. ако има некој проблем, прво го споделуваме и решаваме дома. работи од дома, не се кажуваат на секого, и сешто.
Има лабилни луѓе, сакаат брзо и лесно да дојдат до пари и така си посегнуваат по нечесни начини на заработка. Да се дојде до пари, брзо. Знам жена го наведуваше мажот, не бил како нејзиниот брат, маж, да шверца, да направи пари, а тоа што заврши во затвор, епа небитно е, битно пари имал. Прееска една се испофали како тоа жена од помал град „си ја наредила“; стапила во брак со лице кое има мала интелектуална попреченост, ама богат, три стана купиле неговите, баш и било гајле, се средила. Поентата е, да се фати нешто на препад, нешто незаслужено, да се измами, искористи некој, да се биде во ќар, да се јаде туѓа мака. Одвратно.