Каква врска имаат парите со моралот и едното и другото со семејни вредности? Дали сте вие добри? Ко о чему, баба о уштипцима
Епа пари =вредност Немаш пари, немаш вредност. Имаш пари, немаш морал. Немаш пари, вајда имаш морал. Што не ти е јасно.
Па нели обратно велевте? Ако немаш пари, немаш морал оти крадиш и се курваш за леб? Од кај сега ова? Многу збунка некако хаха
Реално имаат врска пошо од дома нѐ учат нели како да се понашаме. Мене лично секад ме учеле основната ,,ќе ги пружиш нозете колку што ти е долга чергата”, после да делам сѐ шо иам со другите деца, и да не дозволам некој да се осети лошо поради пари. Ако иам јас, имаш и ти. Верувајте у средно, деца зимаа кредити за коцка, трева, дрога, журки и родендени. Тоа ви е нормално? Немаш пари за голем роденден нема да праиш. Немаш пари за дрога, нема да се дрогираш. Ви кажував пред некој ден пример за една шп се дружев, ѝ беше срам да викне дома деца, па бараше од нејзините брз кредит да земат. А цело лето ѝ праќав огласи за работа, 18 имаше. И сеа, пошо ТИ се срамиш кај живееш, ТИ славиш роденден и си ПОЛНОЛЕТНА. Чекаш од МАЈКА ТИ шо зима МИНИМАЛЕЦ да дигне брз кредит?? После имаше дечко шо работеше 2 работи ама отсабајле до вечер. Памтам точно дека требаше на Реља да се иде, и со коњопој со све фаќаше 1000 и нешо, и ѝ реков дека неќам да им барам на моите 2000 за една вечер. И она ми рече ,,мене Х ќе ми плати, за шо иде на работа”… Ја кога почнав да сфаќам како она мене ме ЦИЦА со години за пари.. плус уше нешто направи шо многу ме навреди и повреди, си реков кој те врти бе мочло распиздена. Да делиме е едно, ама ти здрава права, да чекаш од мене (тогаш фактички од моите пошо не работев) или од дечко ти, а ти да си ја ладиш, не доаѓа у обзир. И знам милион милион други примери, и тоа најчесто деца, шо нивните имаат сѐ за удобен живот, или продаваа дрога, или се е за пари женските. Семејството е прва алка у воспитувањето и треба да е најцврста. Пошо општештвото и те како влијае. Статус, кој кај бич, кој кај бил виден. Зашо на велико се купуваат фејк марки? Ако имаш-имаш. Не ни можеме сите да иаме исто. Некој со 0000000000 на сметка, може и патики и од 50€ и од 500€ и од 5000€ да земе. Нема да ги осети. Некој со 0000 може патики и од 50€ и од 500€ да земе. Секој според можностите. Ќе сфатиш да се сакаш и прифаќаш и тебе и твоите и дома како шо е. Убаво е да сакаш поише, ама зависи на кој начин.
Епа глеаш, сите познаваме по некој или неколку од тие ај да ги наречам неморалните ( без семејни вредности). Тоа е само доказ колку многу ги има околу нас. Ете кога сме кај родителите и воспитувањето, денешново темпо е толку брзо шо едвај се постига се. Родителите се во потрага по подобар живот на децата, работат една работа, некои и две работи. Немаат време ни да видат децата шо им праат во слободно време, незнаат ни со кој се дружат. Така многу деца потпаѓаат на туѓи влијанија, лоши. Значи парите имаат врска со се, како и да ја вртиш.
Сфаќам сѐ. И ја влегов во професија кај шо се глави. Пред 30 мин затворив лаптоп, до 4 работам иначе. Ова у иднина тешко. Може дур добијам дете. Нема шанса да работам до 7 вечер, па дете, па маж, па по дома. Мада жена за по дома може да се земе. И со дм сме збореле здравје ако останеме заедно. Ама пак, на дете му треба мајка. И татко секако. Ама и 1 саат да имаш треба да е квалитетен. Шо праеше денес, како си, те мачи ли нешто?
Незнам Биље, кај мене во гвг викаат обратно Кој има пари - парите му се од дрога продавање Кој нема пари - се дрогира Никако неможеш на овој народ да му ја погодиш
Сите сме дрогаши и дилери, никој не е нормален. Шала на страна едини дилер шо знаев шо работи, беше полицаец. Мислам дека го стрпаа и него у затвор пред некоја година.
Многу наивно. Во држава кај што на секој ќош има кладилници,казина,кафани кај што младите сами живеат и сврзуваат крај со крај или бегаат од своето во туѓа држава, или веќе со толку многу разводи... одмна тој ланец на семејните вредности се изгубени,уште кога дедо ми влезе во кладилница, татко ми во казино и пола држава се исели. Многу е широка темава ама еве во ова време за жал предците ништо вредно не оставаат.
Не е наивно. Ако предците не оставиле вредно, почни од себе, гради семејни вредности и остави за твоите деца. Најлесно е да речеш, нема јас шо да градам семејни вредности ко има кладилници на секаде. Сите имаме одговорност кон идните генерации, секој од себе нека си тргни. Да го учам детето на љубов, почит, разбирање, трудољубивост, добро однесување… да знае дека заедно како семејство сме посилни, можеме се полесно да пребродиме итн… мене кладилниците за тоа не ми се изговор. За мене наивно да си го сакам и почитувам семејството не е… Пороклив човек и богат и сиромав ќе се прокоцка, ќе се распие. Комшијата мој и Германија без пари беше оти и таму ги испи и искоцка, значи не било до беспарицата ни до државата.