Епа гледаш дека народот е изопачен, цела Мк е изопачена, нема никакви семејни вредности. Не е само твојот комшија, многу се такви. Ретки се тие шо ги имаат, секоја чест.
Така е, ако си опколен со луѓе без с.в., уште толку треба да си мотивиран да имаш и задржиш позитивни вредности. А ако доаѓаш од семејството без, наместо да се жалиш, можеш да го скинеш синџирот и поинаку да правиш.
Се фаќате за глупи примери. Кој вика дека е поинаку. Ние како би воспитувале? Се знае како! Тука се збори за цела држава за еден народ! За постари генерации за испуштени генерации. Тие без семејни вредности ги нема тука некаде на друго место се.
Претпочитам да не генерализирам. Сум видела и познавам примери од секаков калибар во Македонија и надвор од Македонија. Сите треба са тргнеме од себе… една ластовичка не носи пролет, ама една по една, ќе станат јато. Место да ме убедувате тука дека сите не сме способни да бидеме подобри, и да воспитуваме генерации кои препознаваат вресности, почнете од себе. Секој од тука по едно, две или три деца да ги одгледа и воспита како што треба, оставаме одредена генерација со добро културно и морално наследство. Ете нашите деца нека бидат тие што ќе бидат добри примери.
Значи ти цело време збориш за тоа како треба да биде. Знаеме сите како треба да биде, знаеме шо се семејни вредности, не сме симнати од планина. Ама тоа како треба да биде, и тоа шо се практикува во Мк е сосема различно. Јас зборам за моменталната ситуација во која се наоѓа Мк а ти ми збориш за тоа како треба да биде. Иди прашај го најголемиот комарџија или најголемиот алкос за семејни вредности, и он ќе ти го каже истото шо ти го збориш ама после ќе се напие 2 3 чашо ракија и ќе замине да се коцка или да ги тепа жена му и децата. Затоа викам дека во теорија е така ама не е во пракса во милата ни Мк. Нормално има исклучоци, не зборам за сите, ама поголемиот дел ни в немаат од вредности. Незнам зошто ти е толку тешко да ме разбериш шо зборам. Или не ме разбираш, или инат сакаш да водиш, или навистина незнаеш во каква ситуација е Мк. Да беше се како шо ти збориш, ќе цветавме ко држава, а не да си копаме очи едни меѓу други.
Па ете де, место да ме убедувате мене дека е невозможно, имајте вие вредности. Секој е одговорен за своето семејство. Гледај си дома, практикувај си вредности со своите деца. Сигурна сум дека еден ден ќе ти бидат благодарни и ќе го продолжат тоа со своите семејства.
Па убаво вика @Adidas888 и најголемиот пијаница ќе ти збори за семејни вредности, ќе пцуе неженети, и геј популација, а тој тепа жена и деца, веројатно учествувал во тепачки, плаќал казни, возел пијан, пола пари му одат за пиење, ама битно теорија знае за семејни вредности. Не е семејна вредност, до 30 години да имаш три пропаднати брака. Не е семејна вредност да имаш маж, па од кај мажот директ да се премажиш за љубовникот, а има и такви и деца си оставија, им не им е гајле што бабата со преживеан удар не е во форма да ги гледа, а кога ќе пораснат утре тие деца, им продаваат трогателни приказни, како тоа свекрвата била лоша, а тие иако свекрвата ја нема одамна, денес од љубовник на љубовник скокаат. Настрани, мрзливи, неодговорни. Колку девојки и жени завршија со голи фотки во јавност и видеа на порно сајтови? Колку деца при здрави и прави родители, ги издржуваат баба, дедо, вујко, оти за родителите „работа немало“, а за вујко имало. Интерес, неодговорност, немање срам. За селските тепачки што ги спомна @FriendOfDorothy, прашајте постарите дека кога се правеа селски свадби дека се тепале по две групи и тоа се случувало често. Одамна еден бизнисмен, мислев дека е Турчин, ама бил Албанец, кога кажав од каде ми е потеклото ми вели „леле девојче, абе тоа таму див народ, јас сум Албанец, ама чисто зборувам македонски јазик, се дружев со Македонци, не можат да ме познаат, одев таму на соборите за празник, леле, ако се фатиш до девојка на оро да играш, веднаш се тепаат, диви луѓе“. Замисли ова да ти го каже Албанец, а точно е, ова бабите го кажуваа. Можеш да си практикуваш семејни вредности, да, и супер е, ама соочи се со фактот дека кога детето ќе ти тргне во школо, ќе биде прегазено од невоспитани деца и ќе треба секој втор ден наместо да работиш, во школо да дремеш, да реагираш кај класната и нема да преземат ништо. Ќе се молиш детето да не ти западне во лошо друштво, не живееш во некое хармонично општество каде сите свират пијано, учат јазици, спортуваат, не, сите пушат од 13 години, пијат, одат по казина, кладилници. Добра средина сакам да кажам ќе те препороди. Не мора да има некои не знам какви семејни вредности, важно да се луѓето цивилизирани, нормални, работливи, да не крадат, да не пушат, пијат, да не се коцкаат.
Каков пример за семејни вредности можат да бидат алкохоличарот и коцкарот? На што ќе ги научат нивните деца?
Баш албанците се пример за НЕсемејни вредности Дома ќе ја затворат жената да готви чисти и деца да гледа, и да слугува на уште 100 нивни роднини, а они по цели денови во казино, во мафија, со швалерки, издрогирани.... дома само за јадење си одат. А за последните два дела се согласувам. Средината и те како има влијание за се.
Знам какви се тие, ама ова што го рече вистина е за тепачки по собори и ме посрамоти човекот со муабетот „абе див народ е тоа бе“.
Од нив очекуваш семејни вредности? Не можеш да очекуваш нешто добро од некој што е израснат во лоша средина. Имаат улога парите. Сакаш да заработиш повеќе, а со тоа си поретко дома. На децата мајка им треба.
Види ја темата за брзи кредити, снаи и свекрви и брачни проблеми и тие ти се доказ дека состојбата е очајна.
https://4news.mk/apel-za-pomosh-za-...sami-majka-im-gi-napushti-a-tatko-im-pochina/ Таткото починал, мајката ги оставила, во странство си отишла. Вакви има примери има многууу во државава, ама не со оставени 5, туку со оставени 2 деца, 1 дете итн. Кај е државата тука да преземе мерки и кривично да ја гони мајката што остава малолетни деца? Значи ги родила, ама и текнало, не сакала да се грижи за нив. Отсекогаш имаше деца што беа оставени од мајките, уште кога бев дете, и за жал повеќето од нив завршија лошо. Сега е дури бетер. Само кривично гонење, нема зошто болни баби да чуваат мали деца, а младите мајки да се швалерисуваат.