За семејни вредности ќе можеме да зборуваме кога секој град од попис на попис ќе има прираст на население, но тоа е мисловна именка за нас. И не е само да има прираст, треба тој народ да е воспитан, а не млади луѓе во автобус не сакаат да станат на постар, болен, на трудница. Каде се тие семејни вредности? Што не ги научиле од дома да стануваат на постари? Колку хулигани има како тие што кршат во Капиштец? Еехех, врие од такви. Младината од 13 години пуши цигари, пие, се впушта во сексуални односи, не сака да учи, не сака да работи, само паразитираат и бараат пари од дома, не сите, но голем дел, да. Колку луѓе знаете на кои секој втор збор им е пцовка? Има многу такви. А околу демографската катастрофа, има илјадници наставници кои се вишок во државата. Вчера отворив да видам Совет на Општина Крушево, и што да видам, од 11 советници, само 7 се со македонски имиња и презимиња, а од тие 7 со македонски имиња, не се сите Македонци, еве конкретно познав една што ја знам дека е Влаинка, оти лично ми кажала. Отворам да видам села во општина Крушево, знаев дека има 4-5 албански села околу Крушево, кои се дел од општината, арно ама не се толку, повеќе се, некои 8 се од кои само едно е со намалено население на последен попис, сите други се во прираст и се големи села. За македонските села, што да се каже, кога ќе прочиташ 40 жители, пустеш, а отвораш за Норово, Алданци, 500, 700 и тие села многу одмамна се чисти, без Македонци, од Илинден или по Илинден, нешто за што мнозинството од народов сигурно поим нема. Да сме биле некој народ по семејни вредности нема да е така. Тоа семејни вредности е термин што се злоупотребува за билдање на его, во реалноста од тоа нема ништо. На пример турската нација во Турција постојано има прираст, па немам чуено да се фалат со термин семејни вредности.