1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејни односи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од melani-melani, 1 ноември 2012.

  1. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Ме наведе на темава бидејќи често тема на муабет е семејни односи али кога се работи за имот поделба на имот и т.н.Чудна работа е како се нарушуваат тие семејни односи до вчера браќа сестри супер се сложуваат и кога ќе дојде ред за делби очи си копаат,од искуство зборувам изгледаона поговорката брат за брат сирење за пари не за џабе е измислена.Што мислите кој е крив за тоа- родителите?не поделиле на време или самите ние (децата) премногу сме алчни и мислиме само за себе?
     
  2. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    18.363
    Пол:
    Женски
    Во нашата фамилија делбата на имотот се реши брзо и едноставно,јас од старт кога бев прашана дали ќе барам дел или нешто слично одговорив дека мене брат ми треба а дел,соба,клуч НЕ.Тоа беше пред да се мажам и еве дојде време тоа да се покажи на дело ,значи мажена ,со деца ,со брачни проблеми јас си останав на мојот став.Заслужни секако за слогата наша се и нашите родители и фала богу се е во ред меѓу нас :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47

    Не секогаш криви браќата-сестрите.На пр во мојов случај мајка ми и татко ми се тие кои што се му оставаат/ке му остават на брат ми нели бидејки е машко и он така си се научи па за дада нема ништо и тоа од 3 големи куќи...
     
    На melani-melani му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    А што као ние женските помалку вредиме од машките,стварно не можам да ги сфатам родителите од една страна,а и самите ние што се откажуваме од делот што ни следува(пример што ако се разведам со мажот ми снаа ми ќе ме прими дома кај неа(во куќата што ја правеле моите-тешко богами, милион примери го кажуваат тоа ) Мислам дека веќе ако сме прашани дали си сакаме дел треба да си го земеме заради наша сигурност :)
     
  5. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Знаеш зашто се е во ред ?,затоа што си се откажала,да си го побарала она што законски ти следи друго би било,братот ако е брат сам треба да ти понуди,а не вака тој задоволен обезбеден како да е единче,а ти?
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски

    Тука се родителите апсолутно криви со подвојување на едното дете,тоа нема,загреота е а ти имаш....јас немам таков проблем бидејки сум една али гледам со маж ми што се случува,како неправедни се родителите негови и како тие го направија раздорот помегу децата-секогаш золва ми нема загреота е,и препишаа стан,своевремено и направија свадба,учествуваа финансиски кога се мажеше а за маж ми со прст не мрднаа а тој утепан сиротиот од господа со една платичка и сметки им плакал дома и си штедел за свадба, и пак ние имаме а таа во Италија живее преполна со книшки и пари и стан доби наследство и пак таа нема-ние имаме па уште и ние треба да ги дочуваме-бре нели е правило тој што наследува тој да си дочува.....затоа после тие мегу себе се караат,ако родителот застане јасно и гласни и распредели на еднакво тоа што има без разлика дали едниот има или нема и да има секој има право на пола од имотот зошто некој ако има да не добие а тој што нема се да добие и обратно!!!!!
    Дефинитивно родителот е крив за кавгите помегу децата за оваа тема!!!!
     
  7. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    18.363
    Пол:
    Женски
    Немаше нешто многу што да се дели она што беше наш дом сега е негов дом,не би барала ни откуп на дел или нешто слично..Моите имаа големи проблеми со делба на куќа од страна на моите баба и дедо од тие трауми свативме и јас и брат ми дека е важно ние да се почитуваме меѓу себе и поддржуваме меѓу себе како што ме подржуваат баш сега во моите тешки моменти но јас иако вратата од нивниот дом ми е секогаш отворена никогаш не би се вратила назад(нема ни услови за живот за многу луѓе) и никогаш не зажалив за одлуката.
     
  8. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Во ред ако е тоа твојата одлука ти најдобро си знаеш во смисла и колкав е просторот,дали твоите се во заедница со брат ти,јас повеќе говорам за тоа кога се работи да речеме куќа на два спрата и целата да ја земе едната страна,зошто не би се поделило тоа на два еднакви дела.Поздрав
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Родителите!
    Погрешно воспитување на децата, нерешавање на такви проблеми на време, делење на децата од страна на родителите, живеење во минати векови односно дека се припаѓа на машкото дете а женско дете е туѓа среќа.....и ред други глупости. На крај краева никој не понесол со себе во 2 метра под земја ама оставил скарани семејства, алчни деца, разрушени семејни односи..
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.542
    Допаѓања:
    78.718
    Пол:
    Женски
    Навистина е така, за жал... познати ми се такви случаи. Добро, животот ли им зависи од неколку метри квадратни плус или минус? Навистина не ми е јасна таа алчност.
     
  11. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Комшо дај бе едно метро ми треба за влез во гаража. Ете ветувам кафе секогаш ќе ти варам. Ако ти се млечни козите донеси да ставиме у кафето :D
     
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Родителите треба праведно да го поделат имотот на време, за да децата немаат причина да се замерат заради нерешени имотни односи.
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Во нашата фамилија поделбата на имотот се случи пред скоро време.
    Законски наследници сме јас и брат ми, па така и постапивме. По предлог на родителите и заедничка одлука меѓу мене и него за понатамошна сопственост, без дополнителни измени и навремено се спроведе нотарската постапка што за мене претставуваше успешен тест на нашите зрели семејни односи кои со години ги градевме под "менторство" на родителите.
    Убавиот чин го заокружиме со семеен ручек и здравица и секогаш ќе ми остане во сеќавање како еден од посебните животни моменти.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Во мојата фамилија сега за сега немаме проблем околу тоа прашање ,посакувам така и да остане .По смртта на татко ми ,јас мајка ми и сестра ми си направивме договор како ќе си течат работите ,па се надевам сите ќе си го испочитуваме .